. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
Showing posts with label facebook. Show all posts
Showing posts with label facebook. Show all posts
on Wednesday, March 26, 2014
.престанете да крадете туѓи статуси и твитови и врз основа на нив да градите “virtual insanity - овај слава“.. баба Рада да беше реална ќе ви препорачаше ‪#‎оЧај‬.
- а ако посакувате таква слава, интересни ќе им бидете само на вашите вујни, стрини и тетиновци од аустрејлија.. к`мон!



:вчера напишав статус дека не е убаво да се крадат туѓи статуси и твитови и денес добив коментар дека кажаното/ напишаното ако го гледам како такво би требало да сум против “пиратерија“ и истото би било “само за лична употреба, забрането е ширење на ова по народните маси“.

јас вака мислам: книжевна/ литературна “пиратерија“ е смрт за креативната и критичката мисла, додека пак музичкото плагијаторство отров за духот и душата на оној кој “си замислува дека музицира“.

дебатата и комуникацијата се убава работа, секогаш полезна за размрдување на сопствените (аргументирани) ставови за одредена тема, така според друг “вицовите треба да ги кажуват само тие шо се ги измислиле.“

.иако вицовите се нешто сосема друго, барем кога се зборува за некоја “солидна авторска вредност“, јас повеќе говорам за книжевните форми, афоризми, животни мисли добиено од лично искуство, мали, кратки расказни, па и поетски форми и тн. кои е јасно дека имаат поголема “литературна“ вредност од daily entertainment.

и да, кога веќе си решил да (пре)земеш нешто туѓо, зошто да не и овозможиш и на твојата “публика“, да го следи вистинскиот извор на таа форма/ тема што си ја споделил. така му помагаш и на авторот, а истовремено и себе си докажуваш дека си човек со доблест и вистинки вредности. односно не се лажеш самиот себе дека ти си го измислил, постои веројатноста секогаш да ти излезе некој “поинформиран“ од тебе и да ти каже - еј ова не е твое!




убаво е да се наведе автор или извор. Зошто? Тоа би му помагнало на секој активен корисник на twitter или facebook да најде кој е авторот и да почне исто да го следи. 

- секако дека не е грев ако тоа “споделување“ се направи некогаш и без наведување извор/ автор. некогаш тоа може да се случи во брзина и желба што поскоро тоа што тебе ти привлекло внимание да го споделиш со твојот круг на пријатели или следбеници, но јас повеќе го напишав тој статус од аспект на развивање на личност врз основа на плагијаторство, не на “пиратерија“, оти така ќе следува ера во која ќе се “изродат“ (пре)многу “оригинални“ автори на се` и сешто, а во суштина тие ќе бидат празни, без никаков одраз на тоа што го споделуваат, односно “пишуваат“.



државите крадат трговски и економски тајни, бизнис компаниите - идеи. живееме во модерно време во кое крадењето се гледа се повеќе како “преземање“, од аналогијата на sharing is caring, односно потребата одредено нешто што во сегашно време има некаква “пазарна“ т.е. “интерактивна“ димензија и вредност. 

генерално - подобро да бидеш тивок и да слушаш што другите говорат, отколку да го повторуваш кажаното во твое име, како мали за таквите  имаше име, “повтарачки папагал“, а секако дека оние кои имаат потреба од (поголемо) внимание би биле далеку посрушени интелектуално“, доколку им се (у)каже на тоа дека вистинските човечки вредности имаат друга основа, друга база, далеку посуштинска од тоа да говориш во твое име, а (не)свесно да цитираш друг. и да, овде не мислам на вербална комуникација, универзална мисла и “космичка“ вистина кои се (редовни) постулати на нашиот секојдневен говор, туку за се она што е напишано на социјалните/ друштвени мрежи и во очите на другите ги рефлектира твоите таленти, критичност, свесност за времето во кое живееш, како и основните човечки вредности.

или пак сум премногу наивен?! :)
p.s. АЈТ убав ден да си имате
on Wednesday, June 13, 2012
.
.
Сакам да фатам ред во безредието и ќе започнам со најшокатната и најНеважната вест за мене, но сепак, заради заедничкото срцебиење со државата и народот во Неа, веста за напуштањето на кариерата (каква и да ја имал) на мегаултранеон ѕвездата со унисекс галаксии Боки 13. Толку, уф! Мора да биде фамозно.. !

Нејсе, ја затвориле А2. Што сакав тука да кажам:
.се додека не ја затворија, 'не знаевме' дека А2 чувала фактор А1 во себе. сигурен сум дека повеќето 'загрижени само на поминување контале дека таа 'телевизија' единствено што прави е - вегетира!
 
.. и така за да биде позанимлива темата се вклучија многумина активни посматрачи кои сметаа дека за тоа (не) е виновен БЦ и дека крајно време е владата да си оди. Клише. End of story. Или кој знае може ќе се собере повторно група на протестирачи и ќе се радуваме заедно дека сме повторно на улица.

Младината не треба да се води од слепилото на еден културен шунт кој само мрчи, туку треба да гради сопствени ставови за сите проблеми кои го опкружуваат! А2 не е наша работа.. како ни млекарот, лозарот, тракторџијата што чувал ноеви и тн.  .т.е  не се важна работа директно, индиректно навлегува во повеќе слоеви од корекциониот пат кој треба да го врвиме.

.слепилото на младите е полошо од она наследното, кое ни доаѓа од колено на колено, како клетва што следи седум поколенија!

Како активисти мислам дека ги изгубивме нашите стремежи.. ниско паднавме.. трчаме по секој трач и правиме протести! (некој тоа го вика Слобода!)

Факт е дека младината полека полека во својот хибрид назадува во развојот од своите претходници. Се повторуваме, следиме, се организираме по начин кој е полош и од оној на комитите, ајдуците, револуционерите. Водиме слепи борби, испуштаме кревки гласови, организираме  бесцелни протести, промовираме мини-лидери секоја недела. Но, дали е тоа што една држава полна со проблеми треба да го очекува од иднината на нејзините жители?

убаво е тоа СЛОБОДАта, но кога имаш валидни информации пред себе, слободата наспроти мушкањето нос таму каде што не му е местото (читај институционални транзициски битки) воопшто не е граѓански активизам.. повеќе е слепило.

Или некој не разбрал правилно што е коректура на општеството или дома никогаш не добил право на глас и сега се што не му штима е тема за ново мрчење. Иронијата никогаш не била убав звук на камбанаријата, а несигурноста од иднината создава цинично размислување, недоверба, налудничав абсурд..

Ете како треба уште многу работи да се решат во државата, макар тоа било чистка и на моите братучеди! сите кои си го барале (краделе, прикривале, фалсификувале..) треба да си го добијат..

!кога македонскиот интелект игра ластика и суди дали А2 треба да се затвори и се диви (со и без иронија) на (откажаниот) концерт на Боки 13!.. is there anything more real?!

.и светите билборди ги тргнале. no more solutions!
.



Да, да,
секако дека има нешто што е уште поreal од досадните преписки на новинарите, нивното непознавање и фрустрација од законите кои сами индиректно си ги наметнале. Тука е отсранетиот билборд за кој со двете раце кренати тврдам дека повеќето не сконтаа дека е уметност, а не обична реклама, а далеку беа од тоа да остават простор на минувачите да го доживеат целиот тој хумор, скриена сатира која самата идеја на билбордот (уметничкото дело) ја носи. Овде станува збор за избрзана одлука, мислам дека тие недоразбрале дека станува збор за Уметничко дело, а не за комерцијален билборд. (х2)

Според авторот од АРС Акта, билбордот беше уметничко дело кое се изложуваше во рамките на Креатива, а неговото отстранување е акт на цензура.

Отстранувањето на билбордот е акт на незнаење, на непознавање на целата информација. Штета што овој проект „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“ кој требаше да биде (е) [...] тридневен настан, кој опфаќа шест тематски целини: звук, текст, облик, мултимедија, комуникација и дискурс" ќе остане како историја на желбата да биде урбан фестивал, пошо луѓето се уште сакаат, а богами и купуваат за 150 денари портрет на охриТ и 300 денари пејЗаШ за на свадба!

На здравје среда, 13 јуни 2012!
.
.
on Thursday, March 15, 2012
:нешто во врска со цензурираната емисија на васко ефтов.docx




.Пред некој ден facebok се поплави со информацијата дека емисијата `во центар нема да се емитува во редовниот термин на ТВ Алфа. Тогаш и мене ми беше интересно да споделам статус, она погоре чисто да видам каков бран на мислења ќе добијам од мојата околина. Мислам дека демократијата и Мирот се многу важни, затоа уште од старт би рекол дека односот на ефтов со аудиториумот, за моите стандарди и ниво на толеранција е премногу агресивен, циничен, очајно вулгарен, дискриминирачки кон соговорникот (некогаш) и кон масата која го гледа (почесто), омаловажување и глупост за целиот народ е да рефлектирш ена таква искривена перспектива како вистинита, не сум за да се сопре гласт, но сум да се рафинира, прочисти, филтрира.. да стане похуман, така може ќе стане и погласен и поразбран. хистеричноста, нафрленоста во никој случај не се прифатени како добри нчини за комуникација..

