. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
on Sunday, December 11, 2011
.
.
.
.

  • The City 2.0 е град на иднината ... иднина во која повеќе од десет милијарди луѓе на планетата Земја некако мора да живеат одржливо.
  • The City 2.0 не е стерилен утописки сон, но надградување на реалниот свет што се вградува во колективната мудрост на човештвото.
  • The City 2.0 промовира иновации, образование, култура и економски можности.
  • The City 2.0 е градот кој работи и функционира!


TED Prize пред неколку дена ја објавија наградата за 2012 година и замислете тоа за прв пат не е човек, туку идеја. The City 2.0 е проект идејата која оваа година ќе добие награда во вредност од $100,000, и е сосема невообичаено што организаторите на TED Prize оваа година се фокусираат повеќе на идејата сама по себе. За прв пат оваа идеја пред публиката на TED беше откриена некаде во февруари оваа година, но, овој пат тимот кој стои позади овој проект за следната презентација ќе оствари соработка со организаторите на TED и е во потрага по нови учесници. Огласот е интересен чекор напред со кој тимот сака да направи паралела помеѓу инкубацијата на проект-идејата и инкубацијата на процесот; централна/ главна карактеристика за успешно изградена одржлива средина во која ќе се развива проектот.

која е иднината на овие програми кои поддржуваат индивидуалци со силни визии и конкретни развојни етапи?

Веќе неколку години сме сведоци на фактот дека TED Talks како Гоцево поле за размена на културолошки, технички и естетски искуства разви посебна стратегија на промовирање на она најдоброто од нашата планета. луѓето обединети со една цел `подобро утре, секојдневно ги презентираат нивните искуства, изуми и визии кои би допринеле за развој на една по едуцирана средина за нашите деца и плодна иднина во која планетата како цело, ќе изгради еден сосема нов систем на себе оддржување каде луѓето ќе бидат главни двигатели на цела таа органска машина, која можеби ќе треба да погледне малку назад во минатото, како би искористила дел од знаењата претходно и би етаблирала и лансирала во новите модели на живеење.

за што се работи?
Наградите TED се развија како резултат на веќе добро познатиот феномен наречен TED Talks "идеи вредни за споделување". Наградата редовно се дава на поединци, индивидуи за да им се помогне во иницирање на програма која би им ја остварила нивната 'желба' презентирана претходно на TED конференцијата. Оваа година наградата ќе биде на тимот кој со заеднички напор го создадоа проектот The City 2.0, кој промовира иновативност, образование, култура и еконосмки можности. ..а, од друга страна го намалува присуството на јаглерод диоксид, отвара поголеми возможности за малите семејства и го олеснува притисокот при развојот на руралните средини. The City 2.0 е местото на новите убавини, возбудата, вклученоста, разновидноста и новите прочистени форми на живот.

Урбаноста доби речиси култна улога во дизајнирањето на средината, посебно кога живееме во време кога имаме притисоци од глобалното затоплување, порастот на населението и управување со човечките и природните ресурси. Во моментот на осознавање на фактот дека средната проценка на 70% од човештвото кое ќе живее во градот до 2050 година (50% од денес), поврзано со тоа дека градовите стануваат најдобар начин да се развие еднаквост помеѓу приходот и пониските такси по глава на жител, овој избор, наградата да заврши точно во рацете на овој тим веќе има многу повеќе смисла. Градовите се сложни, органски создадени места, и не се дизајнирани колку што вертикално интегрираните технологии даваат возможност и повремено наметнуваат менување на смислата и самиот карактер на тоа што треба да означува "Град".



Вистинскиот пресврт во моментов е како наградата ќе биде доделена. "Како оваа награда ќе биде прифатена од страна на City 2.0? Преку визионерски поединци ширум светот кои се залагаат во негово име. Ние ги слушаме нив и им ја даваме возможноста колективно да замислат желба. Желба способна да иницира голем проект со кој ќе се роди соработка меѓу членови на глобалната TED заедница и навистина за сите кои се грижат за иднината на нашата планета. "

Од потенцијалните соработници се бара да испратат е-маил или коментар на тоа како тие можат да придонесат за "желбата", која ќе биде промовирана на 29 февруари. Имаме уште неколку месеци исчекување да Видиме што тоа како солуција ќе ни презентираат.





- овој текст е напишан врз основа на информациите споделени за настанот, изворите не би ги линкал за тоа што станува збор за комбинација на информациите кои го доближија настанот поблиску до мене.. доколку сакате да дознаете повеќе за TED наградите гуглајте го TED Talks, погледнете едно од серијата видеa кои ја промовираат идејата за The City 2.0 или погледнете ја генерирана листа на видеа на youtube.

:ако самите себе се сметате за визионери, помогнете во реализацијата на овој проект и во Вашата општина, сигурно се сеќавате на позната парола: Think Global act local!

[sustainable adiOs]
on Thursday, December 8, 2011



Amazing leadership course, great production, stable perspective and visions for d future of d youth development & general attitude of Macedonia & d global society.


Ова видео на својот facebook профил го сподели мој пријател, младински активист исто така Игор Изотов [@izotov], а е дел од тренинг курсевите на младинската организација momentum – youth development [MomentumLive].

Во видеото македонецот, Горан Бошковски презентирајќи се самиот себе, која му е мотивацијата да биде дел од овој курс, со какви вештини и знаења се стекнуваат младите.. прави успешна презентација на нашата држава, неговите идеи и визии како до подобро утре во кое би се почитувале вистинските вредности и како со развојот на младинскиот сектор ќе се променат работите на подобро кај Нас, а и` пошироко.

Одличен начин за мотивирање на младите од Европа да се вклучат во оваа младинска програма која овозможува едукација и интернационално искуство во кое се почитуваат различностите на културите и се поттикнуваат младите да ги реализираат своите идеи и визии.

To Push My Limits - Goran Boshkovski from Momentum Films on Vimeo.


.постерите се моја изравотка :)

on Friday, December 2, 2011
.
.
.
.
.уште на почетокот на овој пост ќе нагласам дека воопшто не се грижев за бројката на сликички' кои ќе ги селектирам во оваа колекција, и длабоко се извинувам на авторите кои за жал нема да ги нагласам овде. дел од постерите беа без информации, така се одлучив во целост имињата на авторите да останат во позадина, а додека преден план да има мисијата.

:вчера (1 Декември) беше ден за борба, заштита и превенција од HIV/ AIDS. из социјланите мрежи почнаа да се појавуваат интересни дизајни кои ја поддржуваат оваа кампања. Не верував дека ќе се одлучам да направам пост поврзан со тоа, но, со оглед на тоа дека секојдневно ги поддржувам различните настани кои служат за подигање на јавната свест, а овој пат случајно ескивирав, денес се одлучив да ја составам селекцијата која мене ми остави впечаток и да додадам еден мој дизајн кој се надевам ќе го пронајдете меѓу овој избор.

За почеток погледнете го краткото видео [I AM RED] дел од светската кампања која има за цел до 2015 да го намали бројот на инфицирани лица на годишно ниво на „0“. Жално е дека уште живееме во свет каде луѓето мораат да бидат анимирани и освестувани со помош на видео реклами, постери, билборди. ..за сериозноста на овој вирус, заштитата од него како и солидарноста и толеранцијата со веќе инфицираните [доколку ги има такви во вашиот круг на живеење].



информации за превенција сигурно веќе имате, или пак веќе сTе 'доволно информиравте од вчера. Во продолежение следува уметноста создадена и инспирирана точно од овој ден кога илјадници луѓе во светот пробуваат да информират и променат дел од состојбите во денешното општество.




:I really hope that u, who read this was involved in raising d awareness between your friends. .. ако не е така сподели го овој пост, денес (сега) знаеш, никогаш не е доцна!
.
on Thursday, December 1, 2011
.
.
.
.
Социјалните медиуми стануваат се популарни за разлика од минатите година. За оваа година некои истражувачки агенции почнаа да ги презентират нивните статистики за употребата на овие платформи секојдневно.

Брјот на корисници на социјалните медиуми/ мрежи е' во пораст и тоа е факт, која е иднината на овие мреже се уште е дискутабилно да се дискутира. Пред некој ден видов прашање на g+ каде ги гледаме социјалните медиуми после 10 години. Едноставно, иако се рабoтеше на профил на позната ѕверка од twitter сферата, на g+ заинтересираноста за неговата работа и не е така голема, па се одлучив да го кажам моето мислење.

Тешко е да се обедиме да се проектираме во иднината така лесно, за тоа што во подем е развојот на модерните технологии, доволно е да се завртиме назад во последните 10 години и да го анализираме нивниот прогрес. Би можеле да играме на варијации за развојот до следниве неколку години, но никако толку далеку. ..или како би одело во оригиналната форма залепена на неговиот ѕид "u don't think is to much visionary this question?! 10 years is a lot of time dude, when u can see how far d social media develop in d last 10 years!

for me in a couple of years, nobody will use the PC, the ipad will be more childish tool and d notebook is d engine with d cosmic configuration. this smart phones, apps etc will be joke for new era kids :D
"

Социјалните медиуми секојдневно се натпреваруваат, кој повеќе корисници ќе привлече, кој каква понуда ќе приложи на пазарот, квалитетот на платформата од технички аспект е исто така мотивација за developer-ите да истражуваат и да напредуваат. ..

. ..во видеото во продолжение ќе видиме сумирање на социјалните медиуми и нивната активност во изминатава 2011 година. Бројките секогаш ќе бидат прашање, дали се точни или не, сепак се работи за истражување од широк размер, би требало да ги занемариме минималните разлики помеѓу инфографиците кои излегуваат секојдневно, сума сумарум според споделувањето на оваа информација денес, станува збор за солиден извештај и одлично ретроспективно истражување за 2011 година.





Доколку сакате и сте заинтересирани да видите подетален и посуштински видео инфографик кој ја истражува истата тема би Ви препорачал да го погледнете и ова Social Media Revolution video, изработено од Erik Qualman [ Socialnomics ] кое далеку подобро ја отсликуваат оваа тема, но, сепак статистиките се од поголема значајност за територијата на континнентот отаде барата.





via digitalbuzzblog
Related Posts with Thumbnails