. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
Showing posts with label идентитет. Show all posts
Showing posts with label идентитет. Show all posts
on Wednesday, March 26, 2014
.престанете да крадете туѓи статуси и твитови и врз основа на нив да градите “virtual insanity - овај слава“.. баба Рада да беше реална ќе ви препорачаше ‪#‎оЧај‬.
- а ако посакувате таква слава, интересни ќе им бидете само на вашите вујни, стрини и тетиновци од аустрејлија.. к`мон!



:вчера напишав статус дека не е убаво да се крадат туѓи статуси и твитови и денес добив коментар дека кажаното/ напишаното ако го гледам како такво би требало да сум против “пиратерија“ и истото би било “само за лична употреба, забрането е ширење на ова по народните маси“.

јас вака мислам: книжевна/ литературна “пиратерија“ е смрт за креативната и критичката мисла, додека пак музичкото плагијаторство отров за духот и душата на оној кој “си замислува дека музицира“.

дебатата и комуникацијата се убава работа, секогаш полезна за размрдување на сопствените (аргументирани) ставови за одредена тема, така според друг “вицовите треба да ги кажуват само тие шо се ги измислиле.

.иако вицовите се нешто сосема друго, барем кога се зборува за некоја “солидна авторска вредност“, јас повеќе говорам за книжевните форми, афоризми, животни мисли добиено од лично искуство, мали, кратки расказни, па и поетски форми и тн. кои е јасно дека имаат поголема “литературна“ вредност од daily entertainment.

и да, кога веќе си решил да (пре)земеш нешто туѓо, зошто да не и овозможиш и на твојата “публика“, да го следи вистинскиот извор на таа форма/ тема што си ја споделил. така му помагаш и на авторот, а истовремено и себе си докажуваш дека си човек со доблест и вистинки вредности. односно не се лажеш самиот себе дека ти си го измислил, постои веројатноста секогаш да ти излезе некој “поинформиран“ од тебе и да ти каже - еј ова не е твое!




убаво е да се наведе автор или извор. Зошто? Тоа би му помагнало на секој активен корисник на twitter или facebook да најде кој е авторот и да почне исто да го следи. 

- секако дека не е грев ако тоа “споделување“ се направи некогаш и без наведување извор/ автор. некогаш тоа може да се случи во брзина и желба што поскоро тоа што тебе ти привлекло внимание да го споделиш со твојот круг на пријатели или следбеници, но јас повеќе го напишав тој статус од аспект на развивање на личност врз основа на плагијаторство, не на “пиратерија“, оти така ќе следува ера во која ќе се “изродат“ (пре)многу “оригинални“ автори на се` и сешто, а во суштина тие ќе бидат празни, без никаков одраз на тоа што го споделуваат, односно “пишуваат“.



државите крадат трговски и економски тајни, бизнис компаниите - идеи. живееме во модерно време во кое крадењето се гледа се повеќе како “преземање“, од аналогијата на sharing is caring, односно потребата одредено нешто што во сегашно време има некаква “пазарна“ т.е. “интерактивна“ димензија и вредност. 

генерално - подобро да бидеш тивок и да слушаш што другите говорат, отколку да го повторуваш кажаното во твое име, како мали за таквите  имаше име, “повтарачки папагал“, а секако дека оние кои имаат потреба од (поголемо) внимание би биле далеку посрушени интелектуално“, доколку им се (у)каже на тоа дека вистинските човечки вредности имаат друга основа, друга база, далеку посуштинска од тоа да говориш во твое име, а (не)свесно да цитираш друг. и да, овде не мислам на вербална комуникација, универзална мисла и “космичка“ вистина кои се (редовни) постулати на нашиот секојдневен говор, туку за се она што е напишано на социјалните/ друштвени мрежи и во очите на другите ги рефлектира твоите таленти, критичност, свесност за времето во кое живееш, како и основните човечки вредности.

или пак сум премногу наивен?! :)
p.s. АЈТ убав ден да си имате
on Wednesday, February 1, 2012


.
:Имав страшна потреба да го споделам овој документарец на мојот Блог, се надевам нема да привлечам премногу негативно влијание, но сепак мислам дека каков и да е односот на Бугарија со нас, не би требало да чепкаат вака деликатни, внатрешни проблеми, судрувања. Барем не сега, во моментов.
.

