. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
Showing posts with label twitter. Show all posts
Showing posts with label twitter. Show all posts
on Wednesday, March 26, 2014
.престанете да крадете туѓи статуси и твитови и врз основа на нив да градите “virtual insanity - овај слава“.. баба Рада да беше реална ќе ви препорачаше ‪#‎оЧај‬.
- а ако посакувате таква слава, интересни ќе им бидете само на вашите вујни, стрини и тетиновци од аустрејлија.. к`мон!



:вчера напишав статус дека не е убаво да се крадат туѓи статуси и твитови и денес добив коментар дека кажаното/ напишаното ако го гледам како такво би требало да сум против “пиратерија“ и истото би било “само за лична употреба, забрането е ширење на ова по народните маси“.

јас вака мислам: книжевна/ литературна “пиратерија“ е смрт за креативната и критичката мисла, додека пак музичкото плагијаторство отров за духот и душата на оној кој “си замислува дека музицира“.

дебатата и комуникацијата се убава работа, секогаш полезна за размрдување на сопствените (аргументирани) ставови за одредена тема, така според друг “вицовите треба да ги кажуват само тие шо се ги измислиле.“

.иако вицовите се нешто сосема друго, барем кога се зборува за некоја “солидна авторска вредност“, јас повеќе говорам за книжевните форми, афоризми, животни мисли добиено од лично искуство, мали, кратки расказни, па и поетски форми и тн. кои е јасно дека имаат поголема “литературна“ вредност од daily entertainment.

и да, кога веќе си решил да (пре)земеш нешто туѓо, зошто да не и овозможиш и на твојата “публика“, да го следи вистинскиот извор на таа форма/ тема што си ја споделил. така му помагаш и на авторот, а истовремено и себе си докажуваш дека си човек со доблест и вистинки вредности. односно не се лажеш самиот себе дека ти си го измислил, постои веројатноста секогаш да ти излезе некој “поинформиран“ од тебе и да ти каже - еј ова не е твое!




убаво е да се наведе автор или извор. Зошто? Тоа би му помагнало на секој активен корисник на twitter или facebook да најде кој е авторот и да почне исто да го следи. 

- секако дека не е грев ако тоа “споделување“ се направи некогаш и без наведување извор/ автор. некогаш тоа може да се случи во брзина и желба што поскоро тоа што тебе ти привлекло внимание да го споделиш со твојот круг на пријатели или следбеници, но јас повеќе го напишав тој статус од аспект на развивање на личност врз основа на плагијаторство, не на “пиратерија“, оти така ќе следува ера во која ќе се “изродат“ (пре)многу “оригинални“ автори на се` и сешто, а во суштина тие ќе бидат празни, без никаков одраз на тоа што го споделуваат, односно “пишуваат“.



државите крадат трговски и економски тајни, бизнис компаниите - идеи. живееме во модерно време во кое крадењето се гледа се повеќе како “преземање“, од аналогијата на sharing is caring, односно потребата одредено нешто што во сегашно време има некаква “пазарна“ т.е. “интерактивна“ димензија и вредност. 

генерално - подобро да бидеш тивок и да слушаш што другите говорат, отколку да го повторуваш кажаното во твое име, како мали за таквите  имаше име, “повтарачки папагал“, а секако дека оние кои имаат потреба од (поголемо) внимание би биле далеку посрушени интелектуално“, доколку им се (у)каже на тоа дека вистинските човечки вредности имаат друга основа, друга база, далеку посуштинска од тоа да говориш во твое име, а (не)свесно да цитираш друг. и да, овде не мислам на вербална комуникација, универзална мисла и “космичка“ вистина кои се (редовни) постулати на нашиот секојдневен говор, туку за се она што е напишано на социјалните/ друштвени мрежи и во очите на другите ги рефлектира твоите таленти, критичност, свесност за времето во кое живееш, како и основните човечки вредности.

или пак сум премногу наивен?! :)
p.s. АЈТ убав ден да си имате
on Wednesday, June 13, 2012
.
.
Сакам да фатам ред во безредието и ќе започнам со најшокатната и најНеважната вест за мене, но сепак, заради заедничкото срцебиење со државата и народот во Неа, веста за напуштањето на кариерата (каква и да ја имал) на мегаултранеон ѕвездата со унисекс галаксии Боки 13. Толку, уф! Мора да биде фамозно.. !

Нејсе, ја затвориле А2. Што сакав тука да кажам:
.се додека не ја затворија, 'не знаевме' дека А2 чувала фактор А1 во себе. сигурен сум дека повеќето 'загрижени само на поминување контале дека таа 'телевизија' единствено што прави е - вегетира!
 
.. и така за да биде позанимлива темата се вклучија многумина активни посматрачи кои сметаа дека за тоа (не) е виновен БЦ и дека крајно време е владата да си оди. Клише. End of story. Или кој знае може ќе се собере повторно група на протестирачи и ќе се радуваме заедно дека сме повторно на улица.

Младината не треба да се води од слепилото на еден културен шунт кој само мрчи, туку треба да гради сопствени ставови за сите проблеми кои го опкружуваат! А2 не е наша работа.. како ни млекарот, лозарот, тракторџијата што чувал ноеви и тн.  .т.е  не се важна работа директно, индиректно навлегува во повеќе слоеви од корекциониот пат кој треба да го врвиме.

.слепилото на младите е полошо од она наследното, кое ни доаѓа од колено на колено, како клетва што следи седум поколенија!

Како активисти мислам дека ги изгубивме нашите стремежи.. ниско паднавме.. трчаме по секој трач и правиме протести! (некој тоа го вика Слобода!)

Факт е дека младината полека полека во својот хибрид назадува во развојот од своите претходници. Се повторуваме, следиме, се организираме по начин кој е полош и од оној на комитите, ајдуците, револуционерите. Водиме слепи борби, испуштаме кревки гласови, организираме  бесцелни протести, промовираме мини-лидери секоја недела. Но, дали е тоа што една држава полна со проблеми треба да го очекува од иднината на нејзините жители?

убаво е тоа СЛОБОДАта, но кога имаш валидни информации пред себе, слободата наспроти мушкањето нос таму каде што не му е местото (читај институционални транзициски битки) воопшто не е граѓански активизам.. повеќе е слепило.

Или некој не разбрал правилно што е коректура на општеството или дома никогаш не добил право на глас и сега се што не му штима е тема за ново мрчење. Иронијата никогаш не била убав звук на камбанаријата, а несигурноста од иднината создава цинично размислување, недоверба, налудничав абсурд..

Ете како треба уште многу работи да се решат во државата, макар тоа било чистка и на моите братучеди! сите кои си го барале (краделе, прикривале, фалсификувале..) треба да си го добијат..

!кога македонскиот интелект игра ластика и суди дали А2 треба да се затвори и се диви (со и без иронија) на (откажаниот) концерт на Боки 13!.. is there anything more real?!

.и светите билборди ги тргнале. no more solutions!
.



Да, да,
секако дека има нешто што е уште поreal од досадните преписки на новинарите, нивното непознавање и фрустрација од законите кои сами индиректно си ги наметнале. Тука е отсранетиот билборд за кој со двете раце кренати тврдам дека повеќето не сконтаа дека е уметност, а не обична реклама, а далеку беа од тоа да остават простор на минувачите да го доживеат целиот тој хумор, скриена сатира која самата идеја на билбордот (уметничкото дело) ја носи. Овде станува збор за избрзана одлука, мислам дека тие недоразбрале дека станува збор за Уметничко дело, а не за комерцијален билборд. (х2)

Според авторот од АРС Акта, билбордот беше уметничко дело кое се изложуваше во рамките на Креатива, а неговото отстранување е акт на цензура.

Отстранувањето на билбордот е акт на незнаење, на непознавање на целата информација. Штета што овој проект „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“ кој требаше да биде (е) [...] тридневен настан, кој опфаќа шест тематски целини: звук, текст, облик, мултимедија, комуникација и дискурс" ќе остане како историја на желбата да биде урбан фестивал, пошо луѓето се уште сакаат, а богами и купуваат за 150 денари портрет на охриТ и 300 денари пејЗаШ за на свадба!

На здравје среда, 13 јуни 2012!
.
.
on Thursday, May 10, 2012
:како се започна?!






:ми се допаѓа идејата (премногу) и секако ке ја споделам со мојата заедница.  Што е како е нема да должам, прераскажувам, докажувам, одземам, додавам, информацијата за настанот Ви ја пренесувам во целост, како и видеото/ интервјуто дадено од Јасна Тргачевска, претставник од македонската twitter заедница. 




Проект -Жива ограда


Жива ограда" ДОО бара поништување на тендерот за ограда на мостот кај хотелот Холидеј Ин и велат дека на повторно објавениот оглас со сигурност ќе испратат најповолна понуда

Од друштвото кое ја понуди идејата за ограда составена од живи луѓе, велат дека подготвуваат понуда која ќе биде убедливо најповолна доколку владата распише нов тендер.
Тие се двесте пријатели кои се нафаќаат за милион евра, или по 5 илјади секому, да бидат дел од оградата на мостот кај Холидеј Ин. Како што велат, во животот никогаш не виделе толку пари, а со оглед на "моменталната" состојба која им трае повеќе од 20 години, не очекуваат дека би ги заработиле до крајот на животот со било каков друг работен ангажман.

"За да го задоволиме условот оградата да биде во стил на барок, мојата соседка, инаку невработена кројачка, ќе ни изработи соодветни костуми, а одговорниот за набавки во нашето друштво со првиот автобус ќе замине за Истанбул по потребните перики и материјали", вели задолжениот за однос со медиумите во "Жива ограда" ДОО.

Перики ќе користат само додека не постигнат доволна должина на косите, за кои понатаму ќе се грижи вработена фризерка. За хигиената и одржувањето на облеките ќе бидат задолжени сопругите.

Како што информираат од друштвото, тие веќе имаат изработено работен план за дневните смени и потребниот број на луѓе согласно бараната густина предизвикана од фрекфентноста во делот на денот, а во деновите кога е потребно засилување и зголемен број на присутни на помош би ги повикувале своите деца и роднини.

Од "Жива ограда" ДОО велат дека понатаму очекуваат од Владата соодветна награда за тоа што една домашна компанија без никаков почетен капитал успеала во првата година од своето постоење да вработи 200 вработени и направи промет од милион евра.

Преземено од: http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=69970

Дополнителна литература:
http://jovanatozija.blogspot.com/2012/05/blog-post.html
http://commonsensehate.blogspot.com/2012/05/blog-post_10.html


Ми се допаѓа дека преку интернет досега се организираа неколку креативни настани кои немаат ништо општо со протести или кревање бунт против сегашниот политички естаблишмент, но се нови начини на кои младите со исти интереси се соединуваат и реализираат некои сопствени идеи. Така започна и се реализира акцијата: новогодишна елка како и хуманитарната акција. Наместо празни зборови на интернет, акција,  посакувам успех за вакви настани кои имаат за цел да доближат еден друг начин на размислување до пошироката маса. Културно, аполитички, креативно, со доза на хумор за која е одговорна макроеволуцијата на нашата држава и системот сам по себе. Убаво е дека во себе има доза политичност, доза вистина, доза уметност, перформативен начин на изразување на дел од нашето секојдневие (читај проблемите) и тн.

Постојат секакви варијации и различни контекти како ке се прочита овој настан, дискурсот сепак ке го дефинира јавноста, откако ке слушнеме како медиумите фамозно ќе почнат да бомбардираат со интертексуални брановидни пораки од магнетитете на синхронизираното општество.



:еве го настанот на facebook, па, ако сте таму, прошетајте, може ќе долета и некоја 100ка, дневница! :D

- не знам дали секој настан би требало да се организира, дали овој е добар, зошто не е добар, зошто е добар.. треба ли прогресивноста, активизмот, желбата за промена да се изразува баш на овоj начин? има премногу прашања кои ми се вртат во глава, зошто медиумите избраа ова да е хит на денот, дали е тоа вистинскиот капацитет на младите кои невработени седат дома пред компјутер? зошто за се` едно секогаш директно одиме на острицата без да обрнеме внимание на средината, срцевината, суштината? .и да, дали ќе има дебата, внатрешна, меѓу сите нас, за она што навистина се случув?. треба ли некој да праша: огледалце, огледалце. .. или како за последно: кој го скрши огледалцето?

