. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

.моментот кога ти ги сечат крилјата

on Monday, March 25, 2013

.денес е ден кога многумина мислат дека изборите им ги пресекоа крилјата, момент кога некои си мислат дека останале без крилја, пресвртница во која не можат да ги визуализираат пределите кои вообичаено ги прелетуваат.

.мене ми е преку глава од избори и помислив на едно друго сечење на крилја, сечење кое започнува многу порано,  некаде далеку од општествените влијанија, но е далеку поболно и посуштинско истовремено.


 
Сеуште мислам дека можам да ги постигнам моите (смешни) соништа и мислам дека сликата не ми доаѓа како асоцијација на мојот живот, туку како реплика на луѓето кои живеат околу мене, и како одговор на животите кои многумина ги живеат.

Дали вашите родители се погрижија за вашите крилја? 

Ова е прашање кое е многу важно, моќно.. одговорот би требало да си го дадете сами. Опцијата "отворени можности" е стадиум на размислување кој малкумина го нудат на своите деца. Колку пати сте слушнале дека родители им забраниле на децата да бидам музичари, писатели, уметници, едноставно најмногу заради тоа што тоа не се исплаќа..

Пожестоките родители се обиделе да направат целосна трансформација на размислувањата на своите најмили, додека оние другите се обиделе да им кажат дека место писатели би можеле да работат како уредници, и така ем да пишуваат ем да успеат да заработат.

Немојте да се вознимирувате, истото ќе почнете и сами да си го правите во одреден дел од животниот пат, кога ќе ја изгубите мотивираноста, кога ќе се соочите со суровата реалност, кога ќе знаете што од тоа по кое сте мечтаеле е возможно, а што воопшто не.

Почнавте сами да си ги сечете крилјата?
- Тогаш немојте да ги обвинувате вашите родители што се обиделе да го направат истото многу порано.

Суштината на овој пост ќе биде желбата да се мотивирам самиот себе, а и вас доколку сеуште читате дека најпотребно е самите себе да си потврдиме дека крилјата се нашата сигурност, можноста за оттргнување од секојдневието, решението за вашите следни чекори и храброста да ги надминете моменталните проблеми. Овие крилја кои повеќето ги сметаат за изумрена состојба, како и приказните за еднорозите сеуште постојат, тие се дел од колективната свест на светлите луѓе, оние кои не познаваат време и простор, но се секогаш овде да ви кажат дека вие можете да успеете во се што сте посакале или сте се обиделе. Немојте да се вознимирувате иако вашата издржливост може да опадне, научете се да ги почитувате вашите родители, тие не ни знаеле за вашите крилја, и најважно научете се сами да си ги почитувате вашите крилја, па не покажувајте ги пред родителите или тие кои се обидуваат да се однесуваат како такви.

не сите сакаат да бидат кловнови, ако сретнете таков, поддржете го! нема многу такви! -_-

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails