. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
on Friday, January 27, 2012



Не можев, а да не искоментирам неколку споредни информации кои ги слушнав денес, утрински. .. ако не ви се читка, ај чао, по fb една купа сликички. Моментот кој остана во мојата глава беше: ‘се замолуваат Хрватските граѓани да не го посетат натпреварот во Белград’ – од хрватските телевизиски медиуми преку сител за натпрeварот Србија - Хрватска. подоцна . .. хулигански муабет :)

По некое време читам: Скратени часови поради ракометот – ајде ученици, гитла дома!
Бркај работа момент или тоа навистина почнаа да ми се бркаат работите во глава.

Кога слушнав за хрватите на почеток малку се збунив, но менталниот склоп ме насочи на тоа да помислам дека, да вечерва ќе победиме и немаат потреба Словенците воопшто да доаѓаат. плус немаме проблеми како србија и хрватска меѓусебно. Јасна е работава, имаме добар тим, победнички или пак ако не е така работава е платена, договорена или whatever. добро е дека еве со спортот напредуваме. .. кошарка, ракомет.. топ!

но што пак ако изгубиме?!

Десет илјади македонци, со натажени фаци и дух срозен по ракометарскиот под во салата која деновиве ја преименуваа од београтска арена во гоцева.та.раса. [#fail] и си викам, да бре, ако изгубиме, треба да се убиеме или пак да испоубиеме се живо и диво што ни застане на пат до вагонот или автобусот за назад. И така, оп, пуштив една лоша мисла во мојот систем. Не сакам да го правам тоа, доволно ми е загадена околината, за да ја загадувам дополнително и мојата глава. [ова не се важи, нема бесплатни карти и превоз] :)

.
Ова не е мое мислење, ова е наметната фикција конструирана од искуството кое го имам како македонец. Имаме ли ние тепачки манири, знаеме ли од ништо да направиме беља. .. и така сите комити, ајдуци, револуционери и алтер ега во мене се разбудија и го насетив тој сериозен нагон, општонароден. .. можеби?!

Дали може македонската публика, ако не сите, делумно, после пораз на еден таков важен натпревар за Македонија да го демолира Белград? Секако да, да. И си викам па да, добро дека Словенците (иако јавно не повикани) барем знаат со кој си имаат работа и делумно може да го насетат тоа. Антички барбари, проалександрови воини со канализирана чиста крв, секогаш спремни за се`. Страшна генеза. .. и да не си должам самиот на себе, заклучив дека може сме опасни, на самите себе, на околината, на општото мислење за Нас надвор, без разлика колку е тоа #добро?!

[facebook status update] :југославија. .. на подиумот југот наспроти славија.та. најЕвропското наспроти најБалканското од одличниот проект. !и двете мали и двете жилави. тие се тие прави навивачи што во моментот се таму и ја бодрат Македонија. !и Би победа! #makrakomet

Да, горд сум што сум македонец и нема да должам. Баба ми должела по планините кога доаѓала од Егејска. Но, никако не би се идентификувал со овој одраз за тоа дека оставаме впечаток надвор во кој се проектира негативна особина. Би влегол во антитеза на моето убедување и пракса на идентитетот и менталниот склоп кој го поседувам. можеби и не не мислат за така лоши, оставам да заклучите сами, дали е добро да знаеме дека сме лоши како маса во гро план, како цело. се тепавме и на кале и на мале и каде ли не.. би сакал да продолжам да верувам во онаа чиста слика за македонец како дедо. Ама па и тој бил во војна, и пак дилема, пак подруми, круг. Но, за да овој круг продолжи да се врти добар мотор е и другата информација!

Продолжен зимски распуст, продолжен летен распуст, празник, празник, слава, куќна прослава, државен ден за борба против будењето, и јас сакам да сум вработен. .. доаѓаат сега 14 февруари, 8ми март. Споени, продолжени викенди и по некоја лопата, 100 % пролет иде.




Си го завршувам ова разгледување на мини корнерите во мојата глава, застанувам повреден на точката за пенал и ја оставам топката. ..заминувам незадоволен од тоа да си дел од тие луѓе, дел од таа раса, која некогаш некаде била опејувана и славена. И Би Победа!. ..тивко мислите продолжуваат..

