Има некои аспекти кои од старт почнаа да ме иритираат како на пример сценариото, режијата, времетраењето, квалитетот (дека е добар)... Славен јунак треба да стане тој што се потпишал позади овие спотови - едукативни или пропагандни, затоа што сценаријата се како да се работени на писмена задача од четвртоодделенци. Времетраењето е сечење вени затоа што треба да се има трпение да се изконзумираат сите 5 спотови наеднаш, па макар и еден да седнеш да изгледаш без неколку пати да погледнеш лево-десно.
Уште кога првиот пат ги изгледав овие видеа ми беа некако познати, како да сум ги гледал пред едно 10-15 години. Неосоцијалистички моменти фрчат, страв и трепет се наметнува, уште да бев по панталони и краевите да ми се затресеа од страв. Летање во облаците, искачување на врвот на светот, правење салто назад од 100-ти спрат на зграда од каде единствено небото е твојот дом, возење skate како str8-ерски сегмент, убиства, масакри... подобро би било да се дадоа сите тие пари за да се снима некој хорор филм во наша продукција доколку тоа било целта.
Уште една патетична кампања на Владата за жал, која е срам за сите што имаат барем малку интелигенција без разлика дали се дрогираат или не. Пристапот е површен и не приемчив ни за најмалите кои се најмногу едуцирани, додека таргет групата за овие филмови само ќе направи гротеска од целата таа несериозност која е вештачки наметната.
[марихуана] _ [екстази] _ [хероин] _ [кокаин] _ [positiveFilm]
Болна точка кај оваа кампања како и кај претходните е дека се премногу скапи. Премногу се инвестира на непотребно рекламирање "во светот", на правење деца на сила кога парите не ги добиваат луѓето кои место фамилии градат градинки, против пушење, против алкохол, против плукање, против...абе против се'. Кога сите тие пари би биле инвестирани во оригинални и претходно добро анализирани стратегии и резултатите кои ќе беа постигнати ќе покажаа реален ефект во активното општество.
Наспроти ова граѓаните ни стануваат се поочајни и излезот го бараат надвор од вентилаторот.
Се согласувам со едно, потребата од сериозна кампања за штетноста од дрогите е ете како потребна, но прашањето би било - каква би била таа кампања која би делувала како brainwash на младите генерации?
- Активно држење на предавања во сите училишта
- медиумите да креираат едукативни емисии со гости експерти од таа област (со средства на Владата)
- да се прават најразлични креативни конкурси во кои младите ќе бидат активно вклучени, а не само пасивни конзументи на невкусна супа
- соочување на таргет групата со луѓе кои го поминале тој мрачен пат на дрогите
- кратки видеа (можеби) кои ќе бидат создадени од младите кои имаат желба да видат како е да се биде дел од еден тим кој создава нешто со кое се бори од злото на денешницата (и јас почнав да станувам морбиден)
невистини за видеото за Марихуаната - Ganja presents:
-никој не краде чанти, автомобили, автобуси, авиони...;
-тешко е да се трча затоа што те мрзи;
-зошто да си одиш со кола да ја лупнеш некаде кога можеш да си одиш пешки или со такси;
-ниедна девојка доцна во ноќта не оди споро како зомби по сред пешачки и чека да ја удри кола;
-јас сум на врвот на светот?!? (ова изгледа како да требало нешто да се каже, да не е само музика)
Нема да ги постирам видеата овде затоа што се одвратни, туку ќе презентирам една позитивна приказна поврзана со кратките филмчиња баш како што се овие ненаменските за кои се изнапишав и троа повеќе.
________________________________________________________________...
*Неверојатна приказна која го вклучува YouTube, мал буџет, но голема креативност и огромен успех. Се работи за "Panic Attack" краток филм на уругвајскиот продуцент Феде Алверез. Откако го закачил краткото видео на YouTube, само по неколку дена, холивудските студија започнале да му тропаат на врата и му понудија филмски договор вреден 30 милиони долари!
„Го закачив видеото во четврток и во понеделеник мојот имејл беше комплетно исполнет со мејлови од холивудските студија. Бевме шокирани. “ вели г-дин. Алварез.
YouTube видеото го чинело уругвајскиот режисер само 300 долари. Сега неговиот долгометражен филм е спонзориран од режисерот на „Spiredman“, Сам Раими, а ќе се снима во Аргентина и Уругвај.
„Ако некој режисер од некоја земја може да го постигне ова, тогаш значи дека секој може да го направи истото.“ вели уругвајскиот режисер.
превземено од IT[dot]com[dot]mk
После ова само како за крај би додал, кога Владата би инвестирала во младите со желба за прогрес, со парите кои се истрошени за оваа кампања ќе се создадеа едно 30тина кратки филмови од кои дел ќе беа наменски, а дел ќе беа оригинални и авторски со кои државата ќе можеше да се презентира по разно разни филмски фестивали ширум светот и да ја покриеше и онаа другата кампања за промовирање на Timeless.
2 comments:
Kihu Potru еден од најдобрите текстови што сум ги прочитал до сега поврзано со медиокретенизмот на владите против дрогите... особено за нашата тековна! Чекаме книга еј :)
@kapsarovB како што ти кажав тоа се само факти нафрлени онака од ракав, ако се навлезе суптилно ќе излезат уште мал милион грешки во пристапот. Филмчињата се снимени на фора, мама, мамо ме викнаа на кастинг, па ме снимаа и сега ме даваат на youtube, а тоа што сака авторот да го каже се губи меѓу сликите.
Post a Comment