. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
on Friday, October 28, 2011
.
.
.
.
.веќе извесно време го немав посетено блогот на Seth Godin познат автор, блогер, entrepreneur .. кој е доста важен во глобалната social media заедница, со тоа што остава трага секојдневно со најразлични анализи, мислења, постови за одредени теми од областите блиски на модерното општество и современиот начин на живеење. во овој пост направил селекција на дел од неговите постови објавувани периодично на неговиот блог. преводое слободен, а темите кои ги избрав се блиски првично на мојот интерес и сакав да ги имам како содржина на мојот блог. се надевам некој од овие совети директно ќе ви послужи во иднина и ќе имате конкретен ефект од сознанието кое Seth го дава со неговите образложенија.




инаку тој обработува најразлични термини во поновата информатичка историја, дава професионална насока кон усовршувањето на работата со новите медиуми како и подобрување на личната виртуелна презентација како индивидуална така и професионална.

еден од врвните social media guru-а на денешнината отворен на повеќето социјални мрежи за дискусија и учење на нови работи.. прогласен во Америка како 'најдобриот американски маркетинг агент'.

досега има напишано 13 книги и е преведен на триесетина јазици. повеќето од неговите наслови се bestseller-и, а пишува за пост-индустриската револуција, начинот на создавање и ширење на идеи, маркетинг, лидерство или како цело промена во сите нивоа и области :)




разликата помеѓу менаџментот и лидерството

Менаџерите работат на тоа да направат своите вработени да го работат истото што го работеа и вчера, но малку побрзо и малку поевтино.
Лидерите, од друга страна, знаат каде би сакале да одат, но, разбираат дека тие не можат да стигнат таму без нивните поддржувачи или без да им се дадат потребните алатки на тие што водат за да се направи нешто да се случи.
Менаџери сакаат власт. Лидерите ја превземаат одговорноста.
Ни требаат и двете. Но, мораме да бидеме внимателни да не ги помешаме. И тоа ни помага да запаметиме дека лидерите се ретки и на тој начин повеќе вредни.



трошењето време не е загуба

Всушност, губењето време е клучен момент во нашите животи.
Да го трошиш времето на лош начин е грев, бидејќи не само што ја намалуваш продуктивноста, великодушноста и уметноста кои доаѓаат со работата, ти исто така се откажуваш од прекините, експериментирањето и радоста што доаѓаат со губењето на времето.
Ако решите да го трошете времето (а, се надевам дека ќе го направите тоа) најмалку што можете да направите е, 'направете го тоа добро'.



за атомскиoт метод на создавање PowerPoint презентација

обичен човек зборува од 10 до 12 реченици во една минута.
Атомска метод бара од Вас да креирате слајд за секоја реченица. За пет минути разговор, тоа е 50 слајдови.
Секој слајд мора да имаат или еден збор, една слика или една идеја.
Направете ги сите 50 слајдови. Форсирај се себеси да го разглобиш секој концепт во најмали можна атоми/ единки. Ако тоа не е достојно за слајд, не го кажувајте.
Откако имате 50 слајдови, испробајте го говорот во пракса. Отстрани ги слајдовите и реченици кои не додаваат никаква вредност или не Ве движат напред во презнтацијата на темата.
Сега (и само сега), почнете консолидирање на слајдови. Ако две или три или четири слајдови функционираат заедно како еден, продолжи понатаму и направи еден од нив. Сега имаш молекули не, атоми.
Во овој момент можете да се ослободите од сите слајдови, да ги чуваат како што се или да ги разгледате уште еднаш и да ги развиете в уште поголеми идеи. Но, немојте (!) листи, ве молам. губење на време, досадни се.

повеќе ќе најдете тука: Really Bad Powerpoint





што да правам следно?

Ова е најважната одлука во Вашата кариера (или во вашиот ден).
Порано не беше така. Што е следно вообичаено беше прашање одговорено од вашиот шеф или вашите клиенти.
Со толку многу можности и толку многу ограничувања, успешниот озбор за тоа што да работите следно е вашиот момент на најголема поддршка. Заслужува повеќе време и внимание отколку што повеќето луѓе си дозволуваат.
Ако не сте подготвени да се соочите со бездноста при избор, сигурно нема да поминете доволно време играјќи/ танцувајќи со вашите можности.



ископај си дупка

Направи големи ветувања.
Изгорете ги вашите очекувања.
Поставете се во место каде што има неколку опции и влоговите се високи.
Фокусираната енергија и сериозните намери ќе Ви помогнат да дадете се од себе и да го направите најдоброто што умеете. Немаш кај да трчаш/ бегаш, ниту кај да се криеш.

(Подобро од алтернативната опција).



зошто да чекате?

Кој се грижи поради кого е ова?

Ако сте во критична фаза, ако некој од Вас чека да придонесетес со нешто, испраќајте го веднаш, партиципирајте, вклучете се..
Имаме рокови [deadlines] со причина, но клучен збор е "краен". Всушност, вие не мора да чекате до крајниот рок или близу до него, особено ако сакате да ги забрзате работите.
Премногу често се пронаоѓаме себеси си како го користиме крајниот рок како изговор или како лост со кој сакаме да го надминеме нашиот страв. Ако се потпирате и надевате да се буткате самиот себе на испуштени крајни датуми, проектот ќе плати одредена цена.. (ќе изгуби на квалитет и сл)
Пристрасност е да се бави завршувањето на обврските, бидејќи во спротивно шефот само ќе ви даде уште повеќе работа да завршите. Дали сте уште се заглавени во нашата / нивната дихотомија на фабричка работа?
Сите други работи се еднакви, побрзото победува.

p.s. предизвикот во тоа да се биде иницијатор на проекти е дека никогаш, никогаш не е се направено.




помалку или повеќе

Или можете да барате да добиете повеќе од вашата можност (работа, технологија, интеракција, лице, момент), . ..или помалку.
Повеќе изложеност, повеќе ризик, повеќе горе-долу, повеќе работа, повеќе учење, повеќе ангажман, повеќе страст, повеќе шанси да се обвинувате за направени грешки, повеќе можност да се направи разлика, повеќе напори . ..
или помалку.

1oq Seth!
on Sunday, October 23, 2011



"како пронаоѓате читателите за Вашиот блог?


од прилика се сумирани во листа од девет точки, но. кога ќе стигнеш до овој момент во анализата се отвараат уште толку многу нови и има уште толку повеќе да се каже..

1. треба да се знае која таргетна/ целна група сакате да ја опфатите

2. треба да создавате содржина која ги задоволува нивните потреби [односно да се создаде/ креира еден блог кој вреди да се посети]

3. да се одреди изворот/ местото од каде тие доаѓаат, го посетуваат вашио блог

4. изгради присуство во тие места [биди корисен, ангажирај се и пронајди соодветен не spammy начин како да ја споделиш твојата содржина/ тоа што си го направил пред нив]

5. вклучи ги читателите кои веќе ги имаш



6. овозможи им на луѓето лесен/ релевантен начин да се зачленат/ претплатат на твојот блог

7. искористи ги методите за зачленување на твојата содржина преку mail редовно да се задржи ангажираноста на твоите читатели

8. пишувај типови на содржини која ќе се споделува [но, не ја 'продавај' и не пишувај бескорисни работи]

9. повторувај ги постојано сите горенаведени ~


се разбира постојат многу 'техники' што можат да се споменат, ова е само еден пристап во градењето на листа од субјективен аспект.


што недостасува овде?


Update - можеби и уште нешто што треба да се додаде како дел од овој процес. препорачливо е постојано да се експериментира. eкспериментирајте со различни типови на постови/ артикли, различни начини на градење на односи со другите и сл, а потоа ќе ја имате можноста да ја согледате разликата помеѓу тоа што работи, а што не' и што е она што не' поврзува со читателите и да се' изградиме врз основа на тоа


[повеќе за ова доколку имате коментари подолу]


.фала ти Darren R.
on Sunday, October 16, 2011
.
.
.


веќе неколку години си играм по различните блогерски платформи и пробувам да создадам виртуелно постоење во кое ќе презентирам дел од моите интереси, идеи, работи кои ме инспирираат и се' она што во моментов ме опкружува.

не ретко помислувам на своите читатели, дали се тие задоволни од тоа што го нудам како текст или материја која им ја презентирам или е тоа премногу лично, па се доведувам во ситуација да не им се допадне и залудно да трошеле време.

често пати го следам Darren Rowse и неговата работа со problogger и се обидувам дел од работите кои тој ги споделува, а се наменски за тоа како до подобро блогирање, со конкретни алатки и решенија кои тој ги нуди за блогерите ширум светот. неговата анализа е премногу стручна и многу често се однесува на категоријата блогери кои се занимаваат професионално и заработуваат од тоа, но, некогаш меѓу неговите редови може да се најдат кратки осврти и размислувања за блогерите кои имаат блогови на кои со своите читатели споделуваат работи за кои пишуваат од срце или ако милувате од душа.

една таква размисла видов на google [g+] профилот на Darren и решив да ја споделам на овој блог кој се повеќе и повеќе наликува на блог на кој се зборува конкретно за работите кои мене лично ме опкружуваат, а, се од областа на информатиката, социјалните медиуми, односите со јавност (PR), блогирањето и сл. ..


* * *

кога зборуваме за блогирањето со "душа" или од "срце". .. исто така треба да не заборавиме да ја користиме нашата "глава" (стратегија).
таквите блог постови најмногу би можеле да ги поврземе со oние слики, податоци кои останале во нашите сеќавања. обично се сеќаваме на постовите кои биле напишани од душа и допреле до нас, без разлика која тема била обрабoтувана.

Она по што луѓето не го паметат вашиот блог:

ако повеќето од вашите постови се 'информативни' или често пишувате за тоа 'како да' се направи нешто полесно, или генерално пишувате стручни текстови тогаш веројатноста е мала некој на конференција да ве сретне и ви каже:

"Се сеќавам на Ваш пост од 2009 година, кога нè учевте на тоа како да се користи помала брзина на блендата да се создаде motion blur решение"

или

"Јас секогаш ќе се сеќавам на постот во кој се наведени 10 начини како да користите фотографии во вашите постови."

