Нов проблем деновиве се јави во образованието, дали требало да се учи македонски или албански јазик во Западна Македонија од прво одделение.
Најпрво, искрено мислев дека живеам во обединета држава, ако не повеќе бар на обединетост на граѓаните од левата и десната страна на Вардар. Но ова мириса на посуптилен проблем кој допрва доаѓа. Кога некој живее во оваа држава треба да е свесен дека по дифолт тој е Македонец без разлика дали неговите корени (
Моево дифолт подразбира учење на македонски јазик од прво одделение како задолжителен мајчин јазик, а можноста за учење на албански јазик биде воведене некаде во текот на образовниот процес. Албанските експерти би имале можност да изберат кога/каде точно би се вметнал.
Кај ова мое дифолт би сакал и да застанам со пишувањето, затоа што мене некако ми е доволно како став наспроти луѓево од западната страна. Ако во иднина продолжиме да остваруваме желби можеби би посакале да постанат држава како Вевчани, па дури може и посериозна, не?
Правото за учење на јазикот на нивните корени, драгите ни пријатели со прапра потекло од Албанија (какви сите ги имаме се надевам) во нашава држава го имаат од многу одамна. Јас лично би сакал сите луѓе кои живеат на територијата на нашава држава со македонско државјанство од прво одделение изучуваат македонски јазик. И во другите држави живеат малцинства исто така процентуално многу застапени, но во ниедна од тие држави не се изучуваат како задолжителни други јазици освен јазикот кој е матичен на таа држава. Во текот на образовниот процес може да биде воведено по избор англиски, француски, германски, албански сеедно. Доколку треба да се изучува албанскиот јазик, да биде воведен во програмите за трето одделение. Иронична ми е идејата редовен ученик во образовниот систем на Република Македонија во трето или четврто одделение не знае македонски јазик, а наспроти тоа знае основен англиски јазик. (basic English)
Во секој случај на територијата на Западна Македонија сеуште живеат македонци кои пробуваат да го фатат законот за трето дете, има вработено наставници кои предаваат на македонски јазик. Зарем на толку невработеност - нови невработувања? Не би сакале како држава да правиме дисбаланс и дискриминација меѓу децата, па уште мали да ги делиме во јазични паралелки. Да им креираме меѓусебна омраза наместо да ги учиме да ја почитуваат, разбираат и сакаат различноста.
Можеби не кажав премногу, но ова ми е доволно за повремено помирување со овој проблем во мојата глава затоа што сум еден од тие македонци што сакаат да научат албански јазик. Немам проблеми со македонците со албанско потекло, но сепак како македонец сметам дека првиот јазик со кој ќе се сретне секое дете кое ќе стапне во училиште треба да биде македонскиот јазик.
Dita 'n mir!
0 comments:
Post a Comment