. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

:deal oriented гротеска од држава [оригиналот да го снема]

on Wednesday, May 27, 2015


.ние мора да се ориентираме кон зделките, ние мораме да се насочиме кон оние чии пари може да ги измолзиме - ние мора и да го прескокнеме законот ако сакаме да ги „исцедиме“ инвеститорите до последна капка.



нам, драги пријатели, ни требаат нови концепти на водење на нашата држава. нам, граѓаните ни е преку главата од „играчи“. ние не се „возбудуваме“ и „палиме“ на луѓе кои имаат јахти полни женски, нашата држава не е сценарио за порнич. каква е оваа реторика на цинизам против некој кој исплашено „сака да ги следи законите“, за на крај повторно да си легне на брашното и да „се корегира“, односно да ја заигра „играта на злото“, предводена од дикпаторчето.

оваа влада отиде во неповрат, прашање на време е колку денови се потребни за гласно и јавно да слушнеме од „лидерот“ дека оваа негова стратегија за водење на држава била целосно погрешна и она што го слушаме во бомбите за жал е навистина така. треба сите да кажеме дека ова е крајот на неговата бизнис фамилијарна држава, deal oriented, корумпирана од глава до петици. СЛОБОДИШТЕ не е само начин на размислување, ова е и` новиот начин на дејствување!



#‎Ж‬ му вели на Миле дека му е страв и дека ни еден проект не им тргнува како на Влада. И вели дека нешто мора да е и до нив, не било се до другите. Историско признание.“
.луѓето гинат бесцелно за материјалната придобивка на узурпаторите. анатомија на друштвениот морал. урината никогаш нема да мириса на парфем. паланката не е локалитет, туку „жабокречина“ на популитетот. паланката не ни е дадена од бога, таа е избор. на скулптурата не и е потребно постолје за да биде монументална.

- национализмот го менува влакното, но не и својот нарав. нам ни се случува панаѓур на лагите и кичот. национализмот е ништо кое ништи и уништува - најлошата друштвена болест. културата не е само за елитата и лагите не смеат да бидат легални. лукавството е интелигенцијата на глупавите. не смееме да живееме на сметка на идните генерации. потребна ни е радикална културна еманципација за да се стави крај на безумието. апстрактното размислување е важно за да не се измислува минатото.



животот во македонија е брехтова претстава, тој ги изговара вистинските прашања во форма на афоризам и/ или сарказам. културата е клучна за нашите решенија, за слободата и паѓањето на режимот.

(од гостувањето на Златко Паковиќ на кампот „Слободиште“)

протестот е извонредна манифестација на новите култури.


„еден ден ќе ги соберам сите знамиња кои залудно се веат и ќе ги ставам во перачка машина. на сите им треба перење и тоа - заедно. со ист прашок за перење и ист омекнувач. оти тоа би требало да биде новата слобода! тоа би требало да биде државата која се раѓа внатре пустошот на оваа држава. тоа би требало да бидат нашите борби и желба поголеми од сите знамиња.“

Поединецот стана посвесен за својата зависност од општеството од било кога порано. Но, тој оваа зависност не ја доживува како позитивна работа, како органска врска, како заштитна сила, туку како закана за своите природни права, па дури и за својата економска егзистенција. Дури, неговата положба во општеството е таква што егоистичните нагони се постојано потенцирани, додека социјалните нагони, кои се природно послаби, прогресивно се уназадуваат. Сите човечки суштества, без оглед на општествената позиција, страдаат од овој процес на уназадување. Без да бидат свесни за тоа дека се заложници на сопствениот егоизам, тие се чувствуваат несигурни, осамени, и лишени од наивните, едноставни и несофистицирани задоволства на животот. Човекот може да ја најде смислата на животот, краток и опасен каков што е, само преку своето посветување на општеството.
Алберт Ајнштајн („Зошто социјализам?“)
 

 - и сега повторно ќе ја видиме групата на релативизатори. тоа е синдром на луѓе кои не можат да се препознаат во големата слика и немаат никаква идеја за акција. да престанеме да гледаме во минатото, да се посветиме на сегашноста, за да направиме подобра иднина! никој овде не говори за смена на „ѓаволите“ (помал со поголем или било каква слична паралела), иако тоа постојано се инсинуира. некој овде сака да ја игнорира вистината, едните затоа што така им е подобро, другите оти сакаат да „неутрализираат“ и генерализираат кога и каде стигнат!

