. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

#фалаНикола #протестирам поради таквите како Вас - #доста е!

on Wednesday, May 6, 2015


.еднаш далеку во некоја земја постоел царот и говедарите околу него. ех, таа земја не е дел од приказните кои ги раскажувале старите на нивните деца, ова е приказна за #баграта која се случува во модерно време, во средновековна македонија, држава со примеси на барок и смрдеа - смрдеа на пропаднати врби, заглавени галии, гипс картони, магистрали со ендеци, млади (случајни) смртници, (не)излечиви болести и „без виновници“.




by: Иван Дургутовски

за среќа на вистината оваа приказна неодамна почна да го менува жанрот и од случајна хорор-трилер „бајка“, односно дпмне-вска сказна премина во реалност со молскавична психолошка драматургија. секако, нашите главни ликови не беа царот и неговите говедари, туку целото пучанство!

зошто така? епа така! оти на народот му пукна од сета мака, па реши да викне на цел глас да го ослободи гневот и да крене рака. „доста е, доста е“, „нема правда, нема мир!“ провикна на цел глас, а ехото како глас од небо проникна низ целото село. ок де, вукојебина, за да нема поетика. пастирот и неговата дружина, како багра досега невидена реши(ла) сама да си пука во колено. оти грешките до три не се паметат, но кога се: 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10... и се така до недоглед народот како судија вади тефтер и почнува да забележува.

.не, не се срамам што живеам со убијци. свесен сум дека има такви кои се изживуваат со нашата слабост, но како што бев на протестите против оваа полициска и сеопшта бруталност, на протестите за мартин нешкоски неколку денови по ред така и денес сум револтиран. вријам од оваа бомба. од бедотијата од министри кои „народот ги сака“ и ги избрал, од нивото на кое комуницираат меѓусебе и се исмеваат на тагата на послабиот. не, тие не се пациенти избегани од санаториум, тие допрва треба да одат таму..


- народот ќе пресече, а тие ќе бидат судени и осудени за виновни. ова не е комарец во око веќе, ова е слон кој свесно гази врз нашиот разум. ова не поминува!

[disclaimer 1] .не смееме да дозволиме уште една исценирана војна! ова е вистински живот, не не терајте нас луѓето да бидеме аматери глумци во него - престанете!


нека се срамат од вас вашите живи и мртви родители што родиле вакви изроди! но, затоа што не може се` да се запамети, по не знам кој пат, повторно, решив да (за)пишувам.

запис бр. 1 - #Скопје2014 

така почна една историја на револт кај македонскиот народ, оној слободен, независен, ослободен од влакната на јазикот, депилиран од партиската влијателност, исчистен од клетвата на диктаторот. додека државата полека пропаѓаше, во центарот на скопје се раѓаше град во градот, ама тоа беше, а сега уште повеќе е град на илузијата, град на лагата, на корупцијата. град на кичот, на болната фантазија. на ефтините ламби во боја, на данокот кој го (из)гори народот до гола кожа. не, нема да пишувам повеќе за дизниленд, одвратен е, хаотичен, бесмислен и како од болен водич направен.

запис бр. 2 - #протестирам #Нешковски

победија. никола, никола, аплауз, аплауз. никола, никола! и оп - нешто непријатно. вмрпвци - вмровец убија. случајно или по грешка, на лага или ко смешка, падна првиот младич, несомнено во борбата за нова слобода. и од тогаш до денес, се случува #протестирам. така народот на кој му е преку глава од овој режим секојдневно излегува на улица и за „се нешто“, навидум за горните „небитно“ - протестира. протестирам и јас, за животот, за можностите кои ги немам, за правдината која секојдневно ја губам, за медиумите кои ме лажат, птотив оние кои иднината ми ја крадат.за жал #Мартин веќе го нема, #Нешковски за некој беше заборавена шема, но тоа така, се додека во воздухот не пролета нова трака. бомба де, бомма, која направи за момент да заборавиме што значи тоа #полицискабруталност, оти човек-полицаец остави штит на земја и кон народот свој гордо (неточно), без жал со кон бедникот во тортата (влада) што се крие, со грб крена и на народот остави што знае да направи! е #МартинНешкоски, да знаеш, каде и да си сега, од кое и место да гледаш, ние никогаш нема да те заборавиме оти диктатурата не застанала, туку напротив конечно со оружје против народот пак сака да крене, а не знае, народот е нож за оние кои сакаат да скокаат банџи, а не знаат дека дојде времето кога нивниот шизофрен адреаналин не може веќе да го поднесе. почивај во мир!


запис бр. 3 - #ОставказаТодоров

#Тамара беше едно од многуде деца во државата кои секојдневно бараат помош. сакаат да живеат, родени биле за да живеат, но откако болеста ги највасала, не можеле да спасат кожа, па побарале помош од државата. во моментот во државата има стотици деца и возрасни на кои итно им е потребна помош за итно лечење надвор од државата, но за жал препотентниот министер за (несудени, но осудени) погреби за тоа баш и не му е грижа. користи бесп(л)атни министерски кредити за да си задоволува свои ментални хирови. и ти мила #Тамара каде и да си да знаеш дека народот и` нему му кажа: #ТодорOff - #ПравдазаТамара!

запис бр. 4 - #СтудентскиПленум; #НаставничкиПленум; #СредношколскиПленум;
 #СредношколскиФронт; #НароденПленум

во младите е иднината, така ни велеа старите, нели? е за жал се почесто се соочуваме со фактот дека млади во државата се помалку има, но ги има. а оние кои се овде ете како се свесни во која недојдија живеат, па затоа и тие гордо ја започнаа својата борба за (нај)основното. нема образование, ќе не нема ни нас! така рекоа и излегоа најпрво на улица. не застана се таму, тоа беше само зародиш на едно нешто подлабоко, посуштинско, нешто што ќе ја истера вистината и правдината за она најпотребно. #ПоздравПленумци направија #АвтономнаЗона, ги освоија своите факултети и му покажаа на министерството за образование како се креира и води (алтернативна) настава. во моментот на државата и се случуваат кампови од средношколци, револт од студенти заради лагите во законот и сенароден, граѓански, масовен, државен пленум! 


запис бр. 5 - #ТикТак #Бомба; #Бомба1; #Бомба2; #Бомба3, ... #Бомба29;

ние - народот како никогаш до сега решивме да се соочиме со вистината и тоа не само преку #марш за #промени, туку и како верни слушатели на она што најмногу не боли. да, „пwемиере“, ги слушаме вашите гадотии, оти ние, народот, немаме пари за леб, а вие ни нудите чоколада. добро, малку е отровна и боли, но, ние како и #МакедонијаВечна, повечни од вас ќе бидете, оти ние не сме македончиња, туку македонци и нашите предци полошо од вас виделе, па така и ние ќе издржиме. тоа што во моментот го слушате, тоа не е воз чиј звук се слуша, а тој никако не се појавува, ова што сега го слушате е парната локомотива и вагоните од пеколот кои со полна пареа доаѓаат и вашите грешни души со линија во еден правец до изчезнување ќе ве одведат.

запис бр. 6 - #фалаНикола

да, ама стварно, само те молам исчезни, исчезни како дете од детството кое е заборавено затоа што било лошо и недружелубиво. изчезни како дамка од асфалтот после дождот, исчезни како дупка од патот кој никогаш не успеа правилно да го изодиш. благодарностите не се потребни, #фалаНикола, фала што не обедини, тоа е врвот на „иронијата“ на твоето владеење - го сакал ти тоа или не, на нас, народот, ни е сеедно, навистина. нема повеќе човечиња, рачиња, мачиња...


запис бр. 7 - #збогумНикола

ало #началниче, вестите кои ги пласирате се смешни, симулакруми на вашата лага. оваа илузија е онаа од која вие ќе се лечите, ќе мислите дека сето тоа што сте го ветувале, ние сме го прифатиле како #остваруваме. не, за среќа на вистината народот уште од поодамна разбра дека со ракавици на рака работите, а она 24/7 е оправдување за пензионерите и луѓето од маргините кои за жал не им дозволи во сите овие години да ја видат и другата страна. нема веќе #молк, едноумието не постои ни во животинското царство, таблетите, бањите, автопатите, дијалозите - се тоа ќе биде само неостварена желба за вас самите.

[disclaimer 2.]се моли македонија вечна да престане да гази луѓе. тажно е, луѓето имаат век на траење, па и него да му го одземете! секој ден некој некаде прегазил некој. боли. се убиваме меѓусебно на сите можно (не)природни начини. до кога?


застанувам со записите единствено затоа што верувам во силата на бројот седум, верувам дека таа е портал за отварање на некои вонземни сили кои ете како во овој текст се само фантазмагорија, оти тука сме се уште, тоталитаризмот не верувам дека така полека и лесно се повлекува. но јас некако немам повеќе страв, станав имун на ова сценарио, некако мислам дека во нас се вгради некој хедонизам од ваквиот политички мазохизам. или пак можеби станува збор за некој друг - изам, небитно.


застанав со записите, но никако да го заборавам #Кежаровски, ниту пак #ПротестХонорарци, едноставно - н е м о ж а м! сум пишувал многу за мраковите во медиумите, за слободата во изразувањето, за криминалот кој е навлезен во сите пори на институциите, за братучедите, роднините..., ама сакам да споменам и за гапот кој владее делумно меѓу народот, оној нашиот кој го нема ни сега, ни тогаш кога (нај)многу треба. ќе се сетите и на моментите кога бевме хумани и фини, кога за фотки на фб помагавме на нашите северни соседи, а наеднаш се случи „нешто неочекувано“, и тогаш никој, ама баш никој не се (за)грижи за оние #поплави кои ја нападнаа нашата држава, па кога и самата наша држава со се „врвот“ промрчеа само нешто ситно по „медиумите“ дека ќе се покријат дел од штетите, но дали?! .хипокризијата е „големата вредност“ која многумина ја поседуваат во денешното општество.

 "To tell the truth is revolutionary." Antonio Gramsci


#ЕвеНеЗнам - но, тие ќе се буткаат по 100 луѓе во 30 квадрати (или како и да беше) да прават мегаломански фалсификати на избори, а народот ќе го лажат со мастила и UV ламби. кои будали, не ми се верува, планета на мајмуните не ни е рамна. квалификациите кои секојдневно ги слушаме во бомбите е типичен одраз на нивната манипулаторска лика. животните кои ги споменуваат ќе почнат да рикаат во нивните желудници, во нивните умови ќе се појави анимална мигрена која ќе ги однесе во лудница. болката нанесена на народот, стравот и нетрпението дупло ќе им се врати. почнаа да си веруваат на своите лаги, си ги пуштаат платените реклами за сами да си веруваат на она што веќе непотребно го изрекуваат, секој нормален човек таквите телевизии и пропаганди веќе одамна ги игнорира. пленумот е мал, но во него се сите. не ни требаат уште диктаторски песни за учење. во нивен стил: sieg heil слободен народе!

#Ајде и не само на #референдум за #ГТЦ, нема човек кој е свесен што значи архитектура и кој нема да каже #ГосакамГТЦ! сите заедно да им кажеме на хоштаплерите #долуВлада - #збогумРумелија, #падавлада, #ВистинатазаМакедонија ве стигна, време е за #попис и за нови #избори!


 државата ни (по)стана очајна и тажна #ОткогаЕВМРОнаВласт и од кога се претставува во нашата паланка како шериф, како каубоец, како нереализиран глумец и разочаран боксер и откако „мака мачеше“ и удираше со лажна суета како политичар цела деценија народот повторно кажа „и од овие нема фајде“. затоа и наместо претседател како што ни (до)ликува го добивме #Хорхе, во прекрасната улога на чаплин, или поточно кажано „има слика - нема глас“. #ОнаКога ти е #доста и од #шител и од #Гоца, #Ставре, #Латас и #Миленко и кога не заминуваш од државата, туку гласно кажуваш - #оставка!

.македонија пленум да е, секој да ја знае.mp3 

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails