. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
on Tuesday, May 15, 2012
  • Enso
  • Plamena Hristova
  • Micro-documental


.и посакувам голем успех на Пламена! :)
.
.
on Thursday, May 10, 2012
:како се започна?!






:ми се допаѓа идејата (премногу) и секако ке ја споделам со мојата заедница.  Што е како е нема да должам, прераскажувам, докажувам, одземам, додавам, информацијата за настанот Ви ја пренесувам во целост, како и видеото/ интервјуто дадено од Јасна Тргачевска, претставник од македонската twitter заедница. 




Проект -Жива ограда


Жива ограда" ДОО бара поништување на тендерот за ограда на мостот кај хотелот Холидеј Ин и велат дека на повторно објавениот оглас со сигурност ќе испратат најповолна понуда

Од друштвото кое ја понуди идејата за ограда составена од живи луѓе, велат дека подготвуваат понуда која ќе биде убедливо најповолна доколку владата распише нов тендер.
Тие се двесте пријатели кои се нафаќаат за милион евра, или по 5 илјади секому, да бидат дел од оградата на мостот кај Холидеј Ин. Како што велат, во животот никогаш не виделе толку пари, а со оглед на "моменталната" состојба која им трае повеќе од 20 години, не очекуваат дека би ги заработиле до крајот на животот со било каков друг работен ангажман.

"За да го задоволиме условот оградата да биде во стил на барок, мојата соседка, инаку невработена кројачка, ќе ни изработи соодветни костуми, а одговорниот за набавки во нашето друштво со првиот автобус ќе замине за Истанбул по потребните перики и материјали", вели задолжениот за однос со медиумите во "Жива ограда" ДОО.

Перики ќе користат само додека не постигнат доволна должина на косите, за кои понатаму ќе се грижи вработена фризерка. За хигиената и одржувањето на облеките ќе бидат задолжени сопругите.

Како што информираат од друштвото, тие веќе имаат изработено работен план за дневните смени и потребниот број на луѓе согласно бараната густина предизвикана од фрекфентноста во делот на денот, а во деновите кога е потребно засилување и зголемен број на присутни на помош би ги повикувале своите деца и роднини.

Од "Жива ограда" ДОО велат дека понатаму очекуваат од Владата соодветна награда за тоа што една домашна компанија без никаков почетен капитал успеала во првата година од своето постоење да вработи 200 вработени и направи промет од милион евра.

Преземено од: http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=69970

Дополнителна литература:
http://jovanatozija.blogspot.com/2012/05/blog-post.html
http://commonsensehate.blogspot.com/2012/05/blog-post_10.html


Ми се допаѓа дека преку интернет досега се организираа неколку креативни настани кои немаат ништо општо со протести или кревање бунт против сегашниот политички естаблишмент, но се нови начини на кои младите со исти интереси се соединуваат и реализираат некои сопствени идеи. Така започна и се реализира акцијата: новогодишна елка како и хуманитарната акција. Наместо празни зборови на интернет, акција,  посакувам успех за вакви настани кои имаат за цел да доближат еден друг начин на размислување до пошироката маса. Културно, аполитички, креативно, со доза на хумор за која е одговорна макроеволуцијата на нашата држава и системот сам по себе. Убаво е дека во себе има доза политичност, доза вистина, доза уметност, перформативен начин на изразување на дел од нашето секојдневие (читај проблемите) и тн.

Постојат секакви варијации и различни контекти како ке се прочита овој настан, дискурсот сепак ке го дефинира јавноста, откако ке слушнеме како медиумите фамозно ќе почнат да бомбардираат со интертексуални брановидни пораки од магнетитете на синхронизираното општество.



:еве го настанот на facebook, па, ако сте таму, прошетајте, може ќе долета и некоја 100ка, дневница! :D

- не знам дали секој настан би требало да се организира, дали овој е добар, зошто не е добар, зошто е добар.. треба ли прогресивноста, активизмот, желбата за промена да се изразува баш на овоj начин? има премногу прашања кои ми се вртат во глава, зошто медиумите избраа ова да е хит на денот, дали е тоа вистинскиот капацитет на младите кои невработени седат дома пред компјутер? зошто за се` едно секогаш директно одиме на острицата без да обрнеме внимание на средината, срцевината, суштината? .и да, дали ќе има дебата, внатрешна, меѓу сите нас, за она што навистина се случув?. треба ли некој да праша: огледалце, огледалце. .. или како за последно: кој го скрши огледалцето?

