. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

.мали библиотеки или како да се уништи убавината на градот

on Monday, April 11, 2016


.и додека мислиме дека меѓу луѓето има и такви кои се диви, задолжително пред да ги обвиниме за нивното однесување треба да се запрашаме кои се факторите кои направиле да бидеме сведоци на таквото однесување. и директно и индиректно, во секој случај како - загрижени граѓани.



ми се допаѓа кога ќе видам некој кој е општествено одговорен и граѓански активен да сподели свој став и со тоа да покаже дека не е се така црно и дека не сите замижуваме на непријатната реалност и сликата која ни се промовира дека живееме во бедотија, без никаква морална и етичка одгворност. прочитав објава на facebook која оди вака: „Пред некој ден у Големиот парк У Струмица ја видех истата таа Куќичка на книгата или мала библиотека како со викат која беше скроз уништена и жално е шо некој се помачил и му текнало да направа нешто добро за да се едуцира народот ама сепак не можеше да допре до народот..Жално и срамно!!“

не додржав, а веднаш да искоментирам. сепак треба да се стави и по некоја објава и на блогот, не за друго, да не се заборавиме. еве го моето мислење:


не е проблем поставувањето на овие мали улични библиотеки, напротив беше извонредна идеја и проект, но за жал на истиот таков проект му беше прескокната основната, круцијална кампања со која ќе се информира народот и ќе се подигне свеста за нивно користење. жално е дека не само во струмица, туку генерално во македонија, ваквите проекти излегуваат како печурки после дожд и се единствено во фокусот на оние кои сакаат да ги уништат.


да се сетиме само колку пати имавме поставувано убави улични контејнери, кои беа палени, кршени и уништувани, колку само улични светилки биле наоѓани без светилки, колку само клупи по градот биле оставени само со бетонската основа од страна. дури и површините кои почнаа да ги разубавуваат од еколошкото друштво се мета на неколкумина вагабонти, кои да нагласам дека не се препознатливи (затоа што се стопени во текот на секојдневието со народот) и истите тие живеат како “нормални“ граѓани на општина Струмица, се додека некоја вечер, некој викенд, не се опијат и не настапи кај нив синдромот на девијатно однесување.

некој ќе каже дека општината е крива, дека таа треба континуирано да продолжи да ги обновува сите работи кои се уништуваат во градот, но јас ќе нагласам дека треба да се вратиме чекор наназад, дека најпрво треба да го едуцираме народот преку адаптирана метода, не “кампања“ како што гледаме на телевизија или во другите држави, или воопшто без никакви информации, за основнте функции и потреби, туку лесно сварлива за менталитетот на нашиот народ.


се додека е битно да се “исперат парите“, на овој или оној начин, без покажување на прст кој едните или другите, ќе имаме вакви очекувани, негативни резултати.

- уште едно мало надополнување на сликата поврзана со оваа тема е дека истите тие беа поставени на фреквентни локации во градот и тоа:

– Плоштад ,,Гоце Делчев“ – Градинка ,,Детска радост“ – ОУ,, Никола Вапцаров“ – Малиот парк – Градски парк наспроти ресторан Happiness

а сега, за жал и за волја на вистината, ниедна од нив не функционира, а голем дел од истите се претворени во простор каде може да се фрли попатен отпад. прашање е дали тие треба да се обноват, заменат со нови или целосно да се повлечат од локациите се додека народот не ја согледа вистинската потреба од нивното постоење.


0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails