. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
on Saturday, March 10, 2012


.знам дека на многу од девојките кои ќе го погледнат видеото ќе им се допаднат триковите/ начините како до подобра комбинација на шалот. многу често носам шал или марама, но никогаш не се грижам како е ставена, ова е премногу комплицирано за мене. :D

сепак беше забавно да го гледам, а ме потсети на едно видео од порано со кошула нешто имаше..





:oваа Wendy е многу кул, fashion guru, ја има и на facebook и на twitter. :D
on Thursday, March 8, 2012




Што е она за што сакам да пишувам денес, а, е дел од една поголема граѓанска активност, чин на младински активизам кој променува, повик/ апел за повисока свесност меѓу граѓаните и поголема вклученост [овој пат].

Всушност се работи за еден проект кој мене ми е познат уште од поодамна, наменет за воведување основни стандарди во образованието, како и повлекување на децата од воениот фронт. Требаше да биде вчера, тогаш беше актуелно во мојот stream, оној невидливиот за оние кои ме следат, но, како што гледам другите не разговараа за видеото, темата и суштината на овој проблем премногу. Денес дебата за видеото е многу поголема, се отворија блогови кои зборуваат против организацијата, кампањата, но ете јас решив да ја поддржам.

За што станува збор? Го знаете ли Кони, дали сте слушнале порано за овој лик? Кој е тој? Што прави, како го прави тоа што го прави, зошто го прави, до кога ли ќе го прави?

Не ни помислив дека толку прашања ќе ми надојдат во глава, утро е, ова требаше да го пишувам вчера, темите кои остануваат неколку часови повеќе во глава секогаш ја имаат возможноста да бидат подлабоко обсервирани.
Иако ова е тема на која не и треба некоја дополнителна обработка, посебна стручност во пристапот или пак преголема критичност сепак е нешто кое веке 20тина години лебде во глобалниот простор и се нема превземено нешто круцијално, големо кое би го анулирало и како тема и како поим, проблем, постоење.

Тој Кони ти е фраер (лидер - манипулатор) кој веќе децении се занимава со киднапирање на деца и нивно обучување како би убивале во негова полза. Доаѓа од таму каде нема вода и храна, а животот е далеку од она што го заслужува секој просечен граѓанин на планетата, Африка. Згора на сите тие неудопства во кои се принудени да живеат, децата се условени да бидат дел од синџирот и начинот на кој се поставени правилата за живот таму, задолжително. Да се биде дел од Армијата е нешто што не може да се избегне, а ако се избегне следува најлошото, смртна казна, на која (иако застарена снимка) и до ден денес децата ја прифаќаат како `подобрата опција.

Идејата на ова видео, документарниот филм KONY 2012 е да ја прошири информацијата за Joseph Kony повторно. Да направи од него популарна личност, личност на годината, личност која ќе стои рамо до рамо со најголемите селебрити иако е злосторник. Lord's Resistance Army е широко позната со својата криминалистичка, терористичка структура. Армија која ја сочинуваат меѓу другите и деца, деца кои се програмирани да сеат страв, омраза, да заплашуваат и најлошо, да убиваат. Joseph Kony е нивниот водич, бунтовник без причина би го нарекло модерното општество, неговиот одговор секако би бил друг, но не можеме да застанеме и кажеме не за алатките кои тој ги користи да се спротистави.
.



.
Децении по ред иако крајно непопуларен, секогаш во сенка, скриен повеќето време сите го знаеме, оние кои се грижат за човековите права, се борат за имплементацијата на декларацијата секаде каде има пријавено населено место решија и оваа година да кренат глас за ова прашање, Joseph Kony мора да биде уапсен!



Дали е ова видео пропаганда, дали американците лесно паѓаат на овие тажаленки од типот на документарец за светот од категоријата `ш, дали некој од ова ќе направи огромен профит. Зарем овој Joseph Kony не е веќе мртов?



Прашања има премногу.. зошто facebook веднаш штом видоа вчера дека видеото оди viral го блокираа, зошто приказната повторно се спушти под земјата. Премногу работи поминуваат забележани тивко, без никаква реакција речиси и додека на reddit се води жестока дискусија, на другите платформи исто така, во последните 24 часа не видов никој во Македонија барем од оние кои се во мојот stream да зборува за ова.

Дали е оваа кауза вредна би се запрашале премногу луѓе, иако емоциите холивудски уште го владеат општеството , па ова поминува на прва рака. Сепак мојот блог е место за мојличен став и секако дека со ова што е постирано видеото овде давам на знаење дека оваа кампања е поддржана од моја страна и сакам за ова прашање/ проблем во блиска иднина повеќе да се зборува. Приливот на средства никако не е на одмет иако не верувам дека некој Македонец би бил толку хуман и би се вклучил во ова, но системот кој го има имплементирано оваа организација, после неколку години ефектира со позитивни резултати кај младите и образованието таму. Ја враќаат самодовербата, се вклучуваат во редовниот образовен систем (кој претходно го немаше воопшто), отворено зборуваат за нивните проблеми, се интегрираат во општеството како такво.

Да се најде Joseph Kony е клучно во овој филм?! – не би можел да мислам зошто тоа во моментов е spam и непотребно генерално како информација. Активизмот влегува во сите пори на општеството, желбата за промени е клучна кај повеќето слободни граѓани, со самото спроведување на оваа информација до поголема маса на луѓе придонесуваме позитивно за решавање на овој проблем и нему сличните.

Што како македонец би сакал да потенцирам за ова видео?
  • Моментот дека сме навикнати да ги гледаме прегладнетите деца од Африка на фотографии и сеуште да го имаме стереотипниот синдром на одбивност и гадење од истиот, додека мајка Тереза (македонка) го собирала остатокот од храната во авионите кога одела таму на посета. Ова како ветер за тоа дека воопшто не ни помислуваме на десетиците деца овде по улиците, иако се сметаме за хумани и свесни за проблемот на милионите деца таму.. тоа дека радо би се согласиле дека оваа кампања е застарена, квази емоционална и целта и е да собере повеќе пари врз основа на солидарност.
  • Би сакал да помислам на еден момент со набавките на оружје за таа армија во Уганда, за тоа кој е македонскиот Joseph Kony? Има премногу млади во нашата држава кои поседуваат оружје на црно. Не сте го знаеле тоа, се обидувате да го игнорирате фактот, некој навистина треба да ги отвори очите пошироко..
  • Колку ова има допирни точки со Нас како држава?
- Да помислиме уште еднаш на образованието?
- Педагошкиот пристап кој го имаме со младите?
- Дали одговорно презентираме реална слика за тековните случувања во светот пред младите?
- Запознаени ли се и вклучени ли се директно или индиректно младите од Македонија во глобални кампањи од овој тип?

(одлична прилика да се започне со придонес за зајакнување на глобалната мрежа, активно вклучување во кампањата која започнува официјално на 20ти Април).. формално или неформално. Овој блог пост е само апел до сите оние активисти out there кои би можеле да се вклучат, да информираат.. до сите оние на кои проблемите од овој тип и нивното решавање им е Важно!



Додека интернет почвата се полни со сарказам против ова видео и неговата цел, додека се обвинува тимот кој го сработил, јас би нагласил дека Злосторникот Кони уште е таму некаде надвор, опкружен од неговата армија (деца) мислејќи дека е Господ и дека неговата агенда мора да се реализира.

Последиците/ Резултатите од ова видео и од можноста проблемот повторно да излезе на површина се нешта кои допрва доаѓаат. Се надевам Овој ќе си го најде местото (во затвор), децата да бидат слободни и вратени/ адаптирани на нормалниот животен те(р)к. Invisible Children (организацијата која го има снимено ова видео) деновиве е таргет на секакви препукувања, дали работат транспарентно, кои се нивните цели, како ги извршуваат своите активности и тн.

Факт е дека ова видео е viral и ќе се шири информацијата уште повеќе, организацијата дава одговор на сите осуди, навреди дека се работи за глобална манипулација од која некој ќе профитира, сепак нивната мисија е многу посилна од Тоа!

.
:Дали оваа мисија профитира или е една од оние мисии кои си имаат зададено да го променат светот? - секогаш останува да заклучиме сами, која страна ќе ја поддржиме, мене ми е важно овие промени во светот да се случат, ова се несомнено важни чекори на човештвото кон подобро.
сепак, сите сонуваме еден ден да се разбудиме во една поубава средина која знае да го почитува животот на оваа планета во целост. Пред неполн час излезе уште едно кратко видео, благодарност од организацијата за целата таа позитивна вибрација која се создаде околу оваа кампања. !Да го промениме светот, хм.. ☮!peace!☮


.
..секако потпишете ја петицијава ОВДЕ, следете ги невидлвите деца на twitter и facebook.
on Sunday, February 26, 2012

:Во киното Фросина вчера за случи конференцијата за социјални медиуми и активизам организирана од Радио Моф или поточно радио проектот на Младинскиот Образовен Форум. Најпрво бев разочаран дека нема да можам да бидам присутен дека се поклопува со денот кога во Струмица се случуваат карневалите, но, сепак се случи нешто кое најмалку го предвидував.

Се занимавам со активизам веќе десетина години без разлика дали станува збор за online активизам или outdoor активизам, т.е. активизам со организирање на конкретни активности поврзани со теми кои се важни за развојот на демократскиот дух на едно општество. Така и се случи првата пријатна соработка со радиоМОФ откако добив дозвола да го промовирам настанот со нивниот официјален банер на овој блог (иако нема да бидам присутен). Но, и покрај вообичаените активности кои ги имав преку ден и пријатели и гости дојдени за карневалот успеав да најдам време да проследам дел од говорниците на оваа конференција.

Станува збор за одлично искуство кое го имав(ме) сите ние вклучени на конференцијата преку twitter, facebook (и тоа непредвидливо повеќе отколку што очекував) и на самиот канал на радиоМОФ/ engage.

Иако имам претходно искуство со следење на конференции и слични event-и на овој, овој ми остави посебен впечаток затоа што некако делуваше позабавно, поинтерактивно од сите други кои барем јас сум ги следел online.

Во текот на следењето на овој настан се родија интересни дискусии за сајбер просторот, сепак е поразлично да се следи еден настан од дома, некои моменти се слушаат подобро, некои не.. она што лично го перцепираш фаќа само делумно од она што се пренесува. Off дискусиите исто така беа доста продуктивни на моменти. различноста во перцепцијата на одредени термини, односот на технологијата со корисниците и тн.

Овој настан беше извонредна прилика (за секој од Нас се надевам) да научи некои нови работи за конкретните теми кои беа презентирани. Жал ми е дека ја испуштив Тамара, имав гости од сабајле, но се надевам да го гледам видеото кога ќе биде качено online. Темата која таа ја обработува како граѓански активист и интензитетот и начинот на кој пристапува кон одредени проблеми и ранливи прашања е навистина уникатен за нашата средина до сега.


.

RT @darko156 Заклучок: не се пријавувајте за работа во Сивус. Тие ќе ве најдат #engagemk

@Trendolend прави паметен муабет на #engagemk as #always (@Potru)

RT @RadioMOF #engagemk @danijanev инфографикот - универзален јазик за разбирање и комуникација #fb

RT @zabrcanec Prezentacijava na @danijanev lici na #tedx prezentacija. Edukativno, inovativno. #engagemk

RT @ @malaovca @danijanev ne e istiot offline I online, postoi na dvete mesta simultano I neidenticno. #engagemk #mindfuck

RT @ribaro +1 RT @tanjastweets: Распеани Скопјани ги викаат сите да пеат со нив! Dream come true, wish I was there #engagemk

RT #engagemk @RadioMOF ve nosi na SHARE. naskoro povekje informacii #zakacise

Linkда не постоеше пиратеријата македонија немаше да биде земја на информатичари #engagemk #fb (@Potru)

!анонимни нема во македонија, но затоа национализам има колку сакаш! убаво кажано @viktordano #engagemk #anonymous (@Potru)

RT @gvomk @razvigor ke ja prezentira moznosta da se priklucite na nasiot tim. Pishete ni na mk.globalvoicesonline.org #engagemk

:[off topic] кога сме кај македонскиот не се анонимуси, туку анонимни #engagemk (@Potru)

* * *

.. е сега ми остана сега уште еден твит не забележан, па ќе го постирам овде со надеж да биде одговорен :)

@RadioMOF може да ми пратите на домашна адреса стикери од #engagemk? ако Да, ќе бидам многу среќен! p.s. inBox ќе ја проследам адресата.. :)


PAINTED, ETC. - Almost Raffaello.

Од прилика ова се твитовите кои би ги оздвоил за значајни за овој настан проследени од моја страна и некоја симулација на конференцијата во мојот timeline што би се рекло сега актуелно.

Првата презентација која ја проследив беше онаа на Сивус и ќе се согласам со тоа што го има кажано Дарко. Со оглед на тоа дека им ја следам нивната работа online како и на регуларните социјални мрежи така и на професионалните, станува збор за извонреден тим кој стои позади оваа компанија и кои презентираа интересно видување на односот со посетителите, клиентите и бенефитот од сето тоа.

Трендо е човек за кој може многу да се пишува, секогаш е достоен да се слуша, неговите ставови го отсликуваат виртуелниот пазар онака како никој друг не може. Односот со публиката, начинот на пренесување на информациите е тоа што многу малку говорници во денешно време не го поседуваат за разлика од него, кој периодот иако актуелен со неговите гостувања по повеќето медиуми како телевизиски, така и виртуелни (го гледав во политико, го слушав на радиоМОФ, еве сега го гледавме на engage) никако да здосади, или да те доведе до ниво на баналност, смешнаи самата споредба.

off.net е следниот проект во кој се впушта, тука сме да го следиме.. и да учиме од него.

Дани Јанев имаше одлична презентација за инфографиците. Сега знам повеќе за суштината на инфографикот и некогаш навистина би сакал да се обидам да направам некој добар инфографик.

Виктор (@IT.com.mk) спомна интересни работи околу хактивизмот, што е тоа што те прави хактивист, можеш ли да завршиш во затвор. .. отвори и теми кои се загатливи, како анонимните, нивните дејствија и акции.

Филип (@razvigor) зборуваше за тоа како network-от кој го создаваш може да генерира информација која потоа може достојно да биде презентирана на целиот свет. За неговото искуство со cnn и артиклот за проектот 2014, начинот на ликање на одредени ставови од одредени блогери кои во тој период имаат пишувано за оваа тема, стручни анализи и сл.

Спомена и за отворената соработка и можност за волонтирање како freelance волонтер блогер/ колумнист за Global Voice на Македонски се` на се, интересна презентација за проследување.

Посебен поздрав за гостите од страна, Одлични презентации. Приликата да бидеме во тек со модерните социјални заедници на Балканот, интегрирањето во глобалните текови и можноста да слушнеме за нивните начини на работа беше уникатен. Не би издвоил ниту еден од гостите, сите зборуваа за различни теми кои се доста суптилни и би можело да се пишува со часови, а и се надевам на поактивно блогерство од моја страна кога ќе бидам активно (in person) вклучен во настанот. Со ова го надополнувам моето мислење и желба да се случи редица такви настани организирани од радиоМОФ затоа што покажаа како се организира професионално еден настан кој детално обрати тема, доста важна за секој кој се занимава со социјални медиуми и активизам во Македонија.

Честитки за организацијата и за одличниот избор на паузите, музиката, бит боксот, танцовиот перформанс, распеани скопјани и сите други кои не успеав да ги гледам!

p.s. не се согласувам со некои коментари упатени до организацијата во однос на нивниот маркетинг и информирање/ рекламата за настанот претходно. Сепак мислам дека настанот делумно си ја заврши одлично работата и таму, секогаш може и повеќе, но луѓето кои ги следат активностите на МОФ беа информирани.

Првите текстови за настанот веќе излегоа на страницата на радиоМОФ и на плусИнфо [читајте] како и видеото од говорот на Влатко Васиљ () на . Благодарност до Весна Илиевска (@vilievska) за фотографијата со мене, целиот сет може да го погледнете на нејзиниот профил на flickr, сепак му благодарам и на Филип (@razvigor) кој исто така направи неколку фотографии. :))


.во текот на следната недела од организацијата потврдија дека и видеата од другите говорници ќе бидат качени, аривидерчи, ми беше задоволство да присуствувам ~
on Friday, February 24, 2012
.секако немаше да пишувам за ова, но анонимните ме изнервираа со тоа што ќе и помагаат на грчка околу долговите, а таман си мислев дека ќе им дојде времето за освестување. .. дојде време за едно поголемо освестување, појаснување. алелуја! толку слични, толку различни, толку Европски е видеото и новата кампања на ЕУ Проширување или појасно, зголемување на бројот на членките на таа голема, кружна и не толку заоблена Унија. погледнете!


'So similar, so different, so European'

.
:со години се чека да станеме дел од големата дама, дали тоа ќе биде наскоро, дали Вие тоа го сакате зависи од Вас самите. ако гледате плодна поле за дискусија и кажување на Вашите ставови повелете овде е местото. она што би го додал јас во овој пост е дека видеото е одлично. збунувачки Вистинито, некогаш просто ги затвараме очите пред убавините кои нашиот народ, традиција, култура, историја ги носи сама по себе, па чекаме некој друг со HD верзија да ни ги отвори.

.Ова видео е самo доказ дека SEE (Југоисточна Европа)e возбудлива, уникатна и убава страна/ дел од светот. овој регион овде е исполнет со уникатни и неповторливи традиции, култура и одблежја. Да, секако дека овој дел од Европа се разликува од останатите делови, но тоа не би требало да биде тоа што ќе не оддалечува од оваа декларативна Европска Унија, туку напротив она што би требало да не зближува. Секако дека и овие простори се фасцинантни, невообичаени и вибрираат со посебна убавина.

Овој клип покажува на еден извонреден начин дека ние не застанавме заробени во времињата за промени, секако дека со реформите кои се спроведуваат меѓу сите држави кандидати, пациенти во чекалната се случија енормни промени во сите сфери. Во обид да бидеме поблиску до стандардите на Европската Унија ние се реализиравме во обидот да го следиме модерното живеење иако сеуште не сме се присоединиле. Сите оние кои ги немаат посетено овие простори верувам дека ќе се изненадат позитивно од она што ќе го видат во ова видео, и јас самиот се изненадив и штом видов дека Бобан Пијанманов (мој facebook пријател) го сподели решив да напишам два три збора овде. Убаво е сите да знаеме дка овде се скриени огромни богатства како природни така и потенцијал, човечки ресурси и капацитети кои можат да се справат со современиот тек на развој на едно општество.



Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија и Косово се земјите кои сеуште чекаат во чекална, иако животот ако го гледаме во крајност сеуште не е болница, а далеку е од онаа стручната, специјализираната.. немаме потреба како држава од диспанзерска терапија, и се надеваме да го фатиме возот со Хрватска која наскоро ќе стане 28от член на Европската Унија.

Дали ова видео ќе помогне во промовирањето позитивни вредности за Балканот и Југоисточна Европа? – секако да!

Проширувањето на ЕУ е она што навистина треба во моментот како би имало подобрување во било кој аспект. Јас би гласал ЗА, не заради стандардите, нормите и условите кои (треба да) ги исполни(в)ме туку заради основниот факт дека сме дел од овој континент и од голема значајност за мала земја како нашата се овие интеграции. Доколку сакате да следите повеќе околу оваа кампања за проширување проверете го ова овде, или пак facebook и twitter.

See ya! ;)

Related Posts with Thumbnails