Posted by
PotRu_
at
10:48 PMon Monday, October 12, 2015
.некој ќе каже помина и тоа, завршивме уште еден празник, продолживме уште еден викенд, понеделникот го преспавме, а вчера славевме. .. како и секогаш. стравувањето е кафез за умот, лајкот патент за вербалните недостатоци. живееме во земја на молкнати усти и луѓе полни со страв.
- одбележавме уште една револуција, купивме најубави икебани за пред спомениците, направивме неколку селфи фотографии, како, еве, бевме и ние дел од оние кои се свесни за историјата, оние кои ја почитуваат, оние кои се поклонуваат пред истата. покажавме уште една одлична, математички коректна невистина. се излажавме самите себе дека сме верни на колективната матрица.
.цела година чукај се во гради дека си маќедонец, поклонувај се на фашистичка идеолошка матрица, тотемизирај ги неправдата, нетолерантноста и нееднаквоста и денес говори за антифашизам и за слобода на народот и изразувањето.
востание на умот ни недостига, промена на свеста и перцепцијата со која согледуваме што е бело, а што црно.
за вакви денови не требаат свечени положувања на цвеќе од лицемерни полтрони, на вакви денови народот треба да го возврати каменот кој прв ни беше фрлен, желбата за промена не се шаблонизира, таа се вградува во душата на најмладите и пред се не се ограничува.
борбата продолжува - да не се повтори!
се дриблавме со антифашистички пароли, цитиравме големи великани, ја ископавме најреволуционерната поезија од google, се обидовме уште еднаш, како и секогаш да си кажеме: u've made good job и се потапшавме по рамо како навистина да е тоа така. и оп, пак го прескокнавме слонот иако ни го зема целиот простор во собата. бисерувавме итроштини, „го суштествувавме суштествувањето на суштественоста во суштината на процесот на демаркација на проблемот не лежи во аналноста на баналноста на процедуралноста, туку во... гламурозноста на игнорирање на ирационалноста на неписменоста.“ >.<
медитиравме троа на идејата за слободен живот, пазар, ум, а сепак утре се враќаме пак на истото. кој како се снајде, така и зајде. паразитирањето во јавната администрација е наследена болест од сите претходни системи, а ние постојано знаеме да кажеме: ова не чини!
.не се криви тие што не силуваат, криви сме ние граѓаните што постојано кога ќе ни дојдат на врата ги пречекуваме со лубрикант.
не чини вековното мудрување без нешто да се посака реално и не само на зборови, туку суштински да се промени. проблеми, проблеми, проблеми. сите имаме проблеми - да немавме проблеми сигурно ќе бевме. .. мртви!
.маќедонија бомба да е, секој да ја знае.
и по тоа пак секој ќе се вади на својата дарма или карма, без да се погледне изборот и да се посади желба, верба, мудрост и пред се стратегија за животот кој сме го избрале. нема човек кој нема проблеми, некој е со поголеми, некој со помали, иако секој би кажал дека неговите проблеми се најголеми. јас само би додал дека кога државата има сериозни проблеми последователно на тоа е СИТЕ ДА ИМАМЕ ПРОБЛЕМИ. уште еден татко е загрижен за министерството за смрт, уште едно девојче загина поради (не)грижата на нашиот здравствен систем. не смееме да продолжиме да разменуваме: нека почива во мир, нека и е лесна земјата и да констатираме оти здравството ни е отидено во неповрат.
:народот плански го ништат, оној кој е мудар и свесен го мапираат како сериозна опасност со црвенкруг на главата, додека од другите прават овци.
.фанатичен сељачизам - единственото нешто што владее во државата.
останатите. .. земјоделци. секоја година иста песна. фрли се ти на нива, работи во жолта или портокалова фаза на температурата, дојде ли есен, фрли си ги продуктите на асфалтот. место овде нашата држава да ги мотивира луѓето да останат овде, да дадат сеод себе овде, ние слушаме самоза невидливи субвенции, а на првиот дожд во поплава ни се губат цели села и градови. место да да садиме лозје и да береме грозје, ние младите ги пуштаме во швајцараа на берба неколку недели и после западниот свет и капиталистите ни се криви. секогаш така - ти си крив. да, да и ти со бугарскиот пасош што ни ја даде информацијата.
последно нешто: .почекајте, не правете деца, наскоро #Ж ќе започне со изградба на нов студенстки дом.
Posted by
PotRu_
at
9:49 PMon Saturday, May 16, 2015
зошто на слободниот граѓанин му е преку глава од оваа состојба, од овие сценарија, оваа власт in general?!?
