. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
on Monday, December 3, 2012

Сите зборуваа дека денес ќе дојде снегот, дека ќе затропа на портите на сите градови во државата. 

 * * *
Некаде тоа се оствари, некаде сеуште се чека. Додека чекаме снег попладневно, зелени предели ми ги полнат очите... и пукнатини... пукнатини кои ја делат земјата. 

Навистина е убаво да се блогира, оној што пробал знае. Не е важна причината или темата, верувајте не е убаво да сте еден од оние кој пишува на својот блог само кога има нешто негативно да каже или да искоментира одреден настан или состојба.

Блогот може да биде место каде се зачувуваат убави моменти, каде се сортираат и убави емоции. Некогаш тоа може да биде песна (како постот подолу), а некогаш фотографија, филм и тн..

:cracked ::: Moss Creek, Abbey Aldrich Rockefeller Gardens - Desert Island, Maine е една готографија која пред малку ја споделив, ми се допаѓа нејзината структура, живоост, способноста да инсинуира атмосфера како таа што ја отсликува. Магична фотографија. Нека си стои овде. ;)


on Sunday, December 2, 2012
Божиќна патолошка треска, да одлично дефинирање направил Драги Неделчевски, човекот кој ја сподели фотографијата. 

За жал не знам дали е дел од некоја кампања, т.е. за каква кампања станува збор, но како и да е самата фотографија милион зборови, приказна сама по себе. Од она што можеме да го видиме во левиот корнер доле станува збор за кампања за заштита на децата кои живеат на улица, па дури се осудени и ноќта на Божиќ и нова година да ги поминат надвор, а таму, сите знаеме, студено, мрачно, осамено, ризично, осамено. Никакво!

Сиромаштијата зазема силен бран во Америка, војната во која инвестира само ги демотивира нејзините жители да кренат глас, се повеќе се зголемува бројот на луѓето кои го продолжуваат животот на улица. Даноци, кредити, каматни стапки и полна новогодишна торба проблеми, не само за луѓето там, туку за луѓето од цел свет. Да, оваа фотографија зборува многу за денешното општество, за ситуацијата денес.



Ја препознавате ли истата слика и во Македонија, сте биле ли некогаш во оние темни, напуштени краеви кои речиси секој град во нашата држава ги гаи и одржува. Полека и овде расте бројот на оние кои живеат на улица, а уште повеќе на невработените.

Би можеле да зборуваме многу за оваа тема, апсолутна, релативна или субјективна, сиромаштијата не е добра, ако постои во системот тоа значи дека нешто со системот не е во ред!


Каде за нова година, ги подготвивте ли подароците за вашите најблиски, се спрема ли Божиќно патување? Санкање, скијање, зимување.. ?


Сте помислиле ли колку луѓе ја живеат вистината од сликата, колку само замислуваат да имаат бар чорапчиња за подароци, за тоа што подароците во нивните животи одамна ги нема. Ех, колку е тажно кога ќе се разбудиш во една сурова реалност во која луѓето продолжуваат збунето да живеат во своите заробени и изгубени соништа. Мотивацијата се повеќе исчезнува, креативните пориви најчесто зборуваат за последните крикови за спас на душата. Рециклираме денови, преживуваме ноќи, и стомаците се празни како чорапчињата кои очекуваат подарок.


Секојдневно место стомакот, ја полниме касата на државата, на оној голем дебел, мрсен банкар кој си ги трие рацете и лукаво се смее. А ние разбираме и упорно продолжуваме да ја сликаме ужасната слика на ова (не)време.
on Tuesday, November 27, 2012

Во моментот кога ќе помислиш дека се се сведува на политика, економија и пазарна интелигенција, ќе се појават неколку видеа кои ќе ја променат денешната перспектива. 



Да, во мојот случај е секогаш така - лесно да се ослободам од концептот на живеење кој го наметнува една држава и секогаш се потпирам на пријателите кои не се од тука.

Утрово мојот facebook, после напишаното; "народот продолжува да се дави во сопствената простоќа! #вторник" некако се разубави и доби посебна светлина. Ја знаете онаа убавата, креативна, позитивна мисла која те тера да продолжиш понатаму без разлика на тоа кои ќе бидат твоите следни предизвици.

Во тој дух ќе си ги зачувам двете нови видеа кои денес се промовираат во Бугарија, а се од мои пријатели со кои барем еднаш во текот на годината се дружиме и разменуваме идеи. Гостите и учесници на Балканскиот Младински Фестивал: Go Week и Марина Кискинова со нови видео записи за нивните песни, и тоа одлични! Иако музиката е сосема различна во двете видеа, ова е само дополнителна мотивација да не се ограничувам(е) во стиловите, туку едноставно да го следиш поривот кој те тера да создаваш и ја кажеш и раскажеш реалноста на свој сопствен начин. Инаку да, оваа песна на Go Week влезе во натпреварот за избор на песна за Еврозија која ќе ја претставува Бугарија. Јас не знам колку се овие две видеа нови или колку сега во моментот се промовираат, мене ми се допаѓаат и двете и мислам дека е одлично време да си го добијат нивното заслужно место како артисти на мојот блог, а по тоа секако како пријатели.

Кога и ние би влегле со ваков избор на музика, who knows, може ќе биде и подобро. Туку, кој видел арно од Евровизија.. :D

~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~-~

И додека во Македонија порталите од мрза не знаат каква содржина да пласираат, па чекаат некој да им сподели нешто интересно, се враќам на мојата работа, со желба барем во иднина да наведат извор. Секој со своите проблеми, некој "lost control", некој само се обидува да "Fly away". Поздравувам ~

on Monday, October 8, 2012

Член 16 од Уставот на Р. Македонија експлицитно ја забранува цензурата и ја гарантира слободата на говорот, слободниот пристап до информации и нивен пренос. Да се избориме за овие вредности. Да го сопреме предлог-законот пред да биде предоцна. 




1. Повеќе нема да можеш да коментираш на страни, форуми, facebook, twitter без страв дека ќе бидеш осуден на огромна парична казна.

2. Ако имаш твоја страна, ќе треба да ги исклучиш коментарите или да набљудуваш и цензурираш 24 часа во денот.

 3. Твојот веб сајт лесно ќе може да биде исклучен секогаш кога некој ќе се пожали кон интернет провајдерот, без судски налог. 

 4. Твојот (интернет провајдер) или било кој центар на моќ, ќе одлучува кои страници ќе ти бидат достапни исто како во Иран, Кина, Саудиска Арабија, Северна Кореја. 

5. Како интернет провајдер секогаш можеш да бидеш тужен за содржината што ја објавуваат твоите корисници. Казната е 27.000 евра. 

Ова право и простор овде го користам да изразам незадоволство кон овој предлог-закон и да покренам апел, интимен и личен кон сите оние важни, влијателни фактори кои може да се изборат да го задржиме целосното право и слобода што ги имаме како корисници овде на интернет. Непотребно е да се носат решенија кои немаат никаква важност, наспроти големите проблеми кои како темна сенка, облак ја следат еволуцијата на земјата. Со ова само уште толку ќе покажаме дека сме држава во која владее невиден режим и правата секојдневно се ускратени.

Второто читање на законот е во утре, вторник 09.10.2012 година, поставете го кодот на Вашата страна во 00.00 часот истиот ден. Приклучете ја Вашата страна во акцијата за затемнување на македонскиот Интернет со додавање на едноставната скрипта.  



Да застанеме против: Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета - затоа што тоа не е изборот кој го сакаме и сметаме дека никој нема право да ја одземеме слободата на говор, а со тоа и контролата на секој од нас лично како креатори на општеството кое го сакаме со целосната граѓанска одговорност која ја поседуваме.