[update] Македонија победи на мечот против Словенија, заслужено 5то место на Европското и обезбеди пласман за квалификацискиот турнир за Олимписките Игри. 28-27, тешка игра, вредеше да се следи мечот, наспроти вториот глас од собата за коментирање на сител. споделив емоции на twitter: !голманот здрав и жив - цел автобус машки деца ::: браво МАКЕДОНИЈА!
on Monday, January 23, 2012
.. и не за друго нов ми е блогот. .. кога му сменив кожа како и односот да ни се промени. но, нема да ја тупам за нашата врска, оставам на еден покреативен, повизулно олеснат за јадење начин да ви доловам.

Секој ден е добар ден за блогирање. Денес имам три добри причина да споделам пост на овој блог. Првата, оскиморонска како и целата еволуција на планетава земја. Бизарно, смешно, глупаво, иронично. .. дали е тоа генерацијата на новото време?
.
Заклучете сами од музичката нумера со која зетот ја поздравува сфаќаата.
.

.

Втора причина поради која ќе го забележав овој линк и настан иако сум далеку од политики, полемизирање (читај малоумно препукување) и слични интелектуални развојни етапи, сепак заради (мое лично) потсетување на една креативна дебата под линкот и мојот коментар заслужува да биде овде. Кој што како, имаше и убави моменти, но, ете пролет дојде порано, па мајсторот попрво се сети да избрише отколку да запомни.. never mind, еве го линкот до текстот "РЕАКЦИЈА ОД ЧИТАТЕЛ: Возот за Белград отиде празен, Алфите не туркаа и малтретираа" и мојот коментар:

"сите биле некогаш малтретирани на тој премин, константно таму се вработени луѓе кои не знаат што се човекови права, толеранција. .. не знаат кој им е кодот за однесување како вработени во овој државен орган. оваа е жална вест и залудно потрошено време и пари кои сите знаеме тешко се заработуваат. гоцева.та.раса станува опасна за самата себе и за околината. потребно ли е да еволуираме? - според мене никако, барем не со оваа каубојска, непреживеана, тинејџерска амбиција за владеење!"

.трета причина, ако е музика, нека е музика! Нема како да го прескокнам најновото музичко остварување на бендот за промени ‘распеани скопјани’. .. не знам дали се добри во професиите за кои завршиле, но пеењето дефинитивно им иде од рака, дури и кога не е снимено со HD технологија.
.

.

.и да, пошо полека полека стануваме trash планета, малку trash уметност, за да се избистрат очите. мелем е млекото од оваа крава, мириса на р`ѓосана индустрија и пропаднати фабрики, црвени, сини, разнобојни.. важно е дека се трансоформираме ако не во Богови, во нивните свети животни!
.

.

сега во моментот има ракомет, полска можеби ќе губи, но склопот на околностите ми направија некако да не ја гледам со истиот интензитет како претхдните натпревари. до механизмот нешто е или сум гладен.. ;)
on Saturday, January 21, 2012



Не можев да оддолеам и само со насмевка да поминам низ една информација која навистина внесе во мене едно прекрасно чувство на исполнетост како младински активист, граѓаниин секогаш исправен пред недостатоците со свои солуции и решенија. Така е и сега, а причината е една прекрасна колумна која денес уште неколку минути после будењето ја прочитав и како да кажам it make my day!

Станува збор за првата официјална колумна на Тамара Атанасовска [@TAtanasovska] за Радио Слободна Европа, со наслов Ние, граѓаните, и ако убаво се разгледате низ постовите на овој блог за една таква активност (се надевам) таа збори и потенцира за тоа колку е клучно и важно вклучувањето на секоја единка пооделно во сферите на активното живеење во едно општество.

Не би сакал да одам во дирекција на повтарање на работите кои таа ги произнесе таму, само би додал дополнителни да ги наречеме шлаг ворди кои мене лично ми оставија впечаток. Уште кога ја споделив колумната на facebook ми се протна прашање, која е златната средина? Таа добро нагласува дека старите граѓани се далеку од мотивирани да променат нешто во државата со оглед на тоа дека ете веќе трета деценија се обидуваат, а фактот дека било кој обид ќе биде спречен/ уништен е дополнителен демотиватор од друга страна за младите да делуваат незаинтересирно за важноста на промените и прогресот на одредени стапки/ делови во општествената структура.

