. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
Showing posts with label промена. Show all posts
Showing posts with label промена. Show all posts
on Tuesday, May 19, 2015


:бурни денови живее Македонија – jump around викаат едните, додека другите викаат „уважавам твојте македонијо - сиромашни, гладни луѓе и весели митинзи!


порака: kihuPotru; design: Володимѣръ Свѧтославичь

.се судруваат различните светогледи, народот како евтин градежен материјал или зеленчук за извоз се вози до главниот град на државата. а кога, ако не` на митинг тие би можеле да го видат Скопје со сета негова „убавина“. владата се фали со пелените кои почнала да ги дава бесплатно за старите лица.

:мирните протести се дел од демократските општества, па ние како едно од најдобрите, општество пар – екселанс си имаме протести, контра-протести речиси секој ден.

луѓето бесплатно се „забавуваат“, кампуваат. се живее off road, вонредно, без план за следната недела, се` е од денес за утре.

кај едните разочарување, кај другите партиско душевно исполнување, еутаназија на разумот. бајките на Медрано станаа реалност, и тоа без панорамско тркало. се пребројуваме по улиците оти никој не е сигурен дека е доволно силен да го наполни стадиунот, односно чинијата на своето гласачко тело со супа или чорба, но сочна, со „мрвки“. сите буткаат агенди како млечните ресторани во кои се продаваат сирењаци со урда и тоа троа помалку, само некаде по средината, по некое зрно...

#ПоздравПленумци

- а народот верно следи, куражи, поддржува – кој што мисли дека е фино. првите ѓаволот со два рога, другите демек ѓаволот со еден рог, а следните оној без рогови - без да помислиме дека сепак треба да избираме ѓаволи. има ли нешто благодарничко во професијата политичар? земи од народот, за да си ставиш во сопствената приватна каса. барем така гласи и важи општонародната, онаа капиталистичка, „масонска“, „илуминатска“ дефиниција.

многумина ветуваат колку умеат да дадат, а ретко кој реално размислил дали навистина може тоа да го даде. јавни, гласноговорни сопственици на „аладиновата ламба“ – би исполниле се`, само да им се дадат златните пет минути. а ги живеат, еве, веќе со години, додека никој не видел ништо, освен малкумината кои се тетерават по Малдивите, Монте Карло, Кариби итн., како тоа да е Дојран и секој ден да е 1ви мај.

.што е поважно? сендвичот со пластично шише вода или претходно наполнетиот автобус со алкохол? СПЛОТУВАЊЕТО ПРОТИВ ПАРТИСКИТЕ ТИРАНИ, ДРАГИ МОИ, НО КОЈ ДА РАЗБЕРЕ?!?


:овие од власта се пофини, со полни автобуси алкохол тргнуваат кон големите контрапротести. иако и тие сами не знаат зошто тоа го прават, но пак тоа е сосем нормално, никој трезен ова не го поднесува. затоа им е „кафезот“, онаа јадна, `рѓосана ограда со која го ограничуваат движењето на своите марионети за да ја добијат посакуваната фотографија за facebook, за да кажат дека им е поголем... колективот за нови избори. .

контра-камп бре човече! „неко меџу нама није нормалан“. „љуби ве“ цивилизацијата населена во деветиот круг на инката на Данте. да не бевте глупи, ќе бевте смешни. а девет години нешто демек се чекаа вашите 100 чекори за развој, за на крајот да се копира револтот на тие што не видоа ништо во вас освен тортијади, празијади. .. гомнојади!

:фијаско сте - go home you're drunk! but this time really!

.колку неинвентивно, денес можеме да видиме ‪#‎контракамп‬ и во Струмица пред собрание. пред собранието на општината која е една од најдобрите и најуспешните во државата. тоа се факти, а причина дека сме добри е тоа што другите општини се корумпирани и (рако)водени од лопови! тодорoff пред си даде оставка задолжително да напише упут за психијатрија за ‪#‎Ж‬ и неговата „некукавичка партиска фамилија“.



каква „без везе“ слика правиме за европа и светот. па, малите деца кога не ги играат другарчињата се повлекуваат по дома, овие никако да разберат дека со нивната стратегија за „владеење“ дополнително се закопуваат, што е полошо и нас не закопуваат! грујо - државата не е твоја, оди си, доста е!

- животот не е „оптичка варка“, ти „ДРАГА ВЛАДО“ не си хармс и ова веќе не е забавно!


.не секогаш бројноста дава поголем (интелектуален) капацитет, како беше таа: „колку сме, толку сме - токму сме!“ или пак од друга страна, пример: една крава дава повеќе млеко од три овци... или што знам. деновиве си играм животинска фарма оти и Орвел би си пукнал од смеење, како кловновите кога им е мака, па за да ја прикрие тагата само би кажал „не грижи се ти човечуле, има уште надеж за тебе“. ние, место да патуваме како нормални луѓе, место пред тоа да заработуваме како нормални луѓе, место да одимена концерти и` да си се собираме за арно - за убаво, сите на едно, без разлика на нашата партиска припадност, ние - најдобри ги прогласивме за најдобри музичари во Македонија политичарите. ..

.пред Вистината и Боговите молчат, а пред стравот послушниците и платеници на диктаторот!

 .со украден дизајн од ‪#‎протестирам‬ си избуткаа еден од најголемите оксиморонски контрапротести во историјата и тоа не само на Македонија. се друго е небитно. толку од инвентивноста, креативноста, идеите и иднината. впрочем и сечењето на семафор (режимски вандализам) и затварањето на толпата во кафез доволно говори за нивниот љубезен пристап кон членовите и државата. уште и по еден камшик како сувенир да си добијат, за да знаат од утре што ги чека ако некој (не)случајно почне да се разбудува.

:се случува етикетирање во нашата држава, или си на црвениот или си на синиот воз, иако не смееме само така да ги перцепираме работите, посебно ако гледаме историски, дека и двата воза во одредено време заглавиле во место.




 сепак, има и огромен број на независни, слободни граѓани кои си ги поставуваат прашањата како: „what’s next after this“, „who's d dj now? “, дали е сево ова потребно, кој ќе добие од ова (нај)многу? но, има и такви кои без страв застануваат и „немаат гајле“ дали ќе бидат обележани од провладините медиуми како сини, соросоиди и сл. и други кои пак гордо велат јас сум ВМРОВЕЦ, ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ, како другите да не се?!

- а колку се само потребни нови концепти, оти државата се наоѓа во доста комплексна ситуација, од која ако продолжиме така наскоро нема да излеземе!


:не е лесно за никого, посебно во еден ваков период кога до екстремност се држат сложените проблеми, се заменуваат со кругови, а народот за прв пат застанува по средината и искрено го бара балансот и излегувањето на прав пат од оваа криза. знаете, нови крајности, посебно лоши сценарија никој не посакува - н и к а к о !

by: Александар Ковачевски

!потребно е сериозно лоцирање (по не знам кој пат) на проблемите и малигните двигатели на сегашнава криза, и чиста, јасна понуда и соодветен третман според интелектуалните капацитети на сите граѓани, оти така идеите би излегле од граѓаните и би биле директно за нив наменети. сите ние во оваа држава можеме да помогнеме за излегување од овој ќорсокак.

искрено, допрва ќе се поставуваат уште многу прашања и ќе се бараат уште повеќе одговори, но потребно е обединување на народот, но не по партиски списоци и основа, туку по онаа која е за секој од нас поединечна визија за иднината.

:ја живееме (белким) последната „Маледонска меланхолична револуција“...

 јас пример сакам преодна (експертска) влада која ќе потрае троа повеќе за да се изладат партиските фори на дејствување кои не вродуваат со никакви решенија, па после сакам пописи, ослободување на јавниот сервис од еднобојно емитување на платена партиска програма, стабилизирање на најважните институции (чистење на партиските вработени кои немаат соодветно образование), враќање на стандардите во сите сектори, доста ни е од криминали, мито, корупција, „на ти го - дај ми го“... е дури после сето тоа сакам нережирани, односно фер, демократски избори. и така. мислам дека после целиот овој процес ќе имаме солидни кандидати кои секако по стандардниот процес би ги изгласале и би им дозволиле да раководат со најважните политички функции во државата.



а се додека гледаме слободни граѓани, непартиски, сплотени за нова власт верувам дека нашиот следен чекор како нација ќе биде успешен.

- потребно ни е да размислуваме од аспект на граѓани кои (си) го посакуваат најдоброто за себе и своите најблиски... доста ни е од препукувања поттикнати од гневот и омразата кои секојдневно стануваат се поголеми. доста ни е од тоа да си ја газиме сопствената иднина, доста е од било какво политичко харикири кога како држава уште на млеко мирисаме.

.nothing is made that perfect, that couldn't be done better. changes are for fearless people, u know? 

on Monday, October 8, 2012

Член 16 од Уставот на Р. Македонија експлицитно ја забранува цензурата и ја гарантира слободата на говорот, слободниот пристап до информации и нивен пренос. Да се избориме за овие вредности. Да го сопреме предлог-законот пред да биде предоцна. 




1. Повеќе нема да можеш да коментираш на страни, форуми, facebook, twitter без страв дека ќе бидеш осуден на огромна парична казна.

2. Ако имаш твоја страна, ќе треба да ги исклучиш коментарите или да набљудуваш и цензурираш 24 часа во денот.

 3. Твојот веб сајт лесно ќе може да биде исклучен секогаш кога некој ќе се пожали кон интернет провајдерот, без судски налог. 

 4. Твојот (интернет провајдер) или било кој центар на моќ, ќе одлучува кои страници ќе ти бидат достапни исто како во Иран, Кина, Саудиска Арабија, Северна Кореја. 

5. Како интернет провајдер секогаш можеш да бидеш тужен за содржината што ја објавуваат твоите корисници. Казната е 27.000 евра. 

Ова право и простор овде го користам да изразам незадоволство кон овој предлог-закон и да покренам апел, интимен и личен кон сите оние важни, влијателни фактори кои може да се изборат да го задржиме целосното право и слобода што ги имаме како корисници овде на интернет. Непотребно е да се носат решенија кои немаат никаква важност, наспроти големите проблеми кои како темна сенка, облак ја следат еволуцијата на земјата. Со ова само уште толку ќе покажаме дека сме држава во која владее невиден режим и правата секојдневно се ускратени.

Второто читање на законот е во утре, вторник 09.10.2012 година, поставете го кодот на Вашата страна во 00.00 часот истиот ден. Приклучете ја Вашата страна во акцијата за затемнување на македонскиот Интернет со додавање на едноставната скрипта.  



Да застанеме против: Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета - затоа што тоа не е изборот кој го сакаме и сметаме дека никој нема право да ја одземеме слободата на говор, а со тоа и контролата на секој од нас лично како креатори на општеството кое го сакаме со целосната граѓанска одговорност која ја поседуваме.

Македонија: Опасност од цензура преку новиот закон за навреда и клевета 

* * *
Related Posts with Thumbnails