. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
Showing posts with label movie. Show all posts
Showing posts with label movie. Show all posts
on Wednesday, February 1, 2012


.
:Имав страшна потреба да го споделам овој документарец на мојот Блог, се надевам нема да привлечам премногу негативно влијание, но сепак мислам дека каков и да е односот на Бугарија со нас, не би требало да чепкаат вака деликатни, внатрешни проблеми, судрувања. Барем не сега, во моментов.
.

Пародизација на нашиот идентитет, продавање на идентитетот на нашите предци, гола Вистина која боли, пагански пристап на решавање на историските загатки или лош обид за иронизација на и така болната слика, живот, реалност. ..

Заклучете сами, но, да си играат со Историјата, да се трудат од Надвор да ги решаваат внатрешните проблеми, да ја сочинуваат сложувалката која и самите ние како Македонци (какви и да сме) со години се обидуваме, а не знаеме да ја создадеме е неблагородно. Секоја чест на македонците кои се вклучени во овој документарец кој е предавнички според мене, колку и да е демократски соголена оваа верзија, историски факти кои како отров меѓусебно си ги продаваат омразите.
.

.
:овој кој го склопил документарецот бил навистина продуктивен со собирањето материјали, верувам дека внатрешноста на нашето ткиво е слабо речено продадена. споредувањето и вметнувањето на маки.донија во името на документарецот е иронично исмевање со нашата мачна, измачена историја.
.
Не знам Вас колку Ви се допаѓа тоа да ви се меша некој од страна, тоа е исто како комшиите да се грижат за твојот месечен буџет, но на големо и широко деновиве, изминатиов месец се дебатира и дискутира на темата Македонија, се организираат така наречени "предавања" на тема Македонија. Проектот Плоштадот 2о14 е тема која ги збунува, антички, потоа како основачи на Барок, па војници на Само(у)ил. .. новата барокна Влада, од Самоиловци, Гоцевци, Антички Македонци, Клеопатри, цареви и принцези, се`. .. како на ова ќе гледаме после неколку децении?


:p.s. во меѓувреме на територијата на Македонија продолжија да се палат цркви. ..
.
.
on Thursday, December 24, 2009
Веќе два дена ги мислам спотовите што ги изгледав и некако ми требаше да дојде 5 часот наутро за да седнам и да ги искоментирам. Не би навлегувал многу во суптилна анализа на сите чекори во создавањето на овие спотови, затоа што финалниот продукт е просто кажано катастрофа. Се работи за најновата Владина кампања за борба против дрогите. Хм, колку ли само елитистички ми звучи ова, а баш помислив на почетокот дека сериозно ќе се борат со неа кога ги фатија тие тоновите "бело" на почетокот.
Има некои аспекти кои од старт почнаа да ме иритираат како на пример сценариото, режијата, времетраењето, квалитетот (дека е добар)... Славен јунак треба да стане тој што се потпишал позади овие спотови - едукативни или пропагандни, затоа што сценаријата се како да се работени на писмена задача од четвртоодделенци. Времетраењето е сечење вени затоа што треба да се има трпение да се изконзумираат сите 5 спотови наеднаш, па макар и еден да седнеш да изгледаш без неколку пати да погледнеш лево-десно.

Уште кога првиот пат ги изгледав овие видеа ми беа некако познати, како да сум ги гледал пред едно 10-15 години. Неосоцијалистички моменти фрчат, страв и трепет се наметнува, уште да бев по панталони и краевите да ми се затресеа од страв. Летање во облаците, искачување на врвот на светот, правење салто назад од 100-ти спрат на зграда од каде единствено небото е твојот дом, возење skate како str8-ерски сегмент, убиства, масакри... подобро би било да се дадоа сите тие пари за да се снима некој хорор филм во наша продукција доколку тоа било целта.

Уште една патетична кампања на Владата за жал, која е срам за сите што имаат барем малку интелигенција без разлика дали се дрогираат или не. Пристапот е површен и не приемчив ни за најмалите кои се најмногу едуцирани, додека таргет групата за овие филмови само ќе направи гротеска од целата таа несериозност која е вештачки наметната.

[марихуана] _ [екстази] _ [хероин] _ [кокаин] _ [positiveFilm]

Болна точка кај оваа кампања како и кај претходните е дека се премногу скапи. Премногу се инвестира на непотребно рекламирање "во светот", на правење деца на сила кога парите не ги добиваат луѓето кои место фамилии градат градинки, против пушење, против алкохол, против плукање, против...абе против се'. Кога сите тие пари би биле инвестирани во оригинални и претходно добро анализирани стратегии и резултатите кои ќе беа постигнати ќе покажаа реален ефект во активното општество.
Наспроти ова граѓаните ни стануваат се поочајни и излезот го бараат надвор од вентилаторот.
Се согласувам со едно, потребата од сериозна кампања за штетноста од дрогите е ете како потребна, но прашањето би било - каква би била таа кампања која би делувала како brainwash на младите генерации?

  • Активно држење на предавања во сите училишта
  • медиумите да креираат едукативни емисии со гости експерти од таа област (со средства на Владата)
  • да се прават најразлични креативни конкурси во кои младите ќе бидат активно вклучени, а не само пасивни конзументи на невкусна супа
  • соочување на таргет групата со луѓе кои го поминале тој мрачен пат на дрогите
  • кратки видеа (можеби) кои ќе бидат создадени од младите кои имаат желба да видат како е да се биде дел од еден тим кој создава нешто со кое се бори од злото на денешницата (и јас почнав да станувам морбиден)
Според мене има и други методи како до поискрен пристап до луѓето и освестување на моментот на штетноста. Можеби не секој сака да заврши училиште, да се вработи, да направи 3 деца и да живее среќно до крајот на својот живот. Можеби некој сака да прошета, да експериментира со позитивните можности кои овој живот ги нуди, да вози велосипед околу Европа, да го преплива Универзумот...

