. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
Showing posts with label политика уметност. Show all posts
Showing posts with label политика уметност. Show all posts
on Sunday, August 19, 2012
.и така ние продолживме да се сакаме, како да не било ништо! #srnetfail


Не верував дека во недела, во атмосферата и присуството на два големи духовни празника јас ќе се занимавам со "локално новинарство и информирање од прв степен". Синоќа на дел од акредитираните новинари не им било дозволено да присуствуваат на ‘пресот’ кој всушност не ми е јасно за кого е наменет ако не за медиумите.

Всушност, на менаџерот не му се давало да ја малтретираат госпожата Цеца, па затоа дел од новинарите се почувствувале навредени, дискриминирани и тн. И згора на сите тие 'епитети' тие продолжија со професионалноста и информирањето, како да нема што друго да се пишува. (а има ли?!)

Како прво ако веќе од старт ја имаш информацијата дека “менаџерот” си има своја политика тогаш зошто осамнуваш со сензација од наслов “Струмица Опен Фест“ ги дискриминираше медиумите!? , знаеш ли дека тоа е директна саботажа на фестивал за кој се потрошени многу пари, мобилизирани многу луѓе и овој наслов може да го растури угледот на фестивалот во иднина. По асоцијацијата “прво па мушко”, не би зборувал за програмата на фестивалот туку би посветил внимание на тоа колку е стабилен медиумот кој ја пушта информацијата и колку се веродостојни сите информации на него.

Како второ, вообичаено очекувано ‘плачење’ (повеќето го дефинираат како такво, извини) иако јавно (пред 15 000 луѓе) го погазуваш, повлекуваш (само) со реакцијата на СОФ?!? - која е професионалноста која овој медиум (портал) ја нуди?


Професионалното новинарство не се создава преку ноќ (погледни кога е постирана првата информација), никако не се саботира настанот, ако е УБАВО нагласено дека Вие сте еден од медиумските покровители/ поддржувачи, или сеедно е дали некој некому му наштетил или дали некој некому му одзел (скапоцено?!) време со пополнување на неговиот временски простор со ширење на негативна информација која всушност од корен е неточна!

Има ли потреба од таков наслов?! Има ли потреба од каење со објавување на официјалната реакција од страна на организаторите на СОФ?!

- Сметате ли дека е тоа доволно или публиката заслужила повторно да го слушне она Ваше оправдување (како медиум) зошто во никое време сте објавувале нешто што лично ве повредило. Професионалност е да чуеме Ваш став (како портал) што после реакцијата на СОФ! ..како се носите со Вистината, беше ли тоа маркетиншки трик кој ќе привлече поголемо внимание кај публиката за фестивалот, ќе донесе ли кај Вас поголем интерес како портал и тн.

Зарем сега, кога во моментов се работи за Цеца и за некои слики и видеа ќе помислите дека некој воопшто не следи и не памети, истата причинска последица може да се повтори и тоа не за ваква банална тема, туку за некоја која има многу, многу поголема важност, од онаа "entertain your stupid fellows?!"

Сметам дека Роберт (и порталот Srnet) има задача да се извини јавно на СОФ, неколку часови направи да се насобере огромна негативна и незадоволна маса (непотребно) и да му каже, условно де ;) ‘нек си еба мајката’ менаџерот на Цеца поради неговата интимна (скроена) политика.

Организацијата на СОФ привлече најмногу посетители до сега, градот не памети таков настан од времето на посетата на Тито. Нема да навлегувам во тоа колку ми/ни се допаѓа, дали воопшто ми/ни се допаѓа, зошто не ми/ни се допаѓа, кој дел од програмата би го променил(е), кој би го анализирал(е).. за тоа можеби понатаму!

p.s. корка леб секогаш тешко се заработува!
on Thursday, March 15, 2012
:нешто во врска со цензурираната емисија на васко ефтов.docx




.Пред некој ден facebok се поплави со информацијата дека емисијата `во центар нема да се емитува во редовниот термин на ТВ Алфа. Тогаш и мене ми беше интересно да споделам статус, она погоре чисто да видам каков бран на мислења ќе добијам од мојата околина. Мислам дека демократијата и Мирот се многу важни, затоа уште од старт би рекол дека односот на ефтов со аудиториумот, за моите стандарди и ниво на толеранција е премногу агресивен, циничен, очајно вулгарен, дискриминирачки кон соговорникот (некогаш) и кон масата која го гледа (почесто), омаловажување и глупост за целиот народ е да рефлектирш ена таква искривена перспектива како вистинита, не сум за да се сопре гласт, но сум да се рафинира, прочисти, филтрира.. да стане похуман, така може ќе стане и погласен и поразбран. хистеричноста, нафрленоста во никој случај не се прифатени како добри нчини за комуникација..

