. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
on Sunday, January 6, 2013

Како и секоја пресвртница, ново кружење, така и овој пат, недела време после забавата за Нова Година дојде и Бадниковата вечер. Минатата ноќ се палеше оган, денес се пречекуваа коледари. Ореви, бадеми, костени, јаболка. .. по некоја мандарина или портокал.




Слатко од киви, кајсии, маслини, риба, сарма, леб со паричка. Безбедност, сигурност, столб, мир, дом - паричката се падна во куќата!

За разлика од минатите години за прв пат после долго време се падна паричката во куќата. Дали тоа ќе значи дека ќе седам дома повеќе ли дека можеби ќе инвестирам во домот? Ќе се посветам повеќе на домот, тоа сигурно!

И така во недоглед се расплетуваат позитивните мисли поврзани со домот, уште по првто кршење се знаење дека паричката ќе заврши таму. Најрадосниот празник Бадник за православните верници значи ноќ на мир, радост и сплотеност. Целото семејството е будно до полноќ за да го дочека новиот ден, кога се слави раѓањето на Синот Божји.

Убаво е дека паричката се падна во куќата, тоа е среќа за сите членови на семејството. Тие се под закрила кога се под сигурниот кров, и да врне и да вее, проблемите ќе ги одминуваат овие ѕидови, благословот кој се добива со христовото раѓање служи за заштита.

Нека е за убаво за арно драги пријатели, ѕидовите на куќата не можат да пијат црвено вино, но затоа во нивно име можат да се напијам јас.

За убаво, за арно - за многу години! Христос се роди! Навистина се роди!
.
.
Related Posts with Thumbnails