. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
on Thursday, October 7, 2010
.
.
.
.
Пријатно се изненадив утринава кога на news feed на мојот facebook профил видов ново видео од @ribaro. Не знам колку вам што во моментов го читате ова ви се познати видеата или влог постовите на Јане Ribaro Ѓорѓиоски, но тој е еден од првите ако не и прв кој се обидува на еден гротескен начин да ја презентира реалната ситуација во државава преку призмата од се' она што секојдневно тој козумира од друштвените платформи или социјалните медиуми.

Неговиот наивен пристап во финалната порака е уникатен. Никогаш не сум пишувал за него, па би сакал да споменам дека пораките му се инспирирачки, револуционерни (на некој начин), допираат до абсурдот во нашата маргинализирана заедница. Интересен лик, за кого методот, начинот, алатките (продукцијата) кои ги користи не се толку важни како она што неговиот креативен потенцијал има да каже. Се на се' дечко без влакна на јзикот.

Ова што денес го видов од него е малку поразлично од оние влогови што ги има направено претходно. Овде се концентрира на социјалните медиуми како хаос, во кој неговите потези поставуваат ред во неговиот виртуалeн свет и даваат насока/ правец на едно приемање на најразлични видови информација и обид за креирање на едно „цело“ од сите тие мали навидум незначајни кодови, зборови, сигнали..

за ова видео самиот Тој вели:

„Можеби ова не се случајно избрани статуси од Фејсбук, слики, твитови… но секако имаше материјал за уште 5 пати по толку клипови… Ако некој мисли дека му е нарушена приватноста, нека пиши слободно, во наредното видео ќе го нема :)“.

исто споменува кај него - "А зошто да не си направиш и ти “My Social Network”, мислам онака, како meme?"

интересно за ова видео (освен што ме има мене како дел од него) е тоа што според IT.com.mk видеото доаѓа во момент кога информациите во него се поклопуваат со најновите статистики дека скоро пола Македонија е на друштвените мрежи, т.е. Facebook, па можеби е прав момент да се отслика македонската друштвена интернет заедница.

Фала Јане што избра да бидам и јас дел од ова видео. :)





p.s. Фотографијата која ја има во видеото е дел од еден интернационален младински фестивал во Бугарија, Софија. Покажувам македонско оро на неколкумина заинтересирани млади од неколку држави од Европа. Сликата е направена пред народниот театар Иван Вазов.

@ribaro [at] facebook | twitter | page | youtube

текст од @itcommk за видеото
интервју со @ribaro
on Sunday, June 13, 2010
.
.
.
.
видеото кое штотуку го изгледав е старо едно, две години..прв пат го гледам.
го сподели на facebook мојот пријател Bas (на twitter @Spartz) и е' всушност видео во кое секоја секунда, секоја слика, секое движење има значење.
има за цел да допре до одредена група на луѓе, до едно ниво на луѓе, маса која е загрижена за работите кои се случуваат внатре во една држава во која условите за живот се да кажеме: "нема услови за живот!".
во моментот корисниците на социјалната платформа за микро блогирање twitter од Иран е исто така голем. за помалку од минута цел свет дознава за било какви активности' од таму. блогерите добиваат подршка од блогерите ширум светот, во моментов кога имаше акција за апсење на блогери од Иран, милион блогери помогнавме со тоа што адресите на нашите блогови и twitter сметки ги лоциравме на име Tehran, Iran.

во една таква ситуација која и не е речиси многу поразлична од онаа кон која тргнала нашата држава, кај нас има луѓе кои излегуваат со јавни ставови, конкретни видео блогови, видеа и сл., но, поентата е во тоа што мрчаторските инстинкти кај сите се далеку по развиени за разлика од оние прогресивните во кои делата зборуваат сами за нив, носат конкретна содржина, чиста информација, реални податоци и дел од она што би било блиска иднина според нивната анализа и резултати.

