. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
Showing posts with label Исус. Show all posts
Showing posts with label Исус. Show all posts
on Sunday, April 20, 2014


.да, да, пак ќе си ги соберам неколкуте статуси и од нив ќе си направам пост. што, да не е тоа грев? колку пати треба да кажам: Господе Исусе Христе помилуј ме мене, грешниот?




како започна се`?

ден четврток, будење, црвени јајца на масата.. некој се будел пред зори и фарбал. колку убаво помислив, мајка ми секогаш посветено се грижи за сите празници, скромно, но со голема сила и верба! напишав статус:
 

.соништата се желби на нашите срца, царствата се производ на нашата имагинација. умот создава фантазми, додека душата тивко дише, во пост сме како бабјаци, расте нашето дрво над плевелот. .. дострелите секогаш биле миросани.

:убав празник верници, да ги положиме во гроб нашите сомнежи, со трепетот на вербата да се воздигнеме...

p.s. умерено со јајцата!


се беше така убаво до моментот кога прв пат отидовме на црква. а таму, џган people, инстант верници кои како гулаби околу храна по големите плоштади во светот се туркаат меѓусебно, деца кои плачат од нервозата која ја чувствуваат во нивните родители. а тие, возрасните, дошле набрзина да фрлат три амина и да остават зејтинот, чорапите, потниците - веруваат дека така Господ ќе им даде здравје. ДА БЕ, наистина!

.и во црква се фаќаат врски за кој побрзо да помине под олтарот. шта чеш - систем!  

добив off topic прашање, но не толку оф, сепак се работеше за нешто поврзано со празникот, Велигден, да споменеме меѓу другото би можел да служи како извонредна можност за комуникација меѓу пријателите, како и сите официјални денови, празници, обележувања со кои луѓето се идентификуваат, во било која основа, се разбира.
„што точно е поентата со протнувањето? од кај потекнува тој адет? се најдов во небрано кога не знаев да објаснам. па сега должам објаснување if you know what I mean.“ 

се радувам на комуникацијата со луѓе, мислам дека не би можел да живеам без таква комуникација, што во одредени моменти од животот се покажало како голема грешка и мој недостаток, но најчесто како доблест со која се носат малкумина. веднаш одговорив:

„не знам дали е тоа-тоа, но од мојата фамилија имам наследено информација дека олтарот (плаштаница) во тој момент претставува неговиот гроб, па под него се поминува за здравје, за (не)плодност, за освестување на децата за патот Господов. за оние кои биле во чесен пост бидејќи го опфаќа времето на Христовото распнување на Чесниот крст. ја симболизира смртта и воскреснувањето на Христос, оној кој минува под неа влегува како грешник, а излегува како нов човек, прочистен од старите гревови.

генерално за здравје, (духовен) мир и благосостојба.
“ 




се појави во текот на деновите дискусија за тоа од каде потекнува зајакот, за што служи и каква е неговата симболика. напишав текст, а добив и одлично појаснување од човек кој се занимава професионално со теологија, а воедно е и отец или поп, не знам како би требало да се изразам. тоа го кажа: „Имењаче во Светото предание е запазен еден податок кога Христос носејќи го Крстот на едно место паднал и во тој момент претрчало едно зајче кое врз кое паднал Чесниот Христов Крст. Христос се сожалил на зајчето и со допир го оживеал. Овој податок е запазен уште од Христово време, но не влегло во нашата традиција .“

Секако, дискусијата на оваа дадена тема не е ни на почеток. Како одеа деновите, народот по дефиниција почна да се однесува веќе вообичаено и симптоматично. постојано да се додаде нешто, постојано да се покаже кон некого со прст, да се етикетира. мислам дека ова нема никогаш да го разберам, која е нивната желба да го прават тоа, од каде ја црпаат таа “енергија“ за дејствително и континуирано етикетирање на другоста, се со цел нејзино деградирање и омаловажување (?!)

.целината е секогаш поголема од збирот на нејзините делови... добро рекол аристотел. јас бев на црква, донесов оган дома и напишав:

“.Христос воскресна, за многу години да ни е празникот пријатели. вртев 3 круга околу црквата, после ми ја скапаа главата, а и јас скапав една глава. на крај газот-глава, ама да си го/ ја пазиме...  “

но,
некако ми беше тешко. на вакви денови секогаш се осеќам тажно, со мала доза на депресија и осаменост. со желба да бидам посилен, да смогнам сили да ги подобрам моите “слаби карики“.

„.јас сум ништо. ништожноста е мојот дом. сакам да самувам. самувањето е царство на бездомните, на оние кои се вдомиле во нивната душа. тешко е да се замине, но уште потешко е да се остане...“



денес ми се случи ТИТАНИК, гледам лево-десно, одам нагоре-надолу по содржините на facebook, ги читам објавите, некој се радува, некој си честита, некој си разговара за тоа кој посилно јајце имал, но некој, тој НЕКОЈ (множина), постојано глуми умна опсервација, здраворазумна, принципиелна и вивисекциски точна анализа на се шо се дешава. како и секогаш, се собрав, се зипував и концепирав и испукав, тоа е, таков сум, не дозволувам непотребни шумови во главата.

.не биле на црква, не постеле 40 дена, сега попуваат и мудруваат колку бил друг процесот за покајание .. луѓе, гледајте си ги кокошките и оставејте кој шо сака да си права, а ако мислите дека без пост и без секојдневно негување на вашата верба сте продуховени експерти за вечноста гадно сте се заебале. не сте нит верници, нит па луѓе. .. очајни полтрони на конзумирачките-капиталистички влијанија, со желба да станете флипер шо во иднина некој робот ќе го тилтира од досада! грешен сум, да. не се срамам да признаам, ама да глумите Богови, на такви големи денови за некои кои се дефинираат како верници е навистина тапа.  

p.s. иначе Исус воскреснал за на таквите како нас бедници да ни покаже колку ќе патиме во текот на овие 2000 и кусур лета од екслузивна патетика, од скандалозно, екслузивно, од мистерија, од wow моменти кои само го хранат нашиот мозок, од потребата за преку духовен шовинизам да си ја докажуваме човечноста...

РАЗМИСЛУВАМ: колку би било поубаво кога секој секого би почитувал, на вакви “официјални денови“, речиси секој од нас се претвара во трол, во демагог на прашината, затоа на сите ни треба покајание, секако, кој како си го доживува процесот, така. 

* * * 

- редовно одиме со мама и на црква и на гробишта. со радост трчам пред да се пуштат гулабите, сам, се пикам меѓу народот и без да ме види народот во полет ги вртам круговите. барам некое мало детенце од кое можам да земам оганче и од некој постар исто, па спојувам животи како некоја утописка желба за подобро.

да не грешиме душа што се вика, тоа е одраз на нивните битија
(за таквите инстант верници и велеумови потенцирам). Господ и за нив беше во молк и воскресна, за да покаже дека може и со “таквите верници“ да се носи.

 

јас ја анализирам тежината која ја носат луѓето на нивните чела, колку се само нетрпеливи, како да дошле на црква не оти сакаат или оти веруваат, туку оти тоа е нормално и од нив се очекува. наместо таа недоверба, татнеж и нечовечност да ја заменат барем за момент со бдеење за Бог, тие таму најистурено си го покажуваат нивното лице. се насмевнувам на такви моменти во незнаење што е правилно, а што не.. оти викаат тешко било да се суди.
 


еден пријател од Србија, познат блогер, напиша една уште поубава порака, наместо патетичните, шаблонизирани коментари и статуси позади кои се крие секој (не)верник во борба за лајкови (замисли еј). еве:

Uskrs je.

Neću da vam čestitam praznik sloganima i parolama, hoću da vam predložim nešto, da učinimo ovaj Uskrs drugačijim od ostalih,
Hajde da ne čestitamo reda radi ovaj praznik prijateljima i rodbini, hajde da učinimo nešto stvarno hrišćanski ovog puta.

