. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
Showing posts with label листа. Show all posts
Showing posts with label листа. Show all posts
on Thursday, April 19, 2012

18 Едноставни Вистини кои никој не ти ги кажал додека растеш!


.

:Знаете кога бевте мали размислувавте дека со процесот на растење животот ќе ви даде одговор на сите прашања и како тие одговори всушност ќе се одразат на крајната вистина и како треба да се живее животот. Но, тоа што не го знаевте, а и многумина од нас исто така е тоа дека секој од нас има различен склоп/ збир на верувања и врз основа на тие верувања Ние го градиме нашиот живот и нашата реалност, а што ние обично правиме е наметнување/ експонирање на сопствениот склоп на верувања пред другите.

Ова е листа на 18 едноставни вистини кои никој не ги споделува со Вас во процесот на вашето растење, а е базирано на субјективни верувања, искуства и не е задолжително да верувате во било што споделено, без разлика каде си го прочитал и кој го кажал, без разлика дали е кажано од мене, освен ако се согласува со твојот разум и разбирање. Буда


1. Со сакање на самиот себе и прифаќањето на сопствените верувања доаѓа вистинска среќа. Не постои поголем подарок кој може да си го поклоните самите себе од тоа да се почитувате, сакате..

“If you aren’t good at loving yourself, you will have a difficult time loving anyone, since you’ll resent the time and energy you give another person that you aren’t even giving to yourself.” Barbara De Angelis

2. Осудувањето на другите не спречува нас од гледањето на доброто кај луѓето. Моментот кога судиме за друго човечко суштество, ние си го блокираме сопствениот светоглед со тоа што не гледаме подалеку од етикетите со кои сме ги дефинирале тие луѓе, ограничувајќи се од можноста да ги видиме и препознаеме во нивното вистинско лице, а не во она што ние мислиме за нив дека се.

3. Изразување благодарност за она што го имаме дефинитивно ќе ни помогне да привлечеме енергија за оние работи кои ги сакаме. Благодарноста е една од 12те основни активности за кои Sonja Lyubomirsky зборува во нејзината книга “The How of Happiness”, активност која е научно докажано дека ни помага да ги постигнеме работите кои ги посакуваме и привлечеме повеќе среќа во нашите животи.

“Gratitude unlocks the fullness of life. It turns what we have into enough, and more. It turns denial into acceptance, chaos to order, confusion to clarity. It can turn a meal into a feast, a house into a home, a stranger into a friend.” Melody Beattie

4. What other people think of you is none of your business! Разбирате? Секако да, да. Кој што сака нека мисли за Вас, тоа не е ваша работа! Вашиот углед и репутација не е нешто врз кое имаш контрола. Колку повеќе комуницираш со луѓето, поголема репутација ќе добиеш. Знам, звучи интересно – не можеме да контролираме што луѓето мислат за Нас и верувајте, тоа нема ништо општо со тоа дали сте Вие добар или лош човек/ личност.

5. Нема ограничување на она што можеме да го постигнеме, освен оние кои сами сме избрале да си ги наметнеме на самите себе.

“Don’t believe what your eyes are telling you. All they show is limitation. Look with your understanding, find out what you already know, and you’ll see the way to fly.” Richard Bach

Не верувај во она што очите твои кажуваат. Се што тие покажуваат се ограничувања. Гледај со твоето разбирање, откриј што веќе си научил и ќе го видиш/ пронајдеш начинот како да леташ/ ослободиш. Ричард Бах

6. Ако правиш добро ќе бидеш среќен, ако правиш лошо ќе бидеш несреќен/ незадоволен.

Ако сакаш да бидат другите среќни, практикувај сочувство, ако сакаш Ти да бидеш среќен, практикувај сочувство. Далај Лама

7. Времето не чека никој, едноставно не го прави тоа. Времето поминува толку брзо низ нас, затоа треба да се научиме како да ги запазиме/ зачуваме како богатство моментите кои ги поминуваме на нашата прекрасна планета Земја, да бидеме присутни и ангажирани во се` што правиме, за времето, оти еднаш поминало никогаш не се враќа.

8. Мудроста никогаш не се намалува ако се споделува со други. Споделувај го сопственото знаење со светот, споделувај ги твоите уникатни дарби и таленти. Она што го даваме ни се возвраќа.

9. Сакај ги луѓето, не предметите, предметите ги користи, не луѓето. Работите доаѓаат и поминуваат, но луѓето, ако тие заминат, заминале засекогаш и токму на тоа треба да обрнеме поголемо внимание, како ги третираме луѓето околу нас и секогаш да избереме да бидеме љубезни, дружељубиви и со почит кон нив.

10. Парите не се еднакви на среќа. Ако го сакате она што го работите секогаш ќе најдете начин да заработите, но ако заработувањето на пари си го поставите како крајна цел никогаш нема да бидете среќни.

Сметам дека зборовите на Wayne Dyer би се вклопиле овде: “When I chased after money, I never had enough. When I got my life on purpose and focused on giving of myself and everything that arrived into my life, then I was prosperous.”



11. Напорната работа не секогаш носи успех. Израснати сме со верувањето дека ако работиме напорно ќе станеме успешни и ќе си дозволиме многу работи кои оние што не работат не можат да си ги дозволат. Но, не секогаш е така.

“The idea that the harder you work, the better you’re going to be is just garbage. The greatest improvement is made by the man or woman who works most intelligently.” Bill Bowermann

12. Знаеме многу повеќе отколку што мислиме дека знаеме.

Бидете трпеливи со сите нерешени работи во вашето срце и обидете се да ги сакате прашањата самите по себе, како заклучени соби или книги кои се напишани на некој непознат јазик. Немој сега да ги бараш одговорите кои не можат да ти бидат дадени затоа што не би бил во состојба да ги преживееш. И, поентата е, да се живее сè. Живеј ги прашањата сега. Можеби ќе ги пронајдете одговорите постепено, без да забележите, без да се свртите и ќе живеете во тој далечен ден во одговорот.” Rainer Maria Rilke

13. Моќта која доаѓа со фокусирањето на она што сакаме, а не на она што не сакаме. Она на што се фокусираме доживува експанзија, се шири, додека она на кое се спротиставуваме покажува одбивност, истрајност. Не ти се допаѓа нешто, немој да се спротиставуваш, не бори се против него, немој да се жалиш во врска со тоа.

Работите не се променуваат кога се спротиставуваш на реалноста која постои. Да промениш нешто конструирај нов модел што ќе го направи постоечкиот застарен. Richard Buckminster Fuller

14. Не верувај во се што мислиш. Секогаш кога се обидуваме да размислуваме за работите кои не можеме да ги промениме, за нештата кои можеме да ги промениме или пак за оние кои не сакаме да ги промениме всушност ние предизвикуваме поголем стрес во нашиот живот со кој се оддалечуваме од јасното размислување и преземањето паметни одлуки.

Ова е силна мисла која јасно кажува: “If you realized how powerful your thoughts are, you would never think a negative thought.” Peace Pilgrim

Секоја мисла е важна, кога ќе научиме да ги контролираме мислите тогаш ке можеме да воведеме стабилен план/ стратегија во животот.

15. Верувањата постануваат исполнувања на сопствените пророштва и ако третираш една индивидуа таква каква што е, таа ќе си остане иста/ непроменета. Но, ако ја третираат како да е она што таа треба да биде и може да биде, таа ќе стане она што треба да биде и може да биде." Гете

16. Не се споредувај и не се натпреварувај. Да се споредуваш самиот себе со другите е токсично/ отровно, нездраво и штетно за Вашата самодоверба и сликата за себе.

Постојаниот обид да се натпреваруваш со другите ќе исцрпи толку енергија од Вас, а најдоброто нешто кое може да го стори за вас е да сфатите дека: вистинско благородништво не е да бидеш подобар од другите. Туку, да се биде подобар од себе, од она што сте биле претходно. Wayne Dyer

17. Сакај сè, љуби сè, не врзувај се за ништо и знај: приврзувањето кон работите е најголемиот фабрикатор, производител на илузии; реалноста може да се постигне само ако некој е ослободен, необврзан. Simone Weil

18. Искрено, многу е полезно да зборувате и размислувате отворено за смртта. Можеби би се запрашале зошто треба тоа да го направиме. Па, затоа што: човек на умирање треба да умре, како што сонлив човек треба да спие, и доаѓа време кога е погрешно и непотрено да се спротивставуваш.” Stewart Alsop

Да зборуваме за ова, а да не делуваме вака, промените нема да се појават на нашиот пат, затоа треба да си помогнеме да живееме целосни животи, да си помогнеме да уживаме во убавите моменти кои ни ги пружи животот, да се радуваме на моментите со луѓето кои ги сакаме уште повеќе. да бидеме благодарни и да ја изразуваме нашата благодат, љубов и мир со секој кој се појави на нашиот пат.

:p.s. се надевам Ви се допадна текстот, мене ми го разубави денот и беше одлична утринска мозочна гимнастика. оригиналниот може да го најдете на purpose fairy, за жал нема податоци за авторот.

.посакувам прекрасен ден ~
on Tuesday, December 27, 2011
.
.

.

.

Не ретко се запрашувам зошто некои работи кај едни успеваат, додека кај други колку и да се трудат никогаш не се совршени или воопшто не успеваат. Овде не станува збор за среќа, во организирањето најразлични настани, event-и, start Up-и постојат конкретни начини како да се постигне посакуван резултат.

.

Кога станува збор за поседување идеја и услови за почеток на реализација на истата треба да се знаат неколку основни работи како не би се дошло до негативни резултати или непосакуваното пропаѓање на истата за време на процесот на реализација. Секојдневно среќаваме најразлични брендови кои многу малку издржуваат на пазарот. секојдневно се раѓаат и умираат. Со еден таков пример се служи Ben Perr, познат social media strategist, technologist и entrepreneurship, инаку работи за познатата компанија mashable.

Тој прашува: зошто некои идеи завршуваат во deadpool (што би му дошло, пропаѓаат), додека други успеаваат да ја пленат масата?

Како што го нагласува неговото долгогодишно искуство, анализирање, обсервирање на многу startup-и тој исто така потенцира дека сепак има неколку точки кои константно стојат како едни од главните фактори за to be or not to be.. компанија, организација или whatever!


Еве го краткиот список:


  • Идејата е премногу плитка, адресирана е до малку луѓе и премногу мала таргет група на пазарот;

- секогаш ќе успеете повеќе доколку повлечете реализација на идеја која ќе опфати поголема маса на луѓе, всушност кога таргет група не би била група на поединци кои имаат побарувачка за нешто што не е толку интересно за глобалниот пазар.


  • Идејата не е целосно оформена;
- Многу стартување се случуваат откако основачите ќе дојдат до било каква идеја и без да размислат почнуваат да ја реализираат, без претходно да обрнат внимание на тоа како ќе ја градат и како самата идеја ќе се развива. Кои се луѓето кои ќе ја користат, кои се недостатоците? Ќе преживее ли на пазарот во борбата со конкуренцијата.. не започнувајте ништо додека не размислите и обрнете внимание на овие прашања.
  • Идејата не се развива доволно брзо како што пазарот расте;

- Кога самата идеја и тимот се однесуваат ригидно/ ноншалантно со неа, тогаш стожерот не е доволно цврст да направи истата да опстане.

  • Самата визија не е доволно амбциозна;

- Ова, пред сè, е она што го убива почетокот/ стартувањето. Големите идеи потекнуваат од големи визии. Радикалните промени на производот се полесни за имплементација доколку тие спаѓаат во рамките на една амбициозна визија за која основачите се подготвени да се борат.

.

За да се развие голема идеја потребни се години, не месеци!

Facebook не кошташе милијарда долари кога започна како проект на Харвард, но, стана бизнис кој кошта милијарда долари кога единствени од сите други социјални мрежи ја вградија и понудија на пазарот опцијата news feed.

Многу малку претприемачи/ entrepreneurship-и успеваат од прва. Зотоа VCS велат дека секогаш е подобро да се инвестира во 'А тимови со 'В идеи, отколку во 'В тимови со 'А идеи. Секогаш тимот 'А би се борел докрај да ја изнесе идејата на површина, до победа. ..за разлика од тимот 'В кои од прекрасна идеа ќе направат значителен пораз..

Советот до сите оние кои се' на почетокот на нивната идеја, пред самото стартување: длабоко разгледајте ја идејата и размислете најпрво. Бидете сигурни дека сте си ги поставиле потешките прашања. Поминете низ стратегијата уште еднаш и имајте храбра визија што може да го понесе Вашиот тим до финишот дури и идејата сама по себе да не е толку голема. Малку трпение пред да скокнете во процесот на градење ќе ве спаси од создавањето на продукт кој никој не го сака.

.


. ..овие ноќни лекции ми се допаѓаат, навистина е така, пазарот се зголемува, но и маркетингот се јачи. Треба навистина да умееме да прилечеме со нашите квалитети, доколку ги имаме, доколку не. ..почнуваме повторно од почеток! Мотивацијата е најважна!


..доколку ти се допаѓаат постовите слободно остави коментар, Би ми било драго да споделуваме знаење ;)

on Thursday, December 22, 2011

.

.

.

:И како што имам споменатo погоре, некои работи едноставно мора да се кажат. При крај сме на годината и ќе стане интересно со најразличните честитки кои автоматски од сите страни ќе почнат да фрчат низ социјалните мрежи, ќе има и линкови, собирање поени за кој што направил, како направил. ..која е личност на годината?!

.


Личност на годината о.О

:c'mon; мислам дека е премногу иронично да мислиме на такви работи, а уште пострашно да размислуваме. бизарни листи на морбидни марионети, ќе има и такви вистински де, скраја да е, но оваа првата очи вади! ..во оваа мила, напатена Земја ние се` си имаме.


И така сезоната може да започне!


случајно деновиве забележав две-три листи, но, искрено ми се виде премногу рано за уште сега започнам да следам кој каде се појавува .. но, не можев, а да не спомнам една, овде лежи зајакот!