и да не се (в'тиме в'тиме во круг) и јас да пишувам повеќе, знаеме каков е животот таму, колку се злоупотребени човечките права и слободи, ограничените можности во реалниот свет ..видеото покажува како младите таму не молчат туку се се' погласни и бројот на млади кои отвараат блогови како слободно место каде можат да си ги изразат своите либерални, демократски мислења се повеќе расте...
конструктивноста на една младина во градењето на едно модерно општество во кое младите можат да бидат вклучени во процесот е многу важно. доколку целта е движење на електронска лента (стоење во место) тогаш уште многу крави без пари ќе имаме во mail-овите и free weapon за гетото во New York, но се помалку квалитет во препознавањето на вистински вредности и во слободата во изразувањето.

voila' видеото и Да, би сакал во иднина да имам повеќе пријатели (блогери) кои имаат виртуелни ѕидови каде ги испишуваат нивните "графити" од животот. различноста и шаренилото се занимливи, не дека info.tech.app.gEEk блогерите не се забавни ;)



видеото го имаат изработено 4 студенти на Vancouver Film School: Aaron Chiesa, Hendy Sukarya, Lisa Temes и Toru Kageyama.
првично идеата им е да покажат дека блогерството е доста серизна алатка во рамките на денешните медиуми и дека бројот на луѓе во Иран кои го користат блогот како медиум каде можат да го кажат своето мислење расте, иако на моменти е ризично да блогираш од таму..младите од Иран за прв пат после 30-тина години ја имаат можноста да почуствуваат бар малку слобода.
за авторите исто е важен и процесот на создавање на ова видео, снимањето, фотографирањето, префрлањето на сниманите материјали, нивната обработка во Illustrator..


и после 20 години тракаташки по медиумите во Македонија и со развојот на државата генерално, ова блогирањето ќе да е алатка која можеби подзаборавена од пред неколку години можеби пак се стави во употреба, но се надевам овој пат попродуктивнo..


поздрав до храбрите и издржливите во последните 10-тина години..
on Wednesday, March 10, 2010
.

.

Ова е првото нешто што го видов вчера на twitter и не разбрав баш многу, помислив дека е некоја од форите која твитерашите си ја прават за да пополнат време. Сум видел и други слични hashtag-ови и не се ни вклучив со мое мислење што би било кога не би бил интернетот.

По неколку часа го прочитав и првиот пост од @darko156 на тема #danemaseinternet на КОМУНИКАЦИИ и сфатив дека се работи за 20 години од постоењето на интернетот. Оваа информација проструи од македонскиот сервис на BBC кој се вклучи/иницира со статии и изјави на роденденската тема.
Јас не се сеќавам кога прв пат седнав на брановите, но сигурно има повеќе од 10 години кога го отворив првиот mail.
Ова го пишувам и ќе го надополнам со моите придобивки од интернетот откако ќе спомнам дека македонските блогери и твитерџии здружно направија воз во кој се повикуваат меѓусебно да споделат што ќе им недостигаше од овој виртуелен свет. Билетот за возот го добив од Ribaro..откако најпрво со #pomoshnainternetot дознав дека идеата е иницирана од Развигор, па пренесена преку повикот на Дарко со помош на текстот на Мите..(кој не бил претставен во целост) и се така како понатаму како телефон кој не сакам да го расипан.=)
Читнав по малку, ама само малку и од Марјан, Василка,..(имаше и уште некој), но најмногу успеав да фатам од тоа на #twitter.

Јас би почнал вака:
-Ако немаше интернет, ќе имаше сепак интернет =) (не, не..)

  • ќе немав видено толку убава уметност споделена од сите уметници по светов кои го користат за да ја презентираат својата уметност
  • немаше да ги знам вестите, затоа што многу ретко купувам весник (ич)
  • немаше да имам најбрзи информации (а, можеби и никакви) за филмските фестивали по светот ни’
  • немаше да можам да направам мрежа на контакти со сите со кои сум работел до сега
  • немаше да можам да слушам музика на youtube (free)
  • немаше да мрчам по најразлични форуми за најразлични теми ~ѓоамити цел свет ме слуша =)
  • немаше да воспоставам контакти со многу луѓе кои сеуште ми се само вируелни пријатели, а со нив споделувам исти интереси.
  • за некои автори (поети, писатели, филозофи, социолози, аналитичари, психолози, кванти пара психо/физико/астро истражувачи ) ќе знаев само дека некаде некогаш напишале нешто..
  • немаше да бидам дел и featured аrt артист на некои мрежи за уметност
  • немаше да пишувам on line хаику (right here, right now) и да биде тоа видено од очите на некој geek кој направил посебна страница за сите како мене кои пишуваат на тој начин;

..и така до недоглед можам да ги редам огромните недостатоци кои целото човештво би ги имало доколку не беше интернетот, но оставам и на Вас да подразмислите како го користите и за кои цели, затоа што е одлична алатка за ширење на демократија, подигање на Свеста за глобалните проблеми/ болести, помош за некои кои се сеуште далеку од она што се случува исток/запад и сл.

Сега би требало да го продолжам Возот кој дојде од Прилеп, а не би го пратил во Миравци пошо таму ретко застанува, па сите патници наеднаш би влегле во Грчка, а таму кафето е 5 евра и не е за наши стандарди =)
Возот би го продолжил до @MartinMarkovski @kapsarovb и @kuzman0v

p.s. да го немаше нетот ќе си бев наспиен, ќе станував на време за медитација на изгрејсонце..не директно од компата на сонцето, ќе прочитав нешто повеќе миризливи книги, ќе напишав троа повеќе песни, раскази и лампиони, можеби ќе имав мускули, очите можеби немаше да го имаат проблемот со црвенилото (red eye boy), ќе насликав нешто повеќе од она што го чувам во фолдерот идеи, и ќе послушав малку повеќе од традиционалните/алтернативни приказни на постарите и ќе научев по некој алтернативен лек за да не трчам до аптека секогаш кога накашлувам..

и ова уште што го пишувам е затоа што ми се седи на интернет, ако го завршам ќе треба да се вратам на друштвото кое очајно ја чека вечерата овде во Arry, Франција...и кој знае дали ќе бев овде ако ПАК го немаше internet - от.
on Monday, February 22, 2010


.

Во неколку наврати на интернет просруи информација дека има луѓе надвор од планетата кои го користат
twitter како единствена и оригинална алатка за комуникација со мештаните на планетата Земја.


Тоа е комбинација на двете најактивни технолгии во акција. Откако Интернационалната Вселенска Станица вредна 100 билиони долари почна да ја обиколува планетата во наредните 12 месеци, астронаутите членови на оваа станица го избраа twitter за комунициja со светот.


Еден од инженерите за лет на станицата Soichi Noguchi, јапонски астронаут и José Hernández, американски инженер редовно го користат овој сервис за микроблогирање да испратат стотици фотографии на Земјата со помош на нивните twitter профили. Резултатот е драматичен, високо прифатливо портфолио од фотографии од животот во Вселената, како и од Земјата видена од 185 милји растојание/висина. Noguchi споделува фотографии од ентериерот на шатлот како и фотографии од пустините, островите и ледовите кои пловат во планетата Земја. Фотографиите испратени преку twitter се прифатени од илјадници луѓе кои ги следаат овие двајца астронаути и нивните account и многу често можат да се сретнат коментари од нивните follower-и/следачи во стилот: "Bellissima foto!" или "Buena foto".


Twitter пораките се едноставни и многу често предизвикуваат поголема возбуда за разлика од милјардата други оригинални фотографии кои го одземаат здивот затоа што едноставно ги добиваш преку овој овој сервис и тоа ги прави поинтимни од другите.



Ова беше делумен превод на еден текст излезен во Gardian.co.uk, кој мене лично ми се виде како интересен за споделување и на македонски со некои од луѓето кои ги интересира twitter, космосот и нивниот однос. Фотографии овие двајца астронаути испраќаат редовно, освен овие прекрасни фотографии како дел од нивните пораки можат да се сретнам и реченици полни со возбуда во зависност од тоа каде се во моментот, какви сетлини гледат во далечината, што е нивниот избор за храна, до каде имаат стигнато со нивните анализи и нивната првична мисија..како и кратки разговори со твитерашите и одговарање на некои одредени прашања. Занимливи ликови во twitter средината, ако сакате да ги следите, нивните профили се @Astro_Soichi и @Astro_Jose. Доколку ве интересира што се случува out there или подобро out of this world ова е вистинска прилика за Вас да ја почнете Вселенската авантура видена преку очите на овие двајца twitter астронаути.


прва слика - Hail to STS-130, Endeavour! They left us a room with a magnificent view, and lots of delightful memories :-)

втора слика - Moon rise over Australia. Taken from Cupola side window

качени на twitpic од @Astro_Soichi

on Friday, January 15, 2010
Не знам колку оваа тема е интересна и провокативна за вас, но мене во последниве неколку дена во неколку наврати ме замислува. Штом нешто ме замислува значи имам некои неразјаснети работи. Не дека ќе ми се разјаснат откако ќе ги запишам овде, ама бар ќе ги извадам од мојата глава да не ми тежат. Тоа тежат е клучно во моево писание, затоа што овој проблем реално би требало да му тежи на секој жител на оваа држава. Како што тргна деновиве по медиумите се прикажуваат некои паушални разговори, несериозни дебати во кои повеќе се зборува за општи проблеми т.е. две комшивки на кафе, место за конкретно решение. Впрочем и за повеќето проблемите во државата само се вртат во круг мислења пропратени со знаење и опсервација како на неписмен дедо, а конкретни чекори за што понатаму никако не се превзeмаат. [ова општо]
Нов проблем деновиве се јави во образованието, дали требало да се учи македонски или албански јазик во Западна Македонија од прво одделение.
Најпрво, искрено мислев дека живеам во обединета држава, ако не повеќе бар на обединетост на граѓаните од левата и десната страна на Вардар. Но ова мириса на посуптилен проблем кој допрва доаѓа. Кога некој живее во оваа држава треба да е свесен дека по дифолт тој е Македонец без разлика дали неговите корени ( origins ) му доаѓаат од Албанија, Србија, Бугарија, Африка, Марс или од некое друго место нам сосема непознато. Ова дифолтот не доаѓа само од тоа што на извод од матична книга на родени, лична карта, пасош.. ти пишува место на раѓање: Македонија, туку од тоа дека тоа Македонија во случајов значи се' поврзано со тебе-како и образованието што ти следи исто како и наброените документи.
Моево дифолт подразбира учење на македонски јазик од прво одделение како задолжителен мајчин јазик, а можноста за учење на албански јазик биде воведене некаде во текот на образовниот процес. Албанските експерти би имале можност да изберат кога/каде точно би се вметнал.
Кај ова мое дифолт би сакал и да застанам со пишувањето, затоа што мене некако ми е доволно како став наспроти луѓево од западната страна. Ако во иднина продолжиме да остваруваме желби можеби би посакале да постанат држава како Вевчани, па дури може и посериозна, не?
Правото за учење на јазикот на нивните корени, драгите ни пријатели со прапра потекло од Албанија (какви сите ги имаме се надевам) во нашава држава го имаат од многу одамна. Јас лично би сакал сите луѓе кои живеат на територијата на нашава држава со македонско државјанство од прво одделение изучуваат македонски јазик. И во другите држави живеат малцинства исто така процентуално многу застапени, но во ниедна од тие држави не се изучуваат како задолжителни други јазици освен јазикот кој е матичен на таа држава. Во текот на образовниот процес може да биде воведено по избор англиски, француски, германски, албански сеедно. Доколку треба да се изучува албанскиот јазик, да биде воведен во програмите за трето одделение. Иронична ми е идејата редовен ученик во образовниот систем на Република Македонија во трето или четврто одделение не знае македонски јазик, а наспроти тоа знае основен англиски јазик. (basic English)



Во секој случај на територијата на Западна Македонија сеуште живеат македонци кои пробуваат да го фатат законот за трето дете, има вработено наставници кои предаваат на македонски јазик. Зарем на толку невработеност - нови невработувања? Не би сакале како држава да правиме дисбаланс и дискриминација меѓу децата, па уште мали да ги делиме во јазични паралелки. Да им креираме меѓусебна омраза наместо да ги учиме да ја почитуваат, разбираат и сакаат различноста.
Можеби не кажав премногу, но ова ми е доволно за повремено помирување со овој проблем во мојата глава затоа што сум еден од тие македонци што сакаат да научат албански јазик. Немам проблеми со македонците со албанско потекло, но сепак како македонец сметам дека првиот јазик со кој ќе се сретне секое дете кое ќе стапне во училиште треба да биде македонскиот јазик.

Dita 'n mir!


Related Posts with Thumbnails