☮ p e a c e ☮
on Wednesday, May 9, 2012



Тешко e да се замисли како консултант или инвеститор го прашува својот маркетинг агент, 'која е вашата телефонска стратегија/ стратегијата за телефон?"

Ние немаме телефонска стратегија. Телефонот е алатка, едноставен медиум чија единствена цел му е да не поврза со заинтересираните луѓе.

А потоа ни доаѓа интернетот заедно со својата мистериозност и одеднаш ни треба е-маил стратегија и стратегија за социјалните медиуми, веб стратегија и мобилнa стратегија.

Не, не ни треба!

Сеуште Ни требаат луѓе. Ние имаме една и единствена работа што е важна, а тоа се луѓето!

Сите овие медиуми се проводници, алатки кои човечките суштества ги користат за да губат време, комуницираат, да се пресметат, вклучат или да научат. Зад секоја од алатките стои личност. Дали имате некоја приказна која сакате да ја споделите со тој човек? Ангажман или било каков бенефит кој може да му го понудите?

Разбери ги луѓето и технологијата како целина станува многу поедноставна!

 [текстот е на Seth @ThisIsSethsBlog, како и секогаш знае да ме инспирира од сабајле]

:која е вашата стратегија, односот кој го градите со луѓето? задоволни ли сте од тоа што сте го постигнале од Вашата комуникација со најблиските, оние кои ја пополнуваат Вашата приказна? 

..секој од Нас може повеќе! имајте убав ден!
on Wednesday, April 25, 2012
Психонаути,

додека мислиме дека живееме во пародија од држава, нивото на хумор и сатира е сведен на иронија, потсмев, прост сарказам. Зарем дневниците на уредниците на порталите се толку мали или нивото на размислување толку ниско? нечовечно изразување на комфортноста на ефтините столчиња во импровизациите од маркетинг агенции и фирми не ви дава за право да си поигрувате (секојдневно) со нивото на вашите читатели. Сепак, не сите се припрости, треба да му ставите Вие (..и само Вие) крај на овој навредлив пристап кон информациите, без разлика од каков карактер се.

И после не сме биле мрчатори, народ полн со презир. Зошто со вакви наслови и теми мислиме дека креираме сензација?

  • Калиопи го “зезна” и Ѓоко Танески zdravo.mk 
  • Бато, хтела сам спикати off.net.mk 
  • Калиопи слабо англискиот а? fun.mnogoo.mk 
  • Ах, Калиопи Калиопи, зар и ти падна на тестот по Англиски? tocka.com.mk 
  • Де бе Калиопи БркајРабота 
  • Калиопи и англиски - магаре и козметика! ТВ Пакет 
  •  „Бед инглиш резил македониш“ kirilica 
  • Калиопи, транскрипција on.net 

Сега видов едно подолго интервју од Калиопи и не би сакал да застанам на нејзина страна, но таа се снаоѓа, добро зборува, разбира. ..самата не би требало премногу да нагласува дека не знае да зборува, сепак тоа се забележува. Ако сака од тоа да направи маркетиншки трик, хм.. друга приказна.



Горчливоста на еден народ најмногу може да се анализира преку пишаните и електронските медиуми, ако ги погледнеме повеќето денешни наслови поврзани со видеото ќе дојдеме до заклучок дека сме доста огорчени, но сепак нерешливи, избираме послаб удар. Поседувањето медиум и продавање сеир наспроти црна хроника, криминал, патишта и време. Угледот и достоинството се две заборавени реквизити кои никој не ги користи. Така изгледаат работите кога големиот брат ќе ти дозволи да погледнеш во backstage, позади кулисите, рефлекторите, камерите. Точно, и ѕвездите не се ѕвезди, но и тие што треба да пишуваат и да известуваат за нив не се помалку лоши. Мислам дека иднината на технологијата требаше да не однесе подалеку од сцената полна вулгаризми, граѓанскиот глас може да исчезне како ехо, да биде крик, но и да биде многу силен.

Сеедно, потсмевањето со умот на читателот е најтешката игра која ја имаат медиумите, затоа овие новите се многу временни, минливи. .. како тоалетна хартија!
Related Posts with Thumbnails