. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
on Sunday, November 24, 2013

И се будам јас така порано во недела сабајле, небаре сум пензионер кој доволно спиел, отварам facebook и wow, Јанко Бурек повторно со екслузивен гостин, никој друг, едниот и единствен - Тони Михајловски, најголемиот ѕвер - евер на македонската театарската и филмска сцена.

 
(ова сакав да наликувам на неговата најава, туку да одам да измијам лице и да не се замарам, овде само ќе ја оставам сликичката поздрав, не сум пишувал доста време на блогот, т`к да voila ~


on Friday, August 9, 2013
извонредна .gif анимација - плава/ сина метаморфоза. автор непознат. најважно, ќе си стои овде на блог. отпоздрав!
Би поверувале ли дека ова е полжав? Ви личи ли на едно од најинтересните суштества на планетата, оние кои си ги носат куќичките со себе?

Ова е кубански земен полжав уште познат и како (Priotrochatella stellata)кој за жал претставува еден од ретките видови на полжави кој е пред изумирање.Причината за тоа е експлоатацијата на каменоломите за мермер кои се всушност нивно живеалиште.

фотографијата е на Адријан Гонзалес Гулен

on Wednesday, August 7, 2013
Минатиот септември компаниите 92Y и Веслиан формално го претставија и воведоа новиот голем отворен online конкурс МООC (МООЦ). МООЦ би требало да ги развие и сподели идеите кои генерално се покренати на Social Good Самитот каде иваа година од 22 до 24 септември ќе биде поставено прашањето: Како ќе изгледа светот во 2030 година?Како би можел секој од нас да помогне во неговото обликување, во давањето нова форма?

Луѓето веќе започнаа да го користат хаштагот #2030NOW. Доколку сте заинтересирани би можеле да ги погледнете реализираните проекти и идеи поврзани со иднината на нашето општество.


on Wednesday, May 8, 2013

:дали е најдобриот флеш моб ever немам појма, ама сепак е интересен. еден од коментарите би бил: too bad ppl can't come together like this every day and live in peace and harmony with one another ..



improv everywhere e колектив кој има за цел да поставува најразлични сцени на јавни простори. нивната намена е секако комерцијална, а преку користење на интерактивни модули со публиката тие создаваат уличен мултимедијален театар. Со овој mp3 experiment како штого нарекуваат овој проект, две групи на луѓе лоцирани на две места се спојуваат во парк на зајдисонце и почнуваат да играт со најразлични светлечки објекти (фото - блицови, телефони, специјални светилки во боја и тн.)

околу 3500 луѓе вклучени во овој флеш-моб, учесници кои симнале mp3 file и со слушање на пораките и упатствата за оваа забавна интеракција го преполниле кејот на реката Хадсон.





on Monday, March 25, 2013

.денес е ден кога многумина мислат дека изборите им ги пресекоа крилјата, момент кога некои си мислат дека останале без крилја, пресвртница во која не можат да ги визуализираат пределите кои вообичаено ги прелетуваат.

.мене ми е преку глава од избори и помислив на едно друго сечење на крилја, сечење кое започнува многу порано,  некаде далеку од општествените влијанија, но е далеку поболно и посуштинско истовремено.


 
Сеуште мислам дека можам да ги постигнам моите (смешни) соништа и мислам дека сликата не ми доаѓа како асоцијација на мојот живот, туку како реплика на луѓето кои живеат околу мене, и како одговор на животите кои многумина ги живеат.

Дали вашите родители се погрижија за вашите крилја? 

Ова е прашање кое е многу важно, моќно.. одговорот би требало да си го дадете сами. Опцијата "отворени можности" е стадиум на размислување кој малкумина го нудат на своите деца. Колку пати сте слушнале дека родители им забраниле на децата да бидам музичари, писатели, уметници, едноставно најмногу заради тоа што тоа не се исплаќа..

Пожестоките родители се обиделе да направат целосна трансформација на размислувањата на своите најмили, додека оние другите се обиделе да им кажат дека место писатели би можеле да работат како уредници, и така ем да пишуваат ем да успеат да заработат.

Немојте да се вознимирувате, истото ќе почнете и сами да си го правите во одреден дел од животниот пат, кога ќе ја изгубите мотивираноста, кога ќе се соочите со суровата реалност, кога ќе знаете што од тоа по кое сте мечтаеле е возможно, а што воопшто не.

Почнавте сами да си ги сечете крилјата?
- Тогаш немојте да ги обвинувате вашите родители што се обиделе да го направат истото многу порано.

Суштината на овој пост ќе биде желбата да се мотивирам самиот себе, а и вас доколку сеуште читате дека најпотребно е самите себе да си потврдиме дека крилјата се нашата сигурност, можноста за оттргнување од секојдневието, решението за вашите следни чекори и храброста да ги надминете моменталните проблеми. Овие крилја кои повеќето ги сметаат за изумрена состојба, како и приказните за еднорозите сеуште постојат, тие се дел од колективната свест на светлите луѓе, оние кои не познаваат време и простор, но се секогаш овде да ви кажат дека вие можете да успеете во се што сте посакале или сте се обиделе. Немојте да се вознимирувате иако вашата издржливост може да опадне, научете се да ги почитувате вашите родители, тие не ни знаеле за вашите крилја, и најважно научете се сами да си ги почитувате вашите крилја, па не покажувајте ги пред родителите или тие кои се обидуваат да се однесуваат како такви.

не сите сакаат да бидат кловнови, ако сретнете таков, поддржете го! нема многу такви! -_-

on Sunday, March 17, 2013

Можеби ќе му треба и некој посоодветен наслов на овој текст, но за почеток нека биде ова основата. Денес е прочка. Побаравте од некого да ви ги опрости грешките, сметате дека некогаш ви се случило да направите грешка? Осмислено или без умисла, сеедно, ние некогаш правиме грешки и тоа е факт.



А опростување бараме од повозрасните, а истото го очекуваме од помладите од нас. Јас денес побарав прошка од мајка ми, а истовремено им простив на сите, со чиста мисла и со длабока вдахновение. На сите, и на оние кои ја побараа од мене, и на оние кои заборавија, и на оние кои не мислат дека им е потребно простување од моја страна, а секако и на тие кои мислат дека од таа точка/ момент на простување ќе започне едно ново запознавање и комуникација основана на еден почовечки темел на разбирање и прифаќање.

“.мајка ми ми прости за се што (не) сум направил. убаво чувство. ослободувачко. нека простат и другите, грешките се секојдневие, секој ги прави, да внимаваме и да ги избегнуваме е добро, но, да станеме и свесни за оние кои сме ги направиле. па да си простиме и самите себе. убав ден добри луѓе.” 

Некој ќе каже ова е традиција, доаѓа Велигден, Тримери, луѓето обожаваат да следат празници. .. т.е. сакаат (некогаш) од празниците да прават трендови. Дали треба од обичаите и нашата традиција да направиме тренд или самата идеја е премногу амбициозна за да биде вистинска, со сигурност не можеме да заклучиме, но најважно е да знаеме што сакаме, и да знаеме како преку простување да стигнеме до нашето позитивно реализирање.

Можеби не сте знаеле, но луѓето кои умеат да простат имаат помирен живот или сон, а некои подобрување и на крвниот притисок, засилување на имунитетот. Наспроти тоа, можеме да помислиме и на примери на луѓе кои во нашиот светоглед се прифатени како добри, мирни, разбирливи, примери на луѓе кои знаат да простат. Зарем таквите не лачат поубава енергија? Зарем таквите немаат поискрена светлина во своите очи?

Колку често простуваме е одговор на тоа колку често умееме да ја прифатиме реалноста таква каква што е, сурова, болна, најчесто непријатна, но треба да одлучите дали сте од оние кои "простуваат по навика" или "простуваат како реакција на одреден настан."

Простувањето секогаш би требало да биде манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов која ја имаме и гаиме кон нашите ближни, онаа која безусловно и безгранично ја користиме за проштевање меѓу нас самите. А дали умееме да си простиме самите себе како што им простуваме на другите?

Да се соочиме со фактите, со оние аргументи кои направиле конфликт, да бидеме спремни да ги прифатиме сите последици. Јадот и омразата можат да бидат најголемиот отров на човештвото. Додека ги имаме во себе и немаме вентил за нивно филтрирање ние можеме да си останеме долго заробени во нашите (не)вистини. Ослободувањето од омразата и непотребните грижи ќе ни помогнат да простиме. Секако, ако знаеме што имаме на листата за простување..

Што згрешив јас, што згреши ти, тој, таа .. ТИЕ?! 

Листата ќе ни помогне полесно да поминеме низ моментите кои оставиле лош впечаток во нашиот живот и сеќавање. Знаете, не секогаш сме свесни кога правиме грешки или други ни ги нанесуваат нам. Да не влегуваме цврсто во војна поради нешто што било брзо изречено или направено.Сите ние сме склони на брзи потези иако ни е добро позната онаа стара поговорка со брзата кучка и нејзините кученца.. Место да ги визуализираме резултатите од народната поговорка, подобро да ја замислиме нашата состојба кога си простуваме себе си или на оној кого сме го повредиле или не повредил.



Таа состојба би била одличен момент за почеток на новата состојба на свесност во која ние умееме да ги препознаеме и вреднеме грешките исто како и успесите.

Да си простуваме, така сме поблиску до вистинскиот пат, оној на хуманите луѓе кои умеат да јапокажат убавината на животот со самоти нивно постоење. Да бидеме над проблемите и даумеемедаси простиме за се што сме направиле во минатото,така ќебидеме подобри во иднина.

А, ако умееме да и простиме на околината и нашата заедница за тоа што направила погрешно во минатото, може и таа да се подобри во иднина.

Може(би) простувањето е сериозен клуч на успехот, вреди да се обидуваме, поинтензивно се разбира.

p.s. простете ако ви згрешив нешто со овој текст! 

.недела, зошто да не можеме да бидеме денес земјата на блузот? барем на момент, не нашата "територијата", не "времето", не "улицата", туку ние самите, не буквално нашата земја, де! е така.


сликата е од: republika.mk
за каква е нашата земја може да пишувате и размислувате на друго место, овде како за прочка, по не знам колку време музичко интермецо.

Гуру Харе, Амон Мра и компанија со сосема одлична песна за денес. нешто ново, забавно, одлично склопено, разиграна интерпретација. аre u feeling dizzy или малку како посткарневалска креација, сеедно. груви неделна релаксација, indeed. Браво за екипата, идемо ~ Guru Hare - land of the blues;

on Wednesday, February 27, 2013

Интересно и невообичаено, но не многу добро - се заглавил бувот во ауто. 


Исплашено делува и ова не се очите на бувот од бушава азбука, ова е заебана работа. А замисли ти да се заглавиш некаде?! :D




on Sunday, February 17, 2013

I think our society is run by insane people for insane objectives! John Lennon


За жал или за среќа ова го кажал многу одамна славниот Џон Ленон и воопшто не погрешил кога ја дефинирал тогашната ситуација. Тој дополнил дека можеби е полесно да ги прифатат такви какви што се затоа што во времето кога се појавиле на сцената биле сеуште мали и речиси невини за политичките ѕверови, но како годините поминувале - нивниот непроменет стил и начин на изразување на нивниот креативен порив полека, полека почнал да предизвикува проблеми.

Не е лесно да ја имаш способноста рационално да размислуваш и да си свесен дека си избрал кандидати кои се политички манијаци кои избрале манијачки начин на владеење. Ако се обидеме да ги согледаме начините на кои сме третирани како жители на планетата земја ќе забележаме дека воопшто нема разлика во владеењето на глобалните општества и влади.

Вистина ли е дека налудничави луѓе владеат со нашето општетство? Манипулативни крвопијци кои кројат психопатска политика? Би требало ли народот и во 21 век сеуште заслепено да гласа и да дава зелен картон за животински битки? Ќе ги спасуваме животните? Човеколиките или оние другите?

Од една страна може да му се восхитуваме на Џон Ленон како на музичар и уметник, а од друга затоа што беше еден од наголемите гласноговорници и застапници на мирот. Цитатите на Џон Ленон најчесто ги изразуваат проблемите кои ги изразуваат идеите на американското општество кое се обидува постојано да ги програмира луѓето дека сите мора да работат повеќе од колку што е доволно, некогаш и на неколку работни места, да стапат во брак, да имаат деца, да немаат проблем со тоа што живеат во предградијата, а секако и да не се грижат толку многу за нивната смрт.

Таквите луѓе немаат чувство на страст и љубов кон животот кој сепак е т.е. би требало да биде најважниот аспект на животот на сите граѓани. Секој човек мора да биде способен да чувствува, истражува, да има страсти, да може да патува, да биде ангажиран во откривањето на нови култури и да работи, но тоа да биде секако со цел да научи да го цени и живее животот во потполност.

Почнува да станува експретмно жално за сите оние безработни луѓе, но секако и за оние заглавени во работа која на крај не е исплатлива, очајно е да се гледаат луѓето како постепено почнуваат да го мразат целиот нивен живот, бидејќи идејата за "совршен живот" не е тоа што го живеат во суштина.

Среќата е клучот за се`, никогаш не се обидувајте да се договорите за помалку од тоа.
Mankind is like dogs, not gods — as long as you don't get mad they'll bite you — but stay mad and you'll never be bitten. Dogs don't respect humility and sorrow.

- Kerouac


Дали можеби дојде време да се спасуваме од оние кои сакаат да не спасат?! Денес еден мој пријател (Костадин Устапетров) сподели убава мисла поврзана со оваа тематика која оди вака: Се ослободија и од оние што не ослободија. Може и да се согласиме со погорната зборовна игра и длабоката метафора на Кероак: Човештвото е како кучињата, не боговите - се додека не се налутите тие ќе ве гризнат - но штом останете луд вие никогаш нема да бидете каснати. Кучињата не ги почитуваат смиреноста и тагата. Kога сме кај овие психолошки нивоа на некој вид активистичка неспособност и хендикеп би можеле да се седиме на тоа што го вели Жижек, парафразирам: дека можеби човештвото е ОК, но 99% од луѓето се досадни идиоти!

Во оваа новоситуирана колективна свест недостасува критикка мисла, линија која оди по краевите на кобното, недостасува глас кој повторно ќе одекне во пространството и ќе ги врати правите морали и етика меѓу вуѓето. Недостасува критичка мисла која нема да навреди, повреди, потребно е мислење кое ќе покаже нова можност, нова перцепција. Би се согласил дека со Жижек дека човештвото е ок, но би додал дека: перцепцијата на луѓето е (малку) тапа!

Без разлика дали движиме лево, десно или по средина - нашиот ОД треба да бидесигурен и стабилен! ете така. :))


on Friday, February 15, 2013

:навистина секој од нас е роден уметник, роден со сопствена дарба и талент. со сопствена ѕвезда која те тера да останеш креативен, полн со идеи, имагинативен. .. секогаш подготвен да создадеш свој светоглед. можеби си заборавил, но тоа сигурно го правеше како дете.

 


ова видео од TEDtalks на Young-ha Kim говори токму за тоа. Зошто престануваме да си играме и да создаваме? Со шарм и хумор, прославениот корејски автор Јанг-ха Ким ги повикува најголемите уметници во светот да не поттикнат да го ослободиме своето внатрешно дете - уметникот кој сакаше да си игра засекогаш.

Јанг-ха Ким е еден од најдобрите писатели на својата генерација, тој е романиер кој ткае приказни кои зборуваат за возбудувањата и предизвиците на младите корејци во оваа ера на глобализација и постојано менување на светот..


on Wednesday, February 13, 2013

:не, јас стварно не знам шо се дешава со овој блог и зошто последните три (3) содржини се со .gif - ови, ама луѓе гајле ми е. Позната ви е сценава? ОК, може сценава не ви е ама затоа ви е позната фотографијата?


Како и да е, мене ми е позната оваа култна сцена, оваа култна љубовна занес која остави многупати многумина без здив. Мене можеби сликата и не толку ( -.- ) ама овој .gif дефинитивно ми е добар и факАт ќе се го зачувам, па макар вие и пукнете дека почнав овде да си собирам вакви моменти. И за да ви го направам сето ова по драматично, т.е. да ја имам режисерската палка со која би можел да замавнам би го поставил .gif-от претходно како најава на она што следува.

И да! И БИ ЉУБОВ драги, во војна, во хаос, во лудило! затоа што љубовта знае најдобро! љољ



.можеби ова ви изгледа како монтажа, како сценарио, како невидена слика, како нешто невозможно, но љубовта е таа и некогаш нема одговори за нејзиното постоење. ова беше дел од репортажа на yahoo news, ова е дел од престрелка која се има случено во Ванкувер во која меѓу глувците беа и овие двајца заљубени. Покажаа зошто постоиме, живееме и се бориме!

инаку вистинската приказна е дека девојката има некаков напад, не знам дали се работи за напад на паника, возбуда или страв.. пу, пу на полошо не мислам, ама од страна ја имате перфектната слика за совршена љубов како од фолм! Епа не е филм! И вие сте дел од тој филм! поздравус големус :)

on Sunday, February 10, 2013
нема некоја посебна причина зошто претходниот пост само гифови, а овој видео и гиф. едноставно, така му дојде. АМА, да, едно големо ама:

Видеото кое го сподели најпрво списанието Излез, а потоа и здружението Cre8ive8 е одлично. 29 Начини како да останеш креативен. Видете:

29 WAYS TO STAY CREATIVE from TO-FU on Vimeo.

а гифот го видов пред некој ден. не сум видел така добар гиф долго време. нинџа стајл ._.

on Sunday, February 3, 2013
Овие два .gif-а ми се навистина добри! Сонувањето е разбирање на постоењето. ~

хипнотизирачко нели? :3

 
on Sunday, January 6, 2013

Како и секоја пресвртница, ново кружење, така и овој пат, недела време после забавата за Нова Година дојде и Бадниковата вечер. Минатата ноќ се палеше оган, денес се пречекуваа коледари. Ореви, бадеми, костени, јаболка. .. по некоја мандарина или портокал.




Слатко од киви, кајсии, маслини, риба, сарма, леб со паричка. Безбедност, сигурност, столб, мир, дом - паричката се падна во куќата!

За разлика од минатите години за прв пат после долго време се падна паричката во куќата. Дали тоа ќе значи дека ќе седам дома повеќе ли дека можеби ќе инвестирам во домот? Ќе се посветам повеќе на домот, тоа сигурно!

И така во недоглед се расплетуваат позитивните мисли поврзани со домот, уште по првто кршење се знаење дека паричката ќе заврши таму. Најрадосниот празник Бадник за православните верници значи ноќ на мир, радост и сплотеност. Целото семејството е будно до полноќ за да го дочека новиот ден, кога се слави раѓањето на Синот Божји.

Убаво е дека паричката се падна во куќата, тоа е среќа за сите членови на семејството. Тие се под закрила кога се под сигурниот кров, и да врне и да вее, проблемите ќе ги одминуваат овие ѕидови, благословот кој се добива со христовото раѓање служи за заштита.

Нека е за убаво за арно драги пријатели, ѕидовите на куќата не можат да пијат црвено вино, но затоа во нивно име можат да се напијам јас.

За убаво, за арно - за многу години! Христос се роди! Навистина се роди!
.
.
Related Posts with Thumbnails