невистини за видеото за Марихуаната - Ganja presents:

-никој не краде чанти, автомобили, автобуси, авиони...;
-тешко е да се трча затоа што те мрзи;
-зошто да си одиш со кола да ја лупнеш некаде кога можеш да си одиш пешки или со такси;
-ниедна девојка доцна во ноќта не оди споро како зомби по сред пешачки и чека да ја удри кола;
-јас сум на врвот на светот?!? (ова изгледа како да требало нешто да се каже, да не е само музика)

Нема да ги постирам видеата овде затоа што се одвратни, туку ќе презентирам една позитивна приказна поврзана со кратките филмчиња баш како што се овие ненаменските за кои се изнапишав и троа повеќе.
________________________________________________________________...

*Неверојатна приказна која го вклучува YouTube, мал буџет, но голема креативност и огромен успех. Се работи за "Panic Attack" краток филм на уругвајскиот продуцент Феде Алверез. Откако го закачил краткото видео на YouTube, само по неколку дена, холивудските студија започнале да му тропаат на врата и му понудија филмски договор вреден 30 милиони долари!

„Го закачив видеото во четврток и во понеделеник мојот имејл беше комплетно исполнет со мејлови од холивудските студија. Бевме шокирани. “ вели г-дин. Алварез.

YouTube видеото го чинело уругвајскиот режисер само 300 долари. Сега неговиот долгометражен филм е спонзориран од режисерот на „Spiredman“, Сам Раими, а ќе се снима во Аргентина и Уругвај.

„Ако некој режисер од некоја земја може да го постигне ова, тогаш значи дека секој може да го направи истото.“ вели уругвајскиот режисер.

превземено од IT[dot]com[dot]mk





После ова само како за крај би додал, кога Владата би инвестирала во младите со желба за прогрес, со парите кои се истрошени за оваа кампања ќе се создадеа едно 30тина кратки филмови од кои дел ќе беа наменски, а дел ќе беа оригинални и авторски со кои државата ќе можеше да се презентира по разно разни филмски фестивали ширум светот и да ја покриеше и онаа другата кампања за промовирање на Timeless.



Bookmark and Share

on Wednesday, November 18, 2009
...a film about a nation held hostage because of its name


Ова е trailer-от за филмот "Име си е име" или како што стои во оригиналот "A name is a name", кој ја доживеа својата премиерата во Торонто, Канада на Македонскиот Филмски фестивал пред околу месец дена, a пред неколку дена не ја доживеал својата успешна премиера во матичната земја на режисерот - Исланд.
Причината поради која не била одржана премиерата е доста суптилна, во телефонско интервју самиот режисер Sigurjon Einarsson кажа дека во последен момент му било кажано од страна на државното раководство да ја откаже премиерата затоа што добиле закана од високи политички претсавници на Грција во Еврпското семејство.
На ова силно лоби од страна на Грците не останувало ништо освен премиерата да се откаже, иако тоа тешко го прифатил Сигурјон.

Исланд се исплашиле од лобито кое го имаат Грците, и овде јас си го наметнувам прашањето до каде би одела таа луцидна игра што ја пласира Грција на нашата држава, дури и на автори кои не се од кај Нас, а творат инспирирани од нашата држава. Доколку сакаш да потиснеш една Вистина таа вистина секако ќе излезе на виделина и ќе допре до ушите на јавноста (глобална) колку и самите раководители на Грција мислат дека скратиле уште едно од многубројните Вистини што сакала да биде проследена.

Накратко за сижето на филмот. Во филмот се збори за нација која е во заложништво поради своето име. Преку непосредни контакти со луѓе во Македонија, Ејнарсон на ненаметлив начин се обидува да понуди одговор на прашањето за името и општ е впечатокот дека тоа многу вешто му успева. Во филмот се среќаваат многу важни ликови од денешнава историја како премиерот Никола Груевски, Паско Кузман, и др. Со изнајмен мотор за околу седум месеци успева да сними доволно материјал со кој ќе покаже дека на територијата на централен Балкан постои народ (нација) кој сам себе се нарекува Македонски, и кој независно од другите ставови и мислења не би помислил за промена на името.

Според авторите веројатно филмот нема да ја промени позицијата на Грција, но ќе има позитивно влијание на политичарите, што донесуваат одлуки ширум светот. Ова го има кажано пред завршувањето на целосната продукција на филмот самиот режисер, кој сигурно не можел да предвиде таква судбина за неговиот филм. Се надева во иднина дека филмот ќе биде прифатен во програмите на другите интернационални филмски фестивали и проектиран за љубителите на филмови, иако тензијата која ја створи Грција ја оневозможи премиерата во родената земја на режисерот.
Ако го опсервираме аспектот на спротиставување на Грција за името Македонија би стигнале до еден основен етички и морален аспект на анализирање во кој одговорот би бил чист и јасен:
Никој не смее да ти го диригира или промени сопственото име освен Ти самиот.


тимот кој стои позади овој филм се:
Sigurjon Einarsson, Director, Iceland/Norway
Sir Andrew Motion, Narrator, United Kingdom
Jason Miko, Producer, Arizona
Production House 3x, Production House, Macedonia

повеќе за филмот на нивната официјална страна


Музика во филмот се дел од нашите македонски песни со кои се има запознаено Sigurjon Einarsson за време на неговата посета на Македонија, како и учеството на Исландскиот бенд Earth Affair, кои донираа една од песните од својот нов албум Jewels Up High.



Bookmark and Share

Related Posts with Thumbnails