. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
on Friday, June 15, 2012
..
Извонредна комична илустрација, стрипувана/ саркастична верзија на песната Imagine од познатиот John Lennon. Pablo Stanley e авторот на ова дело. Уживајте!
.
nice a? - cheers! :))
.
on Thursday, June 14, 2012
. 
Пештерата Son Doong е најголемата пештера во светот откриена 2009 година;
. 
 
 
..
Пештерата Son Doong (виетнамски: Hang Son Doong) е најголемиот пештерски свет кој се наоѓа во провинцијата/ покраината Quang Binh, Виетнам. Откриена е од страна на човек од локалниот крај по име Хо Khanh во 1991 година и неодамна беше откриена по втор пат 2009 од страна на британскaтa група на истражувачи на пештери, предводена од страна на Howard Limbert. Името на пештерата "Son Doong" значи "планинско речна пештера", Таа е формирана пред 2-5.000.000 години од речната вода која го поткопала варовникот под планината, онаму каде што варовникот бил послаб ерозирал, а таванот пропаднал создавајќи огромни прозорци..

View more Details about Son Doong cave, Cave exploring trips, View Detail map, Videos, All Photos & gallery, How to get there Son Doong Cave, News about Son Doong cave.
.
.
 
on Wednesday, June 13, 2012
.
.
Сакам да фатам ред во безредието и ќе започнам со најшокатната и најНеважната вест за мене, но сепак, заради заедничкото срцебиење со државата и народот во Неа, веста за напуштањето на кариерата (каква и да ја имал) на мегаултранеон ѕвездата со унисекс галаксии Боки 13. Толку, уф! Мора да биде фамозно.. !

Нејсе, ја затвориле А2. Што сакав тука да кажам:
.се додека не ја затворија, 'не знаевме' дека А2 чувала фактор А1 во себе. сигурен сум дека повеќето 'загрижени само на поминување контале дека таа 'телевизија' единствено што прави е - вегетира!
 
.. и така за да биде позанимлива темата се вклучија многумина активни посматрачи кои сметаа дека за тоа (не) е виновен БЦ и дека крајно време е владата да си оди. Клише. End of story. Или кој знае може ќе се собере повторно група на протестирачи и ќе се радуваме заедно дека сме повторно на улица.

Младината не треба да се води од слепилото на еден културен шунт кој само мрчи, туку треба да гради сопствени ставови за сите проблеми кои го опкружуваат! А2 не е наша работа.. како ни млекарот, лозарот, тракторџијата што чувал ноеви и тн.  .т.е  не се важна работа директно, индиректно навлегува во повеќе слоеви од корекциониот пат кој треба да го врвиме.

.слепилото на младите е полошо од она наследното, кое ни доаѓа од колено на колено, како клетва што следи седум поколенија!

Како активисти мислам дека ги изгубивме нашите стремежи.. ниско паднавме.. трчаме по секој трач и правиме протести! (некој тоа го вика Слобода!)

Факт е дека младината полека полека во својот хибрид назадува во развојот од своите претходници. Се повторуваме, следиме, се организираме по начин кој е полош и од оној на комитите, ајдуците, револуционерите. Водиме слепи борби, испуштаме кревки гласови, организираме  бесцелни протести, промовираме мини-лидери секоја недела. Но, дали е тоа што една држава полна со проблеми треба да го очекува од иднината на нејзините жители?

убаво е тоа СЛОБОДАта, но кога имаш валидни информации пред себе, слободата наспроти мушкањето нос таму каде што не му е местото (читај институционални транзициски битки) воопшто не е граѓански активизам.. повеќе е слепило.

Или некој не разбрал правилно што е коректура на општеството или дома никогаш не добил право на глас и сега се што не му штима е тема за ново мрчење. Иронијата никогаш не била убав звук на камбанаријата, а несигурноста од иднината создава цинично размислување, недоверба, налудничав абсурд..

Ете како треба уште многу работи да се решат во државата, макар тоа било чистка и на моите братучеди! сите кои си го барале (краделе, прикривале, фалсификувале..) треба да си го добијат..

!кога македонскиот интелект игра ластика и суди дали А2 треба да се затвори и се диви (со и без иронија) на (откажаниот) концерт на Боки 13!.. is there anything more real?!

.и светите билборди ги тргнале. no more solutions!
.



Да, да,
секако дека има нешто што е уште поreal од досадните преписки на новинарите, нивното непознавање и фрустрација од законите кои сами индиректно си ги наметнале. Тука е отсранетиот билборд за кој со двете раце кренати тврдам дека повеќето не сконтаа дека е уметност, а не обична реклама, а далеку беа од тоа да остават простор на минувачите да го доживеат целиот тој хумор, скриена сатира која самата идеја на билбордот (уметничкото дело) ја носи. Овде станува збор за избрзана одлука, мислам дека тие недоразбрале дека станува збор за Уметничко дело, а не за комерцијален билборд. (х2)

Според авторот од АРС Акта, билбордот беше уметничко дело кое се изложуваше во рамките на Креатива, а неговото отстранување е акт на цензура.

Отстранувањето на билбордот е акт на незнаење, на непознавање на целата информација. Штета што овој проект „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“ кој требаше да биде (е) [...] тридневен настан, кој опфаќа шест тематски целини: звук, текст, облик, мултимедија, комуникација и дискурс" ќе остане како историја на желбата да биде урбан фестивал, пошо луѓето се уште сакаат, а богами и купуваат за 150 денари портрет на охриТ и 300 денари пејЗаШ за на свадба!

На здравје среда, 13 јуни 2012!
.
.
on Monday, June 11, 2012
.
7 Прашања кои луѓето ги поставуваат кога ќе пристигнат на вашиот блог за првпат

  • За што се работи/ за каков блог станува збор? - Тема
  • Што може да пронајдам интересно за мене? - Предности/ Бенефит
  • Кој си ти? - Кредибилитет/ Информација за авторот
  • Зошто треба да ми е важен Вашиот блог? - Релевантност/ Точност на информациите
  • Има ли уште некој овде? - Социјален доказ/ tracking машина или јавни коментари
  • Зошто би требало да се вратите? - Предвидување/ информирање за следни артикли
  • Како да се конектирам? - претплата/ mail кој редовно се проверува

:update: ..и уште едно:

  • Што Би требало да направам следно? - Задржување со помош на претплата и / или разговор со посетителите?!
.



Не е лесно да се биде домаќин на еден блог кој континуирано ќе нуди добри содржини од различен карактер, но сепак својствени на карактерот и професијата кои самиот автор ги има. Премногу  блогови се појавуваат секојдневно и исчезнуваат по кратко време. Квалитетот на информациите кои ги нудиме е многу важен елемент во блогирањето, навременото информирање кога се работи за нешто што е актуелно, отворениот пристап до содржините кои можат да се најдат на Вашиот блог. Сепак, мислам дека би можеле да се модифицираат овие прашања во однос на пласираните информации и каратерот на блогот или страницата која ја уредувате.

Можеби Би се запрашале дали е добра содржината, која е целта на овој блог?! Важно е авторот на блогот да умее да состави содржина на еден текст, да знае кога да информира (како да го направи тоа), да не ја презасити информацијата со неговото мислење, како да знае да постави/ потенцира делови од текстот кои се носечки елементи, кои се поднасловите и сл.

Знаеме дека Виртуелниот свет е само мимикрија на нашиот, така Би биле поставени и прашањата .. кога запознаваме нова личност истите варијации ни поминуваат низ глава. Симулацијата која ја нуди дигиталниот свет не носи до степен на преиспитување и реанимирање на постоечката реалност. 

Реториката која ја користиме, специфичноста и уникатноста на информациите кои ги нудиме се пресудни еден посетител повторно да се врати, взаемната интеракција и пријателскиот однос кој го градиме со читателите се делови кои исто ги врзуваат посетителите. Но, сепак се треба да биде избалансирано, јас овде ќе престанам, знаете, може да се случи и тоа што најмалку го посакувате:

- ова не е интересно!
- каква е оваа информација?
- како да го напуштам овој блог?!

:have #Fun people! :)
.
.

on Sunday, June 10, 2012
.


UNDP започна кампања со промовирање на видеото `Иднината која ја посакуваме во која ги ангажира познатиот шпански актер Antonio Banderas, францускиот Lambert Wilson, бразилската фудбалска ѕвезда Marta Vieira da Silva и италјанската актерка Laura Morante кои објаснуваат поедноставно и ја доближуваат поблиску до масс медиата или mainstream публиката темата за градење постабилен систем за одржлив развој.

Кампањата `Иднината која ја посакуваме ќе биде дел од конференцијата за одржлив развој `Рио +20 која ќе се одржи во Бразил од 20 до 22 Јуни, 2о12.