читав некоја колумна од геровски, немаше ништо општо со ова што го пишувам, но еден коментар ми го одзема вниманието. парафразирам не дека точно вака беше коментарот, по кои критериуми била направена листата за личност на годината која ја прави екипата на плус инфо. полека, читајќи ги коментарите одоздола нагоре стигнав до десниот sidebar и што да видам о.О


  • Никола Груевски

  • Бранко Црвенковски
  • Коце Трајановски
  • Стевче Јакимовски
  • Сашко Коцев
  • Тони Михајловски
  • Билјана Беличанец
  • Туна
  • Сузана Гавазова
  • Перо Антиќ


#јако, јако нема што. Ако ова не е #fail јас не знам што е. али да, извини геровски ова е одличен fusing, склоп на варијации од професии. ..конфузија чиста е ова!, гарантирам дека чудно се чувствува беличанец во друштво на гавазова, како единствени жени во друштво на 'екипата'. sorry туна тебе на крај те видов!.екипата ми е изледа зајакот, но каков е, варен или со црвени очи, па бел ли е? - оваа листа е далеку од сите критериуми.


- коцев и михајловски треба да држат balance во ситуацијава? - не ми е јасна работата.


.Сепак не се сите така лоши. би го нагласил изборот на karmakasha, dnevnik и the best promoter of Мacedonia.


овие од дневник вака некако сами си се подредија. оваа листа исто така има интересни комбинации, но да не бидам жесток нема да продолжам да ја гледам детално.

- актерот Никола Ристановски,

- херојот што спаси ученичка од давење Хајредин Заими,

- каратистката Наташа Илиевска,


- Антонио Милошоски, поранешен министер за надворешни работи,

- Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид“,


- Марин Докузовски, тренер,

- Kатерина Ивановска, модел,

- Мира Трпеска (Манастирец) хуманост и грижа за 12 деца со ПП и

- поетот Никола Маџиров.


последната листа од оваа серија е онаа на The Best Promoter of Macedonia Awards и според мене организаторот навистина умее како да види и селектира што е добро надвор од нашава земја. Станислав иако не е македонец успеал да го препознае подоброто..


Категорија уметност и култура

- Стојанче Андонов–Дито - академски сликар и вајар од Кратово
- Дуке Бојаџиев – музичар, композитор
- Георги Гавровски – магионичар, основач на НМАМ-Македонија
- „Јахја Кемал колеџ тим“ - група наставници, ментори на ученици што постигнуваат научни успеси на меѓународните олимпијади
- Игор Киров - танчар, балетан и кореограф
- Татјана Манева – сликарка и графички уметник
- Никола Маџиров – поет, есеист, преведувач
- „Мизар“ - рок-бенд
- Градимир Панков - танчар, балетски мајстор, уметнички директор на „Les grands balets Canadiens de Montreal“
- Симон Трпчески - музичар, пијано-виртуоз, Национален уметник на Република Македонија
- Тања Царовска – пејачка, текстописец, композиторка


Категорија туризам, извоз и претприемаштво

-Љупка Арсовска - модна дизајнерка, стилистка
-Стевче Доневски - промотор од Кратово
-Симеон Моне Златев - проект „Најмал етнолошки музеј на светот“
-Љупчо Јузмески - туристички водич, коорганизатор на фестивалот „Разиграно оро“
-Гоце Маневски - интернет-промотор, проект „Ај лав Маседонија“
-Валентина Тасева - генерална директорка на „Семос едукација“
-Деан Шкартов - уметник, претприемач, промотор на македонскиот рубин


Категорија дипломатија од добра волја

-Александар Богатинов – волонтер, промотор, образовен работник
-Фабијан Вендриг - промотор од Холандија
-Тони Грчески - „Македониум“, здружение на Македонците во Белград
-Лутс Домел - почесен конзул на Македонија во Брисел
-Никола Ѓурѓај - претседател на македонското друштво „Илинден“ од Тирана
-Вирџинија Еванс - директорка на македонскиот филмски фестивал во Канада
-Петер Зрински - промотор на македонската култура и музика од Шведска
-Македонската кошаркарска репрезентација
-Шенол Мемиш - претседател на македонско-турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“ од Битола
-Зорица Митровиќ - „Македониум“, здружение на Македонците во Белград
-Пеце Наумовски - јуниорски карате-мајстор, Австралија
-Александар Стеванов - интернет-промотор и блогер


..мислам дека откако ги забележав овие неколку листи, ќе продолжам да ги следам до крај. и да, мене не ми се занимава, но вие секако може да гласате на сите до крајот на месецот. few days left, hurry Up! ;)

:p.s. ја би да гласал за Кате или за Никола..
.
Related Posts with Thumbnails