:единствениот начин да се дојде до некои засега фиктивни промени е подигањето на нашиот глас преку социјалните медиуми.

таква е и колумната оди против ноншалантноста, незаинтересираноста на младите кои одбиваат да бидат активно вклучени во еден таков модел на граѓанство како тој што го промовираш, овој пристап (за жал) сега за сега го гледам како единствено решение, минимален прогрес во однос на нивната (не)ангажираност во едно активно општество.

не би сакал да го прескокнам овој дел, за многуте пасивни читачи да не го пропуштат (знаеш сите ние кликаме по музики и сликички) па, само би те цитирал како отпоздрав: "Да престанеме да постоиме како реакција и да почнеме да постоиме како сила која одлучува*. Можеме да почнеме од тоа што ќе го промениме ставот - „Ќути и трпи“, со - „Барај, ти следува!“"

Среќен сум кога гледам во моето опкружувње, пријатели за кои девизата на ганди е сосема својствена и дејствуваат како да нема друга, но, да, навистина ние сме промената која сакаме да ја видиме во светот!

Неколку пати до сега сум се нашол во ситуација да заклучам дека некои работи (позитивни, културни) се случуваат единствено само ако јас го направам првиот чекор. Најпрво дојдов до овој заклучок со безбројните активности кои сум ги реализирал во Струмица, но, верувам во една поголема световна проекција во која луѓето кои се грижат за овие промени и силно се борат со сите расположливи пријателски сретства за таквите да настанат се тие кои суптилно, но ете како ги прават промените. Создавање нов живот од семка е тешка работа, добро е дека уште пред да заврши зимата дека се раѓаат нови `ркулци, кокичиња кои и се спротиставуваат на зимата. Граѓани од прв ред за кои нема веќе време за чекање и нема време за климање со главата на работи кои не ти се допаѓаат и знаеш дека немаат општо добро ни за тебе лично, ни за општеството како цело.



толку од мене,
повеќе некогаш, некаде (ако не пак овде) во подобри времиња за кои ние ке си се избориме!

:поздрав

p.s. дополнително бев мотивиран да го напишав ова за тоа што цела веер работев на новиот изглед на блогот, се случи нешто визуелно со претходниот и едноставно морав да го променам. Се надевам Ви се допаѓа ~
.
.
.
.

Глупаво е дека се однесуваме несериозно кон ова глобално прашање. Веќе еднаш пишував пред неколку дена за ова овде, кога најпрво познатите страници ја блокираа дел од нивната соржина во име на протест, а сега и ова последно предупредувачко видео кое доаѓа од анонимусите.

За да не се повторувам со истите приказни кои веќе ги кажав на англиски, слободно може да ги прочитате овде или пак доколку сеуште ја немате потпишано петицијата да го направите преку мојот пост овде. останува на владата од американчиштава да го повлечат овој закон и воопшто да не помислат на никакви промени во слободата на користењето на интернет оти отидовме курбан. не за #SOPA и #PIPA, или следува иднина која ќе се создава right here, right now, историја која немам појма ниту како ќе се следи, ниту како ќе се споделува, ниту како ќе се запишува. #мрак
Ова од играчка постана плачка. Која е иднината на социјалните медиуми, дали маите предвидуваа крај на интернетот во 2012 можеби? :D
.
.
.

.многу можеби и многу зошто, но многу малку за тоа,тоа е и целта на анонимусие да се запрашаме самите себе зошто оваа иднина, зошто овој расплет на ситуацијата. Зарем ова е е е најлошиот заплет/ период кој некогаш сте го имале на интернет. Цензурирани страници во име на протест против такви законски промени, се согласувам дека Американците не можат да си го препишат интернетот за нивен изум и да го контролираат така како што ним им одгвара.
Сите ние, поединки од светот поддеднакво придонесуваме кон развојот на единствената алатка која не е загадена и во која владеат сеште слободата на говорот, размената на информации и заедничката желба за една подобра иднина на овој нов медиум кој екстремно еолуира во многу различни аспекти.

Овие 72 часа, се само предупредување, ветуваат дека податоците ќе ни бидат заштитени од нивна страна и нема да бидат злоупотребени, но, сепак наведуваат дека имаат пристап до база на податоци за каква ние обичните смртници не можеме ни да си претставиме, иако е така јас верувам дека се ќе е заврши добро, какво ќе е тоа добро останува да видиме.

Ова е видеото:

.


.
..искрено како што сум навлечен периодов на социјалните мрежи воопшто не сакам никаково исклучување, но, тоа е. .. ако се деси, и ако нешо после тоа периодов се случат најразлични непредвидливи работи, see y around ~
.
.
on Saturday, January 7, 2012
.
.
.


.
:во зависност од тоа на која точка на планетата Земја живееме можеме различно да ја анализираме самата употреба на социјалните мрежи, нивната корист; бенефитот кој се добива како и негативните искуства кои со текот на годините еволуираат истовремено со се` самиот развој.

Факт е дека секојдневието наметнува и поголема употреба на дел од тие мрежи каде создаваме сакајќи или не виртуелни карактери кои еден ден ќе бидат рефлекси на на тоа што вистински сме во социјалниот живот и надвор од мрежата која ја составуваме, живееме секој ден. Тие виртуелни карактери се дел од развојот на социјалните платформи како цело, потребата од градење на идентитет кој ќе биде делумно вистински одраз на тоа што сте вие е еден од следните чекори, веќе дел од платформите бараат верифицирање на идентитетот, а и фидбекот кој се добива со самото тоа е пореален.

Пореален, или реалноста која се наметнува како следен сегмент на истражување наведува на тоа дека во зависност од возраста на корисникот зависи и начинот на кој една платформа, социјален медиум се користи. Кај помладите очигледен е фактот дека fb како алатка се користи најмногу, не би сакал да навлегувал детално во анализата на начинот на кој младите ја користат, но би ги потенцирал: забавата, запознавањето, играњето во мрежа само како мал дел од активностите кои ги привлекуваат таму. додека од друга страна поделбата на употребата на fb од страна на возрасната популација исто така доби на израз.

Самиот развој на социјалните мрежи носи и бенефит и привилегии за некои од корисниците, прогресот во развојот на pages, timeline, groups, направи корисниците со исти (common) полиња на интерес да се вмрежуваат.

Во групите сега е многу полесо да стигнеш до барана информација, преку страница да ја промовираш твојата содржина, продукт, .. а со новиот timeline и приватните профили да добијат едно поубаво визуелно доживување.
.
.

:Од друга страна, овде сеуште е twitter, која се смета за социјална алатка која во текот на годините доживеа некои минимални upgrate-и, но сепак успеа и визуелно и по квалитет да ја задржи публиката, корисниците, како и содржината. Деловниот пристап кој суптилно го наметнува twitter прави да сепак колку и тоа да е второстепен обид на рекламирање на виртуелна содржина, тоа да остане како главен двигател, мотор, или основна идеја на оваа платформа за дејствување, односно работа.
.

Секако дека како негативни ефекти кои доаѓаат напоредно и со развојот на социјалните медиуми се: преголемиот trash квантитативен резултат кој го прават премногуте форуми, web страници, бази на податоци како цело и потребно е истенчено око, или sense при изборот на она што е квалитетно и селекција која сепак не ги задоволува само твоите естетски и подковани со знаење извори.

Не би можеле длабоко да навлегуваме во истражување, но првоначално можеме да нагласиме дека секој еден медиум во текот на својот развој, доживува најразлични промени, а со тоа и директно влијае позитивно или негативно на неговите корисници, но освен fb и twitter, како највлијателни социјални платформи, би било добро да ги нагласиме и google+ како една од платформите кои допрва ќе се усовршува, tumblr, posterous, wordpress, blogger, flickr – за фотографија, soundcloud – за музика. ..има уште толку многу платформи кои секоја посебно различно влијае во социјалните медиуми како и различно што остава трага во овој network.
.
.

Но, секако за да се направи поконкретна анализа на социјалните мрежи потребно е подлабоко да се навлезе во суштината и насоките кои ќе се допрат да бидат по конкретни, на пр. Кога fb не би постоел, ограничување на времето поминато на интернет, fb vs twitter кое што нуди како копманија, начин на градење на виртуелен карактер, негативни искуства со виртуелни профили, иднината на социјалните медиуми и тн.
Related Posts with Thumbnails