Видеото има за цел да ја доближи до јавноста проблематиката која системите за одржлив развој ги развиваат, односно да се имаат во предвид економските, социјалните и еколошките вллијанија кои секоја политика, инвестиција или одлука ги создава.

Стана вообичаена навика/ практика владата и приватниот сектор да донесуваат одлуки кои влијаат на економскиот пораст, но често доведуваат и до занемарување на степенот на сиромаштија или прекумерната искористеност на животната средина.



Знаеме дека е предизвик во моментот за многу политички лидери, активисти, истражувачи и портпароли да објаснат што е она за што одржливиот развој се залага. Видеото се обидува на наједноставен начин со помош на оваа stop motion анимација да ја доближи оваа комплексна тема како би можел секој да ја разбере.
.
 

Credits:
Written and directed by Virgilio Villoresi
Art direction: Luca Cipelletti
Scenography: Michela Natella
Painting: Carlo Cossignani & Virgilio Villoresi
D.O.P.: Gabriele Chiapparini & Tommaso Alvisi
UNDP Executive Producer: Aziyade Poltier
.
.
on Friday, June 8, 2012



Пред ден/ два се вратив од Скопје и не наидов на текст поврзан со изложбата на група млади современи уметници од државата. Уште истата вечер кога беше отварањето на оваа занимлива комбинација од простор, време, групација разговаравме на тема feedback за настаните кои се случуваат наоколу и недостатокот од споделување критика, мислење, коментар за делата кои сите тие автори ги создаваат. Интересен е и фактот дека всушност фотографиите со луѓето на facebook добиваат поголем број like-ови од оние со нивните дела, така овде нема да гледаме фотки од фаците туку од нивните креации, погледи, разбирања и пристап кон создавањето на едно `концептуално уметничко дело.

Решив да го разбијам ледот и опуштено да си направам топ 3 (+2) и уште нешто селекција на делата од вкупно 17 автори. Најпрво инфо за изложбата превземено од настанот објавен на facebook:



Простор (именка) – Континуирана област или површина која е слободна, достапна и незавземена.

200 квадратни метри во кои 17 уметници го мапираат својот простор – личен, општествен, виртуелен. Придружете ни се на оваа самоиницијативна акција.

Поставката трае само еден ден.

Учествуваат: Александар Зафирофски, Андреј Анчевски, Дијана Богдановска, Ем Елефантски, Зорица Зафирофска, Иван Ивановски, Инес Ефремова, Кристина Божурска, Лидија Петковска, Марко Манев, Миа Јовановска, Милан Андов, Милена Стевановска, Никола Узуновски, Тони Димитров, Филип Јовановски и Ѓорѓе Јовановиќ.
Куратор: Бојана Јанева-Шемова

Музичка програма:
- Dusko Janevski
- Andreas Hz
- Toni Dimitrof

„Младите уметници, дел од изложбата Простор, се поттикнати од слободата да се претстават надвор од постоечките институционални структури, а притоа дозволувајќи си ја слободата во просторот, во изборот на авторите, како и во начинот на кој приоѓаат на тематската определеност. Идејата е делата да зборуваат индивидуално, без претензија на освојување на туѓ простор, туѓа територија - просторна, општествена или социјална...“

Според мене:
Крајно креативен и инвентивен настан, провокативни, збунивачки (на моменти) дела, весели, тажни, информативни, инспиративни, историски, занимливи и некои непотребни ;)

Сепак, кога веќе се изложуваат толку дела нормално е мислам едно дело да ти остави повеќе впечаток од друго, но би посветил внимание повеќе за оние кои мене ми се допаднаа, некои од прва некои по кратко време, т.е. на второ разгледување и разговор со авторите.

Пред да кажам кои 3 ми се фаворите би сакал да кажам дека сите кои се дел од овој нов бран заслужуваат громогласен аплауз заради промовирање независност, деинституционализација на уметноста, слобода на инвентивноста и идеите,  промоција на неафирмирани, талентирани, позитивни луѓе и автори.

За разлика од повеќето негативни коментари кажани позади грб и недоразбирањето на некои од концептите презентирани на оваа групна изложба, јас овој (простор) би го отстапил на организаторите за да им честитам на храброста да се пуштат во еден таков голем проект, подвиг кој опфаќа луѓе речиси како сите прсти на нашето тело. Комплексноста за една ваква организација е голема, им посакувам за следните проекти, изложби, перформанси повеќе среќа со финансиите затоа што `знаеме` дека е навистина тешко да се направи било што без нив.

