. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
Showing posts with label активност. Show all posts
Showing posts with label активност. Show all posts
on Sunday, February 17, 2013

I think our society is run by insane people for insane objectives! John Lennon


За жал или за среќа ова го кажал многу одамна славниот Џон Ленон и воопшто не погрешил кога ја дефинирал тогашната ситуација. Тој дополнил дека можеби е полесно да ги прифатат такви какви што се затоа што во времето кога се појавиле на сцената биле сеуште мали и речиси невини за политичките ѕверови, но како годините поминувале - нивниот непроменет стил и начин на изразување на нивниот креативен порив полека, полека почнал да предизвикува проблеми.

Не е лесно да ја имаш способноста рационално да размислуваш и да си свесен дека си избрал кандидати кои се политички манијаци кои избрале манијачки начин на владеење. Ако се обидеме да ги согледаме начините на кои сме третирани како жители на планетата земја ќе забележаме дека воопшто нема разлика во владеењето на глобалните општества и влади.

Вистина ли е дека налудничави луѓе владеат со нашето општетство? Манипулативни крвопијци кои кројат психопатска политика? Би требало ли народот и во 21 век сеуште заслепено да гласа и да дава зелен картон за животински битки? Ќе ги спасуваме животните? Човеколиките или оние другите?

Од една страна може да му се восхитуваме на Џон Ленон како на музичар и уметник, а од друга затоа што беше еден од наголемите гласноговорници и застапници на мирот. Цитатите на Џон Ленон најчесто ги изразуваат проблемите кои ги изразуваат идеите на американското општество кое се обидува постојано да ги програмира луѓето дека сите мора да работат повеќе од колку што е доволно, некогаш и на неколку работни места, да стапат во брак, да имаат деца, да немаат проблем со тоа што живеат во предградијата, а секако и да не се грижат толку многу за нивната смрт.

Таквите луѓе немаат чувство на страст и љубов кон животот кој сепак е т.е. би требало да биде најважниот аспект на животот на сите граѓани. Секој човек мора да биде способен да чувствува, истражува, да има страсти, да може да патува, да биде ангажиран во откривањето на нови култури и да работи, но тоа да биде секако со цел да научи да го цени и живее животот во потполност.

Почнува да станува експретмно жално за сите оние безработни луѓе, но секако и за оние заглавени во работа која на крај не е исплатлива, очајно е да се гледаат луѓето како постепено почнуваат да го мразат целиот нивен живот, бидејќи идејата за "совршен живот" не е тоа што го живеат во суштина.

Среќата е клучот за се`, никогаш не се обидувајте да се договорите за помалку од тоа.
Mankind is like dogs, not gods — as long as you don't get mad they'll bite you — but stay mad and you'll never be bitten. Dogs don't respect humility and sorrow.

- Kerouac


Дали можеби дојде време да се спасуваме од оние кои сакаат да не спасат?! Денес еден мој пријател (Костадин Устапетров) сподели убава мисла поврзана со оваа тематика која оди вака: Се ослободија и од оние што не ослободија. Може и да се согласиме со погорната зборовна игра и длабоката метафора на Кероак: Човештвото е како кучињата, не боговите - се додека не се налутите тие ќе ве гризнат - но штом останете луд вие никогаш нема да бидете каснати. Кучињата не ги почитуваат смиреноста и тагата. Kога сме кај овие психолошки нивоа на некој вид активистичка неспособност и хендикеп би можеле да се седиме на тоа што го вели Жижек, парафразирам: дека можеби човештвото е ОК, но 99% од луѓето се досадни идиоти!

Во оваа новоситуирана колективна свест недостасува критикка мисла, линија која оди по краевите на кобното, недостасува глас кој повторно ќе одекне во пространството и ќе ги врати правите морали и етика меѓу вуѓето. Недостасува критичка мисла која нема да навреди, повреди, потребно е мислење кое ќе покаже нова можност, нова перцепција. Би се согласил дека со Жижек дека човештвото е ок, но би додал дека: перцепцијата на луѓето е (малку) тапа!

Без разлика дали движиме лево, десно или по средина - нашиот ОД треба да бидесигурен и стабилен! ете така. :))


on Tuesday, February 14, 2012

.

