. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
Showing posts with label комуникација. Show all posts
Showing posts with label комуникација. Show all posts
on Sunday, April 20, 2014


.да, да, пак ќе си ги соберам неколкуте статуси и од нив ќе си направам пост. што, да не е тоа грев? колку пати треба да кажам: Господе Исусе Христе помилуј ме мене, грешниот?




како започна се`?

ден четврток, будење, црвени јајца на масата.. некој се будел пред зори и фарбал. колку убаво помислив, мајка ми секогаш посветено се грижи за сите празници, скромно, но со голема сила и верба! напишав статус:
 

.соништата се желби на нашите срца, царствата се производ на нашата имагинација. умот создава фантазми, додека душата тивко дише, во пост сме како бабјаци, расте нашето дрво над плевелот. .. дострелите секогаш биле миросани.

:убав празник верници, да ги положиме во гроб нашите сомнежи, со трепетот на вербата да се воздигнеме...

p.s. умерено со јајцата!


се беше така убаво до моментот кога прв пат отидовме на црква. а таму, џган people, инстант верници кои како гулаби околу храна по големите плоштади во светот се туркаат меѓусебно, деца кои плачат од нервозата која ја чувствуваат во нивните родители. а тие, возрасните, дошле набрзина да фрлат три амина и да остават зејтинот, чорапите, потниците - веруваат дека така Господ ќе им даде здравје. ДА БЕ, наистина!

.и во црква се фаќаат врски за кој побрзо да помине под олтарот. шта чеш - систем!  

добив off topic прашање, но не толку оф, сепак се работеше за нешто поврзано со празникот, Велигден, да споменеме меѓу другото би можел да служи како извонредна можност за комуникација меѓу пријателите, како и сите официјални денови, празници, обележувања со кои луѓето се идентификуваат, во било која основа, се разбира.
„што точно е поентата со протнувањето? од кај потекнува тој адет? се најдов во небрано кога не знаев да објаснам. па сега должам објаснување if you know what I mean.“ 

се радувам на комуникацијата со луѓе, мислам дека не би можел да живеам без таква комуникација, што во одредени моменти од животот се покажало како голема грешка и мој недостаток, но најчесто како доблест со која се носат малкумина. веднаш одговорив:

„не знам дали е тоа-тоа, но од мојата фамилија имам наследено информација дека олтарот (плаштаница) во тој момент претставува неговиот гроб, па под него се поминува за здравје, за (не)плодност, за освестување на децата за патот Господов. за оние кои биле во чесен пост бидејќи го опфаќа времето на Христовото распнување на Чесниот крст. ја симболизира смртта и воскреснувањето на Христос, оној кој минува под неа влегува како грешник, а излегува како нов човек, прочистен од старите гревови.

генерално за здравје, (духовен) мир и благосостојба.
“ 




се појави во текот на деновите дискусија за тоа од каде потекнува зајакот, за што служи и каква е неговата симболика. напишав текст, а добив и одлично појаснување од човек кој се занимава професионално со теологија, а воедно е и отец или поп, не знам како би требало да се изразам. тоа го кажа: „Имењаче во Светото предание е запазен еден податок кога Христос носејќи го Крстот на едно место паднал и во тој момент претрчало едно зајче кое врз кое паднал Чесниот Христов Крст. Христос се сожалил на зајчето и со допир го оживеал. Овој податок е запазен уште од Христово време, но не влегло во нашата традиција .“

Секако, дискусијата на оваа дадена тема не е ни на почеток. Како одеа деновите, народот по дефиниција почна да се однесува веќе вообичаено и симптоматично. постојано да се додаде нешто, постојано да се покаже кон некого со прст, да се етикетира. мислам дека ова нема никогаш да го разберам, која е нивната желба да го прават тоа, од каде ја црпаат таа “енергија“ за дејствително и континуирано етикетирање на другоста, се со цел нејзино деградирање и омаловажување (?!)

.целината е секогаш поголема од збирот на нејзините делови... добро рекол аристотел. јас бев на црква, донесов оган дома и напишав:

“.Христос воскресна, за многу години да ни е празникот пријатели. вртев 3 круга околу црквата, после ми ја скапаа главата, а и јас скапав една глава. на крај газот-глава, ама да си го/ ја пазиме...  “

но,
некако ми беше тешко. на вакви денови секогаш се осеќам тажно, со мала доза на депресија и осаменост. со желба да бидам посилен, да смогнам сили да ги подобрам моите “слаби карики“.

„.јас сум ништо. ништожноста е мојот дом. сакам да самувам. самувањето е царство на бездомните, на оние кои се вдомиле во нивната душа. тешко е да се замине, но уште потешко е да се остане...“



денес ми се случи ТИТАНИК, гледам лево-десно, одам нагоре-надолу по содржините на facebook, ги читам објавите, некој се радува, некој си честита, некој си разговара за тоа кој посилно јајце имал, но некој, тој НЕКОЈ (множина), постојано глуми умна опсервација, здраворазумна, принципиелна и вивисекциски точна анализа на се шо се дешава. како и секогаш, се собрав, се зипував и концепирав и испукав, тоа е, таков сум, не дозволувам непотребни шумови во главата.

.не биле на црква, не постеле 40 дена, сега попуваат и мудруваат колку бил друг процесот за покајание .. луѓе, гледајте си ги кокошките и оставејте кој шо сака да си права, а ако мислите дека без пост и без секојдневно негување на вашата верба сте продуховени експерти за вечноста гадно сте се заебале. не сте нит верници, нит па луѓе. .. очајни полтрони на конзумирачките-капиталистички влијанија, со желба да станете флипер шо во иднина некој робот ќе го тилтира од досада! грешен сум, да. не се срамам да признаам, ама да глумите Богови, на такви големи денови за некои кои се дефинираат како верници е навистина тапа.  

p.s. иначе Исус воскреснал за на таквите како нас бедници да ни покаже колку ќе патиме во текот на овие 2000 и кусур лета од екслузивна патетика, од скандалозно, екслузивно, од мистерија, од wow моменти кои само го хранат нашиот мозок, од потребата за преку духовен шовинизам да си ја докажуваме човечноста...

РАЗМИСЛУВАМ: колку би било поубаво кога секој секого би почитувал, на вакви “официјални денови“, речиси секој од нас се претвара во трол, во демагог на прашината, затоа на сите ни треба покајание, секако, кој како си го доживува процесот, така. 

* * * 

- редовно одиме со мама и на црква и на гробишта. со радост трчам пред да се пуштат гулабите, сам, се пикам меѓу народот и без да ме види народот во полет ги вртам круговите. барам некое мало детенце од кое можам да земам оганче и од некој постар исто, па спојувам животи како некоја утописка желба за подобро.

да не грешиме душа што се вика, тоа е одраз на нивните битија
(за таквите инстант верници и велеумови потенцирам). Господ и за нив беше во молк и воскресна, за да покаже дека може и со “таквите верници“ да се носи.

 

јас ја анализирам тежината која ја носат луѓето на нивните чела, колку се само нетрпеливи, како да дошле на црква не оти сакаат или оти веруваат, туку оти тоа е нормално и од нив се очекува. наместо таа недоверба, татнеж и нечовечност да ја заменат барем за момент со бдеење за Бог, тие таму најистурено си го покажуваат нивното лице. се насмевнувам на такви моменти во незнаење што е правилно, а што не.. оти викаат тешко било да се суди.
 


еден пријател од Србија, познат блогер, напиша една уште поубава порака, наместо патетичните, шаблонизирани коментари и статуси позади кои се крие секој (не)верник во борба за лајкови (замисли еј). еве:

Uskrs je.

Neću da vam čestitam praznik sloganima i parolama, hoću da vam predložim nešto, da učinimo ovaj Uskrs drugačijim od ostalih,
Hajde da ne čestitamo reda radi ovaj praznik prijateljima i rodbini, hajde da učinimo nešto stvarno hrišćanski ovog puta.

Svako od vas zna nekog ko je sam, usamljen ovog Uskrsa, nekog deku ili neku baku u svojoj zgradi, ili možda nekog usamljenog komšiju. Sigurno znate nekog ko ne može ovog puta priuštiti sebi bogatu trpezu, neku siromašnu porodicu, decu. Imamo dom za stare, dom za decu bez staranja, ili Svratiste za decu, Beograd. Imamo i beskućnike, i toliko kuca i maca na ulici.
Hajde ovog Uskrsa da pozovete nekog takvog na ručak, odnesite pitu ako ste pravili, nešto pečenja, odnesite neka farbana jaja. Insistirajte da se ove nedelje niko ne oseti kao da je sam na celom svetu. Podelite radost koju imate i verovatno ne znate da cenite, sa nekime ko o tome može samo da mašta ili da je se seća.

Tako će Uskrs stvarno imati smisla.
Budite pravi hrišćani danas, podelite svoje blago sa onima koji to blago nemaju.

Е ЗА ОВА ГОВОРАМ! ТОА Е ТОА!
 


p. p. s. ЈАС не сметам дека е грев доколку некој не постел и/ или само се обидел, а не успеал во тоа. ЈАС не мислам дека е грев ако некој не успеал да оди на црква. поголем грев е според мене нахално да се комуницира (генерално), да нема обединување по ниеден основ, се некој нешто мрчи, се нешто некому нечини. така си го труеме нашиот виртуелен простор со ментален отров, наспроти полевањето на дигиталната почва со духовно знаење и љубов. 



би завршил вака:
 

Христос нашиот Бог откако беше распнат на крстот и на него го прикова гревот на целиот свет, умре, слезе во длабочините на адот; потоа, издигајќи се од адот, повторно влезе во Своето пренепорочно тело и миговно воскресна од мртвите... На истиот тој начин и сега кога ние, оставајќи го овој свет и неговите суети при исповедањето на страдањата Господови, влегуваме во гробот на покајанието и смирението, Самиот Тој слегува од небесата, влегува во нашето тело како во гроб, се соединува со нашите души и ги воскреснува нив-душите, мртви по суштина заради гревовите. И, воскреснувајќи ги, дарува благодат да се гледа славата на ова таинствено воскресение.
(свети Симеон Нов Богослов)

Денес , нека се веселат небесата, нека се радува Земјата, нека празнуваат видливите и невидливите светови, зашто Христос, нашата Вечна радост - Воскресна од мртвите...

Христос Воскресна! Хрїстóсъ воскрéсе! Христос Воскресна!

На многаја лета!
 


 
on Wednesday, March 26, 2014
.престанете да крадете туѓи статуси и твитови и врз основа на нив да градите “virtual insanity - овај слава“.. баба Рада да беше реална ќе ви препорачаше ‪#‎оЧај‬.
- а ако посакувате таква слава, интересни ќе им бидете само на вашите вујни, стрини и тетиновци од аустрејлија.. к`мон!



:вчера напишав статус дека не е убаво да се крадат туѓи статуси и твитови и денес добив коментар дека кажаното/ напишаното ако го гледам како такво би требало да сум против “пиратерија“ и истото би било “само за лична употреба, забрането е ширење на ова по народните маси“.

јас вака мислам: книжевна/ литературна “пиратерија“ е смрт за креативната и критичката мисла, додека пак музичкото плагијаторство отров за духот и душата на оној кој “си замислува дека музицира“.

дебатата и комуникацијата се убава работа, секогаш полезна за размрдување на сопствените (аргументирани) ставови за одредена тема, така според друг “вицовите треба да ги кажуват само тие шо се ги измислиле.“

.иако вицовите се нешто сосема друго, барем кога се зборува за некоја “солидна авторска вредност“, јас повеќе говорам за книжевните форми, афоризми, животни мисли добиено од лично искуство, мали, кратки расказни, па и поетски форми и тн. кои е јасно дека имаат поголема “литературна“ вредност од daily entertainment.

и да, кога веќе си решил да (пре)земеш нешто туѓо, зошто да не и овозможиш и на твојата “публика“, да го следи вистинскиот извор на таа форма/ тема што си ја споделил. така му помагаш и на авторот, а истовремено и себе си докажуваш дека си човек со доблест и вистинки вредности. односно не се лажеш самиот себе дека ти си го измислил, постои веројатноста секогаш да ти излезе некој “поинформиран“ од тебе и да ти каже - еј ова не е твое!




убаво е да се наведе автор или извор. Зошто? Тоа би му помагнало на секој активен корисник на twitter или facebook да најде кој е авторот и да почне исто да го следи. 

- секако дека не е грев ако тоа “споделување“ се направи некогаш и без наведување извор/ автор. некогаш тоа може да се случи во брзина и желба што поскоро тоа што тебе ти привлекло внимание да го споделиш со твојот круг на пријатели или следбеници, но јас повеќе го напишав тој статус од аспект на развивање на личност врз основа на плагијаторство, не на “пиратерија“, оти така ќе следува ера во која ќе се “изродат“ (пре)многу “оригинални“ автори на се` и сешто, а во суштина тие ќе бидат празни, без никаков одраз на тоа што го споделуваат, односно “пишуваат“.



државите крадат трговски и економски тајни, бизнис компаниите - идеи. живееме во модерно време во кое крадењето се гледа се повеќе како “преземање“, од аналогијата на sharing is caring, односно потребата одредено нешто што во сегашно време има некаква “пазарна“ т.е. “интерактивна“ димензија и вредност. 

генерално - подобро да бидеш тивок и да слушаш што другите говорат, отколку да го повторуваш кажаното во твое име, како мали за таквите  имаше име, “повтарачки папагал“, а секако дека оние кои имаат потреба од (поголемо) внимание би биле далеку посрушени интелектуално“, доколку им се (у)каже на тоа дека вистинските човечки вредности имаат друга основа, друга база, далеку посуштинска од тоа да говориш во твое име, а (не)свесно да цитираш друг. и да, овде не мислам на вербална комуникација, универзална мисла и “космичка“ вистина кои се (редовни) постулати на нашиот секојдневен говор, туку за се она што е напишано на социјалните/ друштвени мрежи и во очите на другите ги рефлектира твоите таленти, критичност, свесност за времето во кое живееш, како и основните човечки вредности.

или пак сум премногу наивен?! :)
p.s. АЈТ убав ден да си имате
on Wednesday, May 9, 2012



Тешко e да се замисли како консултант или инвеститор го прашува својот маркетинг агент, 'која е вашата телефонска стратегија/ стратегијата за телефон?"

Ние немаме телефонска стратегија. Телефонот е алатка, едноставен медиум чија единствена цел му е да не поврза со заинтересираните луѓе.

А потоа ни доаѓа интернетот заедно со својата мистериозност и одеднаш ни треба е-маил стратегија и стратегија за социјалните медиуми, веб стратегија и мобилнa стратегија.

Не, не ни треба!

Сеуште Ни требаат луѓе. Ние имаме една и единствена работа што е важна, а тоа се луѓето!

Сите овие медиуми се проводници, алатки кои човечките суштества ги користат за да губат време, комуницираат, да се пресметат, вклучат или да научат. Зад секоја од алатките стои личност. Дали имате некоја приказна која сакате да ја споделите со тој човек? Ангажман или било каков бенефит кој може да му го понудите?

Разбери ги луѓето и технологијата како целина станува многу поедноставна!

 [текстот е на Seth @ThisIsSethsBlog, како и секогаш знае да ме инспирира од сабајле]

:која е вашата стратегија, односот кој го градите со луѓето? задоволни ли сте од тоа што сте го постигнале од Вашата комуникација со најблиските, оние кои ја пополнуваат Вашата приказна? 

..секој од Нас може повеќе! имајте убав ден!
Related Posts with Thumbnails