. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
on Monday, December 3, 2012

Сите зборуваа дека денес ќе дојде снегот, дека ќе затропа на портите на сите градови во државата. 

 * * *
Некаде тоа се оствари, некаде сеуште се чека. Додека чекаме снег попладневно, зелени предели ми ги полнат очите... и пукнатини... пукнатини кои ја делат земјата. 

Навистина е убаво да се блогира, оној што пробал знае. Не е важна причината или темата, верувајте не е убаво да сте еден од оние кој пишува на својот блог само кога има нешто негативно да каже или да искоментира одреден настан или состојба.

Блогот може да биде место каде се зачувуваат убави моменти, каде се сортираат и убави емоции. Некогаш тоа може да биде песна (како постот подолу), а некогаш фотографија, филм и тн..

:cracked ::: Moss Creek, Abbey Aldrich Rockefeller Gardens - Desert Island, Maine е една готографија која пред малку ја споделив, ми се допаѓа нејзината структура, живоост, способноста да инсинуира атмосфера како таа што ја отсликува. Магична фотографија. Нека си стои овде. ;)


on Sunday, December 2, 2012
Божиќна патолошка треска, да одлично дефинирање направил Драги Неделчевски, човекот кој ја сподели фотографијата. 

За жал не знам дали е дел од некоја кампања, т.е. за каква кампања станува збор, но како и да е самата фотографија милион зборови, приказна сама по себе. Од она што можеме да го видиме во левиот корнер доле станува збор за кампања за заштита на децата кои живеат на улица, па дури се осудени и ноќта на Божиќ и нова година да ги поминат надвор, а таму, сите знаеме, студено, мрачно, осамено, ризично, осамено. Никакво!

Сиромаштијата зазема силен бран во Америка, војната во која инвестира само ги демотивира нејзините жители да кренат глас, се повеќе се зголемува бројот на луѓето кои го продолжуваат животот на улица. Даноци, кредити, каматни стапки и полна новогодишна торба проблеми, не само за луѓето там, туку за луѓето од цел свет. Да, оваа фотографија зборува многу за денешното општество, за ситуацијата денес.



Ја препознавате ли истата слика и во Македонија, сте биле ли некогаш во оние темни, напуштени краеви кои речиси секој град во нашата држава ги гаи и одржува. Полека и овде расте бројот на оние кои живеат на улица, а уште повеќе на невработените.

Би можеле да зборуваме многу за оваа тема, апсолутна, релативна или субјективна, сиромаштијата не е добра, ако постои во системот тоа значи дека нешто со системот не е во ред!


Каде за нова година, ги подготвивте ли подароците за вашите најблиски, се спрема ли Божиќно патување? Санкање, скијање, зимување.. ?


Сте помислиле ли колку луѓе ја живеат вистината од сликата, колку само замислуваат да имаат бар чорапчиња за подароци, за тоа што подароците во нивните животи одамна ги нема. Ех, колку е тажно кога ќе се разбудиш во една сурова реалност во која луѓето продолжуваат збунето да живеат во своите заробени и изгубени соништа. Мотивацијата се повеќе исчезнува, креативните пориви најчесто зборуваат за последните крикови за спас на душата. Рециклираме денови, преживуваме ноќи, и стомаците се празни како чорапчињата кои очекуваат подарок.


Секојдневно место стомакот, ја полниме касата на државата, на оној голем дебел, мрсен банкар кој си ги трие рацете и лукаво се смее. А ние разбираме и упорно продолжуваме да ја сликаме ужасната слика на ова (не)време.
Related Posts with Thumbnails