 
 

после пак некој ќе каже: па и таму, пред влада се само „партиски војничиња“, но меѓу луѓето кои кампуваат пред влада има и многу луѓе кои не припаѓаат на ниту една партија, но чувствуваат огромна одговорност за состојбата и нејзина промена. под итно треба да престанеме да говориме веќе за бараби, време е да почнеме да зборуваме за нови луѓе кои можеби после 25 години тапкање во место ќе предложат поинаква стратегија од досегашниве и така ќе помогнат за сите во државата. 

„не може да се продолжи со фрлање на анатема на сите партиски неопределени кои препознаа во оваа власт само криминал, нечовечност и желба за „одмазда“.“ 


...ако конструирањето на иднината и давањето конечни решенија за сите времиња не е наша работа, тогаш уште појасно е што треба да направиме во сегашноста: мислам на безобѕирна критика на сé постоечко, безобѕирна во таа смисла, што критиката нема да се плаши од своите резултати и исто толку малку ќе се плаши од судирот со постоечките сили
Карл Маркс (1843)
  
- залоеноста во партискиот концепт е најлошата перцепција која може еден човек да ја има, треба да се размислува надвор од кутијата (пропагандата), треба да се отвори прозорецот - надвор има нов воздух и се повеќе мириса на слобода!

не, добри луѓе, за жал овде нема подобра плата, нови вработувања, субвенции, повисоки пензии, овде нема странски инвестииции, овде има страшни „општествени крадења“ со deal oriented партнерите од криминалните кругови.  


тие [ветувањата] се само една илузија која некој мисли дека се случува избегнувајќи да се соочи со вистината која боли и е сурова и далеку од утопистичка слика за подобро, онаа со „големиот квалитетет сладолед“ на жалниот чичко кој требаше на стари години да спие во контра-кампот за да може после цел живот да го вкуси. 



почнувам да ги сожалувам сите оние што на маката на другите, послушнички се потпишуваат, агитираат по слободни минувачи, кампуваат несвесно и поданички со мисла дека бранат демократија, а застанале на страната на токму спротивното, јадат дневници на сметка на гладот на населението кое уште не е вработено, на сметка на студентите кои немаат нормални студентски услови за живот, ниту пак образование, на сметка на земјоделците и нивните продукти кои пропаѓаат, се фрлат на улици или се продаваат на откуп за ситни пари, секако и на дебелите суми истрошени за патиштата кои се распукуваат после само неколку месеци, и трошок на фактурите кои се платени како да се мермери и бетони, а народот гледа гипс картони и стиропори.

ние сме сведоци на најлошиот дел од модерната македонска историја и некои луѓе кои имаат бенефит од тоа гордо и одлучно го поддржуваат тоа. се гледа како никогаш досега на виделина дека „долга е раката на вмро“ и на многумина им се видела слатка.


:и пак 2006, пак 94, 98... и тоа како аргументи од најстрашниот суд - алоо, 2015 е и во моментот имаме повеќе криминал од сите години собрани заедно. да ја оставиме таа лоша проекција (симулакрум) која ги наметнува земјоделците, ромите, невработените, луѓето од маргиналните групи како второкласен народ во државата. да ги фрлиме менталните опинци и да си подадеме рака за заедно да градиме подобро општество и иднина!
„млатењето слама и заменувањето на тези е најдобра и најпозна алатка!“
ужасно е во моментот некој да се декларира како „поддржувач на власта“, на оваа гарнитура на дпмне, на овие криминогени профили на владетели, на овие структури на политички монструми. јас имам сосема дијаметрално спротивни ставови од таквите луѓе, јас се активирам како слободен граѓанин и чекам да заврши оваа криминалистичка кариера на украдената власт со помош на лажирани и режирани избори.




Во модерната култура несвесната здодевност има огромни димензии, а популарноста на радиото, телевизијата и другите слични средства за потрошувачка произлегува од тоа што луѓето се лишени од автентично искуство. Во нашето општество ние сме индоктринирани да мислиме дека е сосема недолично да се биде незаинтересиран, односно дека тоа е знак за неуспех; „успешниот“ човек се интересира за нешто. Поради тоа чувството на здодевност мораме да го замениме со чувство на возбуденост, иако фактички оваа возбуденост често не е ништо друго освен мисла предизвикана од индоктринацијата според која некои ситуации или личности треба да се доживеат како возбудливи.
Ерих Фром

треба да бидиме своеглави, да размислуваме без никакво влијание, така ќе можеме да ги погледнеме сите проблеми, а и да понудиме можни решенија на истите. народот се буди, се надевам дека наскоро што повеќе ќе застанат на линијата на граѓаните (без партии, книшки и притисоци) и ќе кажат ОВА НЕ ЧИНИ - без разлика кој е виновникот.



0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails