. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
Showing posts with label кампања. Show all posts
Showing posts with label кампања. Show all posts
on Thursday, April 10, 2014


Немам некоја преголема желба да пишувам за ова, но едноставно, на моменти некогаш чувствувам дека сум неодговорен пред самиот себе со тоа што премногу време отстапувам да размислувам во оваа насока, наместо да се посветам на креативно искористување на “можностите“ кои ги имам.


Жално е што живееме во држава која и покрај нејзините update-ирани архитектонски постигнувања, покрај акрилните розови приказни кои се сликаат врз нашата гео-карта, стратегијата која се применува на дело проверено не дава добри резултати.


 Секојдневно читаме и следиме луѓе, познати и не толку познати, кои дишат на шкриги, кои “фучат“ како волови кои губат непотребно многу пари на сопствените берзи, гледаме јавни закани, толерираме шунт, а кичот, тој стана дел од нашата народна носија.

.додека во македонија народните, па и “бизнис“ парите се трошат за митинзи, кампањи, огномети и избори генерално, а гладниот народ се бори со надеж да најде 12/ 14 часовна работа, евтина, но сепак работа.. еве, во Шведска администрацијата ќе работела по 6 саати дневно. тоа е, ептен сме напредни, кога веќе говориме за прогресот на државата.
 
Од друга страна на народот (можеби) тоа му одговара, оти речиси секој од нас делува како “нафта која чека да се истури“ врз веќе разгорен оган, речиси секој од нас сака да биде црешата на торта направена само од брашно и вода, без млеко, без бисквите, без суво овошје.. пециво, не знам, не се разбирам од правење торти, за тоа треба да се има пари, а и солиден шпорет, кујната ми е страв и да ја замислам, но да, брашното и водата сепак се нашиот леб насушен.  ..

Секој оној кој би можел да биде (и е) фактор во државата, кој може да влијае на промената на свеста на “толпата“, сеуште си ги “ишка“ сопствените муви од главата, за жал, не дава сигнали на живот, на волја да си влијае на сопствената промена, на желбата да биде “влијателен“, онолку колку покажува со сите негови “следбеници“ кои како слеп за стап се фатиле, а не важно ни во каков правец тргнале, ниту за каква кауза (за)почнале да се борат.



Никој или ретко кој (чест на исклучоци) се обидува да го направи своето место на вегитирање подобро, поубаво, посреќно.. туку, како и повеќето социјални (друштвени) селебрити ликови, својот профил го користи за мрчење, истурање на стереотипи и комплекси, а толпата тоа го џвака и супер им е. Така велат било најубаво: двете страни задоволени... и “вампирски нахранети до гуша“. 

Смешно е да се зборува како младите не смеат да имаат партиска книшка за да можат да се вработат или развијат, посебно кога и старо и младо имаат книшки, а малкумина се оние кои се независни, а речиси и ги нема.. Се поретко се среќаваат луѓе кои не се партиски определени и не агитираат по одредена лекција. Треба заедница која ќе промовира слобода, а не партија која ти вика биди тоа што си, но во сенка се труди да го изнуди тоа за кое е и основана. биде таква.. Мегафоните ечат со пароли - биди си тоа што си, но во суштина под маса ти викаат: МОРАШ да земеш книшка, оти џабе ти е се`...

Жалната вистина е веќе транспарентна, а со тоа и “поголема“, сега секој може да знае кој колку пари “инвестирал во партијата“, а со тоа и колку работни места го “следуваат“ после изборите. Туку, не ја разбирам суштината на медиумските памфлети: “иселувањето на младите“, како ни “незаинтересираноста на младите“, “немукаетноста, неспособноста“, не сакам да ја разберам маркетиншката замка со која независно од страната/ бојата за која “одработуваат“ сами си пукаат во колено. Такви што заминувале или биле незаинтересирани ги имало секогаш, повеќе ме иритира пасивизирањето на оние што сакаат и имаат капацитети да бидат активни граѓани, т.е. наметнување на “лабилност во нивните критериуми и став“, во стилот: абе ајде, па толку ли ти е важно да бидеш “независен“ (?!)

Воздржи се, не се нервирај, сега ќе заврши платената партиска програма. Озурпација на медиуми, недостаток на етика, морал, недостаток на основни принципи, (не)писменост.. голема тема, друга тема, ВАЖНА тема!



Се повеќе читаме непотребни: дебакл, скандал, екслузивно, неверојатно - kill d messenger!

Би рекол: дај бе луѓе опуштете се и практикувајте малку љубоВ.. (((омммм))) да му е жива и здрава козата на комшијата, ((((ауууоооомммм)))) да му се живи и здрави децата на газдата, (((((((оууумммм))))))) ....

Ми се наметнува страв и недоверба дека спокој и трпение недостасува, а и голема желба меѓу сите нас да биде поубаво. Покажуваме со прст, обвинуваме, етикетираме, “некои заборавија, некои игнорираат, некои..“ Се додека се кажува нешто во формата “некои“, а не во јас.. продолжуваме да одиме до јадрото на Адот, се спуштаме полека низ круговите удолу со нови и модерни лифотви, но тоа не ја менува суштината на дестинацијата која несомнено сами сме си ја одредиле, не го менувама фактот дека билетот во еден правец сами сме си го купиле. Не можеме да го промениме надворешното додека не го промениме внатрешното... јадро.

Говорот на омраза се зголемува правопропорционално со отварањето на новите домови на мравките на метар квадратен. Се повеќе прашина, наспроти активни двигатели кои поместуваат општествени текови, се повеќе вулгаризми, нетрпеливост, без никаква визија што се би изродило тоа во (блиска) иднина. Си го го “шамариме“ умот со изветвени фрази, со “антиквизација“, со стари како библија ставови за името и народот, со очајна потреба да се говори за јазикот, а носителите на јавни функции заборавиле што е тоа правилно акцентирање. Слепо стадо понесено од мирисот на волкот преправен во “пеперутка“, (микро)асфалтирање на патот по кој основните стандарди ни се пореметени, сведоци сме на девалвација во секој поглед.



p.s. ова е само сопствен #reminder, да знам каде сум, за другите знаете како викаат старите: големи сте, “знаете што треба да (на)правите“.

p.p.s. процесот на лечење продолжува. се враќаме на билките на баба рада и стандардите во лечењето на доктор Оз.


on Sunday, February 23, 2014

ок. ова решив да го ставам на блогот затоа што подолго време немам качено ништо, а оваа содржина од пред неколку дена би можела да стои овде, одделена и видлива и после некое време. интензивноста при постирањето на фејзбук прави линковите кои сте ги споделиле полесно да одат во историја.

 



Баба Радо, што е лек за метастазирано општество? Потпис за Билјана Ванковска, синко! 

.насловот ме насмеа, нелогично ми е како “сакаме да се сместиме“ во некое место во системот (на градот или држаата, сеедно), за да дишеме полесно, ова најмногу го кажувам затоа што секако јас не сум најважниот во овој процес на собирање потписи, туку секој граѓанин поединечно, основната причина и појдовна точка поради кои се вклучив во тимот.

многу е важно секој од нас кој се чувствува слободен и под никаков притисок на партијата во која членува да остави потпис во ДИК, иако многумина од Струмица веќе ми кажаа дека се сериозно исплашени тоа да го направат (и поради лични причини, а и поради страв за нивните родители..) ова е процес на собирање потписи и сеуште не е претседателска кампања. ќе видиме како ќе оди и кои ќе се крајните резултати, т.е. дали професорката Ванковска ќе биде на листата. со оставање на потпис, НЕ ГЛАС, сите НИЕ помагаме и заедно градиме една слика за (божемна) независност и демократија, а и поубаво светло за нашата држава надвор од нашите граници.


„Да се собереме петорица „мажишта“ и да се потпишеме утре у ДИК. Море како петорица бе. Има да се собереме ТРОЈЦА.“ Д. Апасиев



 
Ванковска си е човек кој има став по мн. прашања, а во такви случаи нормално е да има разминување по одредени теми. да се биде на страната на еден независен човек, во време, систем и општество што за жал во овие 24 год. се градел на сосема спротивен начин од тие постулати е предизвик. за сите нас во тимот е ново искуство и супер дека ни даде професорката пример и насока на некој начин.

- поздрав и убав ден, секој потпис во ДИК го почитувам(е) многу, најмногу затоа што никој од Вас не е третиран како некоја “бројка“, туку како единка, индивидуа, доволно силна да го промени с-емот во кој живееме!

p.s. ова е резултат на нас самите, на нашата свесност и желба да ги промениме работите. обично сме склони да ги лоцираме проблемите во другиот, другоста, другите, а тоа е почетната грешка. ние можеме да ги решиме проблемите, почнувајќи од проблемот кој ни е приоритет... оти нели, “животот не е поезија“, а и да е, од поезија не се живее, верувајте!




___________________________________________

ова е едно интервју со мене  за strumicadenes.mk, а поврзано со тоа како се движат работите поврзани со оваа кампања, какво е расположението, процесот, комуникацијата.. *


http://strumicadenes.mk/mitko-gogov-vo-timot-na-pretsedatelskiot-kandidat-vankovska/

во меѓувреме стигнаа нови беџови, но и дизајни кои прават големо движење по интернет.

Биди ЛИК, тркни до ДИК!



Зошто сето ова што го кажав е важно? 

Затоа што имаме моќ да одредиме кој ќе биде кандидат. Затоа што тоа е Наше право и начин активно да учествуваме во политичкиот живот. Затоа што ќе дадеме поддршка на личност, а не партија. Затоа што ќе поддржиме граѓанин, а не етничка заедница, затоа што НЕ чекаме да ја видиме понудата на партиските центри, туку преземаме акција. Затоа што Ние одлучуваме за мандатот на претседателот – не во финишот, туку на стартот на трката. 

Затоа што потписот е чин на лична самостојност, израз на слобода и бунт против стравот и начинот на кој се водат изборите, затоа што со потписот даваме шанса на рамноправна основа со партиските кандидати да покажеме што знаеме и умееме и затоа што потписот НЕ Не обврзува да гласаме за професорката ако во изборната трка не сме убедени во нејзините квалитети и способности! Затоа и сме вклучени во оваа кампања, оти граѓанскиот активизам и вклученост не прави достојни граѓани на оваа држава, а овој пат тоа можеме да го направиме едноставно со тоа што ќе се вклучиме за почеток со нашиот потпис оставен во канцеларијата на ДИК.

http://www.vankovska.com/


Уште една одлична поента: 3000 лајка не прават пролет. А 10,000 потписа? ДА!
on Thursday, March 22, 2012
.
.

Таман пред да помине денот и излезам за младинската театарска претстава “Умри машки“ во режија на Кире Ѓорѓиев се присетувам дека сум се согласил да стојам позади една кауза, да ја промовирам и да пробам да го променам позитивно мислењето и свеста на луѓето кои се во моето опкружување. Така ќе биде и денес, поетски, лирично, не многу долго, но сепак значајно за мене и за целта и декларацијата на овој блог. #worldwaterday да, денес е светскиот ден на водата, да се потрудиме да ја заштитиме чистата вода која се помалку ја имаме на планетата Земја.

Ако погледнете десно во sidebar-от ќе забележите дека со банер веќе од претходно поддржувам една кампања која се бори за променување на целиот систем на однесување на земјите од трет ред или земјите во развој каде луѓето имаат сериозни проблеми со пристапот до вода која е пивлива и истовремено далеку од штетна по здравјето.
.
Во овој блог пост ќе споделам инфографик кој е навистина значаен и како начин на презентирање, но и како информација. Ми се допаѓа зголемената употреба на art infographic-и кога станува збор за пренесување на конретни бројки, проценти и сл. Дополнително овде е и предизвикот кој можете да го потпишете, а гласи: I PLEDGE TO GIVE UP MY NEXT BIRTHDAY!



:United Nations или Обединетите Нации во 1992 започнуваат со славењето/ промоцијата на овој ден, 22 Март како ден на водата се со цел да промовираат и да ја покренат интернационалната свест за проблемот и односот кој го имаме со водата денес. Дали избираме бања или туш, ја собираме ли чешмата додека си ги четкаме забите, колку вода конзумираме, колку вода трошиме непотребно за миење на улици, дворови и сл..
Ова се ситни детаљи кои ако постепено ги имплементираш во сопствената карактерна особина можеш да бидеш сигурен дека си еден од оние кои навистина се грижат за ова прашање, не секогаш станува збор за донација на пари, знаеш? ;)

..видеото е малку постаро, но сепак за оние кои сеуште го немаат гледано ќе биде информативно, секако овде и ова од оваа година:
.

.
World Water Day, Thursday 22 March 2012, draws attention to something most of us take for granted despite its importance -- safe water.

There are still 783 million people worldwide without access to clean drinking water.

This year, World Water Day takes place one month before the 'Sanitation and Water for All' High Level Meeting in Washington DC, where world leaders will discuss what they're going to do to tackle the water and sanitation crisis.

We can put pressure on these leaders to make real commitments to ensure the remaining 783 million people without safe drinking water get it - within our lifetime.

Find out how at http://www.wateraid.org/wwd

Happy World Water Day!
.


.
.
on Thursday, February 2, 2012
.
.:Не знам колку сте Вие вклучени во глобалните кампањи за подигање свест меѓу народот, но јас штотуку бев поканет за една таква. За што се работи?
.
.Кој е најголемиот проблем на денешницава за кој уште многу малку се зборува?

Сите добро знаеме дека нафтениот бизнис е уште главен глобален проблем за кој сеуште се водат војни, знаеме дека климатските промени веќе почнаа да резултираат негативно, сиромаштијата, невработеноста. ..ограничената толеранција, социјалната исклученост на одредени ранливи групи, глобалниот мир.. се само мал дел од недостатоците на ова современо живеење.

:Генерирани болести кои се наметнаа во нашето секојдневие: маларија, туберколоза, сида, свински/ птичји грип, рак и многу други..

Но, знаеме дека нашето тело е околу 70 проценти вода, а и таа е најважното нешто за да опстанеме. Во денешно време, така модерно, атрактивно, полно со најразлични видови на анимирање и забава дел од светот има недостаток од чашка вода. Друг дел од светот речиси од кога знаеме за нив се соочуваат со недостаток на здрава вода за пиење, некои немаат вода во нивна близина, па е задолително да пешачат со часови како би дошле до извор на вода, кој сепак е загаден.

Решив индиректно да ја поддржам оваа кампања со банери на неколку мои блогови и со тоа што ќе го споделам видеото на ова движење за подигање на јавната свест на народот.

.Секако ова не е лажна реклама и ова не е саморекламирање, користете ја водата здраворазумно, некаде на другиот крај на светот некој воопшто ја нема. Посетете ја нивната страница charitywater[dot]org, информирајте се подлабоко за статистиките кои го напаѓаат разумното општество. Се повеќе се затвараме во сопственото незнаење и неодлучноста во донесувањето одлуки значајни за доброто на планетата Земја и нејзините жители.

Една моја пријателка добро ме научи во животот, голема благоДарност до неа: не оставај ја водата да тече додека си ги миеш забите, лицето. .. додека се тушираш! Немаме потреба да трошиме толку колку нашите ресурси овозможуваат, сликата не е иста за секого. Оваа кампања се бори за позитивни промени, за здрава вода за пиење за секое дете!

.доаѓаат нови кризи досега непознати за Нас, кризата за вода за пиење е само една од многуте кои ја заплашуваат нашата егзистенција. Билиони луѓе во денешно време го имаат основниот недостаток за живеење, нечистата вода делува негативно за целиот развој, но ова не е крајот. Како за сите тунели, така и за овој мала светлината не чека на крајот.

Погледнете го видеото, споделете го со вашите пријатели, информирајте ги за овој навидум нов проблем, тоа е начинот како да ставиме крај на оваа ситуација.
.

.

.

Уганда, Кенија, Централна Афричка Република, Етиопија, Бангладеш, Хондурас, Индија и уште многу други хипернаселени места страдаат од проблемот со чистата вода.

Оваа организација има за цел на секој од овие кризни подрачја да имплементира стратегија и начин за прочистување на водата, филтрирање, градење канали поблиску до населените места и тн. Ако не можете да донирате доволно е да промовирате. замислете натажено, слабо дете со чаша чиста вода во своите раце..

Со мојот статус на невработен македонец далеку сум од тоа да донирам сретства за конкретните нивни планови, но мојата маленкост и желбата за подигање на свеста и доаѓање на позитивните промени за кои зборувам цел живот се доволни овие банери да стојат на моите блогови.

.
поддржувајте кампањи за подигање на глобалната свест, споделувајте информации, информирајте . .. единствено со знаење можеме да застанеме против овие тешки состојби кои ги создава конзумирачкото, капиталистичко општество. Во демократски свет, привиден навидум останува од колено на колено да ги пренесуваме информациите кои се за доброто на човештвото и да работиме против оние кои деноноќно сакаат да го уништат.
.
.

.
:Јас се банирав, поддржав, споделив, а Вие?!
.
.
Related Posts with Thumbnails