Македонија: Опасност од цензура преку новиот закон за навреда и клевета 

* * *
on Sunday, August 19, 2012
.и така ние продолживме да се сакаме, како да не било ништо! #srnetfail


Не верував дека во недела, во атмосферата и присуството на два големи духовни празника јас ќе се занимавам со "локално новинарство и информирање од прв степен". Синоќа на дел од акредитираните новинари не им било дозволено да присуствуваат на ‘пресот’ кој всушност не ми е јасно за кого е наменет ако не за медиумите.

Всушност, на менаџерот не му се давало да ја малтретираат госпожата Цеца, па затоа дел од новинарите се почувствувале навредени, дискриминирани и тн. И згора на сите тие 'епитети' тие продолжија со професионалноста и информирањето, како да нема што друго да се пишува. (а има ли?!)

Како прво ако веќе од старт ја имаш информацијата дека “менаџерот” си има своја политика тогаш зошто осамнуваш со сензација од наслов “Струмица Опен Фест“ ги дискриминираше медиумите!? , знаеш ли дека тоа е директна саботажа на фестивал за кој се потрошени многу пари, мобилизирани многу луѓе и овој наслов може да го растури угледот на фестивалот во иднина. По асоцијацијата “прво па мушко”, не би зборувал за програмата на фестивалот туку би посветил внимание на тоа колку е стабилен медиумот кој ја пушта информацијата и колку се веродостојни сите информации на него.

Како второ, вообичаено очекувано ‘плачење’ (повеќето го дефинираат како такво, извини) иако јавно (пред 15 000 луѓе) го погазуваш, повлекуваш (само) со реакцијата на СОФ?!? - која е професионалноста која овој медиум (портал) ја нуди?


Професионалното новинарство не се создава преку ноќ (погледни кога е постирана првата информација), никако не се саботира настанот, ако е УБАВО нагласено дека Вие сте еден од медиумските покровители/ поддржувачи, или сеедно е дали некој некому му наштетил или дали некој некому му одзел (скапоцено?!) време со пополнување на неговиот временски простор со ширење на негативна информација која всушност од корен е неточна!

Има ли потреба од таков наслов?! Има ли потреба од каење со објавување на официјалната реакција од страна на организаторите на СОФ?!

- Сметате ли дека е тоа доволно или публиката заслужила повторно да го слушне она Ваше оправдување (како медиум) зошто во никое време сте објавувале нешто што лично ве повредило. Професионалност е да чуеме Ваш став (како портал) што после реакцијата на СОФ! ..како се носите со Вистината, беше ли тоа маркетиншки трик кој ќе привлече поголемо внимание кај публиката за фестивалот, ќе донесе ли кај Вас поголем интерес како портал и тн.

Зарем сега, кога во моментов се работи за Цеца и за некои слики и видеа ќе помислите дека некој воопшто не следи и не памети, истата причинска последица може да се повтори и тоа не за ваква банална тема, туку за некоја која има многу, многу поголема важност, од онаа "entertain your stupid fellows?!"

Сметам дека Роберт (и порталот Srnet) има задача да се извини јавно на СОФ, неколку часови направи да се насобере огромна негативна и незадоволна маса (непотребно) и да му каже, условно де ;) ‘нек си еба мајката’ менаџерот на Цеца поради неговата интимна (скроена) политика.

Организацијата на СОФ привлече најмногу посетители до сега, градот не памети таков настан од времето на посетата на Тито. Нема да навлегувам во тоа колку ми/ни се допаѓа, дали воопшто ми/ни се допаѓа, зошто не ми/ни се допаѓа, кој дел од програмата би го променил(е), кој би го анализирал(е).. за тоа можеби понатаму!

p.s. корка леб секогаш тешко се заработува!
on Saturday, August 4, 2012
Не, не, нашето општество никако не се однесува така!