Делата на уметниците според мој вкус, можеби, по локално настроени, приземјено инвентивни, ограничени вакуумски поради презаситеноста, но од друга страна искрени, отворени, комуникативни (интерактивни), полесно опипливи за размисла, симболични концепти кои лирично (повеќето) допираат до суштината на темата која ја обработуваат.

Ќе почнам со фурната на Дијана Богдановска како нешто кое последно го видов, но ми остави најмногу впечаток. Зошто и јас не знам, можеби дека стоеше до гробишта?! Исто така мој фаворит, но како концепт од поодамна познато..

photo by: Лидија Петковска

Фурната на Дијана зборува за една тивка интима, за едно страдање, пронајдена-изгубена среќа, за животот кој сака да биде завиен, заштитен. Безбеден, изолиран.. а, сепак кротко болен. Лузните кои ги носи овој проект се далеку од површински, допираат искрено кога започнува дијалогот помеѓу оној што го гледа делото и згуснатиот воздух кој се наоѓа во фурната. Не би ставил толку памперси..

Во двојката би направил една комбинација од две дела: stancil wall-от на Тони Димитров како еден поразличен пристап на изложбата, попи, урбано, исчистено, стирилизирано, а сепак урбано, улично. Симболиката која ја наметнува со обработка на Исус во форма на мурал е флоскула, вистина која е прикриена, изиграна.. постои ли вистински спиритуализам, духовност, верба или тоа е првиот тапет кој го лепиме на нашата личност?!

photo by: Ангел Ангеловски
 
Овде секако влегува изборот на најразлични украси, штрафови, жици, елементи кои го надополнуваат карактерот на авторот Кристина Божурска која решила да ги конзервира, вакумира, да ги зачува под куќните скали, како пресна зимница, заедно со се гео-локацијата сите оние парчиња небо` кои неа и оставиле трага. Ја дефинирале како постоење за време на нејзините патувања. Концепт кој би можел уште повеќе да се доработува, анализира, надополнува.. но сепак, како што кажувам погоре во рамките на оваа изложба ете како држеше баланс во просторот во кој беше изложен.

photo by: Ангел Ангеловски

Прво би било делото на Филип Јовановски и Ѓорѓе Јовановиќ, затоа што носеше како темел една подлабока, поширока тема. Поддржуваше во крајна рака мало истражување, историски пристап на времепловот кој го ислустрираат, комплексна комбинација на местата кои беа спотови/ точки на нивната приказна. Она што не ми се остави ептен ептен впечаток е изборот на цртежите. Беа како од боенка, многу повеќе би ми се допаднал урбаниот, уличниот израз, како оној што може да се види по стикерите во Скопје, овдешните ми беа премногу школски, да не речам предшколски. Всушност, можеби и тоа била идејата на авторите, да ни доловат една детска естетика, една детска радост за споделување на приказната со аудиториумот, изборот на реквизитите доловуваа едни скриени синопси, мизансцени кои единствено доколку добро ја следиш координацијата, мапирањата сами ја отвараат..

photo by: Ангел Ангеловски

Не знам како би одел со редоследот, сепак ова не е Евровизија и авторите ги почитувам многу повеќе, одлучете сами како ќе го прочитате, од Вас зависи како што велам во една песна, од долу нагоре или обратно. (парафразирам)

p.s. сакам да кажам дека уживав да си го мијам лицето на флуоросцентната чешма на Ем Елефантски и да ги јадам ресаните во candy room-от на Инес Ефремова, штета што не прашав дали имам пристап до аптекарската витрина. :D

Поздрав до цртежот/ сликата на Иван Ивановски, суптилен, тивок, а толку хаотичен. Некогаш е потребно да ги прескокнеме контурите на хаосот, убаво го направил тоа Иван. 

photo by: Ангел Ангеловаски

* * *
~ Поздрав и до дечкото од другата соба, сите ние некогаш мислиме за нешто позитивно, некогаш за нешто негативно, а некогаш за `ништо. Тежината во очите на неговиот рол плеј актер, илустриран карактер зборуваат за еден поразличен живот. Би сакал во иднина авторот да ја отвори/ анимира оваа приказна.


.
.
Related Posts with Thumbnails