. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
Showing posts with label travel. Show all posts
Showing posts with label travel. Show all posts
on Wednesday, February 1, 2012
.
.
:Во ред, знам дека изгледа конфузно, но ваков е и животот. За секое прашање постои одговор и начин како да стигнеш до него. Како до подобар резултат во заштитата на здравиот живот и редуцирање на штетните остатоци.
.
Climate Action е изворот на овој инфографик, секако дека недостасуваат многу други агли на перцепирање на акцијата и вклучувањето во прогресивните одржливи позитивни промени, рециклирање, еко-одржување и тн. Но, ова е одлична визија, која сепак помага да осознаеш повеќе.. не мора да мислиме буквално дека авионот, како таков е навистина голем проблем, ако не помислиме на тоа каков отпад создаваме самите ние, и не се обидеме да ги промениме основите на нашето дејствување, практикување, живеење..
.
.

.
:мислите ли дека недостасува нешто? што би надополниле. .. кои се потребните чекори за поголема заштита и подигање на свеста?
.
.
on Tuesday, December 1, 2009
Не дека нешто сум посебно заинтересиран за тоа колку луѓе ќе ги вратат од граница, ама мислам дека ќе ги има повеќе од вообичаено според моите сомнителни досегашни анализи на македонскиот интелект. Во многу случаи македончето прави гафови, со своето "знаење" преродбеничко што го носиме дури од Аристотела. Ме насмеа иронично идеајата да се даде водич за однесување на граничен премин во земјите од ЕУ, па си викам дај да си ги ставам овде да не барам после во архивите на дневните весници. Мојата маленкост признава дека ќе треба пред да го наполнам мојот убав ранец за пат со неколку партали, ќе треба и да знам што документчиња пред тоа ќе треба да си ставам во малото скришно торбиче што го носам на врат обесено под облеката како на времето клучот да не го изгубам или некој ми го украде. :)
...(ова не беше за кажување, ама ај)

Копиран водич кој денес го објави "најпопуларниот весник Вест" за тоа како да не те вратат од граница:

Со­ве­тот на ЕУ вчера (30.11.2009) донесе одлука со која ја промени регулативата 539/2001 на Унијата со основна точка која вели дека Македонија, Црна Го­ра и Србија се префрлаат од црната на белата Шенген листа. Втората точ­ка вели дека граѓаните на овие три земји се "ослободени од обврската за вадење визи за краткорочен престој, но без можност да работат во др­жа­ви­те членки на ЕУ". За работа во ЕУ потребна е посебна работна доз­во­ла од земјата за која се аплицира.
Во одлуката стојат и следниве технички детали за спроведување на оваа од­лу­ка:

- влез во земја од Шенген зоната важи само за лица со биометриски па­сош (досега се издадени над 600.000 такви пасоши, што е 75 % од гра­ѓа­ни­те што поседуваат пасош)
- прес­то­јот во Шенген зоната може да биде до вкупно 90
де­на во рок од шест месеци
- за престој подолг од 90 дена потребна е посебна дозвола,
ко­ја ја издава амбасадата на соодветната земја
- по­жел­но е патниците да имаат здравствено или патнич
ко осигурување, резервација за хотел или, пак, информации
за лицето кај кое ќе престојуваат (роднина, пријател и
слич­но)
- га­ран­тно писмо од лицето кај кое ќе се престојува не е
за­дол­жи­тел­но, освен ако со него се потврдува дека тоа ќе
ги сноси трошоците за престој во земјата
- пог­ра­нич­ни­те власти ќе го имаат дискреционото право
да прашаат со колку финансиски средства располага патникот
и да проценат дали тие се доволни за престој во конкретната
зем­ја
- ако случајно на патникот му биде одбиен влез, тој ќе
тре­ба да добие писмено образложение, по што ќе може да
се жали во соодветната амбасада.


Не дека се многу технички пикантерии, но ете се потребни да се знаат. Јас ги прочитав во весник, сега ги копирав овде и пак ги прочитав, откако ќе ги постирам пак ќе ги прочитам Вака на три пати прочитано со Европски дух во мене и во сон да ме разбудат ќе знам што се треба да имам со мене освен четката и пастата за заби и чешелот. ...ова за да не ме чешлаат на граница.

Епа младино, ќе се видиме во Париз!
...ако не таму во Берлин.. а и што мора да се видиме!
авионот може да полета, ви посакувам пријатно летање овај драјвање!

фотографијата е на Иван Илиев - Space between here and there



Bookmark and Share

Related Posts with Thumbnails