Пародизација на нашиот идентитет, продавање на идентитетот на нашите предци, гола Вистина која боли, пагански пристап на решавање на историските загатки или лош обид за иронизација на и така болната слика, живот, реалност. ..

Заклучете сами, но, да си играат со Историјата, да се трудат од Надвор да ги решаваат внатрешните проблеми, да ја сочинуваат сложувалката која и самите ние како Македонци (какви и да сме) со години се обидуваме, а не знаеме да ја создадеме е неблагородно. Секоја чест на македонците кои се вклучени во овој документарец кој е предавнички според мене, колку и да е демократски соголена оваа верзија, историски факти кои како отров меѓусебно си ги продаваат омразите.
.

.
:овој кој го склопил документарецот бил навистина продуктивен со собирањето материјали, верувам дека внатрешноста на нашето ткиво е слабо речено продадена. споредувањето и вметнувањето на маки.донија во името на документарецот е иронично исмевање со нашата мачна, измачена историја.
.
Не знам Вас колку Ви се допаѓа тоа да ви се меша некој од страна, тоа е исто како комшиите да се грижат за твојот месечен буџет, но на големо и широко деновиве, изминатиов месец се дебатира и дискутира на темата Македонија, се организираат така наречени "предавања" на тема Македонија. Проектот Плоштадот 2о14 е тема која ги збунува, антички, потоа како основачи на Барок, па војници на Само(у)ил. .. новата барокна Влада, од Самоиловци, Гоцевци, Антички Македонци, Клеопатри, цареви и принцези, се`. .. како на ова ќе гледаме после неколку децении?


:p.s. во меѓувреме на територијата на Македонија продолжија да се палат цркви. ..
.
.
on Saturday, August 13, 2011

.
.
.
За време на викенд обично ми се раѓа желба за истражување и подобрување на мојата работа/ хоби како блогер. Вчера наидов на еден текст најпрво кај еден од најдобрите social media guru Guy Kawasaki, за да по тоа пробам да дојдам до целосната содржина од врската која тој ја сподели. Многу ретко наидувам на постови на македонски кои ја обработуваат темата 'блогирање' детално и сакам колку што е можно повеќе од овие содржини да задржам на мојот блог кој доста време не беше активен, па оваа е совршена насока во која би се развивал. .. текстот оригинално е напишан од Laura Click која работи во Blue Kite Marketing и се грижи во помошта за развој на малите бизниси со конкретни решенија кои ги споделува со оние кои ја следат/ нејзините клиенти. Во продолжение ќе го прочитате нејзиниот текст преведен, по малку надополнет и адаптиран за македонската верзија..

Интернетот донесе вистинска револуција во комуникација во однос на методите, но кога станува збор за личност, начините на однесување ги претвараат луѓето во личности, а овој пост е напишан за тоа каква блогер/ личност треба да бидеш...Ако не успеваш да пишуваш постови кои стануваат хит, тоа би можело да биде затоа што начинот на кој блогираш презентира дел од твојата личност, а не она што во моментот е интересно (и е дел од твојата личност). ..
Laura дефинира седум досадни блогерски личност/ идентите кои доколку се во употреба ја засенуваат вашата содржина.
(ова е превземениот дел од Kawasaki)

Но, погодете што? Блогерите не се имуни при развојот на овој сет од грди личности/ ентитети кои ќе ги испратат читателите назад во мрежата и ќе ги натераат да не се вратат повторно.

Значи, ако се глупирате на вашиот блог (постирате премногу често, постирате веќе видени глупости, музика, банални соржини кои Ви се интересни само Вам) не се прашувајте зошто никој не се занимава со вас или зошто никој не ги споделувава вашите работи, можеби сте погледнале премногу внатре во самите себе и сте заборавиле што сте како целост – која е целината на Вашата Личност. 

 


Вистината боли [линк до оригиналниот текст]

Без разлика дали ви се допаѓа или не, читателите тивко го судат вашиот блог врз основа на вашата личност. Луѓето имаат драгоцено време во нивните раце и сакаат да го поминат со луѓето кои ги знаат, им значат и на кои им веруваат (имаат изградено доверба за нив).

Истото важи и "во реалниот живот" и во другите социјални мрежи, медиуми/ нивоа. Личноста/ (..или виртуелниот идентитет) е доста важен.

Во блогосферата, исто како и во реалниот живот, постојат некои заеднички карактерни црти кои се универзално непривлечни. ..овие блогери ги истеруваат своите читатели, а дури не се ни свесни за тоа.

Значи, кои се овие блогерски грешки? Дозволете ми да ве запознаам:


The Navel Gazer (папучари, виртуелни романтичари, фанатици..)

Ова се интроспективни луѓе кои сакаат да ги споделат своите најинтимни мисли и чувства. Нивните блогови кога ќе прочиташ повеќе изгледаат како дневник, но никако како место со корисни информации кои луѓето сакаат да ги споделат.
Navel gazer-ите се исто така познати по тоа што споделуваат премногу - сè од нивните наинтимни детаљи од нивните животи до секој малку поударен hiccup (информација) во нивниот бизнис.

Сега, ако Вашиот блог е замислен да биде вашиот личен дневник, тоа е во ред. Сепак, ако сакате да изградите бизнис на вашиот блог, овој само ќе ги истера читателите/ можните клиенти.Луѓето не сакаат да слушнат за вас. Тие сакаат да ги забавуваш, да ги решиш нивните проблеми, и да ги направиш нивните животи подобри/ поуспешни.


Spoilsport – ер (уништувач на забави во сите форми)

Spoilsport-ашите просто не знаат како да се забавуваат. Тие се негативни, цинични и секогаш имаат спротивен/ контра поглед на прашањата/ проблемите/ ситуациите.

Проблемот е вграден длабоко во нивната основа/ база, spoilsport-ашите се несигурни во тоа што умеат/ во самите себе. Тие расплакуваат други за да се чувствуваат подобро. И за сето тоа време се прашуваат зошто нивниот блог не е толку успешен како на оние околу нив.

Ако сакате да се зголеми вашата блог заедницата, бидете позитивен, учтив, друштвен и честитајте им на другите за нивните успеси. Впрочем, на што нашите родители од секогаш не учеле? Ако не можеш да кажеш нешто убаво, тогаш не кажувај ништо воопшто. Верувале или не истото правило сè уште важи.


Ranter (проповедник, дрндало, сезнајко. ..)

О, како секој сака добар проповедник. Иако можете внатрешно да се чувствувате многу добро тоа нема да им помогне на вашите читатели. Всушност, тоа е докажување на самиот себе си колку си паметен и зошто сите други тоа го прават погрешно.

Пред да го кажете своето мислење, бидете сигурни дека тоа го правите на внимателен начин и е' придобивка/ школа за вашите читатели. Во спротивно, ќе изгледа како идиот кој само дува пареа или тропоти со тенџерето за да привлече внимание.


Copycat (неоригинален блогер, спамер со веќе видени информации..)

За жал, светот е полн со
'и јас сум блогер' кои едноставно споделуваат се што веќе е на интернет. Додека некои тоа го прават сосема ненамерно, другите се далеку повеќе бесрамни во оваа работа.

Лесно е да пишуваш за истата работа за која другите веќе пишувале. Многу потешко е да се излезе во сопствената виртуелна средина со нешто сосема уникатно, нешто на што читателите ќе кажат wow. Но, тоа е исто така и многу повеќе наградувано.

Сакате да се издвоите, да бидете поразличен од другите? Погледнете кон традиционалните ставови за темите во вашето опкружување и презентирајте ги во форма која ќе биде лесно прифатлива за главите на Вашите читатели (т.е. создадете содржина која лесно ќе навлезе во нивните глави). Најди поинаков начин да објасниш нешто или употреби поинаков начин на раскажување на приказната за да ја пренесете вашата порака/ поента до крај. Мора да пишувате постови кои само Вие може да ги напишете. Луѓето ќе Ве сакаат за тоа!


Плагијатор (копираш, крадец на информации. ..треба да објаснам?!?) - нешто како мене во моментов :D

Ако сакате навистина да ги изнервирате луѓето станете плагијатор. Плагијаторите се често
SEO скенери кои ја кинат содржината од нет и ја споделуваат како нивна, најжално непроменета. Додека читателите на вашиот блог можеби не знаат дека сте плагијатор или позајмувач/ крадец на содржини, оригиналните автори тоа го знаат.