☮ p e a c e ☮
on Saturday, January 7, 2012
.
.
.


.
:во зависност од тоа на која точка на планетата Земја живееме можеме различно да ја анализираме самата употреба на социјалните мрежи, нивната корист; бенефитот кој се добива како и негативните искуства кои со текот на годините еволуираат истовремено со се` самиот развој.

Факт е дека секојдневието наметнува и поголема употреба на дел од тие мрежи каде создаваме сакајќи или не виртуелни карактери кои еден ден ќе бидат рефлекси на на тоа што вистински сме во социјалниот живот и надвор од мрежата која ја составуваме, живееме секој ден. Тие виртуелни карактери се дел од развојот на социјалните платформи како цело, потребата од градење на идентитет кој ќе биде делумно вистински одраз на тоа што сте вие е еден од следните чекори, веќе дел од платформите бараат верифицирање на идентитетот, а и фидбекот кој се добива со самото тоа е пореален.

Пореален, или реалноста која се наметнува како следен сегмент на истражување наведува на тоа дека во зависност од возраста на корисникот зависи и начинот на кој една платформа, социјален медиум се користи. Кај помладите очигледен е фактот дека fb како алатка се користи најмногу, не би сакал да навлегувал детално во анализата на начинот на кој младите ја користат, но би ги потенцирал: забавата, запознавањето, играњето во мрежа само како мал дел од активностите кои ги привлекуваат таму. додека од друга страна поделбата на употребата на fb од страна на возрасната популација исто така доби на израз.

Самиот развој на социјалните мрежи носи и бенефит и привилегии за некои од корисниците, прогресот во развојот на pages, timeline, groups, направи корисниците со исти (common) полиња на интерес да се вмрежуваат.

Во групите сега е многу полесо да стигнеш до барана информација, преку страница да ја промовираш твојата содржина, продукт, .. а со новиот timeline и приватните профили да добијат едно поубаво визуелно доживување.
.
.

:Од друга страна, овде сеуште е twitter, која се смета за социјална алатка која во текот на годините доживеа некои минимални upgrate-и, но сепак успеа и визуелно и по квалитет да ја задржи публиката, корисниците, како и содржината. Деловниот пристап кој суптилно го наметнува twitter прави да сепак колку и тоа да е второстепен обид на рекламирање на виртуелна содржина, тоа да остане како главен двигател, мотор, или основна идеја на оваа платформа за дејствување, односно работа.
.

Секако дека како негативни ефекти кои доаѓаат напоредно и со развојот на социјалните медиуми се: преголемиот trash квантитативен резултат кој го прават премногуте форуми, web страници, бази на податоци како цело и потребно е истенчено око, или sense при изборот на она што е квалитетно и селекција која сепак не ги задоволува само твоите естетски и подковани со знаење извори.

Не би можеле длабоко да навлегуваме во истражување, но првоначално можеме да нагласиме дека секој еден медиум во текот на својот развој, доживува најразлични промени, а со тоа и директно влијае позитивно или негативно на неговите корисници, но освен fb и twitter, како највлијателни социјални платформи, би било добро да ги нагласиме и google+ како една од платформите кои допрва ќе се усовршува, tumblr, posterous, wordpress, blogger, flickr – за фотографија, soundcloud – за музика. ..има уште толку многу платформи кои секоја посебно различно влијае во социјалните медиуми како и различно што остава трага во овој network.
.
.

Но, секако за да се направи поконкретна анализа на социјалните мрежи потребно е подлабоко да се навлезе во суштината и насоките кои ќе се допрат да бидат по конкретни, на пр. Кога fb не би постоел, ограничување на времето поминато на интернет, fb vs twitter кое што нуди како копманија, начин на градење на виртуелен карактер, негативни искуства со виртуелни профили, иднината на социјалните медиуми и тн.
on Thursday, December 1, 2011
.
.
.
.
Социјалните медиуми стануваат се популарни за разлика од минатите година. За оваа година некои истражувачки агенции почнаа да ги презентират нивните статистики за употребата на овие платформи секојдневно.

