. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
Showing posts with label school. Show all posts
Showing posts with label school. Show all posts
on Tuesday, February 21, 2012

:Education is a progressive discovery of our own ignorance!
Will Durant

.. сте се запрашале ли некогаш која е иднината на образовниот систем, школувањето, генерирањето нови мозоци?


.едукационите програми се застарени, младите далеку понапредни од генерациите порано. фабричкото производство на академски граѓани допринесе развој кој најмалку се очекуваше. презаситеност на општеството од интелектуален мозок, голема невработеност, неефикасност во самиот процес на едукација, некласифицираноста на приоритетите на одредени индивидуи, пластичното трупање на непотребни информации наспроти неискористените таленти, неоткриените интереси кај младите за општествените, природните науки. затвореност на духот со премногу материјал за бубање (учење) наспроти духот за реализација преку физички, креативни активности, похумани методи и техники, пристап адаптиран на денешново време.



Тамара Атанасоска (TAtanasoska) сподели прекрасно мотивирачко видео кое зборува за различноста во размислувањето, за промената на една парадигма во/ за општеството, за иднината на образованието. покажува како храбро треба да застанеме пред нашите цели и да зацртаме она што е видливо во сегашниот систем, да повлечеме линија и кажеме јавно и гласно дека му е потребна итна промена. сегашното образование како такво не нуди доволно, дали посакуваме премногу? можеме ли?. ..иако квалитетот на снимката е лош, вреди да се погледне! (!и разбере како апел!)

.инспиративно од една страна (како видеото за девојчето кое за неколку минути успеа да го промени светот = извонреден говор), полемично од друга страна, затоа што отвара една таква листа на размислувања, можни одговори, варијации на суптилни конкретни факти (кои мора задолжително да се променат) и трогателно, затоа што истовремено вага две вистини една идеалистичка, утопистичка (каква што сите замислуваме) наспроти бедна, жална, очајна слика на обидите да не биде полошо од вчера..
.



.
:неформалното ообразование полека, но сигурно почна да ги отвара очите на општеството, можеби процесот е бавен, но сепак не можат да се негираат фактите, т.е. резултатите на групите кои се водат по новите методи и произведуваат, фабрикуваат (повторно), но, на еден послободен, попозитивен, покреативен начин нови индивидуи, ентитети кои покажуваат нови форми, апекти на анализирање на општеството и неговите систематски процеси.

Без образование ние сме во страшна и смртна опасност да почнеме да ги сваќаме образованите луѓе сериозно.

Гилбер Ким Честертон


.во првото видео ќе можете да слушнете како едно училиште се однесува слободоумно и со почит кон прогресивните идеи на младите. ова што ќе го слушнеме не е ништо повеќе од Вистината кажана на прва рака. почит за институцијата која произведува вакви кадри, образованието не е повеќе алатка на оние кои го класифицираат народот на работодавци и работници, делот од промените кои новата ера сама по себе ги носи се таквите ветришта од млади ентузијасти и активисти, силни на говор и дела, желни да стават крај на една филозофија и начин на живеење кој во годините, децениите и вековите наназад се покажа како поразително лош.

“Anti-intellectualism has been a constant thread winding its way through our political and cultural life, nurtured by the false notion that democracy means that 'my ignorance is just as good as your knowledge.'”

― Isaac Asimov

:второто видео е всушност оригиналното видео кое е споделено во првото после говорот, но сликата и квалитетот на видеото е далеку од подобра овде. зборува, всушност се надоврзува/ надополнува на обраќањето на девојчето кое успешно успеа да ги искористи микрофоните, храбро и уверено да го каже мислењето на оние кои допрва доаѓаат, младите! критичкото размислување денешното општество (барем дел од него, развиеното..) почна да го почитува и вреднува многу повеќе од порано. доколку имаш одредено мислење/ став поразличен од оној на грото популација/ народ тогаш одредени институции/ едукативни установи/ универзитети се обидуваат да ти овозможат детално истражување на твојот став, негова анализа преку конкретни кохерентни аргументи и тн.


.

.секако дека не треба да размислуваме утопистички за општеството во кое еволуираме или премногу научно-фантастично, но сепак убаво е да умееме да ја обсервираме големата слика, да се однесуваме критички и корективно со работите кои можеме да ги промениме во нашата заедница.

:новите модели на едукација покажуваат дека не секој сака да седи додека учи, не секој сака да работи во група, не секој сака да учи наутро, не секој има исти пристап кон одредна материја, објект, предмет. образованието треба да го има тој посебен однос со децата во кој ќе им се овозможи конкретно насочување кон нивните афинитети, трпеливо и педагошко однесување со овие осетливи генерации кои трпат секојдневни промени во општеството повеќе од сите претходни генерации заедно. инкорпорирањето на модерните форми на образование е единсвено решение на сегашниот застарен модел на креирање едукациони програми.

"The task of the modern educator is not to cut down jungles, but to irrigate deserts."
C. S. Lewis


:Новата борба која наскоро доаѓа во нашите простори е Јавното образование наспроти Приватното и не само во предшколската возраст и факултетското пренасочување.
денешниот систем форсира пренатрупао учење и стекнување на дипломи кои веќе не носат работно место, убаво е кога го знаеш целиот процес како затворен круг. многумина out there експериментираат, нови форми се спротитавуваат на матрицата која шкрипи, домашното школување, едукцијата со одредени приватни наставници се само дел од брановите кои рефлектираат. RSA анимацијата го има многу детално, едукативно разработено овој проблем и не само овој, погледнете го нивниот канал на youtube. тоа е тоа критичко мислење кое ете како е круцијално за минималниот прогрес кој се случува во општеството. народот полека се буди. .. и за тие што седеле во клупи, за тие што сеуште седат и за тие кои допрва (можеби) ќе седнат.

.веќе е знак на сопствена одговорност каде ќе го испратиш сопственото дете на едукација, каков начин на образование за него ќе избереш. потребата од поголемо внимание за младите е далеку од потребна, интерактивност на самите програми, учење со употреба на практични примери, конкретни работилници кои ќе служат за испитување на интелектот на една индивидуа. класичните, застарени методи на образование се добри, допринеле многу луѓе да го достигнат нивниот врв преку реализација на нивната наклонетост и интерес, секако материјата која ја пласираме во денешниов систем генерално ги опфаќа основните можеби и најважните теми кои секој треба да ги научи, пристапот е она на што треба да се обрне внимание, како и факултетската надоградба, дали треба да започне многу порано, на кој начин треба да се вгради во веќе постоечкиот модул. ..

што е тоа што е суштинско за промена која би донела позитивни и неочекувани резултати. она што е најзагатливо е тоа дека образованието треба да носи неочекувани резултати. тоа е оружјето кое е најопасно, со сегашниот систем вообичаените резултати, лабараториското производсво на просечни заспиени единки покажува дека нешто овде е труло, доколку би се променило тоа образованието повторно ќе биде силата на времето во кое живееме, едукацијата е гласникот на новото време, тоа секогаш била.

:посакувам во иднина отстапување на полињата/ сферите во кои младите ќе можат да дејствуваат со нивните идеи. верувам дека ќе допринесеме сите заедно за една поубава и поинтелигентна средина, себеодржлива, добро тло за еволуција на човечкиот род, вака чуму развој и прогрес. ако не сакаме да го гледаме распадот пред нашите очи треба ние да сме тие што сакаме минимално да допринесеме.

.. во овој контекст, со локално ноншалантен дисреспект спрема сегашниот систем би рекол: "доста за пијаните, агресивни професори по училиштата, прекратете со баналното, теоретско пренесување на zнаењето кое го поседуваме, учениците се овде да разговарате со нив. .. никако да им се заканувате, малтретирате, педофилчите и сл. (тоа ни родителите не го прават веќе)"

не, за масовното стерилно образование кое произведува бројки во системот кој еден ден може да блокира!
да, за новие прогресивни и визионерски идеи, методи и техники на неформалното образование!


p.s. не е се во образованието, би сакал овој пост да го завршам со отварање на еден уште толку важен сегмент во развојот на една личност. не би биле ништо доколку не ја користиме фантазијата, слободата на размислување и дејствување или како што стариот добар господин Ајнштајн обожаваше да каже:

Имагинацијата е поважна од едукацијата!
on Friday, January 15, 2010
Не знам колку оваа тема е интересна и провокативна за вас, но мене во последниве неколку дена во неколку наврати ме замислува. Штом нешто ме замислува значи имам некои неразјаснети работи. Не дека ќе ми се разјаснат откако ќе ги запишам овде, ама бар ќе ги извадам од мојата глава да не ми тежат. Тоа тежат е клучно во моево писание, затоа што овој проблем реално би требало да му тежи на секој жител на оваа држава. Како што тргна деновиве по медиумите се прикажуваат некои паушални разговори, несериозни дебати во кои повеќе се зборува за општи проблеми т.е. две комшивки на кафе, место за конкретно решение. Впрочем и за повеќето проблемите во државата само се вртат во круг мислења пропратени со знаење и опсервација како на неписмен дедо, а конкретни чекори за што понатаму никако не се превзeмаат. [ова општо]
Нов проблем деновиве се јави во образованието, дали требало да се учи македонски или албански јазик во Западна Македонија од прво одделение.
Најпрво, искрено мислев дека живеам во обединета држава, ако не повеќе бар на обединетост на граѓаните од левата и десната страна на Вардар. Но ова мириса на посуптилен проблем кој допрва доаѓа. Кога некој живее во оваа држава треба да е свесен дека по дифолт тој е Македонец без разлика дали неговите корени ( origins ) му доаѓаат од Албанија, Србија, Бугарија, Африка, Марс или од некое друго место нам сосема непознато. Ова дифолтот не доаѓа само од тоа што на извод од матична книга на родени, лична карта, пасош.. ти пишува место на раѓање: Македонија, туку од тоа дека тоа Македонија во случајов значи се' поврзано со тебе-како и образованието што ти следи исто како и наброените документи.
Моево дифолт подразбира учење на македонски јазик од прво одделение како задолжителен мајчин јазик, а можноста за учење на албански јазик биде воведене некаде во текот на образовниот процес. Албанските експерти би имале можност да изберат кога/каде точно би се вметнал.
Кај ова мое дифолт би сакал и да застанам со пишувањето, затоа што мене некако ми е доволно како став наспроти луѓево од западната страна. Ако во иднина продолжиме да остваруваме желби можеби би посакале да постанат држава како Вевчани, па дури може и посериозна, не?
Правото за учење на јазикот на нивните корени, драгите ни пријатели со прапра потекло од Албанија (какви сите ги имаме се надевам) во нашава држава го имаат од многу одамна. Јас лично би сакал сите луѓе кои живеат на територијата на нашава држава со македонско државјанство од прво одделение изучуваат македонски јазик. И во другите држави живеат малцинства исто така процентуално многу застапени, но во ниедна од тие држави не се изучуваат како задолжителни други јазици освен јазикот кој е матичен на таа држава. Во текот на образовниот процес може да биде воведено по избор англиски, француски, германски, албански сеедно. Доколку треба да се изучува албанскиот јазик, да биде воведен во програмите за трето одделение. Иронична ми е идејата редовен ученик во образовниот систем на Република Македонија во трето или четврто одделение не знае македонски јазик, а наспроти тоа знае основен англиски јазик. (basic English)



Во секој случај на територијата на Западна Македонија сеуште живеат македонци кои пробуваат да го фатат законот за трето дете, има вработено наставници кои предаваат на македонски јазик. Зарем на толку невработеност - нови невработувања? Не би сакале како држава да правиме дисбаланс и дискриминација меѓу децата, па уште мали да ги делиме во јазични паралелки. Да им креираме меѓусебна омраза наместо да ги учиме да ја почитуваат, разбираат и сакаат различноста.
Можеби не кажав премногу, но ова ми е доволно за повремено помирување со овој проблем во мојата глава затоа што сум еден од тие македонци што сакаат да научат албански јазик. Немам проблеми со македонците со албанско потекло, но сепак како македонец сметам дека првиот јазик со кој ќе се сретне секое дете кое ќе стапне во училиште треба да биде македонскиот јазик.

Dita 'n mir!


Related Posts with Thumbnails