Svako od vas zna nekog ko je sam, usamljen ovog Uskrsa, nekog deku ili neku baku u svojoj zgradi, ili možda nekog usamljenog komšiju. Sigurno znate nekog ko ne može ovog puta priuštiti sebi bogatu trpezu, neku siromašnu porodicu, decu. Imamo dom za stare, dom za decu bez staranja, ili Svratiste za decu, Beograd. Imamo i beskućnike, i toliko kuca i maca na ulici.
Hajde ovog Uskrsa da pozovete nekog takvog na ručak, odnesite pitu ako ste pravili, nešto pečenja, odnesite neka farbana jaja. Insistirajte da se ove nedelje niko ne oseti kao da je sam na celom svetu. Podelite radost koju imate i verovatno ne znate da cenite, sa nekime ko o tome može samo da mašta ili da je se seća.

Tako će Uskrs stvarno imati smisla.
Budite pravi hrišćani danas, podelite svoje blago sa onima koji to blago nemaju.

Е ЗА ОВА ГОВОРАМ! ТОА Е ТОА!
 


p. p. s. ЈАС не сметам дека е грев доколку некој не постел и/ или само се обидел, а не успеал во тоа. ЈАС не мислам дека е грев ако некој не успеал да оди на црква. поголем грев е според мене нахално да се комуницира (генерално), да нема обединување по ниеден основ, се некој нешто мрчи, се нешто некому нечини. така си го труеме нашиот виртуелен простор со ментален отров, наспроти полевањето на дигиталната почва со духовно знаење и љубов. 



би завршил вака:
 

Христос нашиот Бог откако беше распнат на крстот и на него го прикова гревот на целиот свет, умре, слезе во длабочините на адот; потоа, издигајќи се од адот, повторно влезе во Своето пренепорочно тело и миговно воскресна од мртвите... На истиот тој начин и сега кога ние, оставајќи го овој свет и неговите суети при исповедањето на страдањата Господови, влегуваме во гробот на покајанието и смирението, Самиот Тој слегува од небесата, влегува во нашето тело како во гроб, се соединува со нашите души и ги воскреснува нив-душите, мртви по суштина заради гревовите. И, воскреснувајќи ги, дарува благодат да се гледа славата на ова таинствено воскресение.
(свети Симеон Нов Богослов)

Денес , нека се веселат небесата, нека се радува Земјата, нека празнуваат видливите и невидливите светови, зашто Христос, нашата Вечна радост - Воскресна од мртвите...

Христос Воскресна! Хрїстóсъ воскрéсе! Христос Воскресна!

На многаја лета!
 


 
on Tuesday, April 10, 2012

.и тогаш сите почнаа повторно да веруваат. вербата како бела техника од нептун се купуваше за ситно, гревовите се переа со црвена боја за 50/ 100 денари.

:исплашените грешници почнаа да ги кријат шишињата зејтин и долниот веш позади иконите, рентање здравје со индијански финти и попови кои се смеат како избрани аватари. но, има нешто друго по тие расплакани ангелски крилја што овие смртници никако не можат да го дешифрираат. не боли ли Вистината или ова ќе биде воскреснување на сета тага по ѕидовите?

Знам, знам Вас не Ве интересира ова, Вие сте големи верници и за Вас јавувањата на Бога воопшто не се важни за да вие бидете верниици. Замислете исто е и со мене, во еден разговор утринава со две бабички констатирав дека не ми се потребни чуда за да верувам во Бога и посебно не наоѓам поврзаност со тоа што се случило во црквата св. Димитрија, а јас сум Митко!

Не верував дека и ќе пишувам на блогот нешто поврзано со ова, но ете пуштив неколку статуси и твитови поврзани со темата, па линеарно ги префрлам овде да направат една слика на мојот (не)став околу квази верувањата на верниците, околу поклонувањето пред икони и посетувањето на црквите и бакнувањето на раката на попот или владиката.

.и ореолите околу нашите глави светкаат само треба ние сами да си ги зачистиме! добро утро!

Вака, мене не ми се допаѓа тоа што луѓето трчаат по чуда како по ефтини производи во супермаркет, а вообичаено неделните литургии се полупразни или посетени од 'демонизирани жени' покриени со шамии кои наутро во недела ако си бил претходната вечер малку пијан ке ги доживееш како нападот на вештерките кои прават магии и тоа не било каде ами замислете внатре во црквите, пред олтарите. Да, јас верувам во Бога, но не во нинџа моментите кои ги прават овие жени наутро и кои можат да ти го пореметат стомакот ако не знаеш дека и тие метании се дел од нашата религија. Нејсе, за тоа и иконите почнаа сами да се чистат, изгледа многу долен веш и зејтин се собрало по црквите, па некако мораше Господ – Бог да ги благослови сите тие купувач(к)и на масло и белина (крпи, долни маици, чорапи..) со надеж за повеке љубов, здравје, среќа и.. пари. Да, луѓето се молат на Бога да им даде повеќе пари! (јас не верувам дека треба да се молиме на Бога да ни даде повеќе (било што[?]), туку да сме му благодарни за она што веќе го имаме.)

Искривени се начините на верувањето во Бога, промашени се основните постулати како треба да се однесуваме како верници. Дедо поп мириса на ракија и не дава да му ја бакнеш раката ако немаш барем десет денари за сефот до иконата кој служи за помош на црквата. Директно за збогатување на возниот парк на сите тие мажи кои избираат фустани (мантии) и накит (ланчиња, крстови) како француски дами. Скраја да ти е верноста ако не оставаш пари по иконите, ако некој пред тебе остави може и незгодно да ти стане.

:светкаме ние како цело, но не знам дали е од сјајот (за миење садови) или некој ставил доместос..


Синоќа прочитав едно нешто што навистина ме замисли, не дека претходно не размислував така и на момент не почувствував превара`, ако може така да се каже со целата оваа фама која се крена околу иконите кои сами се чистат, но, денес и d Washington Post ни обрна внимание.

Е сега овој Саше е христијански фанатик според мене, но јас не гледам ништо лошо во тоа, подобро навлечен на Бога отколку на спортска. Тој синоќа го споделил ова нешто кое е поврзано со ситуацијата самочистење на фрескоживописите во црквата:

Би сакал само да кажам дека убаво би било да се прави разлика од:

1) "Христијанство" кое се базира на традиции и преданија и во себе има повеќе пагански елементи отколку хриситјански

2) Христијанство кое 100% се базира на Библијата како Божја Реч

Не е убаво кога се мешаат овие две работи. Погоре прочитав многу работи кои немаат блага веза со Хрисијанството и мислам дека не е убаво да се генерализира.

Од друга страна жално е што помеѓу христијаните доминираат оние кои слепо "веруваат" - такви се многу во нашето општество.

Но и покрај тоа, би сакал барем да знаете дека постојат христијани кои и те како испитуваат и проверуваат.

Бог во неговата Божја Реч - Библијата ни оставил доволно логични докази за да можеме да ја провериме и да ја ставиме на тест Христијанската вера дури и денес во 21-ви век.

За разлика од сите други книги кои се сметаат за свети, единствено во Библијата има пророштва кои се дадени пред многу векови и кои до детали се остварувале во минатото и се оставаруваат до ден денес.
Што се однесува за ‘чудото со иконите’ мое мислење еЧ
можно е да е финта (како што кажа Борис) но можно е и навистина да е чудо. Впрочем има чуда во сите светски религии, но тоа не значи дека ако има некое чудо дека тоа е сигурно од Бог.

Со други зборови, макар и ова со иконите да е навистина чудо и тогаш не би било од Бог зошто Бог сигурно не би чистел икони. Тој се гнаси од иконите и киповите. Тоа е директно кршење на Втората Божја Заповед која забранува клањање пред икони и кипови.

Ако ова е чудо тогаш сигурно е од сатаната и тој навистина го постигнал ефектот кој што го сакал, а тоа е да наведе луѓето уште повеќе да се клањаат на икони (созданија) наместо во љубов да се свртат единствено кој Бог-Создателот, да се покајат за своите гревови, да Му ги исповедаат на Бог, да поверуваат во Господ Исус Христос и да го прифатат како личен Спасител и Откупител.

16 Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.
17 Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.
==Евангелие по Јован 3:16-17 ; Библија==

Поздрав до сите вас возљубени мои! :)



(овие три слики се превземени од нет прес, канал 5 & канал 5)
.
p.s. утрово на статусот од каде го земав ова христијанско четиво/ лекција гледам дека ја префрлил цела библија и секако дека нема да му ги префрлам/ копирам коментарите тука.

Според мене овој негов коментар кажува непретенциозно дека е грев да се поклонуваш на иконите и Бог рекол дека не треба да идолизираме слики, туку да веруваме длабоко во себе. Парафразирам секој од нас си има храм во себе, црква е неговата душа или нешто слично..

дали ѓаволот се покажува најубаво во нашите цркви поради недостаток на Вистински Верници или Бог направил некој shift, па од сега натаму е убаво и да се клањаме на икони јас не знам, оставам на Вас сами да си заклучите како ќе верувате во Бога и дали воопшто ќе верувате во Неговата Светост!



Имаше утрово уште стручни коментари од дечкото, но според мене беа многу долги и само се вклучив во разговорот со директен коментар кон него:

Саше да беше пократко ке го читав она што си го напишал во 2от, 3от, 4от коментар, но коментарите брате ти отишле со метриката, ова ни чист верник не би го прочитал. кога коментираш и сакаш да објасниш/ просветлиш паднати души бити пократок и поконцизен, вака само ме демотивира да читам, бетер од иконите по црквите. се губиш сам во поимите и мислата, далеку од тоа на нас нервните да ни помогнеш. помислив господи прости им не знаат што прават! /\

:чепатните грешки се ментален аеробик, растегнуваат мозочни нерви, но, убаво е да се нагласи заради мелодијата на денот, а и не секој знае да прави мозочна шпага!



:зачистивте по дома или сеуште чекате 'Некој' да дојде да ви зачисти?!

денес во Струмица наспроти верскиот празник Велигден или Воскресението Христово, најголемиот празник меѓу христијаните, фигура во форма на Велигденско јајце со висина од околу 4 метри ќе се постави во централниот дел на градот Струмица, кај кружниот тек т.е. фонтаната пред “Македонски пошти“.

.. и за ова би сакал да пишувам, но ќе почекам до 18:00 да го видам дизајнот и адаптацијата во просторот. таа фонтана е празна, некогаш монтираат новогодишна елка таму, некогаш има вода со сијалици во боја .. овој е мегаломански проект, интересно дека некој помислил за таква естетска интервенција во градот иако за мене мегаломанско би било 14 метри ако не 40! :D

p.p.s. има милион докази дека Господ Бог постои, оваа појава ќе ја сфатам како надприродна, како вонземско дело. Не би навлегувал во деталите дали е тоа човечка измама или дело на некои грешници кои воопшто немаат почит спрема Бога. Сите знаеме дека ова ќе се истражува, кој го испратил сигналот оставам на Вас да заклучите, Јас верувам во Светлината како источник на се`! .. ова се само начини со кои 'она' за кое 'не знаеме' си игра со Нас, не искушува, не дефинира потсвесно со тоа како ние размислуваме и во која насoкa треба да ја трошиме/ користиме нашата енергија и верба.

.имајте убави Велгденски празници, наскоро доаѓаат и за нас од православната Вероисповед, гаењето љубов кон Бога треба да е процес кој се случува секој ден и во секое време, треба да сме благодарни што сепак ни се покажува нешто кое ја ставило нашата верба и верување на Суд и дозволило да го истражи степенот на посветеност кој секој од Нас го има спрема Бога.


поздрав ;)
Related Posts with Thumbnails