. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
Showing posts with label бомба. Show all posts
Showing posts with label бомба. Show all posts
on Wednesday, May 27, 2015


.ние мора да се ориентираме кон зделките, ние мораме да се насочиме кон оние чии пари може да ги измолзиме - ние мора и да го прескокнеме законот ако сакаме да ги „исцедиме“ инвеститорите до последна капка.



нам, драги пријатели, ни требаат нови концепти на водење на нашата држава. нам, граѓаните ни е преку главата од „играчи“. ние не се „возбудуваме“ и „палиме“ на луѓе кои имаат јахти полни женски, нашата држава не е сценарио за порнич. каква е оваа реторика на цинизам против некој кој исплашено „сака да ги следи законите“, за на крај повторно да си легне на брашното и да „се корегира“, односно да ја заигра „играта на злото“, предводена од дикпаторчето.

оваа влада отиде во неповрат, прашање на време е колку денови се потребни за гласно и јавно да слушнеме од „лидерот“ дека оваа негова стратегија за водење на држава била целосно погрешна и она што го слушаме во бомбите за жал е навистина така. треба сите да кажеме дека ова е крајот на неговата бизнис фамилијарна држава, deal oriented, корумпирана од глава до петици. СЛОБОДИШТЕ не е само начин на размислување, ова е и` новиот начин на дејствување!



„#‎Ж‬ му вели на Миле дека му е страв и дека ни еден проект не им тргнува како на Влада. И вели дека нешто мора да е и до нив, не било се до другите. Историско признание.“
.луѓето гинат бесцелно за материјалната придобивка на узурпаторите. анатомија на друштвениот морал. урината никогаш нема да мириса на парфем. паланката не е локалитет, туку „жабокречина“ на популитетот. паланката не ни е дадена од бога, таа е избор. на скулптурата не и е потребно постолје за да биде монументална.

- национализмот го менува влакното, но не и својот нарав. нам ни се случува панаѓур на лагите и кичот. национализмот е ништо кое ништи и уништува - најлошата друштвена болест. културата не е само за елитата и лагите не смеат да бидат легални. лукавството е интелигенцијата на глупавите. не смееме да живееме на сметка на идните генерации. потребна ни е радикална културна еманципација за да се стави крај на безумието. апстрактното размислување е важно за да не се измислува минатото.



животот во македонија е брехтова претстава, тој ги изговара вистинските прашања во форма на афоризам и/ или сарказам. културата е клучна за нашите решенија, за слободата и паѓањето на режимот.

(од гостувањето на Златко Паковиќ на кампот „Слободиште“)

протестот е извонредна манифестација на новите култури.


„еден ден ќе ги соберам сите знамиња кои залудно се веат и ќе ги ставам во перачка машина. на сите им треба перење и тоа - заедно. со ист прашок за перење и ист омекнувач. оти тоа би требало да биде новата слобода! тоа би требало да биде државата која се раѓа внатре пустошот на оваа држава. тоа би требало да бидат нашите борби и желба поголеми од сите знамиња.“

Поединецот стана посвесен за својата зависност од општеството од било кога порано. Но, тој оваа зависност не ја доживува како позитивна работа, како органска врска, како заштитна сила, туку како закана за своите природни права, па дури и за својата економска егзистенција. Дури, неговата положба во општеството е таква што егоистичните нагони се постојано потенцирани, додека социјалните нагони, кои се природно послаби, прогресивно се уназадуваат. Сите човечки суштества, без оглед на општествената позиција, страдаат од овој процес на уназадување. Без да бидат свесни за тоа дека се заложници на сопствениот егоизам, тие се чувствуваат несигурни, осамени, и лишени од наивните, едноставни и несофистицирани задоволства на животот. Човекот може да ја најде смислата на животот, краток и опасен каков што е, само преку своето посветување на општеството.
Алберт Ајнштајн („Зошто социјализам?“)
 

 - и сега повторно ќе ја видиме групата на релативизатори. тоа е синдром на луѓе кои не можат да се препознаат во големата слика и немаат никаква идеја за акција. да престанеме да гледаме во минатото, да се посветиме на сегашноста, за да направиме подобра иднина! никој овде не говори за смена на „ѓаволите“ (помал со поголем или било каква слична паралела), иако тоа постојано се инсинуира. некој овде сака да ја игнорира вистината, едните затоа што така им е подобро, другите оти сакаат да „неутрализираат“ и генерализираат кога и каде стигнат!

 
 

после пак некој ќе каже: па и таму, пред влада се само „партиски војничиња“, но меѓу луѓето кои кампуваат пред влада има и многу луѓе кои не припаѓаат на ниту една партија, но чувствуваат огромна одговорност за состојбата и нејзина промена. под итно треба да престанеме да говориме веќе за бараби, време е да почнеме да зборуваме за нови луѓе кои можеби после 25 години тапкање во место ќе предложат поинаква стратегија од досегашниве и така ќе помогнат за сите во државата. 

„не може да се продолжи со фрлање на анатема на сите партиски неопределени кои препознаа во оваа власт само криминал, нечовечност и желба за „одмазда“.“ 


...ако конструирањето на иднината и давањето конечни решенија за сите времиња не е наша работа, тогаш уште појасно е што треба да направиме во сегашноста: мислам на безобѕирна критика на сé постоечко, безобѕирна во таа смисла, што критиката нема да се плаши од своите резултати и исто толку малку ќе се плаши од судирот со постоечките сили
Карл Маркс (1843)
  
- залоеноста во партискиот концепт е најлошата перцепција која може еден човек да ја има, треба да се размислува надвор од кутијата (пропагандата), треба да се отвори прозорецот - надвор има нов воздух и се повеќе мириса на слобода!

не, добри луѓе, за жал овде нема подобра плата, нови вработувања, субвенции, повисоки пензии, овде нема странски инвестииции, овде има страшни „општествени крадења“ со deal oriented партнерите од криминалните кругови.  


тие [ветувањата] се само една илузија која некој мисли дека се случува избегнувајќи да се соочи со вистината која боли и е сурова и далеку од утопистичка слика за подобро, онаа со „големиот квалитетет сладолед“ на жалниот чичко кој требаше на стари години да спие во контра-кампот за да може после цел живот да го вкуси. 



почнувам да ги сожалувам сите оние што на маката на другите, послушнички се потпишуваат, агитираат по слободни минувачи, кампуваат несвесно и поданички со мисла дека бранат демократија, а застанале на страната на токму спротивното, јадат дневници на сметка на гладот на населението кое уште не е вработено, на сметка на студентите кои немаат нормални студентски услови за живот, ниту пак образование, на сметка на земјоделците и нивните продукти кои пропаѓаат, се фрлат на улици или се продаваат на откуп за ситни пари, секако и на дебелите суми истрошени за патиштата кои се распукуваат после само неколку месеци, и трошок на фактурите кои се платени како да се мермери и бетони, а народот гледа гипс картони и стиропори.

ние сме сведоци на најлошиот дел од модерната македонска историја и некои луѓе кои имаат бенефит од тоа гордо и одлучно го поддржуваат тоа. се гледа како никогаш досега на виделина дека „долга е раката на вмро“ и на многумина им се видела слатка.


:и пак 2006, пак 94, 98... и тоа како аргументи од најстрашниот суд - алоо, 2015 е и во моментот имаме повеќе криминал од сите години собрани заедно. да ја оставиме таа лоша проекција (симулакрум) која ги наметнува земјоделците, ромите, невработените, луѓето од маргиналните групи како второкласен народ во државата. да ги фрлиме менталните опинци и да си подадеме рака за заедно да градиме подобро општество и иднина!
„млатењето слама и заменувањето на тези е најдобра и најпозна алатка!“
ужасно е во моментот некој да се декларира како „поддржувач на власта“, на оваа гарнитура на дпмне, на овие криминогени профили на владетели, на овие структури на политички монструми. јас имам сосема дијаметрално спротивни ставови од таквите луѓе, јас се активирам како слободен граѓанин и чекам да заврши оваа криминалистичка кариера на украдената власт со помош на лажирани и режирани избори.




Во модерната култура несвесната здодевност има огромни димензии, а популарноста на радиото, телевизијата и другите слични средства за потрошувачка произлегува од тоа што луѓето се лишени од автентично искуство. Во нашето општество ние сме индоктринирани да мислиме дека е сосема недолично да се биде незаинтересиран, односно дека тоа е знак за неуспех; „успешниот“ човек се интересира за нешто. Поради тоа чувството на здодевност мораме да го замениме со чувство на возбуденост, иако фактички оваа возбуденост често не е ништо друго освен мисла предизвикана од индоктринацијата според која некои ситуации или личности треба да се доживеат како возбудливи.
Ерих Фром

треба да бидиме своеглави, да размислуваме без никакво влијание, така ќе можеме да ги погледнеме сите проблеми, а и да понудиме можни решенија на истите. народот се буди, се надевам дека наскоро што повеќе ќе застанат на линијата на граѓаните (без партии, книшки и притисоци) и ќе кажат ОВА НЕ ЧИНИ - без разлика кој е виновникот.



on Thursday, February 26, 2015


.деновиве се изнаслушавме секакви глупости по медиумите, од една страна стравот кај група на граѓани расте, а од друга отпорот кој полека - полека, но сигурно го покрева притисокот и револтот на секој оној кој ја надминал оваа сипаница, која во моментов можеме да ја наречеме партиска стравопочит или кивавица.

Големиот брат не прислушкува, ние го преслушкуваме глушецот во канализацијата. не надгледуваат корпоративни, капиталистички, глобални вонземјани. на некој му е грижа за домот, на некој за држава, а некој од кога ги спакувал куферите, полека се обидува да ја заборави нанесената траума...



секојдневно се почесто сме сведоци на диригентсвото кое навлегло во сите можни медиуми, гледаме одредени прилози кои се емитуваат без никакви содржински промени на сите провладини продадени медиуми, читаме на десетици портали како една иста вест се шири како екслузивна, иако граматички е хендикипирана, а нејзината целина и вистинитост бледа.

➤ сакаме ли да продолжиме да живееме во вакво општество?
➤ ќе дојдеме ли до момент кога ќе го надминеме овој медиумски мрак?
➤ се буткаме ли со некоја задоволителна брзина кон одредени промени кои се нужни, за сите заедно да кажеме - Е ОВА Е ПОДОБРО?!
➤ ја преболивме ли смртта на Тамара или револотот дека министерот за здравство се` уште не дал оставка се` повеќе расте?
➤ ќе кажеме ли доста на целата нетрпеливост?

политиката, особено партиската навлезе во сите пори, во сите домови. се повеќе можеш да слушнеш како луѓе се препукуваат како најголеми непријатели, иако кога ќе се погледнат во очи знаат дека ова не е тоа што некој го посакувал.

пучови, лустрации, протести, оставки, изреволтирани страни, „непоканети“ бранители од домашни непријатели, армакедонски гласноговорници.

➧ до кога?

рафали на сите страни. вербални недоразбирања и тоа во крајности. кога на белото викаш дека е црно и обратно, кога на црното викаш дека е бело. неверојатно, или не?!



да кажеш дека оваа серија на преслушкувања објавени од страна на опозицијата, протестите ‪#‎ОставкаЗаТодорOff‬, ‪#‎Студентскипленум‬, протестот на хонорарците, ‪#‎ајде‬, ‪#‎полицискабруталност‬, ‪#‎доста‬ и уште редица други не го размрдале мозокот на било кој совесен граѓанин кој не е (партиски и/ или граѓански активно) определен, или пак едноставно решил да стои на страната на вистината, правото, моралот и етиката, во најмала рака треба да ти се умртвени сите мозочни центри за разумно расудување на големата слика или да ти е уништен единствениот „живец во срцето“ или јазикот да ти е отрпнат за препознавање на топло - ладно. нема друго. 

страдалници сме кои ја обвинуваат мајката на Тамара, кои ги обвинуваат пензионерите оти некој друг во нив видел профит, душовадници сме кои не знаат да му помогнат на својот роднина во мака, а на соседот или некој паднат на улица уште помалку - та се ситат како волци во глувост или лудост гладна, сеедно. па затоа сме први во штабот, небаре таму месијата дели милостина за сите душогрижници, а ситниот пастор со ронки на крајот од неговиот хвалоспев во кој го воспева неговиот очај и самиот себе како папагал со просо се задоволува. перверзија која ниедна канализација не може да ја однесе брзо од нашиот систем, оти и античките експерти кои нашле свое бачило во странство се мешаат и душогубно осудуваат. 

➧ .дали вестите на сител го прекинаа „говорот на диктаторот“? значи ептен е дојдено до „збогум румелија“. 




- живееме во време во кое јавниот сервис стана јавна куќа која сите ја плаќаме, а никој не ја користи како вработени таму да се заболени од сифилис, време во кое министерството за здравство стана министерство за смрт и долго сеќавање, министерството за правда - министерство за мито и корупција, МВР- ВМР, па на крај и ќе слушнеш парафразирано дека некој ти кажува во прво лице еднина: какви нелуѓе биле тие од владата (?!) - страшно!

смешни телевизиски дебати, етикетирање, бесење во talk шоуа, повикување на линч, швалерај и ренесанса, бензини и патни трошоци со астрономски исплатени фактури. поплави. оштетени. заборавени. од друга страна ликови желни за доминација.

луѓе без општа култура, луѓе кои не знаат седнати на маса да се фокусираат на своите ставови и да разговараат на пристојно ниво. испаничени полтрони кои внесува нервоза, агресија, нетрпеливост. навредуваат. кафанџии кои најверојатно се навикнале да бидат главни во нечии каубојски салони, кооперации, опкружени со нивните припрости овци.

жал ми е што со вакви потпросечни (навидум професори, колумнисти, аналитичари, интелектуалци) го делам воздухот. па, на крај треба и да ги прифатиме и разбереме. луѓе на кои очајно им е потребна ЉУБОВ, некој да ги гушне и да ги сожали.



се крие нешто ужасно тажно во таквата вербална хистерија, која како некој вирус ти го уништува имунолошкиот систем, ја успорува граѓанската борба, го грчи мозокот и ја сецка волјата како салама на која и` е потребно вегета, за ракијата да лизга поубаво! но, ова веќе не може да лизга, нит е ракија, ниту пак е добра.

❝ .ако живеете доволно долго, ќе видите дека секоја победа се претвора во пораз.❞ Симон де Бовоар

се бориме како пристојни соговорници, иако се некој на другата страна успева да покаже што значи да бидеш на дното на здравиот разум и условно кажано пристојната граѓанската медиумска/ дигитална комуникација. некој на некој постојано му го зема зборот, со тензијата во тонот си мисли дека доминира, па нешто демек на шала сака да допраша, а всушност одработува, се бори за работното место кое го добил преку партија. да не беше тажно ќе беше смешно, но ова е типичен модел на сегашнава ултра-наци, тоталитаристичка демагогија која несомнено озурпира, „овај“ се обидува недоследно и навидум бескрајно да шармира се што е се` уште слепо и самобендисано. годзили кои дефинитивно треба да се вратат во основно и да научат како треба да се однесуваат меѓу луѓе, на интернет, во јавност - оти човекот е можеби животно, според Дарвин, но умот го сместил скалила угоре од мајмунот од кој некој си мисли дека потекнува! 

- како е во македонија?
- паа.. не можеме да се пожалиме.
- тогаш значи не е лошо..
- не. реков дека не можеме да се пожалиме!


.латас гласно размислува за самиот да се убеди во тоа што го кажува?
.грујо гласно размислува за самиот да се убеди во тоа што го кажува.

❝.светот нема да биде уништен од оние кои чинат зло, туку од оние кои го набљудуваат сето тоа и не преземаат ништо.❞ - некогаш рекол ајнштајн, а јас на ова ќе залепам само нешто од мандела што мислам дека одлично го надополнува контекстот: ❝храбар човек не е оној кој не чувствува страв, туку оној кој го победува!❞

➧ .не (ми) е важно од каде се материјалите, важно (ми) е што има да се слушне на нив!




систем нема, институциите се корумпирани, нема правда, нема судство, нема апсолутно ништо што треба да има за да можеме да кажеме дека има држава. полицијата треба да биде овде за да не чува и заштитува, никако да ни биде закана и страв.

само бланко
сигурност дека нешто ќе се среди, иако сите со страв заклучуваме дека допрва полошо ќе биде.

а материјалите за какви цели се користат според глувата „маса“? за да се уништи државата=владата? НЕ, туку за да му се обзнани на НАРОДОТ каква владеачка гарнитура избирала во текот на овие години, за да се информира БУДНАТА ЈАВНОСТ, иако мислам дека и тоа треба да се стави под знак прашалник, затоа што постои ГОЛЕМА ВЕРОЈАТНОСТ изборите да се наместени. со вакво постапување на поединци се загрозува правниот поредок и правната еднаквост на граѓаните, но со вакво однесување на ВЛАДАТА е загрозен правниот поредок и слободата “загарантирани“ со УСТАВ на државата! што слушнавме до сега во овие неколку бомби? многу слушнавме... многу! секој од нас треба да биде загрижен, веќе не е важно од каде стигнале материјалите до заев, туку колку овие материјали кажуваат за штетноста со која роварат вклучените во истите!




се пласираат илузиорни, навидум саркастични парадигми со кои народот повеќе нема да може да се излаже, ниту со не знам какви селективни државно платени здруженија кои имаат за цел уште толку повеќе да го раздвојат народот, уште помалку со примерите за криминал од пред една деценија кои беа носечка вистина која ја турна претходната влада. истото се случува и сега, со информации кои на сличен начин како и тогаш, така и сега се пласираат на јавноста, ќе пресече народот повторно, но овој пат јас се надевам во полза на самиот себе, не на одредени “елитисти“ кои се исмеваат на убиства, местенки, народ кој гине по универзитети и улици и што ли не!

➧ .една бомба имаме, со радост (ќе) ја носиме.mp3



❝.120 вмровци ќе бидат новите вработени бранители на армијата на рм, до крајот на годината бројката треба да стигне 250, така да, ако сакате да сте војник, штабовите ве чекаат да се пријавите 24/ 7. може и кај најблискиот комшија „војвода“, тој има броеви од „најважните“ - секогаш! - јас стварно не знам зошто не оди вака соопштението. многу е потранспарентно, оти вистината е и така и така кристално чиста и јасна!❞

и пак вртење во круг, небаре сме дрвото од вицот кое вртело околу куќата, дворот, градината, оградата и на крај пак го удрило стопанот по ... „главата“. 

опција прва или опција втора. и пак загатлива тема. се надевам дека нашиот народ ќе се издигне над биполарната константна партиска одлучност, можеби, а? но сепак, полето за политички натпревар за подобро би било многу повеќе од загриженост, страв, излудување. сметам дека македонија е веќе здраво подготвена да очекува од некој следен да изгради подлога која ќе се однесува со гласачкото тело и сите останати грижливо и со адеквантен пристап кон “стратегиите“ за кои обично се слуша само на митинзите, а после место “100 чекори“, народот продолжува да ја следи општонародната клетва „два напред, три назад...“ 



има доста страни кои нудат решенија. или ние сме свесно глуви и слепи на истите или делумно самите себе се декларираме како “семоќни експерти за се` и сешто“, а на крај кога пак доаѓа време за избор, сите со главата во ѕидот.

живееме во ново време кое го изгради граѓанинот и кое константно продолжува да го гради, самите себе сме си мотивација дека можеме подобро. има кој да ја гради подл
огата, посебно во еден ваков период како што се последните неколку години каде очигледно е дека во позадина оди текстот: "let me take u down, 'cause i'm going to ...." ете како има капацитет во оваа држава, животари, дише на шкрги, но не се откажува. секогаш кога било најтешко се случувала позитивна промена. јас на ова би гледал малку попрогресивно и попозитивно, оти нели од (граѓанската) проекција на иднината се` зависи?! 




во секој случај, народот во овој момент не треба од „двете зла, да го избере помалото зло“, туку добро да размисли, требаат визионери и луѓе кои досега се докажале во своите полиња и сега решиле обединето да и помогнат на државата, а такви поединци ете како има. и тоа многу! не ги препознаваш? значи дека не следиш доволно или дека гледаш низ прозорец кој оваа политичка дводецениска магла доволно го извалкала. исчисти си, секој од нас може барем сопствениот прозорец да си го исчисти, да си го подобри сопствениот светоглед, македоноглед, градоглед, улицоглед!

во моментот во државата има луѓе кои со своите ставови отскокнуваат многу во однос на се` она досега видено и почуствувано на сопствена кожа, времето ќе покаже. дали ќе се формира нешто ново, дали нешто старо како од феникс ќе се подигне повторно, дали нешто кое досега било во сенка, сега ќе создаде механизам да излезе на површина, но премногу е луцидно овде да судам, проценувам и констатирам. 

 [овде некој не може ни да го надмине, ни да го победи неговиот страв, а стравот е таков, кога го чувствуваш, а не можеш да го прескокнеш, тој ќе те прегази.]

:но. оваа арка, наша македонска, нема така лесно да пропадне, оти тешка е, преполна со непотребно ѓубре, но за жал истото ја заглавило само на дното, но водата во која сме заглавени не е толку длабока за арката да потоне, а народот секогаш до сега се ослободувал од непотребното, за да ја подигне својата платформа и повторно да заплови во подлабоките води.

!треба да го игнорираме дневниот шунт од информации и да се фокусираме текстуално на она што има подлабока суштина и не е само привидна анахрона алузија, 5 sec reading, ако ме разбираш. за жал пропагандата глобално си ја одработува генерално агендата за перење на мозоци и задојување на умови. ќе биде уште посилна, но здравиот разум, силната мисла и одлучноста за промена секогаш ќе може да се слушне, за оние кои сакаат да го слушнат гласот кој одекнува. ок, ова последното ми е премногу идеалистичко, но подобро вака за менталниот склоп, за разлика од целата депресивна ситуација и начин на меѓусебно глодање кое го нудат нашите граѓани и сегашната (без)времена конституција „и да погинам колку можам ќе се спасам“.   



➧ .луѓе со ампутирани делови од телото и после отстранувањето уште ја чувствуваат болката иако деловите веќе ги нема. ‪#‎демократија‬ 
  
Related Posts with Thumbnails