Брјот на корисници на социјалните медиуми/ мрежи е' во пораст и тоа е факт, која е иднината на овие мреже се уште е дискутабилно да се дискутира. Пред некој ден видов прашање на g+ каде ги гледаме социјалните медиуми после 10 години. Едноставно, иако се рабoтеше на профил на позната ѕверка од twitter сферата, на g+ заинтересираноста за неговата работа и не е така голема, па се одлучив да го кажам моето мислење.

Тешко е да се обедиме да се проектираме во иднината така лесно, за тоа што во подем е развојот на модерните технологии, доволно е да се завртиме назад во последните 10 години и да го анализираме нивниот прогрес. Би можеле да играме на варијации за развојот до следниве неколку години, но никако толку далеку. ..или како би одело во оригиналната форма залепена на неговиот ѕид "u don't think is to much visionary this question?! 10 years is a lot of time dude, when u can see how far d social media develop in d last 10 years!

for me in a couple of years, nobody will use the PC, the ipad will be more childish tool and d notebook is d engine with d cosmic configuration. this smart phones, apps etc will be joke for new era kids :D
"

Социјалните медиуми секојдневно се натпреваруваат, кој повеќе корисници ќе привлече, кој каква понуда ќе приложи на пазарот, квалитетот на платформата од технички аспект е исто така мотивација за developer-ите да истражуваат и да напредуваат. ..

. ..во видеото во продолжение ќе видиме сумирање на социјалните медиуми и нивната активност во изминатава 2011 година. Бројките секогаш ќе бидат прашање, дали се точни или не, сепак се работи за истражување од широк размер, би требало да ги занемариме минималните разлики помеѓу инфографиците кои излегуваат секојдневно, сума сумарум според споделувањето на оваа информација денес, станува збор за солиден извештај и одлично ретроспективно истражување за 2011 година.





Доколку сакате и сте заинтересирани да видите подетален и посуштински видео инфографик кој ја истражува истата тема би Ви препорачал да го погледнете и ова Social Media Revolution video, изработено од Erik Qualman [ Socialnomics ] кое далеку подобро ја отсликуваат оваа тема, но, сепак статистиките се од поголема значајност за територијата на континнентот отаде барата.





via digitalbuzzblog
on Sunday, June 13, 2010
.
.
.
.
видеото кое штотуку го изгледав е старо едно, две години..прв пат го гледам.
го сподели на facebook мојот пријател Bas (на twitter @Spartz) и е' всушност видео во кое секоја секунда, секоја слика, секое движење има значење.
има за цел да допре до одредена група на луѓе, до едно ниво на луѓе, маса која е загрижена за работите кои се случуваат внатре во една држава во која условите за живот се да кажеме: "нема услови за живот!".
во моментот корисниците на социјалната платформа за микро блогирање twitter од Иран е исто така голем. за помалку од минута цел свет дознава за било какви активности' од таму. блогерите добиваат подршка од блогерите ширум светот, во моментов кога имаше акција за апсење на блогери од Иран, милион блогери помогнавме со тоа што адресите на нашите блогови и twitter сметки ги лоциравме на име Tehran, Iran.

во една таква ситуација која и не е речиси многу поразлична од онаа кон која тргнала нашата држава, кај нас има луѓе кои излегуваат со јавни ставови, конкретни видео блогови, видеа и сл., но, поентата е во тоа што мрчаторските инстинкти кај сите се далеку по развиени за разлика од оние прогресивните во кои делата зборуваат сами за нив, носат конкретна содржина, чиста информација, реални податоци и дел од она што би било блиска иднина според нивната анализа и резултати.

и да не се (в'тиме в'тиме во круг) и јас да пишувам повеќе, знаеме каков е животот таму, колку се злоупотребени човечките права и слободи, ограничените можности во реалниот свет ..видеото покажува како младите таму не молчат туку се се' погласни и бројот на млади кои отвараат блогови како слободно место каде можат да си ги изразат своите либерални, демократски мислења се повеќе расте...
конструктивноста на една младина во градењето на едно модерно општество во кое младите можат да бидат вклучени во процесот е многу важно. доколку целта е движење на електронска лента (стоење во место) тогаш уште многу крави без пари ќе имаме во mail-овите и free weapon за гетото во New York, но се помалку квалитет во препознавањето на вистински вредности и во слободата во изразувањето.

voila' видеото и Да, би сакал во иднина да имам повеќе пријатели (блогери) кои имаат виртуелни ѕидови каде ги испишуваат нивните "графити" од животот. различноста и шаренилото се занимливи, не дека info.tech.app.gEEk блогерите не се забавни ;)



видеото го имаат изработено 4 студенти на Vancouver Film School: Aaron Chiesa, Hendy Sukarya, Lisa Temes и Toru Kageyama.
првично идеата им е да покажат дека блогерството е доста серизна алатка во рамките на денешните медиуми и дека бројот на луѓе во Иран кои го користат блогот како медиум каде можат да го кажат своето мислење расте, иако на моменти е ризично да блогираш од таму..младите од Иран за прв пат после 30-тина години ја имаат можноста да почуствуваат бар малку слобода.
за авторите исто е важен и процесот на создавање на ова видео, снимањето, фотографирањето, префрлањето на сниманите материјали, нивната обработка во Illustrator..


и после 20 години тракаташки по медиумите во Македонија и со развојот на државата генерално, ова блогирањето ќе да е алатка која можеби подзаборавена од пред неколку години можеби пак се стави во употреба, но се надевам овој пат попродуктивнo..


поздрав до храбрите и издржливите во последните 10-тина години..
on Monday, February 22, 2010


.

Во неколку наврати на интернет просруи информација дека има луѓе надвор од планетата кои го користат
twitter како единствена и оригинална алатка за комуникација со мештаните на планетата Земја.


Тоа е комбинација на двете најактивни технолгии во акција. Откако Интернационалната Вселенска Станица вредна 100 билиони долари почна да ја обиколува планетата во наредните 12 месеци, астронаутите членови на оваа станица го избраа twitter за комунициja со светот.


Еден од инженерите за лет на станицата Soichi Noguchi, јапонски астронаут и José Hernández, американски инженер редовно го користат овој сервис за микроблогирање да испратат стотици фотографии на Земјата со помош на нивните twitter профили. Резултатот е драматичен, високо прифатливо портфолио од фотографии од животот во Вселената, како и од Земјата видена од 185 милји растојание/висина. Noguchi споделува фотографии од ентериерот на шатлот како и фотографии од пустините, островите и ледовите кои пловат во планетата Земја. Фотографиите испратени преку twitter се прифатени од илјадници луѓе кои ги следаат овие двајца астронаути и нивните account-и и многу често можат да се сретнат коментари од нивните follower-и/следачи во стилот: "Bellissima foto!" или "Buena foto".


Twitter пораките се едноставни и многу често предизвикуваат поголема возбуда за разлика од милјардата други оригинални фотографии кои го одземаат здивот затоа што едноставно ги добиваш преку овој овој сервис и тоа ги прави поинтимни од другите.



Ова беше делумен превод на еден текст излезен во Gardian.co.uk, кој мене лично ми се виде како интересен за споделување и на македонски со некои од луѓето кои ги интересира twitter, космосот и нивниот однос. Фотографии овие двајца астронаути испраќаат редовно, освен овие прекрасни фотографии како дел од нивните пораки можат да се сретнам и реченици полни со возбуда во зависност од тоа каде се во моментот, какви сетлини гледат во далечината, што е нивниот избор за храна, до каде имаат стигнато со нивните анализи и нивната првична мисија..како и кратки разговори со твитерашите и одговарање на некои одредени прашања. Занимливи ликови во twitter средината, ако сакате да ги следите, нивните профили се @Astro_Soichi и @Astro_Jose. Доколку ве интересира што се случува out there или подобро out of this world ова е вистинска прилика за Вас да ја почнете Вселенската авантура видена преку очите на овие двајца twitter астронаути.


прва слика - Hail to STS-130, Endeavour! They left us a room with a magnificent view, and lots of delightful memories :-)

втора слика - Moon rise over Australia. Taken from Cupola side window

качени на twitpic од @Astro_Soichi

Related Posts with Thumbnails