. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket
on Monday, October 8, 2012

Член 16 од Уставот на Р. Македонија експлицитно ја забранува цензурата и ја гарантира слободата на говорот, слободниот пристап до информации и нивен пренос. Да се избориме за овие вредности. Да го сопреме предлог-законот пред да биде предоцна. 




1. Повеќе нема да можеш да коментираш на страни, форуми, facebook, twitter без страв дека ќе бидеш осуден на огромна парична казна.

2. Ако имаш твоја страна, ќе треба да ги исклучиш коментарите или да набљудуваш и цензурираш 24 часа во денот.

 3. Твојот веб сајт лесно ќе може да биде исклучен секогаш кога некој ќе се пожали кон интернет провајдерот, без судски налог. 

 4. Твојот (интернет провајдер) или било кој центар на моќ, ќе одлучува кои страници ќе ти бидат достапни исто како во Иран, Кина, Саудиска Арабија, Северна Кореја. 

5. Како интернет провајдер секогаш можеш да бидеш тужен за содржината што ја објавуваат твоите корисници. Казната е 27.000 евра. 

Ова право и простор овде го користам да изразам незадоволство кон овој предлог-закон и да покренам апел, интимен и личен кон сите оние важни, влијателни фактори кои може да се изборат да го задржиме целосното право и слобода што ги имаме како корисници овде на интернет. Непотребно е да се носат решенија кои немаат никаква важност, наспроти големите проблеми кои како темна сенка, облак ја следат еволуцијата на земјата. Со ова само уште толку ќе покажаме дека сме држава во која владее невиден режим и правата секојдневно се ускратени.

Второто читање на законот е во утре, вторник 09.10.2012 година, поставете го кодот на Вашата страна во 00.00 часот истиот ден. Приклучете ја Вашата страна во акцијата за затемнување на македонскиот Интернет со додавање на едноставната скрипта.  



Да застанеме против: Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета - затоа што тоа не е изборот кој го сакаме и сметаме дека никој нема право да ја одземеме слободата на говор, а со тоа и контролата на секој од нас лично како креатори на општеството кое го сакаме со целосната граѓанска одговорност која ја поседуваме.

Македонија: Опасност од цензура преку новиот закон за навреда и клевета 

* * *
on Sunday, August 19, 2012
.и така ние продолживме да се сакаме, како да не било ништо! #srnetfail


Не верував дека во недела, во атмосферата и присуството на два големи духовни празника јас ќе се занимавам со "локално новинарство и информирање од прв степен". Синоќа на дел од акредитираните новинари не им било дозволено да присуствуваат на ‘пресот’ кој всушност не ми е јасно за кого е наменет ако не за медиумите.

Всушност, на менаџерот не му се давало да ја малтретираат госпожата Цеца, па затоа дел од новинарите се почувствувале навредени, дискриминирани и тн. И згора на сите тие 'епитети' тие продолжија со професионалноста и информирањето, како да нема што друго да се пишува. (а има ли?!)

Како прво ако веќе од старт ја имаш информацијата дека “менаџерот” си има своја политика тогаш зошто осамнуваш со сензација од наслов “Струмица Опен Фест“ ги дискриминираше медиумите!? , знаеш ли дека тоа е директна саботажа на фестивал за кој се потрошени многу пари, мобилизирани многу луѓе и овој наслов може да го растури угледот на фестивалот во иднина. По асоцијацијата “прво па мушко”, не би зборувал за програмата на фестивалот туку би посветил внимание на тоа колку е стабилен медиумот кој ја пушта информацијата и колку се веродостојни сите информации на него.

Како второ, вообичаено очекувано ‘плачење’ (повеќето го дефинираат како такво, извини) иако јавно (пред 15 000 луѓе) го погазуваш, повлекуваш (само) со реакцијата на СОФ?!? - која е професионалноста која овој медиум (портал) ја нуди?


Професионалното новинарство не се создава преку ноќ (погледни кога е постирана првата информација), никако не се саботира настанот, ако е УБАВО нагласено дека Вие сте еден од медиумските покровители/ поддржувачи, или сеедно е дали некој некому му наштетил или дали некој некому му одзел (скапоцено?!) време со пополнување на неговиот временски простор со ширење на негативна информација која всушност од корен е неточна!

Има ли потреба од таков наслов?! Има ли потреба од каење со објавување на официјалната реакција од страна на организаторите на СОФ?!

- Сметате ли дека е тоа доволно или публиката заслужила повторно да го слушне она Ваше оправдување (како медиум) зошто во никое време сте објавувале нешто што лично ве повредило. Професионалност е да чуеме Ваш став (како портал) што после реакцијата на СОФ! ..како се носите со Вистината, беше ли тоа маркетиншки трик кој ќе привлече поголемо внимание кај публиката за фестивалот, ќе донесе ли кај Вас поголем интерес како портал и тн.

Зарем сега, кога во моментов се работи за Цеца и за некои слики и видеа ќе помислите дека некој воопшто не следи и не памети, истата причинска последица може да се повтори и тоа не за ваква банална тема, туку за некоја која има многу, многу поголема важност, од онаа "entertain your stupid fellows?!"

Сметам дека Роберт (и порталот Srnet) има задача да се извини јавно на СОФ, неколку часови направи да се насобере огромна негативна и незадоволна маса (непотребно) и да му каже, условно де ;) ‘нек си еба мајката’ менаџерот на Цеца поради неговата интимна (скроена) политика.

Организацијата на СОФ привлече најмногу посетители до сега, градот не памети таков настан од времето на посетата на Тито. Нема да навлегувам во тоа колку ми/ни се допаѓа, дали воопшто ми/ни се допаѓа, зошто не ми/ни се допаѓа, кој дел од програмата би го променил(е), кој би го анализирал(е).. за тоа можеби понатаму!

p.s. корка леб секогаш тешко се заработува!
on Saturday, August 4, 2012
Не, не, нашето општество никако не се однесува така!


Денес нема да пишувам! ;)
on Tuesday, July 31, 2012


.Утрово ме преплави радост додека го гледав видеото на кое ја гледаме прославата на 130 годишното постоење на Banco Sabadell.
Сопствениците дошле до одлична идеја како да го анимираат народот кој секојдневно поминува низ банката и плоштадот каде таа е лоцирана.

Со флеш-мобот наречен "Som Sabadell" или сите сме "Sabadell" банката сака да оддаде почит на градот, а за истиот се ангажирани 100тина музичари од симфонискиот оркестар Vallès, диригент, пријателите на l'Òpera како и хорот Coral Belles Arts.

Ова е еден од ретките флешмоб-ови видени на youtube кој е одлично снимен, едитиран, музичарите (учесниците) подредени по сценарио, па така радоста од нивниот резултат може да се види на лицата на децата и возрасните во публиката. Навистина огромно позитивно изненадување кое ја ежи кожата по вашето тело од убавини. Воодушевувачки перформанс, возбудливи 5 минути кои не верувам дека некој ќе ги заборави иако се работи "само" за роденденско прославување. Импресивно, инспирирачко, фасцинанто, неочекувана, а сепак одлична, брилјатна идеа!



Имајте убав ден драги, нека протече низ вашите вени радоста на овој ден! Let Beethoven be with You! ;)


.
.
Related Posts with Thumbnails