. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

#денот_по-тоа ::: антивистината за прогрижата

on Monday, October 12, 2015


.некој ќе каже помина и тоа, завршивме уште еден празник, продолживме уште еден викенд, понеделникот го преспавме, а вчера славевме. .. како и секогаш. стравувањето е кафез за умот, лајкот патент за вербалните недостатоци. живееме во земја на молкнати усти и луѓе полни со страв.



- одбележавме уште една револуција, купивме најубави икебани за пред спомениците, направивме неколку селфи фотографии, како, еве, бевме и ние дел од оние кои се свесни за историјата, оние кои ја почитуваат, оние кои се поклонуваат пред истата. покажавме уште една одлична, математички коректна невистина. се излажавме самите себе дека сме верни на колективната матрица.

.цела година чукај се во гради дека си маќедонец, поклонувај се на фашистичка идеолошка матрица, тотемизирај ги неправдата, нетолерантноста и нееднаквоста и денес говори за антифашизам и за слобода на народот и изразувањето.

востание на умот ни недостига, промена на свеста и перцепцијата со која согледуваме што е бело, а што црно. 


за вакви денови не требаат свечени положувања на цвеќе од лицемерни полтрони, на вакви денови народот треба да го возврати каменот кој прв ни беше фрлен, желбата за промена не се шаблонизира, таа се вградува во душата на најмладите и пред се не се ограничува.

борбата продолжува - да не се повтори!

се дриблавме со антифашистички пароли, цитиравме големи великани, ја ископавме најреволуционерната поезија од google, се обидовме уште еднаш, како и секогаш да си кажеме: u've made good job и се потапшавме по рамо како навистина да е тоа така. и оп, пак го прескокнавме слонот иако ни го зема целиот простор во собата. бисерувавме итроштини, „го суштествувавме суштествувањето на суштественоста во суштината на процесот на демаркација на проблемот не лежи во аналноста на баналноста на процедуралноста, туку во... гламурозноста на игнорирање на ирационалноста на неписменоста.“ >.<


медитиравме троа на идејата за слободен живот, пазар, ум, а сепак утре се враќаме пак на истото. кој како се снајде, така и зајде. паразитирањето во јавната администрација е наследена болест од сите претходни системи, а ние постојано знаеме да кажеме: ова не чини!

.не се криви тие што не силуваат, криви сме ние граѓаните што постојано кога ќе ни дојдат на врата ги пречекуваме со лубрикант.


не чини вековното мудрување без нешто да се посака реално и не само на зборови, туку суштински да се промени. проблеми, проблеми, проблеми. сите имаме проблеми - да немавме проблеми сигурно ќе бевме. .. мртви!

.маќедонија бомба да е, секој да ја знае.

и по тоа пак секој ќе се вади на својата дарма или карма, без да се погледне изборот и да се посади желба, верба, мудрост и пред се стратегија за животот кој сме го избрале. нема човек кој нема проблеми, некој е со поголеми, некој со помали, иако секој би кажал дека неговите проблеми се најголеми. јас само би додал дека кога државата има сериозни проблеми последователно на тоа е СИТЕ ДА ИМАМЕ ПРОБЛЕМИ. уште еден татко е загрижен за министерството за смрт, уште едно девојче загина поради (не)грижата на нашиот здравствен систем. не смееме да продолжиме да разменуваме: нека почива во мир, нека и е лесна земјата и да констатираме оти здравството ни е отидено во неповрат.


:народот плански го ништат, оној кој е мудар и свесен го мапираат како сериозна опасност со црвенкруг на главата, додека од другите прават овци.

.фанатичен сељачизам - единственото нешто што владее во државата.

останатите. .. земјоделци. секоја година иста песна. фрли се ти на нива, работи во жолта или портокалова фаза на температурата, дојде ли есен, фрли си ги продуктите на асфалтот. место овде нашата држава да ги мотивира луѓето да останат овде, да дадат сеод себе овде, ние слушаме самоза невидливи субвенции, а на првиот дожд во поплава ни се губат цели села и градови. место да да садиме лозје и да береме грозје, ние младите ги пуштаме во швајцараа на берба неколку недели и после западниот свет и капиталистите ни се криви. секогаш така - ти си крив. да, да и ти со бугарскиот пасош што ни ја даде информацијата.


последно нешто: .почекајте, не правете деца, наскоро #Ж ќе започне со изградба на нов студенстки дом.



0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails