. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
Showing posts with label закон. Show all posts
Showing posts with label закон. Show all posts
on Monday, October 8, 2012

Член 16 од Уставот на Р. Македонија експлицитно ја забранува цензурата и ја гарантира слободата на говорот, слободниот пристап до информации и нивен пренос. Да се избориме за овие вредности. Да го сопреме предлог-законот пред да биде предоцна. 




1. Повеќе нема да можеш да коментираш на страни, форуми, facebook, twitter без страв дека ќе бидеш осуден на огромна парична казна.

2. Ако имаш твоја страна, ќе треба да ги исклучиш коментарите или да набљудуваш и цензурираш 24 часа во денот.

 3. Твојот веб сајт лесно ќе може да биде исклучен секогаш кога некој ќе се пожали кон интернет провајдерот, без судски налог. 

 4. Твојот (интернет провајдер) или било кој центар на моќ, ќе одлучува кои страници ќе ти бидат достапни исто како во Иран, Кина, Саудиска Арабија, Северна Кореја. 

5. Како интернет провајдер секогаш можеш да бидеш тужен за содржината што ја објавуваат твоите корисници. Казната е 27.000 евра. 

Ова право и простор овде го користам да изразам незадоволство кон овој предлог-закон и да покренам апел, интимен и личен кон сите оние важни, влијателни фактори кои може да се изборат да го задржиме целосното право и слобода што ги имаме како корисници овде на интернет. Непотребно е да се носат решенија кои немаат никаква важност, наспроти големите проблеми кои како темна сенка, облак ја следат еволуцијата на земјата. Со ова само уште толку ќе покажаме дека сме држава во која владее невиден режим и правата секојдневно се ускратени.

Второто читање на законот е во утре, вторник 09.10.2012 година, поставете го кодот на Вашата страна во 00.00 часот истиот ден. Приклучете ја Вашата страна во акцијата за затемнување на македонскиот Интернет со додавање на едноставната скрипта.  



Да застанеме против: Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета - затоа што тоа не е изборот кој го сакаме и сметаме дека никој нема право да ја одземеме слободата на говор, а со тоа и контролата на секој од нас лично како креатори на општеството кое го сакаме со целосната граѓанска одговорност која ја поседуваме.

Македонија: Опасност од цензура преку новиот закон за навреда и клевета 

* * *
on Tuesday, February 21, 2012
. ..меѓународна заштита на интелектуалната сопственост!. .. сега сите ќе знаеме подобро. голема благодарност до македонската група која најпрво започна со датотека на сите податоци кои се публикуваат во Mакедонија поврзани со 'ACTA". не знам дали дел од нивните членови го имаат сработено ова видео или се работи за некои други ентузијасти, овој бесплатен простор на интернет (засега) им го отстапувам.

:by @kihuПотру.

:досега имавме прилика да погледнеме многу видеа и текстови во кои се зборува за овој закон, авторските права. .. тужбите, па дури и затвор. што како нема да се повторувам, лично мислам дека премногу пишував за ова и информирав. сепак, 'споделувам' премногу информации, податоци кои се мои лични авторски дека... се надевам дека слободата да продолжиме со конектирањето со луѓе кои имаат слични афинитети како нашите нема да престане, содржината нема да биде лимитирана, поразот е голем доколку овој закон стапи во функција. сепак наше е правото како да се водиме со нашите авторски права, има други начини како да се корегираат недостатоците, но и далеку подобри методи, слободен софтвер, CC и тн.

не!. .. за цензура!
не!. .. за ограничување на слободата на говор!
не!. .. за комплетен надзор!
не!. .. за губење на граѓански слобода и права!
не!. .. за ограничување на интернет!



.
..е сега, како и за видеото за кое пишував пред некое време овде, македонското. .. од македонската група на поддржувачи на анонимусите, така и за ова дојдоа првите коментари дека е неверодостојно, после неколку дена дека веќе има некои промени и сл. јас ја поддржувам организацијата, мотивацијата и видливите чекори, резултати за тоа дека сепак некој активно е вклучен во следењето на целата ова глобална ситуација/ проблем за која утре во нашата држава може да чуеме дека ете веќе и таа се придружила на мнозинството и ја потпишала согланоста за имплементација на законот.


за мојот претходен текст добив коментар дека тоа било поврзано со само еден член од македонските анонимуси кој размислува како оние глобалните, но не бил дел од македонски, или од нивната fb група. .. I mean, алооо.. какви fb групи, какви квази групации и сл. се запрашав најпво дали да размислувам за ова, но, сепак индивидуалистичко- то општество наметнува други стандарди. сечие мислење е важно, лудост е да судиш! никако не би наметнувал предрасуди за одредени личности, но сепак лично сите ние на моменти треба да се запрашаме дали сакаме да помогнеме или одмогнеме на нашето опшество. дали само сакаме или нашите постапки не дефинираат како такви или онакви. не се согласувам со коментарот сепак.

не би се согласил дека анонимусите се група на хакер(чиња) кои можат да го скинат мојот блог, или да држат соборена некоја македонска/ грчка страница (whatever) скината 2 саати . .. анонимуси се индивидуи кои целат кон повисока мисија, работат со една пософистицирана агенда која е за добробитта и зачувувањето на основните стандарди за егзистенција на оваа планета.

.овде има уште едно видео за кое нема негативни коментари, едноставно дека нели е превод и нема место за мрчење, што е favorite дисциплина во македонија и пошироко. погледнете го и размислете, и не само мислете туку дејствувајте, колку повеќе луѓе се активни и информираат, толку повеќе негаторите, оние што тајно кројат лоши планови ќе разберат дека оние 99% и не се малку колку што нив им се чини и дека не се тоа само овци!



.
by Дамјан Цветков-Димитров.
.
.се надевам нема да ми се налутат авторите на сликичките кои ги искористив, направив и јас една како дополнителна мотивација за секој од Вас да го направи истото. .. и видеото истото го кажува! :)
on Monday, February 20, 2012
.. сигурно тоа би бил одговорот кој би го добил чичко полицаец ако ми ја побара камерата додека фотографирам на улица за време на некој од протестите, кои се` си чинам во иднина ќе се зголемуваат и тоа не само овде во нашата заборавена провинција туку и пошироко.

Image © Richard Wilhelmer Source: Julius von Bismarck


.вака би ја започнал и оваа мала презентација/ интро за анимацијата која ја видов во мојот stream пред извесно време, а се однесува на сите оние засегнати со нивните права како фотографи. живееме во свет во кој секојдневните информации полесно ги конзумираме со нивното визуелно доближување. речиси секој од нас поседува камера и основни познавања за edit-ирање на една слика. фото апаратите и видео камерите се дел од секојдневното модерно живеење, вградени се во мобилните уреди, компјутерите во скоро сите напредни технолошки остварувања.

Unless a picture shocks, it is nothing. - Marcel Duchamp


:фотографијата не е криминал, таа е огледало, одраз на вистината за она што се случува надвор од нашите домови. запис кој останува во меморијата како поглед кој не може така лесно да се избрише. фотографиите беа првите кои дојдоа како информација за многу важни настани за слободата, демократијата, обидот да биде злоупотребено основното човеково право. иако во Македонија немам слушнато за некој голем случај со одземање опрема на некои фотографи, мислам дека ете како имаме плејада на други настани во кои техниката била кршена, новинарите претепувани, забрането снимањето. .. но, ова од професионален аспект на државата и нејзиниот однос со професионалците. премногу професионалност би заклучил, но, за слободни граѓани кои имале сериозни проблеми сеуште немам слушнато. иако има многу случаеви каде полицајци филозофирале, се заканувале и сл. далеку се од технолошката писменост да ти ги избрише фотографиите и платата му е премногу мала да ти ја скрши опремата. (ова паушални муабети..)

The camera is an instrument that teaches people how to see without a camera. – Dorthea Lange

Многу често сум се наоѓал во ситуација со пријатели да разговараме на темата за која убаво е објаснето во анимацијата овде. Станува збор за правата на секој обичен граѓанин кој сака да фотографира publiс, или што би значело, по улиците, плоштадите, на различни јавни настани, манифестации и сл.

Луѓе не ретко се нашле во ситуација лица од полицијата да им забранат да фотографираат, снимаат и бидат заплашувани со тоа дека опремата ќе им биде конфискувана. Во обид да се воведат клаустофобични правила на глобално ниво, сегашниов систем на управување е така констриран да всадува страв помеѓу народот. Анимацијава на еден сатиричен начин ги доловува сите тие борбени моменти во кои фоторепортери, камермани се справуваат со нивните права да презентираат транспарентно вистински записи од одредени настани.

Таквите права го прават светот место во кое луѓето ќе имаат слобода сами да ја изберат нивната Вистина, доколку ти е одземено ова право показател дека нешто не е во ред со системот во кој живееш. Јас не си ја давам камерата (кога ја имам) на никого! . .. а, Вие?


.
:Photography is Not a Crime!

If you haven't seen this yet, check it out. It's a great video that educates on our freedom to photograph in public and does so in a fun/humorous way.
.

.
No nation could preserve its freedom in the midst of continual warfare. -James Madison
on Friday, January 15, 2010
Не знам колку оваа тема е интересна и провокативна за вас, но мене во последниве неколку дена во неколку наврати ме замислува. Штом нешто ме замислува значи имам некои неразјаснети работи. Не дека ќе ми се разјаснат откако ќе ги запишам овде, ама бар ќе ги извадам од мојата глава да не ми тежат. Тоа тежат е клучно во моево писание, затоа што овој проблем реално би требало да му тежи на секој жител на оваа држава. Како што тргна деновиве по медиумите се прикажуваат некои паушални разговори, несериозни дебати во кои повеќе се зборува за општи проблеми т.е. две комшивки на кафе, место за конкретно решение. Впрочем и за повеќето проблемите во државата само се вртат во круг мислења пропратени со знаење и опсервација како на неписмен дедо, а конкретни чекори за што понатаму никако не се превзeмаат. [ова општо]
Нов проблем деновиве се јави во образованието, дали требало да се учи македонски или албански јазик во Западна Македонија од прво одделение.
Најпрво, искрено мислев дека живеам во обединета држава, ако не повеќе бар на обединетост на граѓаните од левата и десната страна на Вардар. Но ова мириса на посуптилен проблем кој допрва доаѓа. Кога некој живее во оваа држава треба да е свесен дека по дифолт тој е Македонец без разлика дали неговите корени ( origins ) му доаѓаат од Албанија, Србија, Бугарија, Африка, Марс или од некое друго место нам сосема непознато. Ова дифолтот не доаѓа само од тоа што на извод од матична книга на родени, лична карта, пасош.. ти пишува место на раѓање: Македонија, туку од тоа дека тоа Македонија во случајов значи се' поврзано со тебе-како и образованието што ти следи исто како и наброените документи.
Моево дифолт подразбира учење на македонски јазик од прво одделение како задолжителен мајчин јазик, а можноста за учење на албански јазик биде воведене некаде во текот на образовниот процес. Албанските експерти би имале можност да изберат кога/каде точно би се вметнал.
Кај ова мое дифолт би сакал и да застанам со пишувањето, затоа што мене некако ми е доволно како став наспроти луѓево од западната страна. Ако во иднина продолжиме да остваруваме желби можеби би посакале да постанат држава како Вевчани, па дури може и посериозна, не?
Правото за учење на јазикот на нивните корени, драгите ни пријатели со прапра потекло од Албанија (какви сите ги имаме се надевам) во нашава држава го имаат од многу одамна. Јас лично би сакал сите луѓе кои живеат на територијата на нашава држава со македонско државјанство од прво одделение изучуваат македонски јазик. И во другите држави живеат малцинства исто така процентуално многу застапени, но во ниедна од тие држави не се изучуваат како задолжителни други јазици освен јазикот кој е матичен на таа држава. Во текот на образовниот процес може да биде воведено по избор англиски, француски, германски, албански сеедно. Доколку треба да се изучува албанскиот јазик, да биде воведен во програмите за трето одделение. Иронична ми е идејата редовен ученик во образовниот систем на Република Македонија во трето или четврто одделение не знае македонски јазик, а наспроти тоа знае основен англиски јазик. (basic English)



Во секој случај на територијата на Западна Македонија сеуште живеат македонци кои пробуваат да го фатат законот за трето дете, има вработено наставници кои предаваат на македонски јазик. Зарем на толку невработеност - нови невработувања? Не би сакале како држава да правиме дисбаланс и дискриминација меѓу децата, па уште мали да ги делиме во јазични паралелки. Да им креираме меѓусебна омраза наместо да ги учиме да ја почитуваат, разбираат и сакаат различноста.
Можеби не кажав премногу, но ова ми е доволно за повремено помирување со овој проблем во мојата глава затоа што сум еден од тие македонци што сакаат да научат албански јазик. Немам проблеми со македонците со албанско потекло, но сепак како македонец сметам дека првиот јазик со кој ќе се сретне секое дете кое ќе стапне во училиште треба да биде македонскиот јазик.

Dita 'n mir!


Related Posts with Thumbnails