Денес нема да пишувам! ;)
on Tuesday, July 31, 2012


.Утрово ме преплави радост додека го гледав видеото на кое ја гледаме прославата на 130 годишното постоење на Banco Sabadell.
Сопствениците дошле до одлична идеја како да го анимираат народот кој секојдневно поминува низ банката и плоштадот каде таа е лоцирана.

Со флеш-мобот наречен "Som Sabadell" или сите сме "Sabadell" банката сака да оддаде почит на градот, а за истиот се ангажирани 100тина музичари од симфонискиот оркестар Vallès, диригент, пријателите на l'Òpera како и хорот Coral Belles Arts.

Ова е еден од ретките флешмоб-ови видени на youtube кој е одлично снимен, едитиран, музичарите (учесниците) подредени по сценарио, па така радоста од нивниот резултат може да се види на лицата на децата и возрасните во публиката. Навистина огромно позитивно изненадување кое ја ежи кожата по вашето тело од убавини. Воодушевувачки перформанс, возбудливи 5 минути кои не верувам дека некој ќе ги заборави иако се работи "само" за роденденско прославување. Импресивно, инспирирачко, фасцинанто, неочекувана, а сепак одлична, брилјатна идеа!



Имајте убав ден драги, нека протече низ вашите вени радоста на овој ден! Let Beethoven be with You! ;)


.
.
on Monday, July 30, 2012
Never underestimate the importance of being inspired!

Ако втор човек напише приказна за едно момче и роб кој избегал на Мисисипи тој не би бил писател, повеќе би бил дактилограф.

"Исто како што некое hot viral video (актуелно видео) е различно / подобро или попаметно", е исклучително различно од тоа дека станува збор за "hot viral video".

Во се повеќе и повеќе полиња/ области, основоположниците на новите идеи жнеат од несекојдневните големи придобивки на пазарот. Една од причините да се биде прв е тоа што можете да го привлете вниманието многу побрзо.
Другата причина е тоа дека откако ќе се добие потребното внимание и углед, можете полесно да го формулирате тоа што го работите и би Ви било дозволено (би имале предност) да го стабилизирате тековниот проект како `тој би се претворил во основа за вашиот следен проект.
А најважно од се` е вниманието, тоа е скапоцено, да го заработите внимание на публиката со Ваша иновација е бесценето/ непроценливо!



Се сеќавате ли на вашиот прв бакнеж? Колку тој е важен во Вашиот живот? Дали случајно се сеќавате можеби на вашиот четврти бакнеж? - Има разлика, не? Важно е тоа што го правите да биде исто толку важно и во очите на другите исто колку во вашите.

Да, секако дека постојат исклучоци за оние кои извршуваат најразлични услуги, ја креираат цената или сигурноста на една постоечка идеја. Секако дека постојат бизниси кои профитираат од преземањето на идеите на иноваторите, кои ве исцрпуваат/ искористуваат, се откажуваат на крај од Вас и движат понатаму.

Welcome, O life! I go to encounter for the millionth time the reality of experience and to forge in the smithy of my soul the uncreated conscience of my race.

— James Joyce


Но со оглед на тоа дека имате право на избор, најважно би било да го искористите сопствениот потенцијал и талент!

:превземено и преведено/ адаптирано од блогот на Seth
.


Тие не се исти!

Ризикот е насекаде околу нас. Кога се сретнуваме со потенцијални ситуации на неуспех, ние сме лице во лице со ризикот. И ништо не го суди ризокот повеќе од уметноста, желбата да се направи нешто за прв пат - да се направи разлика.

Стравот е природната реакција на ризикот. Додека ризикот е реален и надворешен, стравот постои само во нашата имагинација. Стравот е тренингот кој си го даваме/ правиме самите себеси кога замислуваме , предвидуваме што ќе се случи ако не излезе така како што сме планирале.

А грижата? Грижа(та) е напорната работа, односот кој го градиме со себеси кога активно ментално) работиме, создаваме стратегија против стравот/ начин да го елиминараме стравот. Грижа се сите наши напори да ги предвидиме сите можни исходи/ резултати кои предизвикуваат во нас страв, и тоа да се преживее она од што се плашиме, ако станува збор за реализација.

Ако сте си убеден дека ризикот е доволна причина за страв, и дека стравот е доволна причина за загриженост, Вие сте во процесот на некоја од оние долги (тешки) ноќи и наскоро ќе се откажете од вашата уметност / работа поради исцрпеност. Од друга страна, Вие ја имате можноста да изберете, да разберете дека станува збор за три сосема одделни феномени, дека е можно да има ризик (ова е одличен елемент), без болки страв или нивниот најдобар пријател, опсесивната загриженост.

Најпрво направете граница, одделете ги овие феномени, елиминирајте ги лажните причинско-последични односи, па продолжете понатаму и направете го она што најдобро знаете, дадете се од себе!

:превземено и преведено/ адаптирано од блогот на Seth

.

.

Sui generis - единствен од овој вид, оној кој го дефинира родот.

Тоа е целта на најдобриот вид на маркетинг. Да се ​​биде најдобар во светот, затоа што светот е дефиниран со она што Вие го правите/ работите.

Невозможниот начин да станеш популарен и уникатен е оној кога Вие сте веќе познати/ популарни. Има само една Опра, се разбира, таа е симбол на славните затоа што и самата е популарна. Никогаш нема да се најде друга Опра. Луј Витон е во истата таа категорија, но 50тина нијанси посива, а тука е и тинејџерски сензација која допрва почнува да ги напаѓа срцата на неговите фанови. Не би можеле да бидат променети, атракцијата која ја создаваат и оригиналосноста ги дефинираа како познати, за таквите нема замена.

Најпаметно е да искористите начин со кој ќе ја задржите автентичноста и уникатноста уште пред да бидете славен и препознатлив. За пример да слушнеме еден од постарите/ првите албуми на Talking Heads или куќа дизајнирана од страна на Рајт во почетокот на неговата кариера. Тие беа единствени и уникатни уште пред да станат познати. За ова се потребни повеќе трпение, храброст и многу повеќе невообичаеност/ изненадувачки постапки бидејќи тоа што го работиш е всушност интересно и пред да стане популарно (ако ти се посреќи). Може нема да завршите како Опра, но вашата посебност и уникатност се само Ваши, а тоа може да Ви се исплати уште пред пошироката јавна маса да дефинира дека Вие сте популарен и еден од познатите.


превземено и преведено/ адаптирано од блогот на Seth
.
on Sunday, July 22, 2012
.
.

Ми се допадна оваа статија, па решив да ја споделам. Секако нема да ги споделам сите книги за кои оваа `фантастично девојче кажува, но за дел од оние за кои на ум и паднале брилјантни идеи секако. Всушност станува збор за едно 6 годишно девојче кое суди за книгите според нивните корици, таа измислува различни синопсиси за тоа што може да се случи во книгата и веднаш кажува – таа ќе биде интересна, а оваа ќе биде тажна!

Нејзините родители, а и постарите баба и дедо често посетуваат книжари и таа е секогаш со нив, присутна меѓу полиците полни приказни. Уште пред неколку години почнала да прашува: за што се работи во оваа книга, мамо? Сите знаеме дека е многу тешко да се одговори на такво прашање поставено од 6 годишно дете, а се однесува на книгите на Џејмс Џојс, Орвел, Фиџералд. ..Тешко е да се одговори на истите прашања и на возрасни кога станува збор за Одисејата или за Животинската фарма, но таа шета по рафтовите и прашањето е наменето со ист интензитет и за автобиографските книги и за книгите од областа на психологијата.

На прашањето што таа мисли за книгата со која е фотографирана `No Exit, таа одговорила: Се работи за некој кој е во затвор, а знаете дека нема излез од затворот.

Во продолжение нејзините коментари ги оставам во оригиналната форма, нема ни да се обидам да ги `преведувам, се надевам нема да ви пречи тоа. Поздрав! :)

“It’s about a person who is a robot, a very colorful robot. He’s pretty fancy for a robot.”

"It looks like a book for kids. I think it’s about a donkey and a pig that do not like each other and they both live on a farm for animals. The same farm. It looks like it would be a funny book with a good really nice ending. "

“I think it’s about baseball. A person who likes to play baseball but also takes care of a plane.”


"This book is about a tree on a hill. The tree is the star of the book and it’s a very nice tree but everyone else is mean. I think the tree has a magical ring and some evil guys capture the ring and put him on the top of the hill so they can watch him. "

“I think it’s about a car. A car that goes to Mexico, Indonesia and other places. It’s about a car that goes on all sorts of adventures. The guy on the cover is a teen, he likes to drive people places a lot. And he’s French.”

..

.ако сакате повеќе приказни, слободно ѕирнете овде, таа измислува сториборд за 20тина наслови, нема да бидам претенциозен како нејзината мајка. Во девојчето има дух, уште да се научи да ги отвара книгите, шест години се доволно за да се покаже светот на приказните скриени помеѓу кориците. Во секој случај девојчето поседува брилјантен, креативен ум. Ми се допаѓа како повлекува линија за тажните наслови и луѓе/ ликови и оптимизмот кој го нафрлува за иднината секогаш кога ќе види пред себе геометрија и повеќе бои. :)

on Friday, July 20, 2012

Од секогаш мислев дека луѓето кои имаат физички хендикеп и сакаат да го надминат се групата на луѓе кои служат како најдобри мотиватори во животот. Нивната приказна може да инспирира милиони да погледнат на животот поинаку. Сите се сеќаваме на австралискиот говорник и мотиватор Ник Вујачич, знаеме колку милиони луѓе се расплакаа на неговата приказна и најдоа скриен жар, порака која ги ослободи од сите претходни дефиниции за тоа што значи животот.

Овде беше и една друга приказна која се појави на TED talks, таму девојка зборуваше за тоа како 'сега' може да избере различна големина/ висина/ должина за нејзините вештачки нозе и со тоа да се адаптира на висината на партнерот со кој треба да излегува. Велеше дека воопшто нема проблем дали е тој 150 цм или 190цм, за неа тоа значело само менување нозе. :)

Во радост и смеа ја раскажуваше нејзината приказна и садеше надеж меѓу луѓето кои ја слушаа. Ги имаше изгубено нозете за време на snowboarding во раните тинејџерски години, а сега е една од редовните победнички на натпреварите во бординг за лица со физички недостаток.

Денес наидов на фотографија како олимпискиот ‘Blade Runner’ трча спринт 'без нозе'. Oscar Pistorius од Јужна Африка е првиот атлетски трчач со ампутирани нозе кој ќе се натпреварува на Олимписките Игри оваа година.

Тој ќе носи протетика од јаглеродни влакна, наменета исклучиво за спринт, а дебата се води околу тоа дали неговите флексибилни нозе ќе ја издржат трката и дали со тоа трчањето ќе биде полесно или потешко за него?! Нема сомнеж дека начинот на кој неговото тело ќе ги покрие овие 400 метри е поразличен од оној на другите конкуренти. Неговиот старт ќе биде побавен, а со трчањето веднаш ќе успее да се надоврза на другите натпреварувачи веќе неколку секунди после стартната линија.. Неговите аеро-балансирачки способности способности се далеку поразвиени од оние на другите атлети и со тоа `можеби му даваат предност. Може ли да биде победникот?

Ова се приказни кои мотивираат, не?! Секако посакувам успех ~


:фотографијата е од Discovery News


Related Posts with Thumbnails