. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
Showing posts with label language. Show all posts
Showing posts with label language. Show all posts
on Wednesday, April 25, 2012
Психонаути,

додека мислиме дека живееме во пародија од држава, нивото на хумор и сатира е сведен на иронија, потсмев, прост сарказам. Зарем дневниците на уредниците на порталите се толку мали или нивото на размислување толку ниско? нечовечно изразување на комфортноста на ефтините столчиња во импровизациите од маркетинг агенции и фирми не ви дава за право да си поигрувате (секојдневно) со нивото на вашите читатели. Сепак, не сите се припрости, треба да му ставите Вие (..и само Вие) крај на овој навредлив пристап кон информациите, без разлика од каков карактер се.

И после не сме биле мрчатори, народ полн со презир. Зошто со вакви наслови и теми мислиме дека креираме сензација?

  • Калиопи го “зезна” и Ѓоко Танески zdravo.mk 
  • Бато, хтела сам спикати off.net.mk 
  • Калиопи слабо англискиот а? fun.mnogoo.mk 
  • Ах, Калиопи Калиопи, зар и ти падна на тестот по Англиски? tocka.com.mk 
  • Де бе Калиопи БркајРабота 
  • Калиопи и англиски - магаре и козметика! ТВ Пакет 
  •  „Бед инглиш резил македониш“ kirilica 
  • Калиопи, транскрипција on.net 

Сега видов едно подолго интервју од Калиопи и не би сакал да застанам на нејзина страна, но таа се снаоѓа, добро зборува, разбира. ..самата не би требало премногу да нагласува дека не знае да зборува, сепак тоа се забележува. Ако сака од тоа да направи маркетиншки трик, хм.. друга приказна.



Горчливоста на еден народ најмногу може да се анализира преку пишаните и електронските медиуми, ако ги погледнеме повеќето денешни наслови поврзани со видеото ќе дојдеме до заклучок дека сме доста огорчени, но сепак нерешливи, избираме послаб удар. Поседувањето медиум и продавање сеир наспроти црна хроника, криминал, патишта и време. Угледот и достоинството се две заборавени реквизити кои никој не ги користи. Така изгледаат работите кога големиот брат ќе ти дозволи да погледнеш во backstage, позади кулисите, рефлекторите, камерите. Точно, и ѕвездите не се ѕвезди, но и тие што треба да пишуваат и да известуваат за нив не се помалку лоши. Мислам дека иднината на технологијата требаше да не однесе подалеку од сцената полна вулгаризми, граѓанскиот глас може да исчезне како ехо, да биде крик, но и да биде многу силен.

Сеедно, потсмевањето со умот на читателот е најтешката игра која ја имаат медиумите, затоа овие новите се многу временни, минливи. .. како тоалетна хартија!
on Friday, January 15, 2010
Не знам колку оваа тема е интересна и провокативна за вас, но мене во последниве неколку дена во неколку наврати ме замислува. Штом нешто ме замислува значи имам некои неразјаснети работи. Не дека ќе ми се разјаснат откако ќе ги запишам овде, ама бар ќе ги извадам од мојата глава да не ми тежат. Тоа тежат е клучно во моево писание, затоа што овој проблем реално би требало да му тежи на секој жител на оваа држава. Како што тргна деновиве по медиумите се прикажуваат некои паушални разговори, несериозни дебати во кои повеќе се зборува за општи проблеми т.е. две комшивки на кафе, место за конкретно решение. Впрочем и за повеќето проблемите во државата само се вртат во круг мислења пропратени со знаење и опсервација како на неписмен дедо, а конкретни чекори за што понатаму никако не се превзeмаат. [ова општо]
Нов проблем деновиве се јави во образованието, дали требало да се учи македонски или албански јазик во Западна Македонија од прво одделение.
Најпрво, искрено мислев дека живеам во обединета држава, ако не повеќе бар на обединетост на граѓаните од левата и десната страна на Вардар. Но ова мириса на посуптилен проблем кој допрва доаѓа. Кога некој живее во оваа држава треба да е свесен дека по дифолт тој е Македонец без разлика дали неговите корени ( origins ) му доаѓаат од Албанија, Србија, Бугарија, Африка, Марс или од некое друго место нам сосема непознато. Ова дифолтот не доаѓа само од тоа што на извод од матична книга на родени, лична карта, пасош.. ти пишува место на раѓање: Македонија, туку од тоа дека тоа Македонија во случајов значи се' поврзано со тебе-како и образованието што ти следи исто како и наброените документи.
Моево дифолт подразбира учење на македонски јазик од прво одделение како задолжителен мајчин јазик, а можноста за учење на албански јазик биде воведене некаде во текот на образовниот процес. Албанските експерти би имале можност да изберат кога/каде точно би се вметнал.
Кај ова мое дифолт би сакал и да застанам со пишувањето, затоа што мене некако ми е доволно како став наспроти луѓево од западната страна. Ако во иднина продолжиме да остваруваме желби можеби би посакале да постанат држава како Вевчани, па дури може и посериозна, не?
Правото за учење на јазикот на нивните корени, драгите ни пријатели со прапра потекло од Албанија (какви сите ги имаме се надевам) во нашава држава го имаат од многу одамна. Јас лично би сакал сите луѓе кои живеат на територијата на нашава држава со македонско државјанство од прво одделение изучуваат македонски јазик. И во другите држави живеат малцинства исто така процентуално многу застапени, но во ниедна од тие држави не се изучуваат како задолжителни други јазици освен јазикот кој е матичен на таа држава. Во текот на образовниот процес може да биде воведено по избор англиски, француски, германски, албански сеедно. Доколку треба да се изучува албанскиот јазик, да биде воведен во програмите за трето одделение. Иронична ми е идејата редовен ученик во образовниот систем на Република Македонија во трето или четврто одделение не знае македонски јазик, а наспроти тоа знае основен англиски јазик. (basic English)



Во секој случај на територијата на Западна Македонија сеуште живеат македонци кои пробуваат да го фатат законот за трето дете, има вработено наставници кои предаваат на македонски јазик. Зарем на толку невработеност - нови невработувања? Не би сакале како држава да правиме дисбаланс и дискриминација меѓу децата, па уште мали да ги делиме во јазични паралелки. Да им креираме меѓусебна омраза наместо да ги учиме да ја почитуваат, разбираат и сакаат различноста.
Можеби не кажав премногу, но ова ми е доволно за повремено помирување со овој проблем во мојата глава затоа што сум еден од тие македонци што сакаат да научат албански јазик. Немам проблеми со македонците со албанско потекло, но сепак како македонец сметам дека првиот јазик со кој ќе се сретне секое дете кое ќе стапне во училиште треба да биде македонскиот јазик.

Dita 'n mir!


Related Posts with Thumbnails