Прекрасно е чувството да се види првото македонско официјално видео од групата Анонимус. Уште од самиот почеток се согласувам и ја поддржувам online оваа иницијатива и група на луѓе кои се борат за слободата на интернетот за сите. (иако овде изоставена, сепак нели сме ние интелигентни па ќе читаме меѓу редови) :D

Секојдневно тензијата расте, можете да ги видите претходните мои постови објавени на англиски овде [1, 2 и 3..] или да го прочитате овој извонреден блог пост кој пред неколку дена излезе на блогот ендек [интернетот е единствената слободна земја што остана]. Погледнете го видеото, размислете, дали сакате да бидете партиципативни/ активни или игнорирани во ова општество, и не тоа само вашето мизерно локално, туку и она глобалното. Сите Влади од светот работат против волјата на граѓаните, веќе стана премногу тешко да се живее како угнетуван жител од страна на овие корумпирани лидери на светот, кои од владеење знаат само за создавање капитал, а далеку се од заштитата на сновните природни и човечки ресурси, хуманоста, толеранцијата. .. разбирањето.

Анонимус зборува во името на Тие 99% на луѓе кои досега молчеле, траеле и се покорувале на визионерските идеи на општеството, но, од премногу визии планетата доби вртоглавица, следно е скратувањето на единствената слобода која за прв пат во еволуцијата на животот човекот ја живее и е во обид да биде ускратена, уништена. Поставување на граници во виртуелниот свет е невозможно, слободниот софтвер и отворените датотеки на податоци и информации го покренаа глобалниот процент на интелигенција кај секој просечен жител на оваа планета. Ние не сме лидери, ние сме обединети со иста желба, со иста цел. .. доколку не можевте претходно да разберете најубаво, македонското видео е одлична прилика да климате со главата и се соочите со фактот дека Таа е Вистината и се она што досега ни беше пласирано беше расипана, генетски модифицирана храна, пластична и миризлива како сите наши гранде чекори на уништување на секое парче природна земја. Веќе е доста, така викаат анонимуси, од Владите (потенцирам множина) до сега не сум добил никаков бенефит, така да, секако Ова го Поддржувам!

Иако пораките и иницијативите се измешани, целите и мисија исто така, некои се обидуваат да ги разделат групите, некои да ги обединат. .. факт е дека анонимусите се тие кои први застанаа гласно да говорат за проблемите со цензурата, слободата на интернетот и тн.

Зошто? Заради континуираните иницијативи и судски процеси во врска со цензура на Интернетот, како што се SOPA, PIPA и ACTA. затворањето на сајтови како Megaupload, под обвиненија за “пиратството” и “конспирација” ние МОРАМЕ да преземе акција против филмската, музичката, книгоиздателската индустрија и други медиумски компании. Во март доаѓа првиот економски извештај.

Пред малку споделив на fb статус:
.македонските анонимуси ќе имале претставник на телевизија. на сител ќе зборувал.. и #anonymous не разбравме што е.. 'бати државатa!

.. е сега ова го зборувам затоа што прочитав во групата против АКТА (која да потенцирам не била истото со #anonymous), дека некои луѓе као таму договарале средби, протести, па ќе збореле воедно и за целата идеја, ќе имало претставник кој ќе го кренал прашањето на повисоко ниво и дојдов до момент да се запрашам кое е повисокото ниво и лидерот, овај претставникот на народната маса.

Самите анонимуси го покренаа прашањето и законот за цензура на повисоко ниво, но не останаа само таму споменаа и за Владите, ‘глобалната економска криза’, слободата на говорот, стандардите.. и замислете си, досега никој од нив не излезе јавно на ТЕЛЕвизија.

Ако не беа токму тие овој закон ке поминеше невидливо и еден ден ќе се разбудевме со цензуриран интернет, иако ние од овие простори сме го почувствувале моментот 'this is not available in ur country'. Е сега овде ми се наметнуваат двете прашања од погоре, она за лидерот и она за повисокото медиумско ниво.

Оддамна беше тоа кога телевизијата беше повисоко медиумско ниво, засега интернетот е мајка на сите народи, видео цензурата и маркетиншките трикови во уредувањето на телевизиските програми се тие кои во последните 50тина години го испраа мозокот на целото глобално население, чуму претставник/ лидер би зборувал јавно баш таму во својство на просветлувач и тоа никој друг, на анонимусите.

Видеата од анонимусите доаѓаат од различни youtube канали, се бришат и качуваат секојдневно, гласот на Вистина излегува на површината низ устата на илјадници, милиони, милијарда усти. Полето за натпревар е тоа кое и сакаат да биде цензурирано, осакатено, унакажано. .. во интернет, виртуелната средина треба да го кренеме гласот, да продолжиме со неутралната природна човечка агитација, која доаѓа како вграден ген во секој жител на планетата кој ја почитува мајката природата и сите нејзини богатства и ресурси.

Интернетот е производ на плејада брилјантни мозоци, истите тие помогнаа да дојде до овој степен на еволуција, кој ли ќе биде тој претставник на анонимусите кој ке каже здраво јас сум кољо петков и сум #anonymous.

#epic #rofl ситуација на столетието, сепак целта е многу повисока за сите вклучени!. .. и ова видео кажува многу повеќе од било кое лице кое ќе излезе јавно и ќе зборува за целава оваа проблематика, посебно ако го направи тоа на шител . .. ќе биде #priceless. :D


.

.

Акта/ сопа е само мал чекор кој треба најбрзо да се превземе, моќта на знаењето е пресудна, лицето (името и прзимето) не е важно. Пораката е крај на овој маченички, бавен, слеп пат на еволуција, поседуваме многу повеќе како човештво. Нема веќе игнорирање на Вистината, ниту пак на изворот нејзин.. доста философирам!

Тамара Атанасоска го сподели ова пред некое време, убаво е доколку читате да го знаете, водно и да ја поддржите оваа база на податоци:

Здраво дечки! Мислев дека е добра идеја да се собираат на едно место текстовите кои ги пишувате за акта, било да се про или контра за да има место каде луѓето ќе можат да се едуцираат. прочитаат повеќе страни, видат често поставувани прашања ако ги мрзи и странски линкови, а секако и да качуваат содржина. Страницата е на сите, ако на некој нешто му текне, најде одма пинг! Или ако некој се разбира или сака да се замара нека побара пристап ќе му биде грантуван :)

Неколку информации плус:

  • Анонимните не се организација предводени од некој. Анонимните преставуваат една идеја која ја споделуваат мнозинството од жителите на планетава. Значи Анонимните не се хакери, мегу нив има и деца, адвокати, доктори, пратеници, обични работници итн. Идејата е таа што спојува. Идејата е еднаш за секогаш да се стави крај на робовладетелсково општество во кое што живееме сите. То е глас за слобода. Ако сакате да споделите мислење со нив тоа може да го направите директно на нивниот форум.
  • Anonymous е само идеја , која секој може да ја прифати , подржи и помогне да се прошири низ целиот свет . Anonymous , доколку се приклучи некој тој си одговара како индивидуа .
  • Не се тоа 5/10/20 или 30 члена на организација , затоа што тоа е идеја која се шири и никогаш неможат да ја уништат или да умре!


.Околу македонското, бугарското, српското видео сепак ќе кажам дека баш поради локалната балканска политика на изолација уште сме далеку од знаењето како се воспоставуваат вистински контакти и кои се тие, па е потешко да се слушне и следи целата таа иницијатива, а и немам сретнато до сега mail: anonymous@gmail.com.. Но, сепак иницијативата е јасна, а пораки доаѓаат од сите страни на светот што е за почит дека еве некој седнал и скоцкал едно наше македонско видео. Квалитетот на видеото е топ, пораката е далеку од јасна (there are missing parts) како во се што се прави. Кој работи греши, изоставил да каже дека сето ова е најмногу за подигање на свеста против акта и тн, па излегува само дека се потенцира нефонкционалноста на владата.

Но сепак, се поздравува чекорот, обидот.. повеќе во следните видеа, и почисто и поконкретно, подобро монтирано и поадаптирано да личи на вистинските анонимуси ;)

Последно:

  • Да излеземе на улица, сите заедно
  • Да немаме лидер/ претставник на македонската група
  • Да не саботираме интервјуа и сценираме гостувања по ТВ-а
  • Да им кажеме на сите околу Нас за што се работи
  • Да ја потпишеме петицијата (како прво)

... и да продолжиме со прогресот, нашите резултати ќе стават крај на овие лоши векови!


:македонски анонимни ќошиња:

Balkanska Anti-AKTA grupa / Балканска Анти-АКТА група

Anonymous Macedonia

CTОП АКТА - Македонија

Related Posts with Thumbnails