:доаѓаат тешки денови. доаѓаат тешки денови и за едните и за другите. за едните затоа што треба да застанат пред своите родители, браќа, сестри, роднини и пријатели како чисти, свесни и храбри граѓани на оваа држава, а за другите затоа што иако добро знаат дека се дел од список, дека им е извршена психичка тортура и заплашување, мораат да го следат диктаторот – оти во следниве денови нема бегање, ниту за нив, ниту за нивните најблиски.
овие денови ќе бидат тешки затоа што ќе се слушаат закани упатени и кон едните и кон другите, но и кон третите, оние неутралните. едните ќе бидат провикувани со најразлични навредливи имиња, етикети, бедно класифицирање и омаловажување, додека другите ќе бидат преплашени доколку радарот во понеделник не ги види пред автобусот со кој ќе треб да лажираат слобода, обединување, „братство и единство“ по не знам кој пат, но за жал пред излегување во огледало ќе си кажат – што ми требаше да ја земам оваа книшка!
„пукај бе братучед“ порано беше метафора - алоооо! сега, после само кратко време тоа и не е толку сигурно. се закануваат со снајперисти, со гумени куршуми, со водени топови, солзавци и што ли уште не. а зошто? За да го скријат својот страв од самите себе, за да протуркаат уште некое време во дебелите фотелји, за да пропатуваат уште малку на наша сметка и да си ги надополнат орманите, гаражите, становите уште со по некоја „дребулија“.
.ќе сме имале граѓанска војна, ќе ни покажале дека се повеќе. после нашиот мирен собир, тие ќе (по)кажале како стојат работите. „кој кур протести“ повикуваат - евала речникот, таман сте! а кои с(т)е тие, извинете, кои сме ние? не зборуваме за едно те исто?! јас постојано повикувам на мир, на разбирање, на компромис, на созерцание, милост, љубов, правдина - слобода, а т/вие дека ќе ни покажат/те дека с(т)е побројни. т/вие (кое патолошко лудило) - дека и во понеделник може да биде неработен ден за и` така празните институции од кои се троши буџетот за некои бескичменаци да земаат плата со нивната безмозочна елоквентност, тие кои ги повикаа само оние со членски книшки за грантови, кредити и нови вработувања, тие кои за жал сметаа дека само „нивниот модел“ на политичко/ партиско/ државно однесување е правилен, а за жал сами се` и осамени, немаат „друго мислење“, ниту во парламентот, ниту во балканот, во европа и во светот - оти се претставија како „тепачи“, „насилници“, немаат различност никаде.. едноумие до бесвесие.
.слобода на говор НЕ говор на омраза. за жал малкумина прават разлика, а тенка е линијата (по)меѓу...
фала ви што не спуштивте на листите до немајкаде, до недојдија, оти и` така име немаме, освен во економијата, таму сме вечни и најдобри. несвесни сте сите протагонисти на реалноста, повикувате, правите листи, етаблирате клептомани кои сакаат да направат (п)базар од нашите души, од нашите интелектуални капацитети, од нашите визии и од нашите желби. срам да ви е. долу на невротичните посветеници на идејата за бунт, долу на нерамноправните шовинисти за кои нивното е (нај)јако, долу на фалусоидните ментални идеа за (нај)доброто. глобалното будење почнува локално, но се шири, во секоја педа од планетата, дали е вистинско ќе покаже времето, дека е потребно покажува моментот. све сте те се!
.не е толпа против полицијата - туку народот против режимот!
ете затоа овие денови јас решив гласно да #протестирам!
пари за тамара немаше, а за мерцедес имаше. затоа станови и мерцедеси за сите, а за Вас келии со full опрема, „прекрасни луѓе“. држава во која менуваш собраниски канал со нова бомба - не е држава. Потребно е да ја вратиме државата на граѓаните...
.грујо go home u're nuts!
и повторно е време за владини реклами, време за повикување на собири, време во кое нашата борба остана да ја водиме на новите медиуми. „да бидеме сплотени како никогаш до сега и така за секогаш!“ - ми се повраќа од вакви флоскули кога на виделина го имаме обратното, кога имаме поделба на наши и ваши. кога имаме „ние сме побројни“. Кога наместо на попис, пучанството се пребројува со помош на партиски списоници. Мерење на малоумноста и непочитување на интелигенцијата.
на времето имаше едно вмро - тоа беше ок. по него дојде и едно друго вмро - е тоа беше дно дна, драг внучко!
.можеби на некому му е криво што ме виде како „лидер“ и „гласноговорник“ на протестите кои ги организиравме во Струмица. за некого можеби тоа беше во ред затоа што ме стави во одреден кош/ група мислијќи: „еве сега барем знаеме дека и тој е со тие“, но драги мои, немојте да си мислите дека сум дел од тие ваши алузии.
протестите во Струмица беа за стоп на полициската бруталност, за смртта на мартин, за младите кои секојдневно се пик на полицијата како „сомнителни, различни“ и што ли уште не. затоа застанав и кажав дека не е така и дека сите ние сме овде за да кажеме дека повеќе не се плашиме!.
слободата на движењето и слободата на изразувањето се основни човекови права. доста ни е од бесконечната апологетска парадигма за тоа „колку чини слободата“?
:секојдневно не има се повеќе самосвесни, зрели и прогресивни граѓани. многу сме и решени сме да одиме до крај. тие што исплашено дозволуваат деновиве по не знам кој пат да бидат прегазени, едвај го чекаат денот да ја тргнеме оваа власт и како вистински отворени да им простиме и да им подадеме рака.
.не сме ние ни од вмро, ни од сдсм - ние сме од интернет!
можеби вам ви се допаѓа розевата слика која се емитува на провладините медиуми и сите оние емисии од северниот сосед и серии од нашите „турски пријатели“, но јас знам и сум длабоко убеден дека има луѓе кои можат да погледнат и малку подалеку од оваа хипноза на актуелнава тоталитарна диктатура и заклучат дека слободата на изразувањето во моментот е претворена во едноумие, етикетирање на различното како вештерството во средниот век и оцрнување на другоста во однос на моделот кој „тие“ го презентираат како „вистинскиот“. за мене тоа не е така и се додека не слушнам натпревар на различните ставови, прогрес на критичната мисла ќе се борам за истите да видат „бел ден“.
мислењето не е форма на кастрација, затоа и културата не треба да стане сомнителна штом ќе се идентифицира со критичките ставови.
„ најновата колумна на Миленко Неделковски за Курир: Независна Демократско - Предавничка Република Македонија (Вардар преку Мекиците од Стража) Силна!“ – СТРАШНО, нели?
#протестирам затоа што вчера се возам со такси кон протестот кој го организиравме во струмица како дел од приклучувањето на граѓанската платформа #доаѓаме со полна кола платна, транспаренти и сл. и таксистот ме прашува: зарем не е утре протестот? хм.. му викам, да нема утре пак контра протест од вмро, ние денес слободно, граѓаните без партија се собираме. ми вика: да, да, изгледа. штета, јас сум член на партијата, стално ми се јавуваат, но јас веќе немам доверба во тоа што го прават, нема како да им кажам, но арно правите, вас ве поддржувам. овие забегаа скроз, убаво да поминете и само напред - да падне оваа власт веќе.
- стигнав на локацијата, му се заблагодарив за разговорот и искреноста и му кажав ако сака да дојде во скопје утре. ми рече дека размислува со целата фамилија да дојде, иако досега биле за грујо. ми даде дополнителна мотивација гласно да говорам. не сме сами, народот полека се освестува!
.смеењето на дикПаторот во аудио снимките (бомбите) е навреда за македонскиот народ!
можеби некој ќе каже во Струмица граѓанскиот сектор е слаб, никаков, животари со неколку организации, но сепак, 30-тина организации се собравме под една платформа „Граѓанска демократија“, со која не се плашиме да кажеме доаѓаме и доста ни е од се, всушност – аман, преку глава ни е!
некој ќе ме праша, а зошто пободу протестираш? #протестирам за загинатите полицајци, за мартин нешкоски, за тамара, за никола младенов и за сите останати жртви на оваа недемократско владеење на „сопственикот на мерцедесот“.
#протестирам против мртвата демократија, диктатура, едноумие, криминал, политички затвореници, апсени студенти кои го кренале својот глас, тиранија, медиумски мрак, режирани избори, нетранспарентни институции, партизирани и фамилијарно судтсво...
#протестирам за враќање на демократијата во рацете на демократијата.
#протестирам #збогумникола, #достае, ние #доаѓаме и бараме #оставки од цела влада!
- доста ни е веќе оваа репресија, затоа веќе не говориме само, туку преземаме акција, говорот и акцијата се надеваме дека ќе не донесе до посакуваниот успех.
бомби паѓат Боже прости Ни
тешки се ко нивните гревови
плаче срце од сите страни
плаче за слободна Македонија!
секојдневно се молам да им се врати паметот на сите, за да не бидеме марионети повторно на нечие непријатно сценарио! нам не ни требаат провокатори и преваранти кои се поклонуваат пред партиските знамиња и лагата... нам ни е важна суштина на овој силен граѓански процес, но и посакуваниот крај, од кој не се откажуваме – не се откажуваме сега кога веќе сме заокружени со кругови, кога веќе сме анестезирани од вашата суровост, глупост и неписменост!
„додека околу тебе кружат крокодили, апсурдно е да се жалиш дека водата е студена.“
не, нема да дозволиме да си одиме б(р)е, ќе си одите вие (во Идризово), за вашиот криминал неколкуте оставки не се доволни, морате да одговарате кривично, оти ќе си одиме и ние, малкуте, ќе цркнете во моментот кога ќе не (по)барате - цркнете во црнилата на ноктите... на нозете, рацете, мозокот и душата. одвратни силеџии на мегаломанската (човечка, либертаријанска) тиранија!
Posted by
PotRu_
at
12:11 AMon Thursday, February 26, 2015
.деновиве се изнаслушавме секакви глупости по медиумите, од една страна стравот кај група на граѓани расте, а од друга отпорот кој полека - полека, но сигурно го покрева притисокот и револтот на секој оној кој ја надминал оваа сипаница, која во моментов можеме да ја наречеме партиска стравопочит или кивавица.
Големиот брат не прислушкува, ние го преслушкуваме глушецот во канализацијата. не надгледуваат корпоративни, капиталистички, глобални вонземјани. на некој му е грижа за домот, на некој за држава, а некој од кога ги спакувал куферите, полека се обидува да ја заборави нанесената траума...
секојдневно се почесто сме сведоци на диригентсвото кое навлегло во сите можни медиуми, гледаме одредени прилози кои се емитуваат без никакви содржински промени на сите провладини продадени медиуми, читаме на десетици портали како една иста вест се шири како екслузивна, иако граматички е хендикипирана, а нејзината целина и вистинитост бледа.
➤ сакаме ли да продолжиме да живееме во вакво општество?
➤ ќе дојдеме ли до момент кога ќе го надминеме овој медиумски мрак?
➤ се буткаме ли со некоја задоволителна брзина кон одредени промени кои се нужни, за сите заедно да кажеме - Е ОВА Е ПОДОБРО?!
➤ ја преболивме ли смртта на Тамара или револотот дека министерот за здравство се` уште не дал оставка се` повеќе расте?
➤ ќе кажеме ли доста на целата нетрпеливост?
политиката, особено партиската навлезе во сите пори, во сите домови. се повеќе можеш да слушнеш како луѓе се препукуваат како најголеми непријатели, иако кога ќе се погледнат во очи знаат дека ова не е тоа што некој го посакувал.
рафали на сите страни. вербални недоразбирања и тоа во крајности. кога на белото викаш дека е црно и обратно, кога на црното викаш дека е бело. неверојатно, или не?!
да кажеш дека оваа серија на преслушкувања објавени од страна на опозицијата, протестите #ОставкаЗаТодорOff, #Студентскипленум, протестот на хонорарците, #ајде, #полицискабруталност, #доста
и уште редица други не го размрдале мозокот на било кој совесен
граѓанин кој не е (партиски и/ или граѓански активно) определен, или пак
едноставно решил да стои на страната на вистината, правото, моралот и
етиката, во најмала рака треба да ти се умртвени сите мозочни центри
за разумно расудување на големата слика или да ти е уништен
единствениот „живец во срцето“ или јазикот да ти е отрпнат за
препознавање на топло - ладно. нема друго.
страдалници сме кои ја
обвинуваат мајката на Тамара, кои ги обвинуваат пензионерите оти некој
друг во нив видел профит, душовадници сме кои не знаат да му помогнат на
својот роднина во мака, а на соседот или некој паднат на улица уште
помалку - та се ситат како волци во глувост или лудост гладна, сеедно.
па затоа сме први во штабот, небаре таму месијата дели милостина за сите
душогрижници, а ситниот пастор со ронки на крајот од неговиот хвалоспев
во кој го воспева неговиот очај и самиот себе како папагал со просо се
задоволува. перверзија која ниедна канализација не може да ја однесе
брзо од нашиот систем, оти и античките експерти кои нашле свое бачило во
странство се мешаат и душогубно осудуваат.
➧ .дали вестите на сител го прекинаа „говорот на диктаторот“? значи ептен е дојдено до „збогум румелија“.
- живееме во време во кое јавниот сервис стана јавна куќа која сите ја
плаќаме, а никој не ја користи како вработени таму да се заболени од
сифилис, време во кое министерството за здравство стана министерство за
смрт и долго сеќавање, министерството за правда - министерство за мито и
корупција, МВР- ВМР, па на крај и ќе слушнеш парафразирано дека некој
ти кажува во прво лице еднина: какви нелуѓе биле тие од владата (?!) -
страшно!
