. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
Showing posts with label граѓанин. Show all posts
Showing posts with label граѓанин. Show all posts
on Tuesday, June 23, 2015



:сте помислиле ли која е темата која нема крај во Македонија? или веднаш на ум ви паѓаат неколку теми кои се протнуваа порано, а сега со сета сила удараат по нашата глава?





некој сака да си поигрува со животот на македонскиот граѓанин, а не станува збор за еден или двајца виновници. се поретко слушаме конкретни виновници, иако имаме се помалку луѓе во државата. наспроти тоа слушаме налудничави изјави од црквата дека јогата не е добра, а неодамна гледавме фотографија како во владата наутро вежбаат јога. 

mind fuck ситуација, нели? на толку “образуван“ народ, се помалку писмени кои можат еден извештај од Европа да го пренесат онака како е напишан, а не така како што го доживуваат поединци, небаре имаме потреба од прераскажување на еротски филмови во кои треба да се задоволи нашата сексуална страст.

- безизлезноста е очигледна, агонијата меѓу нарадот се поголема, нетрпението не е лажно, а за волја на вистината започна и времето за летни одмори. за жал само за оние кои имаат финансии да си го допуштат тоа. имаме ли политичка волја, имаме ли шанса да спроведеме одреден правен механизам кој ќе ги врати работите во нормала, барем во онаа претходната во која одредени социјални структури не беа изложени на фактот дека треба да спијат во шатори во главниот град на државата, тотално непотребно, тотално излишно - или не вие решете. ќе им ги остави ли на крај некој шаторите, вреќите за спиење и душеците на најсилните поборници за/ на демократијата? – за еден другар прашувам.

- што направивме со мигрантите? им продадовме велосипеди, помогнавме да се убијат, ги вртевме во круг, ги затворивме во една соба како да се вреќа компири, заработивме и ....

 постојат ли некакви процедури кои се случуваат нормално во моментот, постојат ли институции кои функционираат и кои ќе се погрижат да се стабилизира ситуацијата, постојат ли поединци кои не “одработуваат“, постојат ли алатки и “клучови“ кои ќе помогнат во олеснувањето на оваа недорасната политичка состојба? 


зарем Македонија после 25 години си дозволи толку да западне во мечкина дупка направена од криминалци – ловџии на материјално благо, што на крај истите ќе си ги соберат парталите, а ние ако досега бевме хибридна држава, од сега натаму ќе се претвориме во лабараторски корнер (извинете, центар) на Европа, каде за прв пат ќе се пробаат некои нови техники, опити, експерименти т.е. елементи за управување со ојачната (не)моќ на “простата“ популација (простете), изгубена во својата лудост и ќе бидеме глувци кои нема да преживеат, туку едноставно ќе бидат заменети со други, се додека не бидеме истребени до последен - глушец (се разбира).

те прислушкуваат и тебе или ти не си вреден и посебен?


до кога обичниот народ ќе се тегави по улиците, по протестите и контра-протестите, дали после толку време можеме да носиме трезвени и приземни заклучоци за истите. вредеа ли и кои се бенефитите од нив, треба ли да продолжат и што кога ќе продолжат... до кога ќе си мислиме дека сме народ избран од господ, единствен свет од библијата, папокот на светот кој ја има уникатната прилика да си прави така како што му одговара и му се сака? дали новите бомби ќе направат еурека кај македонскиот граѓанин, дали секој од нас ќе биде треснат по глава со правата реалност и вистината која како корка сува леб ни е потребна.

до кога ќе си ја газиме и уништуваме сопствената држава? до кога оваа слика нема да ни значи ништо, до кога нашите лични бенефити ќе бидат поважни од сЕ друго што ни се случува?

:реторички прашања кои како круг без излез се вртат во нашите глави секојдневно, без одговор со празни погледи едните чекаат сладолед (од најубавите), а другите (промени?!?) за кои сите заедно, обединето треба да се избориме. поддаваме раце само на истомислениците, а другите како во некоја видео игра или супер мисија на елиминација, ги телепортираме, ги ставаме на пуст остров, на остров кој ќе биде следниот затвор за секој кој нема да размислува како нас. 

до кога вака македонче или македонецу, сеедно?