редовно не го гледам, но во групата која ја има на fb македонскиот народ споделува интересни содржини и некогаш (многу ретко) може да се најде добар соговорник за одредена дискусија. Сега после неколку дена и кога телеивзијата даде одговор (1, 2, 3) зошто неговата емисија не е пуштена и на некој начин ги (ре)дефинира своите правила на маркетиншка политика, не гледам некоја заинтересираност за `проблемот, неговата помпезност и сензација иако до сега замислете го гледале повеќе 5о ооо луѓе и мојата теза дека нема да има огромна посетеност падна во вода. Да, дефинитивно youtube добро си ја гледа работата и го update-ира и регулира бројачот, сепак едно е да следиш нешто актуелно, друго да се согласуваш со изреченото во емисијата.

:преписки и летачки содржини по истава тема од мојот статус..

Katerina емисијата да, во ред, ја качи на youtube, мене ми е поважно да слушнам мислење.. зарем е навистина `толку агресивен` во говорот да биде прескокнат од програма..

мојот коментар во групата: кликајте го youtube линкот, овде кога се гледа counter-от не брои. или навистина само 300 луѓе ја гледале? :D

Dragan Divanisov во суштина сме навикнати на вакви емисии/ставови, длабоко пропагандно политичка и агендашки навивачка со удар на емо перцепциите кај хои полои гледателството, и не гледам особена причина за цензура .. можеби актуелниот момент е малку трики, ама генерално со оглед на медиумска сеотвореност може да биде контрапродуктив


Mitko Gogov да, зошто васко пушта вода и за форшпаните на алфа со проектот 2014 и воопшто не кажа дали е само презакажан терминот или е откажано нејзино емитување. не оди транспаренто како новинар и тоа го коси моето мислење за генерално да размислувам дали е демкратско или не. политиката на приватна телевизија е нешто сосема друго. а, дека во мк живееме за сензации, тоа е факт. topic is not important, though :)

Dragan Divanisov не ме интерсериаат оние ситни причинско последични правдања и процедури со кои ќе се оправда/осуди самата цензура, тоа е губење време, ќе си кажат тие сите, од ефтов, алфа тв, до цензорот :) бем ти демократија заснована на сензација, само јал(д)ови плодови ќе роди таа овошка, битен е топикот, ептен битен :)

Анета Василева Mite se sto kaza e vo red samo edno ne: Vo Makedonija nema privatna televizija. Ovde se e drzavno.

:ме замисли на многу начини целата таа галама која ја направи ефтов, скандалозност која тој сам посебе ја има каде и да оди. (#најдобарновинар?!) Но, мислењето на професорката ми дава сосема нова димензија. Немам предиспозиции да навлегувам детално во суштината на ова, но дека бев спамиран зо оваа информација мислам дека е задолжително ова да го споделам.

Biljana Vankovska

Ja vidov cenzuriranata emisija "Vo centarot" na Eftov i ostanuvam na mislenjeto deka covekov e palikukja, deka ima edinstvena agenda da razgori omraza, preku ponizuvanje na Albancite da im pokaze deka treba da se radikaliziraat i da se svrtat (navodno, samo protiv) Gruevski. Uste koga glaven adut vo celata prikazna mu e Bejrutizacija i Kim Mehmeti da analizira - se e kazano!

:Иако на моменти се збунив на тоа како во вмровска недемократска Земја зборува толку против Грујо, воопшто не ме збуни односот кој го има наспроти малцинството. Загрижувачки е да бидат медиумски експонирани луѓе кои си поиграваат со свеста на народот и го насочуваат кон погрешно мислење.


Mitko Gogov за државата сме виновни сите, и за тоа во каков изрод од општество ја претворивме. секој помалку или повеќе, мразам кога вината се бара во друг. и тој сега ќе ја бара вината во други и ќе употребува погрешни термини. политиката преку уредникот, монтажерот, камерманот - кај народот на fb не е убава, погрешна. муабетот би требало да биде приватен меѓу нив двајцата,(уредник и тој).. што, како, зошто, за што се работи.. да биде прв информиран. зошто не е така (и не само во телевизиите) се работи за кои треба да се запрашаме сите.

инаку од секогаш ми се смешни анкетите, коефициенти, лупањето бројки, безцелното деградирање на човечката свест. не е потребно да си македонец или албанец да разбереш дека ова е девалвација на интелектот, навреда на било која свесна форма. наметнувањето на погрешна слика за сите теми кои впрочем ние самите ги праваме актуелни е одговорност на сите нас.

_________________________________

..

овде (во постот) има многу глупости од секаков вид, сега би можел да го преправам текстот, да модифицирам мислења (мои), но, нека го.. помислувам во моментот повеќе на маршот за МИР отколку за тоа упорно да се биде во центарот. ;)

.


on Wednesday, February 1, 2012
.
.
.она за што често зборувам овде на овој блог се социјалните платформи, нивното влијание, начинот на употреба и сл. Pete Cashmore е познат како еден од вработените, а можеби и сопствениците на mashable кој на неговиот facebook профил објави:

:Todd Wasserman вели дека откако facebook ја лансираа опцијата subscribe неговиот ѕид со новости [news feed] е преполн со информации од нив, новинарите (како него во овој случај) што е спротивно од личната/ основната природа на facebook.

Pete Cashmore вели дека лично ги ужива придобивките со оваа опција и информациите кои го хранат/ полнат неговиот ѕид со информации и тоа е во некој баланс со личните информации и вестите, што е добро. Десертот и салата се на исто место.
.

Преплатничкото (subscribe) копче работи добро и за самата компанија facebook. Ако целта беше да ги привлечат новинатирете од twitter да имаат посериозни дискусии на facebook.

.што би додал јас на сево ова, освен да споделам како јас гледам на работите со искуството кое го имам со повеќе од 4000 пријатели и мислам дека сликата која ја следам во news feed е значително блиска на онаа која повеќето од блогерите ја имаат.

:на почетокот е важно да се нагласи дека недостатокот од целосен круг, сеопфатен, кој би ги презентирал сите твои пријатели е невозможно. Дури и обидот со креирање на групи, групни пораки и сл. Сеуште е проблем да се следат сите, ама апсолутно сите пријатели. .. не наш, јас не знам ни дали би сакал да имам инфо од сите тие 4000 луѓе на мојот news feed, is way to much за самиот facebook.

Имам повеќе од 50 луѓе кои се subscribe на мојот профил и со оглед на тоа што повеќето од работите кои ги споделувам, ги споделувам јавно тие имаат можност да ја следат содржината, моите информации.
.што се однесува на тоа колку информации имам во мојот news feed од оние на кои сум јас subscribe би се согласил со Pete, дека сепак количината на информации која ја примаме е во одличен баланс на потребите кои со текот на овие години сме си ги составиле сами. се зависи од начинот на кој комуницираш, како комуницираш, каква содржина ти се допаѓа и тн.
.

.

Што мислите Вие? Дали Ви недостасуваат повеќе приватни, лични информации поради новостите и информациите на кои сте преплатени? Мислите ли дека треба да се промени #алгоритамот?!, како би се променил континуитетот и содржината ..
.
.
on Saturday, January 7, 2012
.
.
.


.
:во зависност од тоа на која точка на планетата Земја живееме можеме различно да ја анализираме самата употреба на социјалните мрежи, нивната корист; бенефитот кој се добива како и негативните искуства кои со текот на годините еволуираат истовремено со се` самиот развој.

Факт е дека секојдневието наметнува и поголема употреба на дел од тие мрежи каде создаваме сакајќи или не виртуелни карактери кои еден ден ќе бидат рефлекси на на тоа што вистински сме во социјалниот живот и надвор од мрежата која ја составуваме, живееме секој ден. Тие виртуелни карактери се дел од развојот на социјалните платформи како цело, потребата од градење на идентитет кој ќе биде делумно вистински одраз на тоа што сте вие е еден од следните чекори, веќе дел од платформите бараат верифицирање на идентитетот, а и фидбекот кој се добива со самото тоа е пореален.

Пореален, или реалноста која се наметнува како следен сегмент на истражување наведува на тоа дека во зависност од возраста на корисникот зависи и начинот на кој една платформа, социјален медиум се користи. Кај помладите очигледен е фактот дека fb како алатка се користи најмногу, не би сакал да навлегувал детално во анализата на начинот на кој младите ја користат, но би ги потенцирал: забавата, запознавањето, играњето во мрежа само како мал дел од активностите кои ги привлекуваат таму. додека од друга страна поделбата на употребата на fb од страна на возрасната популација исто така доби на израз.

Самиот развој на социјалните мрежи носи и бенефит и привилегии за некои од корисниците, прогресот во развојот на pages, timeline, groups, направи корисниците со исти (common) полиња на интерес да се вмрежуваат.

Во групите сега е многу полесо да стигнеш до барана информација, преку страница да ја промовираш твојата содржина, продукт, .. а со новиот timeline и приватните профили да добијат едно поубаво визуелно доживување.
.
.

:Од друга страна, овде сеуште е twitter, која се смета за социјална алатка која во текот на годините доживеа некои минимални upgrate-и, но сепак успеа и визуелно и по квалитет да ја задржи публиката, корисниците, како и содржината. Деловниот пристап кој суптилно го наметнува twitter прави да сепак колку и тоа да е второстепен обид на рекламирање на виртуелна содржина, тоа да остане како главен двигател, мотор, или основна идеја на оваа платформа за дејствување, односно работа.
.

Секако дека како негативни ефекти кои доаѓаат напоредно и со развојот на социјалните медиуми се: преголемиот trash квантитативен резултат кој го прават премногуте форуми, web страници, бази на податоци како цело и потребно е истенчено око, или sense при изборот на она што е квалитетно и селекција која сепак не ги задоволува само твоите естетски и подковани со знаење извори.

Не би можеле длабоко да навлегуваме во истражување, но првоначално можеме да нагласиме дека секој еден медиум во текот на својот развој, доживува најразлични промени, а со тоа и директно влијае позитивно или негативно на неговите корисници, но освен fb и twitter, како највлијателни социјални платформи, би било добро да ги нагласиме и google+ како една од платформите кои допрва ќе се усовршува, tumblr, posterous, wordpress, blogger, flickr – за фотографија, soundcloud – за музика. ..има уште толку многу платформи кои секоја посебно различно влијае во социјалните медиуми како и различно што остава трага во овој network.
.
.

Но, секако за да се направи поконкретна анализа на социјалните мрежи потребно е подлабоко да се навлезе во суштината и насоките кои ќе се допрат да бидат по конкретни, на пр. Кога fb не би постоел, ограничување на времето поминато на интернет, fb vs twitter кое што нуди како копманија, начин на градење на виртуелен карактер, негативни искуства со виртуелни профили, иднината на социјалните медиуми и тн.
on Thursday, December 1, 2011
.
.
.
.
Социјалните медиуми стануваат се популарни за разлика од минатите година. За оваа година некои истражувачки агенции почнаа да ги презентират нивните статистики за употребата на овие платформи секојдневно.

Брјот на корисници на социјалните медиуми/ мрежи е' во пораст и тоа е факт, која е иднината на овие мреже се уште е дискутабилно да се дискутира. Пред некој ден видов прашање на g+ каде ги гледаме социјалните медиуми после 10 години. Едноставно, иако се рабoтеше на профил на позната ѕверка од twitter сферата, на g+ заинтересираноста за неговата работа и не е така голема, па се одлучив да го кажам моето мислење.

Тешко е да се обедиме да се проектираме во иднината така лесно, за тоа што во подем е развојот на модерните технологии, доволно е да се завртиме назад во последните 10 години и да го анализираме нивниот прогрес. Би можеле да играме на варијации за развојот до следниве неколку години, но никако толку далеку. ..или како би одело во оригиналната форма залепена на неговиот ѕид "u don't think is to much visionary this question?! 10 years is a lot of time dude, when u can see how far d social media develop in d last 10 years!

for me in a couple of years, nobody will use the PC, the ipad will be more childish tool and d notebook is d engine with d cosmic configuration. this smart phones, apps etc will be joke for new era kids :D
"

Социјалните медиуми секојдневно се натпреваруваат, кој повеќе корисници ќе привлече, кој каква понуда ќе приложи на пазарот, квалитетот на платформата од технички аспект е исто така мотивација за developer-ите да истражуваат и да напредуваат. ..

. ..во видеото во продолжение ќе видиме сумирање на социјалните медиуми и нивната активност во изминатава 2011 година. Бројките секогаш ќе бидат прашање, дали се точни или не, сепак се работи за истражување од широк размер, би требало да ги занемариме минималните разлики помеѓу инфографиците кои излегуваат секојдневно, сума сумарум според споделувањето на оваа информација денес, станува збор за солиден извештај и одлично ретроспективно истражување за 2011 година.





Доколку сакате и сте заинтересирани да видите подетален и посуштински видео инфографик кој ја истражува истата тема би Ви препорачал да го погледнете и ова Social Media Revolution video, изработено од Erik Qualman [ Socialnomics ] кое далеку подобро ја отсликуваат оваа тема, но, сепак статистиките се од поголема значајност за територијата на континнентот отаде барата.





via digitalbuzzblog
Related Posts with Thumbnails