смешни телевизиски дебати, етикетирање, бесење во talk шоуа, повикување на линч, швалерај и ренесанса, бензини и патни трошоци со астрономски исплатени фактури. поплави. оштетени. заборавени. од друга страна ликови желни за доминација.
луѓе без општа култура, луѓе кои не знаат седнати на маса да се фокусираат на своите ставови и да разговараат на пристојно
ниво. испаничени полтрони кои внесува нервоза, агресија, нетрпеливост. навредуваат. кафанџии кои најверојатно се
навикнале да бидат главни во нечии каубојски салони, кооперации, опкружени со
нивните припрости овци.
жал ми е што со вакви потпросечни (навидум
професори, колумнисти, аналитичари, интелектуалци) го делам воздухот.
па, на крај треба и да ги прифатиме и разбереме. луѓе на кои очајно им е потребна ЉУБОВ,
некој да ги гушне и да ги сожали.
се крие нешто ужасно тажно во таквата вербална хистерија, која како некој вирус ти го уништува имунолошкиот систем, ја успорува граѓанската борба, го грчи мозокот и ја сецка волјата како салама на која и` е потребно вегета, за ракијата да лизга поубаво! но, ова веќе не може да лизга, нит е ракија, ниту пак е добра.
❝ .ако живеете доволно долго, ќе видите дека секоја победа се претвора во пораз.❞ Симон де Бовоар
се бориме како пристојни соговорници, иако се некој на другата страна успева да покаже што значи да бидеш на дното на
здравиот разум и условно кажано пристојната граѓанската медиумска/ дигитална
комуникација. некој на некој постојано му го зема зборот, со тензијата во
тонот си мисли дека доминира, па нешто демек на
шала сака да допраша, а всушност одработува, се бори за работното место кое го добил преку партија. да не беше тажно ќе беше смешно, но ова е типичен
модел на сегашнава ултра-наци, тоталитаристичка демагогија која
несомнено озурпира, „овај“ се обидува недоследно и навидум бескрајно да шармира се што е се` уште слепо и самобендисано.
годзили кои дефинитивно треба да се вратат во основно и да научат како
треба да се однесуваат меѓу луѓе, на интернет, во јавност - оти човекот е можеби животно, според Дарвин, но умот го сместил скалила угоре од мајмунот од кој некој си мисли дека потекнува!
- како е во македонија? - паа.. не можеме да се пожалиме. - тогаш значи не е лошо.. - не. реков дека не можеме да се пожалиме!
.латас гласно размислува за самиот да се убеди во тоа што го кажува? .грујо гласно размислува за самиот да се убеди во тоа што го кажува.
❝.светот нема да биде уништен од оние кои чинат зло, туку од оние кои го набљудуваат сето тоа и не преземаат ништо.❞ - некогаш рекол ајнштајн, а јас на ова ќе залепам само нешто од мандела што мислам дека одлично го надополнува контекстот: ❝храбар човек не е оној кој не чувствува страв, туку оној кој го победува!❞
➧ .не (ми) е важно од каде се материјалите, важно (ми) е што има да се слушне на нив!
систем
нема, институциите се корумпирани, нема правда, нема судство, нема
апсолутно ништо што треба да има за да можеме да кажеме дека има држава.
полицијата треба да биде овде за да не чува и заштитува, никако да ни
биде закана и страв.
само бланко сигурност дека нешто ќе се среди, иако сите со страв заклучуваме дека допрва полошо ќе биде.
а
материјалите за какви цели се користат според глувата „маса“? за да се
уништи државата=владата? НЕ, туку за да му се обзнани на НАРОДОТ каква
владеачка гарнитура избирала во текот на овие години, за да се информира
БУДНАТА ЈАВНОСТ, иако мислам дека и тоа треба да се стави под знак
прашалник, затоа што постои ГОЛЕМА ВЕРОЈАТНОСТ изборите да се наместени.
со вакво постапување на поединци се загрозува правниот поредок и
правната еднаквост на граѓаните, но со вакво однесување на ВЛАДАТА е
загрозен правниот поредок и слободата “загарантирани“ со УСТАВ на
државата! што слушнавме до сега во овие неколку бомби? многу слушнавме... многу!
секој од нас треба да биде загрижен, веќе не е важно од каде стигнале
материјалите до заев, туку колку овие материјали кажуваат за штетноста
со која роварат вклучените во истите!