можеме ли да дозволиме плуралност во размислувањето, толеранција на туѓото мислење, можеме ли на криминалците да им кажеме каде им е местото, на соседите повторно да ги поздравиме и да им се извиниме доколку сме згрешиле во сите овие месеци, години?

имаме премногу книги, а се помалку мозоци, премногу закони, но и се повеќе криминалци, премногу информации, а се помалку вистина во истите, премногу пријателства, но за жал неважни и неискрени. и тогаш некој можеби ќе каже, ако пеколот случајно е празен, проверете ја Македонија, за на тоа неколку секунди потоа да се радуваме, да се смееме, да се возбудуваме и без вистинска доблест да сериозно да почнеме да размислиме. зарем навистина станавме толку лоши? сите учевме да бидеме демократи, а повеќето од нас станале корумпирани идиоти, продадени души на ѓаволот, платеници на насилството и беззаконието. да направиме уште една тура - авантура?!

што ни се случи и се уште ни се случува доколку сака(в)ме да бидеме нормална држава? каде е самодисциплината, културата, основните правила на соживот?

сите ние го храниме ова чудовиште!  


почнавме меѓусебно да си го правиме она што другите не сакаме да ни го направат нас, ја изгубивме оскатакоја не правеше луѓе, а не поврзуваше и со она што е вредно за секој од нас, наместо да се стремиме кон доброто, налошото гледаме како вкусна кујна. ппштествениот неред е резултат на неуспехот да се сфати и да се живее во реалноста...

ова е иднината во која сакаме сите да влеземе!

:всушност, дали сакаме и дали ни одговара да продолжиме од таму каде што мислевме дека сме почнале или застанале, оти како што изгледа на крај излегува дека не само што ние немавме тргнато кон “некаде“ (светлата иднина), туку ние сме биле длабоко заглавени во менталните ровови и илузијата дека воопшто се движиме, освен ако тоа не го гледаме реверзибилно, односно назадечки. сме движеле, но се поназад и поназад, назад до суштината на нашето непостоење, изгубеноста на основните човечки вредности, ароганцијата, суетноста, надменоста – патосот на нашата вкоренета огорченост.


позитивна разврска и брзо решение кое ќе биде праведно и ќе не врати сите во ред, ќе ни покаже кому каде му е местото во ова општество е навистина потребно, но и задолжително за да се излезе од оваа криза и за да не се случи опасноста од тоа повторно да се вратиме на истото „дериџе“.

on Saturday, May 16, 2015


зошто на слободниот граѓанин му е преку глава од оваа состојба, од овие сценарија, оваа власт in general?!?




:доаѓаат тешки денови. доаѓаат тешки денови и за едните и за другите. за едните затоа што треба да застанат пред своите родители, браќа, сестри, роднини и пријатели како чисти, свесни и храбри граѓани на оваа држава, а за другите затоа што иако добро знаат дека се дел од список, дека им е извршена психичка тортура и заплашување, мораат да го следат диктаторот – оти во следниве денови нема бегање, ниту за нив, ниту за нивните најблиски.

овие денови ќе бидат тешки затоа што ќе се слушаат закани упатени и кон едните и кон другите, но и кон третите, оние неутралните. едните ќе бидат провикувани со најразлични навредливи имиња, етикети, бедно класифицирање и омаловажување, додека другите ќе бидат преплашени доколку радарот во понеделник не ги види пред автобусот со кој ќе треб да лажираат слобода, обединување, „братство и единство“ по не знам кој пат, но за жал пред излегување во огледало ќе си кажат – што ми требаше да ја земам оваа книшка!



„пукај бе братучед“ порано беше метафора - алоооо! сега, после само кратко време тоа и не е толку сигурно. се закануваат со снајперисти, со гумени куршуми, со водени топови, солзавци и што ли уште не. а зошто? За да го скријат својот страв од самите себе, за да протуркаат уште некое време во дебелите фотелји, за да пропатуваат уште малку на наша сметка и да си ги надополнат орманите, гаражите, становите уште со по некоја „дребулија“.

.ќе сме имале граѓанска војна, ќе ни покажале дека се повеќе. после нашиот мирен собир, тие ќе (по)кажале како стојат работите. „кој кур протести“ повикуваат - евала речникот, таман сте! а кои с(т)е тие, извинете, кои сме ние? не зборуваме за едно те исто?! јас постојано повикувам на мир, на разбирање, на компромис, на созерцание, милост, љубов, правдина - слобода, а т/вие дека ќе ни покажат/те дека с(т)е побројни. т/вие (кое патолошко лудило) - дека и во понеделник може да биде неработен ден за и` така празните институции од кои се троши буџетот за некои бескичменаци да земаат плата со нивната безмозочна елоквентност, тие кои ги повикаа само оние со членски книшки за грантови, кредити и нови вработувања, тие кои за жал сметаа дека само „нивниот модел“ на политичко/ партиско/ државно однесување е правилен, а за жал сами се` и осамени, немаат „друго мислење“, ниту во парламентот, ниту во балканот, во европа и во светот - оти се претставија како „тепачи“, „насилници“, немаат различност никаде.. едноумие до бесвесие.

.слобода на говор НЕ говор на омраза. за жал малкумина прават разлика, а тенка е линијата (по)меѓу...


фала ви што не спуштивте на листите до немајкаде, до недојдија, оти и` така име немаме, освен во економијата, таму сме вечни и најдобри. несвесни сте сите протагонисти на реалноста, повикувате, правите листи, етаблирате клептомани кои сакаат да направат (п)базар од нашите души, од нашите интелектуални капацитети, од нашите визии и од нашите желби. срам да ви е. долу на невротичните посветеници на идејата за бунт, долу на нерамноправните шовинисти за кои нивното е (нај)јако, долу на фалусоидните ментални идеа за (нај)доброто. глобалното будење почнува локално, но се шири, во секоја педа од планетата, дали е вистинско ќе покаже времето, дека е потребно покажува моментот. све сте те се!



.не е толпа против полицијата - туку народот против режимот! 

ете затоа овие денови јас решив гласно да ‪#‎протестирам‬! пари за тамара немаше, а за мерцедес имаше. затоа станови и мерцедеси за сите, а за Вас келии со full опрема, „прекрасни луѓе“. држава во која менуваш собраниски канал со нова бомба - не е држава. Потребно е да ја вратиме државата на граѓаните...

.грујо go home u're nuts!

и повторно е време за владини реклами, време за повикување на собири, време во кое нашата борба остана да ја водиме на новите медиуми. „да бидеме сплотени како никогаш до сега и така за секогаш!“ - ми се повраќа од вакви флоскули кога на виделина го имаме обратното, кога имаме поделба на наши и ваши. кога имаме „ние сме побројни“. Кога наместо на попис, пучанството се пребројува со помош на партиски списоници. Мерење на малоумноста и непочитување на интелигенцијата.

на времето имаше едно вмро - тоа беше ок. по него дојде и едно друго вмро - е тоа беше дно дна, драг внучко!



.можеби на некому му е криво што ме виде како „лидер“ и „гласноговорник“ на протестите кои ги организиравме во Струмица. за некого можеби тоа беше во ред затоа што ме стави во одреден кош/ група мислијќи: „еве сега барем знаеме дека и тој е со тие“, но драги мои, немојте да си мислите дека сум дел од тие ваши алузии.

протестите во Струмица беа за стоп на полициската бруталност, за смртта на мартин, за младите кои секојдневно се пик на полицијата како „сомнителни, различни“ и што ли уште не. затоа застанав и кажав дека не е така и дека сите ние сме овде за да кажеме дека повеќе не се плашиме!.

слободата на движењето и слободата на изразувањето се основни човекови права. доста ни е од бесконечната апологетска парадигма за тоа „колку чини слободата“?



:секојдневно не има се повеќе самосвесни, зрели и прогресивни граѓани. многу сме и решени сме да одиме до крај. тие што исплашено дозволуваат деновиве по не знам кој пат да бидат прегазени, едвај го чекаат денот да ја тргнеме оваа власт и како вистински отворени да им простиме и да им подадеме рака.

.не сме ние ни од вмро, ни од сдсм - ние сме од интернет!


можеби вам ви се допаѓа розевата слика која се емитува на провладините медиуми и сите оние емисии од северниот сосед и серии од нашите „турски пријатели“, но јас знам и сум длабоко убеден дека има луѓе кои можат да погледнат и малку подалеку од оваа хипноза на актуелнава тоталитарна диктатура и заклучат дека слободата на изразувањето во моментот е претворена во едноумие, етикетирање на различното како вештерството во средниот век и оцрнување на другоста во однос на моделот кој „тие“ го презентираат како „вистинскиот“. за мене тоа не е така и се додека не слушнам натпревар на различните ставови, прогрес на критичната мисла ќе се борам за истите да видат „бел ден“.



мислењето не е форма на кастрација, затоа и културата не треба да стане сомнителна штом ќе се идентифицира со критичките ставови.

„ најновата колумна на Миленко Неделковски за Курир: Независна Демократско - Предавничка Република Македонија (Вардар преку Мекиците од Стража) Силна!“ – СТРАШНО, нели?

#протестирам затоа што вчера се возам со такси кон протестот кој го организиравме во струмица како дел од приклучувањето на граѓанската платформа ‪#‎доаѓаме‬ со полна кола платна, транспаренти и сл. и таксистот ме прашува: зарем не е утре протестот? хм.. му викам, да нема утре пак контра протест од вмро, ние денес слободно, граѓаните без партија се собираме. ми вика: да, да, изгледа. штета, јас сум член на партијата, стално ми се јавуваат, но јас веќе немам доверба во тоа што го прават, нема како да им кажам, но арно правите, вас ве поддржувам. овие забегаа скроз, убаво да поминете и само напред - да падне оваа власт веќе.

- стигнав на локацијата, му се заблагодарив за разговорот и искреноста и му кажав ако сака да дојде во скопје утре. ми рече дека размислува со целата фамилија да дојде, иако досега биле за грујо. ми даде дополнителна мотивација гласно да говорам. не сме сами, народот полека се освестува!



.смеењето на дикПаторот во аудио снимките (бомбите) е навреда за македонскиот народ!

можеби некој ќе каже во Струмица граѓанскиот сектор е слаб, никаков, животари со неколку организации, но сепак, 30-тина организации се собравме под една платформа „Граѓанска демократија“, со која не се плашиме да кажеме доаѓаме и доста ни е од се, всушност – аман, преку глава ни е!

некој ќе ме праша, а зошто пободу протестираш? #‎протестирам‬ за загинатите полицајци, за мартин нешкоски, за тамара, за никола младенов и за сите останати жртви на оваа недемократско владеење на „сопственикот на мерцедесот“.

#протестирам против мртвата демократија, диктатура, едноумие, криминал, политички затвореници, апсени студенти кои го кренале својот глас, тиранија, медиумски мрак, режирани избори, нетранспарентни институции, партизирани и фамилијарно судтсво... #протестирам за враќање на демократијата во рацете на демократијата.

#протестирам ‪#‎збогумникола‬, ‪#‎достае‬, ние ‪#‎доаѓаме‬ и бараме ‪#‎оставки‬ од цела влада!



- доста ни е веќе оваа репресија, затоа веќе не говориме само, туку преземаме акција, говорот и акцијата се надеваме дека ќе не донесе до посакуваниот успех.

бомби паѓат Боже прости Ни 
тешки се ко нивните гревови 
плаче срце од сите страни
 плаче за слободна Македонија!

секојдневно се молам да им се врати паметот на сите, за да не бидеме марионети повторно на нечие непријатно сценарио! нам не ни требаат провокатори и преваранти кои се поклонуваат пред партиските знамиња и лагата... нам ни е важна суштина на овој силен граѓански процес, но и посакуваниот крај, од кој не се откажуваме – не се откажуваме сега кога веќе сме заокружени со кругови, кога веќе сме анестезирани од вашата суровост, глупост и неписменост!

„додека околу тебе кружат крокодили, апсурдно е да се жалиш дека водата е студена.“

не, нема да дозволиме да си одиме б(р)е, ќе си одите вие (во Идризово), за вашиот криминал неколкуте оставки не се доволни, морате да одговарате кривично, оти ќе си одиме и ние, малкуте, ќе цркнете во моментот кога ќе не (по)барате - цркнете во црнилата на ноктите... на нозете, рацете, мозокот и душата. одвратни силеџии на мегаломанската (човечка, либертаријанска) тиранија!

Related Posts with Thumbnails