тоа не се "како да" или "информативни" постови на кои луѓето се сеќаваат. тоа не се оние постови кои ја градат "врската" помеѓу Вас и Вашите читатели.

Она по што луѓето го паметат вашиот блог:
постовите кои се препознатливи од луѓето по конференциите и Ве потсетуваат на нив најчесто се:

• приказни
• разиграни/ игриви постови (хумор, или пишување во различни гласови)
• тирадите (емотивни мислења)
• инспиративни мислења и постови
• постови за неуспеси, проблеми, потреби кои ние луѓето ги имаме


додека, "информативните" постови се важни затоа што им помагаат на луѓето на дневна основа бидат информирани - а, тоа е "срцето", суштината на текстовите која создава спомени во луѓето и прави да чувствуваат врска со Вас, како блогер.



Мисли?

која е вашиот најзапаметен пост од страна на читателите? на кои постови се сеќавате, напишани од други, но долго време откако тие се напишани?
on Monday, August 15, 2011
.

.
.
.изминативе неколку недели ми стана навика да го следам Darren Rowse и се пронаоѓам во неговата работа како блогер. некои од овие работи кои наводно ги преведувам да бидат дел од мојот блог, се работи кои уште на почетокот сакав да ги споделам со блогерската заедница во нашава држава. причината поради која тогаш не ги споделив беше една од овие точки која е овде опишана, а тоа е можеби основната, изградувањето на виртуелен глас кој го дефинира мојот идентитет и начинот на кој сакам во иднина да се реализирам на овие социјални медиуми.

имаме многу да учиме, секој од Нас, барем доколку сакаме да го реализираме она што чувствуваме дека е дел од нашата индивидуа. пишувањето и блогирањето од секогаш ми биле предизвик. некогаш се презаситувам самиот себе со содржини кои ги презентирам, а се дел од мојот интимен карактер, па затоа и го имам овој блог во кој споделувам 'знаење' (ако може тоа така да се нарече). .. за техниките и начините до подобро презентирање на она што впрочем умееме и сме желни да го споделиме или научиме..




:во продолжение следуваат редови напишани од Darren [problogger], но секако адаптрани при преводот да бидат поразбирливи како за мене така и за другите кои ги интересира оваа тема, да се биде тоа што си како во реалниот свет така и овде во виртуелниот.

- едно од искушенијата при создавањето на блог е трошењето енормно време имитирајќи други блогери за разлика од тоа да го етаблираме/ воспоставиме/ презентираме сопствениот стил/ начин на пишување и сопствениот глас/ начин на изразување.

сеуште се сеќавам на моите почетоци и првите обиди во блогирањето кога се обидував да пишувам во стилот на кој други веќе етаблирани блогери пишуваат затоа што верував дека ако за нив функционира, зошто не би функционирал и за мене.

иако постојат премногу часови/ предавања кои можат да се научат од блоговите кои веќе постојат има и многу да се каже за развивањето на сопствениот силен блогерски идентитет. пронаѓањето на сопствен глас и стил на презентирање на темите кои те интересираат е најважното, т.е. клучното. ова е клучот за личен успех како блогер.

постојат многу причини зошто ова ми паѓа на ум:

  1. транспарентноста - читателите се огромен куп од луѓе кои ќе препознаат многу брзо дека не се однесуваш Вистински.

  2. одржливоста - тешко е да се одржува пишувањето со гласот и идентитетот кои не се твои. да се биде тоа што си ќе трае многу подолго отколку што очекуваш.

  3. доследноста - редовните читателите се соживуваат со твоите блог постови и ги прифаќаат како сопствени што е и причина да се претплатат или регистрират на вашиот блог, им се допаѓа содржината што редовно ја добиваат. кога ќе се исецка и промени содржината на она што вие го пишувате единствено затоа што имитирате и се обидувате да ги задоволите другите ќе завршите со илузија / пореметување и ќе ги збуните луѓето кои го прават вашиот блог она што е (вашите читатели).

(како што веќе нагласив на почетокот ова е текст кој ме надополнува како личност, но оригиналниот текст е споделен на англиски на профилот на g+ од проблогерот Darren Rowse! )


 *  *  *
бидете внимателни кого имитирате можете да се претворите во нив!


..ова се работи кои изгледаат како да сте ги слушнале од сопствените родители додека сте биле во основно училиште. бидете тоа што сте! be yourself! ..можеби звучи едноставно, но тоа е тоа! 

 *  *  *


еве нешто за крај на овој пост, а за почеток на нешто што се вика оригинално постоење:
“Be yourself, everyone else is taken.” - Oscar Wilde
“Be who you are, and say what you feel because those who mind don’t matter, and those who matter don’t mind.” - Dr. Seuss
“Become known for something – rather than trying to become known for everything. Because frankly, that’s impossible.”- Ashely Ambirge

:не сум ни помислил дека некогаш ќе споделувам quotes на мојот блог, но ете бидна и ова. мене не ми пречи иако не сум фанатик на поговорките, овие мислам дека ќе завршат работа :D
.
Related Posts with Thumbnails