редовно не го гледам, но во групата која ја има на fb македонскиот народ споделува интересни содржини и некогаш (многу ретко) може да се најде добар соговорник за одредена дискусија. Сега после неколку дена и кога телеивзијата даде одговор (1, 2, 3) зошто неговата емисија не е пуштена и на некој начин ги (ре)дефинира своите правила на маркетиншка политика, не гледам некоја заинтересираност за `проблемот, неговата помпезност и сензација иако до сега замислете го гледале повеќе 5о ооо луѓе и мојата теза дека нема да има огромна посетеност падна во вода. Да, дефинитивно youtube добро си ја гледа работата и го update-ира и регулира бројачот, сепак едно е да следиш нешто актуелно, друго да се согласуваш со изреченото во емисијата.

:преписки и летачки содржини по истава тема од мојот статус..

Katerina емисијата да, во ред, ја качи на youtube, мене ми е поважно да слушнам мислење.. зарем е навистина `толку агресивен` во говорот да биде прескокнат од програма..

мојот коментар во групата: кликајте го youtube линкот, овде кога се гледа counter-от не брои. или навистина само 300 луѓе ја гледале? :D

Dragan Divanisov во суштина сме навикнати на вакви емисии/ставови, длабоко пропагандно политичка и агендашки навивачка со удар на емо перцепциите кај хои полои гледателството, и не гледам особена причина за цензура .. можеби актуелниот момент е малку трики, ама генерално со оглед на медиумска сеотвореност може да биде контрапродуктив


Mitko Gogov да, зошто васко пушта вода и за форшпаните на алфа со проектот 2014 и воопшто не кажа дали е само презакажан терминот или е откажано нејзино емитување. не оди транспаренто како новинар и тоа го коси моето мислење за генерално да размислувам дали е демкратско или не. политиката на приватна телевизија е нешто сосема друго. а, дека во мк живееме за сензации, тоа е факт. topic is not important, though :)

Dragan Divanisov не ме интерсериаат оние ситни причинско последични правдања и процедури со кои ќе се оправда/осуди самата цензура, тоа е губење време, ќе си кажат тие сите, од ефтов, алфа тв, до цензорот :) бем ти демократија заснована на сензација, само јал(д)ови плодови ќе роди таа овошка, битен е топикот, ептен битен :)

Анета Василева Mite se sto kaza e vo red samo edno ne: Vo Makedonija nema privatna televizija. Ovde se e drzavno.

:ме замисли на многу начини целата таа галама која ја направи ефтов, скандалозност која тој сам посебе ја има каде и да оди. (#најдобарновинар?!) Но, мислењето на професорката ми дава сосема нова димензија. Немам предиспозиции да навлегувам детално во суштината на ова, но дека бев спамиран зо оваа информација мислам дека е задолжително ова да го споделам.

Biljana Vankovska

Ja vidov cenzuriranata emisija "Vo centarot" na Eftov i ostanuvam na mislenjeto deka covekov e palikukja, deka ima edinstvena agenda da razgori omraza, preku ponizuvanje na Albancite da im pokaze deka treba da se radikaliziraat i da se svrtat (navodno, samo protiv) Gruevski. Uste koga glaven adut vo celata prikazna mu e Bejrutizacija i Kim Mehmeti da analizira - se e kazano!

:Иако на моменти се збунив на тоа како во вмровска недемократска Земја зборува толку против Грујо, воопшто не ме збуни односот кој го има наспроти малцинството. Загрижувачки е да бидат медиумски експонирани луѓе кои си поиграваат со свеста на народот и го насочуваат кон погрешно мислење.


Mitko Gogov за државата сме виновни сите, и за тоа во каков изрод од општество ја претворивме. секој помалку или повеќе, мразам кога вината се бара во друг. и тој сега ќе ја бара вината во други и ќе употребува погрешни термини. политиката преку уредникот, монтажерот, камерманот - кај народот на fb не е убава, погрешна. муабетот би требало да биде приватен меѓу нив двајцата,(уредник и тој).. што, како, зошто, за што се работи.. да биде прв информиран. зошто не е така (и не само во телевизиите) се работи за кои треба да се запрашаме сите.

инаку од секогаш ми се смешни анкетите, коефициенти, лупањето бројки, безцелното деградирање на човечката свест. не е потребно да си македонец или албанец да разбереш дека ова е девалвација на интелектот, навреда на било која свесна форма. наметнувањето на погрешна слика за сите теми кои впрочем ние самите ги праваме актуелни е одговорност на сите нас.

_________________________________

..

овде (во постот) има многу глупости од секаков вид, сега би можел да го преправам текстот, да модифицирам мислења (мои), но, нека го.. помислувам во моментот повеќе на маршот за МИР отколку за тоа упорно да се биде во центарот. ;)

.


on Friday, February 10, 2012
.
.
.интересен текст излезе во @плусИнфо, но некако осеќам дека целата таа ситуација таму не е чиста, не би сакал да споделувам нивни информации, линкови во целост. секој си има свое право моето е да не сум склон во целост на политиката која ја промовираат, но делумно да стражувам во нивната содржина. уметноста и архитектурата - жртви на диктаторската владеачка пропаганда' е текст во кој зборуваат Зоран Поповски (теоретичар и дигитален уметник), Никола Узуновски (мултидисциплинарен уметник) и Мирослав Грчев (архитект).
.
.

.знам дека е очајна самата помисла за проектот #2014 и многу би рекле кој си ти да збориш, но факт е дека овој текст во ниеден момент неправедно не фрла црна сенка на целава таа архитектска, уметничка фела која со овој проект се однесува спротивно од целиот глобален систем и развој на архитектурата како цело.

Зоран Поповски вели: "..се најамбициозното нешто што досега се случило во македонската уметност од аспект на нивниот обем и буџет" и за жал тоа е факт не само за оваа 'армирана бетонска влада' туку и за сите раководители на државата досега воопшто. место уметноста да се прифати како основна алатка на културата преку која народите околу нас се поврзуваат и да започнеме со проект бележје на државата, глобално, биенале, триенале, колонија, молонија. .. но, не со ситни пари, ние (како држава) се втурнавме во градење на нешто кое ама баш не беше потребно. посебно не во овие моменти на глобални кризи, економски пад и тн. за квалитетна, висока уметност се потребни пари, не некои кои немаат опит. неискуството е навлезено како рак во сите сфери, што може непријатно да резултира во иднина. Нам не ни се потребни вакви промени, потребни се посуштински разместувања на генетскиот склоп кој го имаме како народ, гледиштата, перцепцијата, отвореноста, адаптацијата, следење на позитивните аспекти на глобалниот поредок. Знам премногу визионерски, но, се си чинам тоа исто е како и владата. ..

..и би се согласил со Никола Узуновски за тоа дека место да гледаме со очите на иднината, да пробаме веќе постоечката архитектура која е од културна вредност за државата да ја заштитиме и обновиме, ние пред Нас гледаме како таа се распаѓа и наспроти никне нова, иста. .. но пластична, без душа (чунки не е од тоа време - едноставно). додава, кај нас "владее стариот едукативен систем за визуелни уметности, кој е заснован за социјалистичкото општество, каде што улогата на уметникот била да ги претставува вредностите на системот."

во време кога sustainable development (самоодржлив развој) како термин навлегува во сите форми на општеството и пробува да го промени, усоврши, надогради, во време кога гледаме архитектура која во себе ги содржи сите човечки врвни достигнување (еколошки, социјални, технолошки..) ние пред нас ја имаме единствената 'можност' да ги видиме 'атинските' високи столбови осветлени со некоја ефтина зелена сијалица.

:photo credits to Матеј Богдановски
Related Posts with Thumbnails