. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

.темата која нема крај во Македонија

on Tuesday, June 23, 2015



:сте помислиле ли која е темата која нема крај во Македонија? или веднаш на ум ви паѓаат неколку теми кои се протнуваа порано, а сега со сета сила удараат по нашата глава?





некој сака да си поигрува со животот на македонскиот граѓанин, а не станува збор за еден или двајца виновници. се поретко слушаме конкретни виновници, иако имаме се помалку луѓе во државата. наспроти тоа слушаме налудничави изјави од црквата дека јогата не е добра, а неодамна гледавме фотографија како во владата наутро вежбаат јога. 

mind fuck ситуација, нели? на толку “образуван“ народ, се помалку писмени кои можат еден извештај од Европа да го пренесат онака како е напишан, а не така како што го доживуваат поединци, небаре имаме потреба од прераскажување на еротски филмови во кои треба да се задоволи нашата сексуална страст.

- безизлезноста е очигледна, агонијата меѓу нарадот се поголема, нетрпението не е лажно, а за волја на вистината започна и времето за летни одмори. за жал само за оние кои имаат финансии да си го допуштат тоа. имаме ли политичка волја, имаме ли шанса да спроведеме одреден правен механизам кој ќе ги врати работите во нормала, барем во онаа претходната во која одредени социјални структури не беа изложени на фактот дека треба да спијат во шатори во главниот град на државата, тотално непотребно, тотално излишно - или не вие решете. ќе им ги остави ли на крај некој шаторите, вреќите за спиење и душеците на најсилните поборници за/ на демократијата? – за еден другар прашувам.

- што направивме со мигрантите? им продадовме велосипеди, помогнавме да се убијат, ги вртевме во круг, ги затворивме во една соба како да се вреќа компири, заработивме и ....

 постојат ли некакви процедури кои се случуваат нормално во моментот, постојат ли институции кои функционираат и кои ќе се погрижат да се стабилизира ситуацијата, постојат ли поединци кои не “одработуваат“, постојат ли алатки и “клучови“ кои ќе помогнат во олеснувањето на оваа недорасната политичка состојба? 


зарем Македонија после 25 години си дозволи толку да западне во мечкина дупка направена од криминалци – ловџии на материјално благо, што на крај истите ќе си ги соберат парталите, а ние ако досега бевме хибридна држава, од сега натаму ќе се претвориме во лабараторски корнер (извинете, центар) на Европа, каде за прв пат ќе се пробаат некои нови техники, опити, експерименти т.е. елементи за управување со ојачната (не)моќ на “простата“ популација (простете), изгубена во својата лудост и ќе бидеме глувци кои нема да преживеат, туку едноставно ќе бидат заменети со други, се додека не бидеме истребени до последен - глушец (се разбира).

те прислушкуваат и тебе или ти не си вреден и посебен?


до кога обичниот народ ќе се тегави по улиците, по протестите и контра-протестите, дали после толку време можеме да носиме трезвени и приземни заклучоци за истите. вредеа ли и кои се бенефитите од нив, треба ли да продолжат и што кога ќе продолжат... до кога ќе си мислиме дека сме народ избран од господ, единствен свет од библијата, папокот на светот кој ја има уникатната прилика да си прави така како што му одговара и му се сака? дали новите бомби ќе направат еурека кај македонскиот граѓанин, дали секој од нас ќе биде треснат по глава со правата реалност и вистината која како корка сува леб ни е потребна.

до кога ќе си ја газиме и уништуваме сопствената држава? до кога оваа слика нема да ни значи ништо, до кога нашите лични бенефити ќе бидат поважни од сЕ друго што ни се случува?

:реторички прашања кои како круг без излез се вртат во нашите глави секојдневно, без одговор со празни погледи едните чекаат сладолед (од најубавите), а другите (промени?!?) за кои сите заедно, обединето треба да се избориме. поддаваме раце само на истомислениците, а другите како во некоја видео игра или супер мисија на елиминација, ги телепортираме, ги ставаме на пуст остров, на остров кој ќе биде следниот затвор за секој кој нема да размислува како нас. 

до кога вака македонче или македонецу, сеедно?


можеме ли да дозволиме плуралност во размислувањето, толеранција на туѓото мислење, можеме ли на криминалците да им кажеме каде им е местото, на соседите повторно да ги поздравиме и да им се извиниме доколку сме згрешиле во сите овие месеци, години?

имаме премногу книги, а се помалку мозоци, премногу закони, но и се повеќе криминалци, премногу информации, а се помалку вистина во истите, премногу пријателства, но за жал неважни и неискрени. и тогаш некој можеби ќе каже, ако пеколот случајно е празен, проверете ја Македонија, за на тоа неколку секунди потоа да се радуваме, да се смееме, да се возбудуваме и без вистинска доблест да сериозно да почнеме да размислиме. зарем навистина станавме толку лоши? сите учевме да бидеме демократи, а повеќето од нас станале корумпирани идиоти, продадени души на ѓаволот, платеници на насилството и беззаконието. да направиме уште една тура - авантура?!

што ни се случи и се уште ни се случува доколку сака(в)ме да бидеме нормална држава? каде е самодисциплината, културата, основните правила на соживот?

сите ние го храниме ова чудовиште!  


почнавме меѓусебно да си го правиме она што другите не сакаме да ни го направат нас, ја изгубивме оскатакоја не правеше луѓе, а не поврзуваше и со она што е вредно за секој од нас, наместо да се стремиме кон доброто, налошото гледаме како вкусна кујна. ппштествениот неред е резултат на неуспехот да се сфати и да се живее во реалноста...

ова е иднината во која сакаме сите да влеземе!

:всушност, дали сакаме и дали ни одговара да продолжиме од таму каде што мислевме дека сме почнале или застанале, оти како што изгледа на крај излегува дека не само што ние немавме тргнато кон “некаде“ (светлата иднина), туку ние сме биле длабоко заглавени во менталните ровови и илузијата дека воопшто се движиме, освен ако тоа не го гледаме реверзибилно, односно назадечки. сме движеле, но се поназад и поназад, назад до суштината на нашето непостоење, изгубеноста на основните човечки вредности, ароганцијата, суетноста, надменоста – патосот на нашата вкоренета огорченост.


позитивна разврска и брзо решение кое ќе биде праведно и ќе не врати сите во ред, ќе ни покаже кому каде му е местото во ова општество е навистина потребно, но и задолжително за да се излезе од оваа криза и за да не се случи опасноста од тоа повторно да се вратиме на истото „дериџе“.

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails