. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

.прости ми, размислив..

on Sunday, March 17, 2013

Можеби ќе му треба и некој посоодветен наслов на овој текст, но за почеток нека биде ова основата. Денес е прочка. Побаравте од некого да ви ги опрости грешките, сметате дека некогаш ви се случило да направите грешка? Осмислено или без умисла, сеедно, ние некогаш правиме грешки и тоа е факт.



А опростување бараме од повозрасните, а истото го очекуваме од помладите од нас. Јас денес побарав прошка од мајка ми, а истовремено им простив на сите, со чиста мисла и со длабока вдахновение. На сите, и на оние кои ја побараа од мене, и на оние кои заборавија, и на оние кои не мислат дека им е потребно простување од моја страна, а секако и на тие кои мислат дека од таа точка/ момент на простување ќе започне едно ново запознавање и комуникација основана на еден почовечки темел на разбирање и прифаќање.

“.мајка ми ми прости за се што (не) сум направил. убаво чувство. ослободувачко. нека простат и другите, грешките се секојдневие, секој ги прави, да внимаваме и да ги избегнуваме е добро, но, да станеме и свесни за оние кои сме ги направиле. па да си простиме и самите себе. убав ден добри луѓе.” 

Некој ќе каже ова е традиција, доаѓа Велигден, Тримери, луѓето обожаваат да следат празници. .. т.е. сакаат (некогаш) од празниците да прават трендови. Дали треба од обичаите и нашата традиција да направиме тренд или самата идеја е премногу амбициозна за да биде вистинска, со сигурност не можеме да заклучиме, но најважно е да знаеме што сакаме, и да знаеме како преку простување да стигнеме до нашето позитивно реализирање.

Можеби не сте знаеле, но луѓето кои умеат да простат имаат помирен живот или сон, а некои подобрување и на крвниот притисок, засилување на имунитетот. Наспроти тоа, можеме да помислиме и на примери на луѓе кои во нашиот светоглед се прифатени како добри, мирни, разбирливи, примери на луѓе кои знаат да простат. Зарем таквите не лачат поубава енергија? Зарем таквите немаат поискрена светлина во своите очи?

Колку често простуваме е одговор на тоа колку често умееме да ја прифатиме реалноста таква каква што е, сурова, болна, најчесто непријатна, но треба да одлучите дали сте од оние кои "простуваат по навика" или "простуваат како реакција на одреден настан."

Простувањето секогаш би требало да биде манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов која ја имаме и гаиме кон нашите ближни, онаа која безусловно и безгранично ја користиме за проштевање меѓу нас самите. А дали умееме да си простиме самите себе како што им простуваме на другите?

Да се соочиме со фактите, со оние аргументи кои направиле конфликт, да бидеме спремни да ги прифатиме сите последици. Јадот и омразата можат да бидат најголемиот отров на човештвото. Додека ги имаме во себе и немаме вентил за нивно филтрирање ние можеме да си останеме долго заробени во нашите (не)вистини. Ослободувањето од омразата и непотребните грижи ќе ни помогнат да простиме. Секако, ако знаеме што имаме на листата за простување..

Што згрешив јас, што згреши ти, тој, таа .. ТИЕ?! 

Листата ќе ни помогне полесно да поминеме низ моментите кои оставиле лош впечаток во нашиот живот и сеќавање. Знаете, не секогаш сме свесни кога правиме грешки или други ни ги нанесуваат нам. Да не влегуваме цврсто во војна поради нешто што било брзо изречено или направено.Сите ние сме склони на брзи потези иако ни е добро позната онаа стара поговорка со брзата кучка и нејзините кученца.. Место да ги визуализираме резултатите од народната поговорка, подобро да ја замислиме нашата состојба кога си простуваме себе си или на оној кого сме го повредиле или не повредил.



Таа состојба би била одличен момент за почеток на новата состојба на свесност во која ние умееме да ги препознаеме и вреднеме грешките исто како и успесите.

Да си простуваме, така сме поблиску до вистинскиот пат, оној на хуманите луѓе кои умеат да јапокажат убавината на животот со самоти нивно постоење. Да бидеме над проблемите и даумеемедаси простиме за се што сме направиле во минатото,така ќебидеме подобри во иднина.

А, ако умееме да и простиме на околината и нашата заедница за тоа што направила погрешно во минатото, може и таа да се подобри во иднина.

Може(би) простувањето е сериозен клуч на успехот, вреди да се обидуваме, поинтензивно се разбира.

p.s. простете ако ви згрешив нешто со овој текст! 

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails