. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
Showing posts with label мислење. Show all posts
Showing posts with label мислење. Show all posts
on Wednesday, December 3, 2014
.
.

  “А со кое право ти сакаш да ме учиш?”




Го гледам ова прашање во твоите преплашени очи, слушам како го изговара твојот дрзок јазик, Мал човеку!

Се плашиш да се погледнеш во очи, се плашиш од критика, Мал човеку, како и од моќта што ти ја ветуваат.

Не знаеш како би требало да ја користиш својата моќ. Не се осмелуваш ниту да замислиш дека кога било би можел себеси да се чувствуваш поинаков отколку што си сега: слободен наместо наведнат; отворен, наместо што постојано озборуваш и криеш; себеси како водиш љубов среде ден, а не како крадец, во мракот на ноќта.

Ти самиот себе се презираш, Мал човеку.
Велиш: “Па кој сум јас за да имам сопствено мислење, самиот да одлучувам за својот живот и светот да го прогласувам за свој?”

Имаш право: Кој си ти да полагаш право на својот живот?

Јас ќе ти кажам кој си!“

Вилхелм Рајх
on Friday, May 2, 2014


Ова не е конечниот текст, повеќе е белешка или збир на белешки, а конечниот текст можеби ќе биде кога ќе завршам некои важни работи за мене. Како и да е, многу изненаден од се почестата теза за современата естетска и критичка мисла по која модерната уметност и не била баш модерна, туку дека тоа било период (дваесеттиот век) на "интелектуален херметизам", а она што претставува денешната уметност е вистинската - "модерна". Со оглед на тоа што оваа теза зема се поголем замав, чувствувам потреба да одговорам, односно реагирам.




Исто така, со оваа теза, денешниот уметник треба да разбере дека тој е на пазарот на уметнички дела и во согласност со тоа треба да се бори за подобро брендирање и прифаќањето на неговата (уметничка) работа. Мислам дека внимателен и образован читателит уште овде може да најде аргументи против таквиот став.

Што е тоа: интелектуален херметизам? Овој термин не постоеше во текот на минатиот век, колку што знам јас. Херметизмот постоеше како една од струите на современа уметност, но тоа движење не е даде капитални дела. Херметизмор секако дека отвори некои интересни прашања не само за модерната, но, исто така и за уметноста воопшто, и ќе биде запаметен поради отворањето на овие прашањ. Повторно ќе напоменам дека, во рамките на херметиката или херметизмот не постоеше струење или група на автори кои се залагаа за интелектуален херметизам.

Би било интересно да побараме толкување на овој контекст од такви критичари како адолесцентот Рембо. Тогаш, да видиме како во интелектуалниот херметизам би ги сместиле имагинарците (Есенин, на пример), како да го погледнеме Лорка кој структурата на неговата поезија толку често ја црпи од популарните народни извори, а тука би можел да споменам уште стотици важни имиња на модерната поезија, проза, визуелна уметност ... Дали "Amarcord" на Фелини претставува интелектуален херметизам? - Според моето разбирање, не е.



За време на владеењето на "интелектуалниот херметизам" колку што се сеќавам јас, киносалите беа претесни за сите заинтересирани кои сакаа да ги видат филмовите на Тарковски, Бергман, Фелини и други големи филмови. Во просториите во кои се одржуваа литературни вечери, луѓето стоеја (бидејќи немаше доволно седишта) додека ги следеа претставувањата на поетски книги кои денешните толкувачи сакаат да ги сместат во интелектуален херметизам. Ликовните изложби во тоа време беа навистина посетени ... Списанијата за култура беа печатени во тираж од десетици илјади примероци. Книгите со "херметичка" поезија беа печатени во
неколку илјади примероци ... Треба ли да продолжам да набројувам?

Денешниот школски систем е заглупен, а културните институции се пренатрупани со експлицитен (примитивен) банализам, кој наводно сега претставува современа уметност која светот ја разбира. - Не знам ја разбираат ако салите се испразнети, списанија речиси угушени и маргинални, а книгите со поезија се објавуваат во тираж од педесет копии? Сега би сакал да прочитам како се интерпретираат овие околности од страна на оние кои го заговараат пазарот во уметноста (јас сум, секако, против таквите ставови, но им дозволувам на другите да имаат поразлично мислење). Не постои пазар! Каков е овој пазар ако книгата се печати во тираж од педесет копии? Што сакаат да кажат? Какво е ова залажување на свеста! Да, тоа е залажување на свеста!



Што е тоа модерно во рамките на денешната т.н. тековна уметност, освен банализам? Повторно банализам! - Тоа е од една страна еден вид на уживање на невладиниот сектор и тематско лепење поврзано со прашањето за тој и таквиот сектор (без разлика дали е глобалистички, дали национален, сеедно), и второ, тоа е бесмислено “верглање“ на истите тематски блокови. Без оглед на тоа дали се работи за глобалистичките или националистичките - нивната форма претставува враќање во минатото, најчесто во средниот век. Меѓу новите "модернисти" нема нов уметнички пристап, има нова постапка, нема нови структури, нема нов израз, термин, бидејќи сето тоа е до болест банално.

 Оваде не мислам на оние автори кои не се грижат за "новите хоризонти", туку навистина прават значителен придонес за уметноста на модерниот свет. Тие обично создаваат во тишина, на страна и независно од пазарот, надвор и независно од овие "понови" класификации.

Автор: Никола Китановиќ
Превод: Митко Гогов


on Sunday, February 17, 2013

I think our society is run by insane people for insane objectives! John Lennon


За жал или за среќа ова го кажал многу одамна славниот Џон Ленон и воопшто не погрешил кога ја дефинирал тогашната ситуација. Тој дополнил дека можеби е полесно да ги прифатат такви какви што се затоа што во времето кога се појавиле на сцената биле сеуште мали и речиси невини за политичките ѕверови, но како годините поминувале - нивниот непроменет стил и начин на изразување на нивниот креативен порив полека, полека почнал да предизвикува проблеми.

Не е лесно да ја имаш способноста рационално да размислуваш и да си свесен дека си избрал кандидати кои се политички манијаци кои избрале манијачки начин на владеење. Ако се обидеме да ги согледаме начините на кои сме третирани како жители на планетата земја ќе забележаме дека воопшто нема разлика во владеењето на глобалните општества и влади.

Вистина ли е дека налудничави луѓе владеат со нашето општетство? Манипулативни крвопијци кои кројат психопатска политика? Би требало ли народот и во 21 век сеуште заслепено да гласа и да дава зелен картон за животински битки? Ќе ги спасуваме животните? Човеколиките или оние другите?

Од една страна може да му се восхитуваме на Џон Ленон како на музичар и уметник, а од друга затоа што беше еден од наголемите гласноговорници и застапници на мирот. Цитатите на Џон Ленон најчесто ги изразуваат проблемите кои ги изразуваат идеите на американското општество кое се обидува постојано да ги програмира луѓето дека сите мора да работат повеќе од колку што е доволно, некогаш и на неколку работни места, да стапат во брак, да имаат деца, да немаат проблем со тоа што живеат во предградијата, а секако и да не се грижат толку многу за нивната смрт.

Таквите луѓе немаат чувство на страст и љубов кон животот кој сепак е т.е. би требало да биде најважниот аспект на животот на сите граѓани. Секој човек мора да биде способен да чувствува, истражува, да има страсти, да може да патува, да биде ангажиран во откривањето на нови култури и да работи, но тоа да биде секако со цел да научи да го цени и живее животот во потполност.

Почнува да станува експретмно жално за сите оние безработни луѓе, но секако и за оние заглавени во работа која на крај не е исплатлива, очајно е да се гледаат луѓето како постепено почнуваат да го мразат целиот нивен живот, бидејќи идејата за "совршен живот" не е тоа што го живеат во суштина.

Среќата е клучот за се`, никогаш не се обидувајте да се договорите за помалку од тоа.
Mankind is like dogs, not gods — as long as you don't get mad they'll bite you — but stay mad and you'll never be bitten. Dogs don't respect humility and sorrow.