Секако, може да го изиграте системот и да ги сокриете/ промените сите линкови и кликови за вашите реклами, но оваа игра на крај ќе ве стигне и Вистината ќе излезе на виделина. На крај краеви кој сака да гради бизнис врз основа на нечија работа?


Sleazeball (не рекламирај се пречесто и на непотребни места. ..)

Сте ги гледале ли оние телевизиски реклами со луѓето во црвено Lamborghini (ова е црвено најмногу заради црвената кола, брм, брм.. :D ) пред куќата со базен? Да, постојат луѓе како овие и на интернет.

Иако овде не би можеле да бидат толку очигледни, овие луѓе се оние кои ќе ви ги продадат инстантно/ брзо станете богат "системите/ пакетите" и ќе Ви помогнат да добиете 100.000 клика на вашиот веб-сајт во една недела или како да направите 50.000 $ овој месец. Исто како и во оние ТВ реклами, ако тоа звучи премногу добро да биде вистина, најверојатно е.

Постојат начини да го користите вашиот блог и да продавате производи на интернет без да бидете
sleazy (занемарен) очигледен лажго. Всушност, има целото движење околу етичките норми на продавање на интернет.


The Know-It-All (Сезнајко)

Дали некогаш сте биле на забава и сте заглавиле во разговор со човек кој инсистира дека знае нешто за сè (од се по нешто)? Да, и јас исто така. Одвратно е тоа!

Ќе го добиете истото чувство кога ќе прочитате блог раководен од недоделкан (пушач?!?) кој се што работи, работи без грешка, се преправа дека има одговор на сè и верува дека е подобар од неговите читатели.

За жал, ова е еден од најчестите нарушувања на личноста во блогосферата денес. Има една тенка линија помеѓу позиционирање себе си како експерт и тоа да изгледаш подобар од сите други.

Па, во која подела спаѓаш, како се селектираш? Признај си самиот себе кога грешиш, препознај се кога си без одговори и поврзи се со твоите читатели. Ова е патот на успехот!


Како да се издвоите?


Па, како да се избегне развојот на едно од овие блогерски растројства на личноста? Еве неколку совети кои би можеле да помогнат:
  • Бидете тоа што сте!
Постои само еден Ти во универзумот, па пишувај за работи кои те опкружуваат на начин на кој само Ти можеш. Користете ја вашата перспектива, искуства и талент. .. покажи му го на светот она што Ти имаш да го споделиш/ понудиш.

  •   Најди свеж/ оригинален (свој) пристап
Пронајди нови начини да ја обработуваш сопствената тема. Пронајди закачка во неа која ќе ја обелодениш. Биди креативен и не плаши се да користиш фотографии, видеа, илустрации, па дури и стрипови за да ја доловиш сопствената точка/ перспектива на анализа и гледање на работите. (сосема различен и уникатен начин)
  • Биди корисен (од помош за другите)
Луѓето се секогаш во потрага по начини кои ќе ги направат нивните животи полесни и подобри. Помогни им! Користете ја вашата експертиза/ анализа/ знаење за решавање на проблемите на вашите читатели .

  • Бидете великодушни/ отворени/ колаборативни
Дајте им кредит/ заслуга на луѓето за нивните идеи и широкоградо поврзете ги со другите. Во ред е да се споделуваат содржините на другите луѓе (всушност, тоа е охрабрувачки!), само не заборавајте да дадете благодарност и линк до оригиналниот напис.
  • Ангажирајте се!
Неверојатни контакти може да се формираат/ создадат онлајн кога навистина сте вклучени. Ангажирајте/ анимирајте ги вашите читатели. Оставете ги вашите постови недовршени и консултирајте се со Вашата заедница да ги проценат или побарајте нивно мислење или повратна информација за темата за која пишувате. Луѓето сакаат да ги споделат своите мисли и идеи, дозволете им! Разговорите и односите кои произлегуваат од тоа можат да бидат вредни како чисто злато.

Што Вие правите за да не ги истерате Вашите читатели? Дали постојат други блогерски грешки кои треба да се додадат на листава?

 


[не знам дали некој ќе напише коментар, но као текстот е оставен отворен] :D

.
.
Related Posts with Thumbnails