се пласираат илузиорни,
навидум саркастични парадигми со кои народот повеќе нема да може да се излаже,
ниту со не знам какви селективни државно платени здруженија кои имаат
за цел уште толку повеќе да го раздвојат народот, уште помалку со
примерите за криминал
од пред една деценија кои беа носечка вистина која ја турна претходната
влада. истото се случува и сега, со информации кои на сличен начин како и
тогаш, така и сега се пласираат на јавноста, ќе пресече народот
повторно, но овој пат јас се надевам во полза на самиот себе, не на одредени
“елитисти“ кои се исмеваат на убиства, местенки, народ кој гине по универзитети и улици и што ли не!
➧ .една бомба имаме, со радост (ќе) ја носиме.mp3
❝.120 вмровци ќе бидат новите вработени бранители на армијата на рм, до
крајот на годината бројката треба да стигне 250, така да, ако сакате да
сте војник, штабовите ве чекаат да се пријавите 24/ 7. може и кај
најблискиот комшија „војвода“, тој има броеви од „најважните“ - секогаш!
- јас стварно не знам зошто не оди вака соопштението. многу е
потранспарентно, оти вистината е и така и така кристално чиста и јасна!❞
и пак вртење во круг, небаре сме дрвото од вицот кое вртело околу куќата, дворот, градината, оградата и на крај пак го удрило стопанот по ... „главата“.
опција прва или опција втора. и пак загатлива
тема. се надевам дека нашиот народ ќе се издигне над биполарната
константна партиска одлучност, можеби, а? но сепак, полето за политички
натпревар за подобро би било многу повеќе од загриженост, страв,
излудување. сметам дека
македонија е веќе здраво подготвена да очекува од некој следен да
изгради подлога која ќе се однесува со гласачкото тело и сите останати
грижливо и со адеквантен пристап кон “стратегиите“ за кои обично се
слуша само на митинзите, а после место “100 чекори“, народот продолжува
да ја следи општонародната клетва „два напред, три назад...“
има
доста страни кои нудат решенија. или ние сме свесно глуви и слепи на
истите или делумно самите себе се декларираме како “семоќни експерти за
се` и сешто“, а на крај кога пак доаѓа време за избор, сите со главата
во ѕидот.
живееме во ново време кое го изгради граѓанинот и кое константно продолжува да го гради, самите себе сме си мотивација дека можеме подобро. има кој да ја гради подлогата,
посебно во еден ваков период како што се последните неколку години каде
очигледно е дека во позадина оди текстот: "let me take u down, 'cause
i'm going to ...." ете како има капацитет во оваа држава, животари, дише
на шкрги, но не се откажува. секогаш кога било најтешко се случувала
позитивна промена. јас на ова би гледал малку попрогресивно и
попозитивно, оти нели од (граѓанската) проекција на иднината се`
зависи?!
во
секој случај, народот во овој момент не треба од „двете
зла, да го избере помалото зло“, туку добро да размисли, требаат
визионери и луѓе кои досега се докажале во своите полиња и сега решиле
обединето да и помогнат на државата, а такви поединци ете како има. и тоа многу! не ги препознаваш? значи дека не следиш доволно или дека гледаш низ прозорец кој оваа политичка дводецениска магла доволно го извалкала. исчисти си, секој од нас може барем сопствениот прозорец да си го исчисти, да си го подобри сопствениот светоглед, македоноглед, градоглед, улицоглед!
во моментот во државата има луѓе кои со
своите ставови отскокнуваат многу во однос на се` она досега видено и
почуствувано на сопствена кожа, времето ќе покаже. дали ќе се формира
нешто ново, дали нешто старо како од феникс ќе се подигне повторно, дали
нешто кое досега било во сенка, сега ќе создаде механизам да излезе на
површина, но премногу е луцидно овде да судам, проценувам и констатирам.
[овде некој не може ни да го надмине, ни да го победи неговиот страв, а
стравот е таков, кога го чувствуваш, а не можеш да го прескокнеш, тој ќе
те прегази.]
:но.
оваа арка, наша македонска, нема така лесно да пропадне, оти тешка е,
преполна со непотребно ѓубре, но за жал истото ја заглавило само на
дното, но водата во која сме заглавени не е толку длабока за арката да
потоне, а народот секогаш до сега се ослободувал од непотребното, за да
ја подигне својата платформа и повторно да заплови во подлабоките води.
!треба
да го игнорираме дневниот шунт од информации и да се фокусираме
текстуално на она што има подлабока суштина и не е само привидна
анахрона алузија, 5 sec reading, ако ме разбираш. за жал пропагандата
глобално си ја одработува генерално агендата за перење на мозоци и
задојување на умови. ќе биде уште посилна, но здравиот разум, силната
мисла и одлучноста за промена секогаш ќе може да се слушне, за оние кои
сакаат да го слушнат гласот кој одекнува. ок, ова последното ми е
премногу идеалистичко, но подобро вака за менталниот склоп, за разлика
од целата депресивна ситуација и начин на меѓусебно глодање кое го нудат
нашите граѓани и сегашната (без)времена конституција „и да погинам
колку можам ќе се спасам“.
➧ .луѓе со ампутирани делови од телото и после отстранувањето уште ја чувствуваат болката иако деловите веќе ги нема. #демократија
Член 16 од Уставот на Р. Македонија експлицитно ја забранува цензурата и ја гарантира слободата на говорот, слободниот пристап до информации и нивен пренос. Да се избориме за овие вредности. Да го сопреме предлог-законот пред да биде предоцна.
1.Повеќе нема да можеш да коментираш на страни, форуми, facebook, twitter без страв дека ќе бидеш осуден на огромна парична казна.
2.Ако имаш твоја страна, ќе треба да ги исклучиш коментарите или да набљудуваш и цензурираш 24 часа во денот.
3.Твојот веб сајт лесно ќе може да биде исклучен секогаш кога некој ќе се пожали кон интернет провајдерот, без судски налог.
4.Твојот (интернет провајдер) или било кој центар на моќ, ќе одлучува кои страници ќе ти бидат достапни исто како во Иран, Кина, Саудиска Арабија, Северна Кореја.
5.Како интернет провајдер секогаш можеш да бидеш тужен за содржината што ја објавуваат твоите корисници. Казната е 27.000 евра.
Ова право и простор овде го користам да изразам незадоволство кон овој предлог-закон и да покренам апел, интимен и личен кон сите оние важни, влијателни фактори кои може да се изборат да го задржиме целосното право и слобода што ги имаме како корисници овде на интернет. Непотребно е да се носат решенија кои немаат никаква важност, наспроти големите проблеми кои како темна сенка, облак ја следат еволуцијата на земјата. Со ова само уште толку ќе покажаме дека сме држава во која владее невиден режим и правата секојдневно се ускратени.
Второто читање на законот е во утре, вторник 09.10.2012 година, поставете го кодот на Вашата страна во 00.00 часот истиот ден. Приклучете ја Вашата страна во акцијата за затемнување на македонскиот Интернет со додавање на едноставната скрипта.
Да застанеме против: Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета - затоа што тоа не е изборот кој го сакаме и сметаме дека никој нема право да ја одземеме слободата на говор, а со тоа и контролата на секој од нас лично како креатори на општеството кое го сакаме со целосната граѓанска одговорност која ја поседуваме.
Ние сме ЗА Мир! ЗА живеење едни со други наместо едни покрај други! ЗА Смирување на тензиите! ЗА Доброто на сите луѓе! ЗА Пријателство! ЗА Општество без насилство!
Без предрасуди и манипулации!
Добредојдени се сите луѓе кои се залагаат за смирување на тензиите и подигнување на јавната свест за заеднички живот! Ова е прашање на граѓанска и човечка освестеност! Да го посадиме семето на љубовта.
Сакаме и можеме!
.
☮
.се надевам и јас самиот да успеам да се појавам, сепак од струмица и не е многу тешко да стигнеш, но некогаш нависина може и да биде. ;)
Максимално ја поддржувам оваа идеја, луѓето кои досега ги видов во видеото. Драго ми е дека се собра маса од луѓе кои стојат позади една голема, силна желба, промена на граѓанската свест кон подобро, повисок степен на толеранција, разбирање и впрочем уживање во различностите кои ги нудиме, секој посебно најпрво како луѓе. Во нашава држава има доволно луѓе кои мислат дека можеме да живееме во мир, дека ние мирот од секогаш сме го имале, нивото на разбирање од секогаш било добро и комуникацијата пристојна. Веруваме дека можеме да го задржиме тоа, но, и да го подобриме.
Посакувам позитивни резултати после овој Марш и секако успешна реализација на истиот.
☮ peace ☮
.
.
MARSH PЁR PAQE E Shtunё (17.03), Parku i Qytetit (te„Shkollka") ora 14.
Ne jemi PЁR Paqe! PЁR tё jetuar njёri me tjetrin e jo njёri afёr tjetrit! PЁR t`i qetёsuar tensionet! PЁR tё mirёn e tё gjithё njerёzve! PЁR Miqёsi! PЁR Shoqёri pa dhunё!
Pa paragjykime dhe manipulime!
Janë të mirëseardhur të gjithë njerëzit që janë për qetësim të tensioneve dhe për rritjen e vetëdijes publike për jetë të përbashkët! Kjo është çështje e vetëdijësimit qytetar dhe njerzor! Le ta mbjellim farёn e dashurisё.
Duam dhe mundemi!
BARIŞ İÇİN MARŞ Cumartesi (17.03), Şehir Parkı ('şkolka' önünde), 14:00
Biz Barışı destekliyoruz! Biz birbirin yanında yaşamanın yerine berbaber yaşamayı tercih ederiz! Gerginliğin yatıştırması için! Tüm insanların iyiliği için! Arkadaşlık için! Şiddetsiz bir toplum için!
Önyargısız ve manipülasiyonsuz!
Gerginliği yatıştırmayı ve beraber yaşamayı destekleyen tüm inslanlara işbirliğe açığız! Bu sivil toplumun ve insanlığın aydınlanma sorusudur! Sevginin tohumlarını ekelim.
Biz bunu Istiyoruz ve yapabiliriz!
MARSHU TI IRINJI Sãmbãtã (17.03), Parcul a cãsãbãlui, 14:00
Noi him TI Irinji! TI Bãnatic un cu-alantu, ãn loc di un ningã alantu! TI Apuitueari-a tenziilor! TI Ghineatsã a tutãlor oaminjlor! TI Uspitsãlji! TI Sutsiitati fãrã violentsã!
Fãrã prigiudicãts shi manipulãri!
Suntu ghinivinits tuts oaminjlji tsi suntu ti-apuitueari-a tenziilor shi mutari-a conshtintsãljei publicã ti banã deadun! Aestã easti unã ntribari ti lunjinari tsivilã sh-di uminitati! S-u siminãm simitsa-a vreariljei!
Vrem shi putem!
MARŜI BAŜ O SANSARI Savato, Dizjakoro parko (anglal i ŝkolka), 14:00 ari
Amen Sam Vaš sansari!
Te trais jek averencar, na jek uzo aver ! Vašo tergjariba o tenzii ! Vašo mištipe sa e manušenge! Vašo Amalipe! Vaši Societata bizo maripen!
Bizo sterotipura thaj manipulacii!
Mište avile sa e manuša so kamena balanso thaj kovljariba e tenzii thaj barajriba kataro publično đzanibe vašo jekutno đživdipen. Akava si pučipen kataro themsoro thaj manušikano gogjaveripe! Te besalas o kotor e mangipnjasoro .
Mangaja thaj šhaj !
☮
TOGETHER FOR PEACE!
We are: FOR Peace! FOR Living together instead of living side by side! FOR Calming of the tensions! FOR The good of all people! FOR Friendship! FOR Society without violence! Without prejudice and manipulation! We welcome all that strive toward reduction of the tensions and rising of the awareness for joint life! This is an issue of civic and human consciousness. Let's plant the seed of love. We want it and we can do it!
.
update:
Оливера win win се вклучува и уште 100тина други јавни личности, Жаре мрчи, а убав текст, мини разговор со Иво Бару, од граѓанското движење „Заедно за мир“ има на интерјуа & absolutely globalVoices ;)
Viki Mladenova:[од facebook] Институционалната закржлавеност и социјалниот феномен на афективност се СИСТЕМСКИ ПРОПУСТ!
Принципот на либерална ПРАВДА подразбира дека граѓаните кои (релативно) чувствуваат полза од системот се СОЛИДАРНИ со граѓаните кои се загрозени по различни основи директно од системот! .
☮
:стигна и ново видео, кратко, краткичко, ама позитивно ;)
youth worker that works with young people from everywhere, push for social inclusion and volunteering. ..as youth trainer provides different creativity workshops as: forum theater, multimedia, stick art, street art, graffiti, use of organic and recycled materials in contemporary art, handmade ..and social aspects as PEER & non-formal education, EVS, youth participation etc..
Conceptual/ multimedia artist with few expos, performances and art installations behind, showed in France, Norway, Italy, Serbia, Bulgaria, Macedonia.. published poet and short stories writer, translated on English {USA, Philippines), Serbian, Croatian, Italian, Indian [telugu] and Bulgarian.
Active graffiti painter and word as a [dj] with the name Dzamski, specializing in psychedelic trance, dark forest, experimental and ambient sounds.
Blogger, open for communication! #culture #art #media
2be1 like Sun [soundtrack]
.
interview @ Dokufest 09, Prizren, Kosovo(I'm second)
.
stage for contemporary art @ Balkan Youth Festival '09 (I'm second)
.