- Kerouac


Дали можеби дојде време да се спасуваме од оние кои сакаат да не спасат?! Денес еден мој пријател (Костадин Устапетров) сподели убава мисла поврзана со оваа тематика која оди вака: Се ослободија и од оние што не ослободија. Може и да се согласиме со погорната зборовна игра и длабоката метафора на Кероак: Човештвото е како кучињата, не боговите - се додека не се налутите тие ќе ве гризнат - но штом останете луд вие никогаш нема да бидете каснати. Кучињата не ги почитуваат смиреноста и тагата. Kога сме кај овие психолошки нивоа на некој вид активистичка неспособност и хендикеп би можеле да се седиме на тоа што го вели Жижек, парафразирам: дека можеби човештвото е ОК, но 99% од луѓето се досадни идиоти!

Во оваа новоситуирана колективна свест недостасува критикка мисла, линија која оди по краевите на кобното, недостасува глас кој повторно ќе одекне во пространството и ќе ги врати правите морали и етика меѓу вуѓето. Недостасува критичка мисла која нема да навреди, повреди, потребно е мислење кое ќе покаже нова можност, нова перцепција. Би се согласил дека со Жижек дека човештвото е ок, но би додал дека: перцепцијата на луѓето е (малку) тапа!

Без разлика дали движиме лево, десно или по средина - нашиот ОД треба да бидесигурен и стабилен! ете така. :))


on Friday, February 10, 2012
.
.
.интересен текст излезе во @плусИнфо, но некако осеќам дека целата таа ситуација таму не е чиста, не би сакал да споделувам нивни информации, линкови во целост. секој си има свое право моето е да не сум склон во целост на политиката која ја промовираат, но делумно да стражувам во нивната содржина. уметноста и архитектурата - жртви на диктаторската владеачка пропаганда' е текст во кој зборуваат Зоран Поповски (теоретичар и дигитален уметник), Никола Узуновски (мултидисциплинарен уметник) и Мирослав Грчев (архитект).
.
.

.знам дека е очајна самата помисла за проектот #2014 и многу би рекле кој си ти да збориш, но факт е дека овој текст во ниеден момент неправедно не фрла црна сенка на целава таа архитектска, уметничка фела која со овој проект се однесува спротивно од целиот глобален систем и развој на архитектурата како цело.

Зоран Поповски вели: "..се најамбициозното нешто што досега се случило во македонската уметност од аспект на нивниот обем и буџет" и за жал тоа е факт не само за оваа 'армирана бетонска влада' туку и за сите раководители на државата досега воопшто. место уметноста да се прифати како основна алатка на културата преку која народите околу нас се поврзуваат и да започнеме со проект бележје на државата, глобално, биенале, триенале, колонија, молонија. .. но, не со ситни пари, ние (како држава) се втурнавме во градење на нешто кое ама баш не беше потребно. посебно не во овие моменти на глобални кризи, економски пад и тн. за квалитетна, висока уметност се потребни пари, не некои кои немаат опит. неискуството е навлезено како рак во сите сфери, што може непријатно да резултира во иднина. Нам не ни се потребни вакви промени, потребни се посуштински разместувања на генетскиот склоп кој го имаме како народ, гледиштата, перцепцијата, отвореноста, адаптацијата, следење на позитивните аспекти на глобалниот поредок. Знам премногу визионерски, но, се си чинам тоа исто е како и владата. ..

..и би се согласил со Никола Узуновски за тоа дека место да гледаме со очите на иднината, да пробаме веќе постоечката архитектура која е од културна вредност за државата да ја заштитиме и обновиме, ние пред Нас гледаме како таа се распаѓа и наспроти никне нова, иста. .. но пластична, без душа (чунки не е од тоа време - едноставно). додава, кај нас "владее стариот едукативен систем за визуелни уметности, кој е заснован за социјалистичкото општество, каде што улогата на уметникот била да ги претставува вредностите на системот."

во време кога sustainable development (самоодржлив развој) како термин навлегува во сите форми на општеството и пробува да го промени, усоврши, надогради, во време кога гледаме архитектура која во себе ги содржи сите човечки врвни достигнување (еколошки, социјални, технолошки..) ние пред нас ја имаме единствената 'можност' да ги видиме 'атинските' високи столбови осветлени со некоја ефтина зелена сијалица.

:photo credits to Матеј Богдановски
Related Posts with Thumbnails