. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

:така, така, само живо!

on Thursday, May 10, 2012
:како се започна?!






:ми се допаѓа идејата (премногу) и секако ке ја споделам со мојата заедница.  Што е како е нема да должам, прераскажувам, докажувам, одземам, додавам, информацијата за настанот Ви ја пренесувам во целост, како и видеото/ интервјуто дадено од Јасна Тргачевска, претставник од македонската twitter заедница. 




Проект -Жива ограда


Жива ограда" ДОО бара поништување на тендерот за ограда на мостот кај хотелот Холидеј Ин и велат дека на повторно објавениот оглас со сигурност ќе испратат најповолна понуда

Од друштвото кое ја понуди идејата за ограда составена од живи луѓе, велат дека подготвуваат понуда која ќе биде убедливо најповолна доколку владата распише нов тендер.
Тие се двесте пријатели кои се нафаќаат за милион евра, или по 5 илјади секому, да бидат дел од оградата на мостот кај Холидеј Ин. Како што велат, во животот никогаш не виделе толку пари, а со оглед на "моменталната" состојба која им трае повеќе од 20 години, не очекуваат дека би ги заработиле до крајот на животот со било каков друг работен ангажман.

"За да го задоволиме условот оградата да биде во стил на барок, мојата соседка, инаку невработена кројачка, ќе ни изработи соодветни костуми, а одговорниот за набавки во нашето друштво со првиот автобус ќе замине за Истанбул по потребните перики и материјали", вели задолжениот за однос со медиумите во "Жива ограда" ДОО.

Перики ќе користат само додека не постигнат доволна должина на косите, за кои понатаму ќе се грижи вработена фризерка. За хигиената и одржувањето на облеките ќе бидат задолжени сопругите.

Како што информираат од друштвото, тие веќе имаат изработено работен план за дневните смени и потребниот број на луѓе согласно бараната густина предизвикана од фрекфентноста во делот на денот, а во деновите кога е потребно засилување и зголемен број на присутни на помош би ги повикувале своите деца и роднини.

Од "Жива ограда" ДОО велат дека понатаму очекуваат од Владата соодветна награда за тоа што една домашна компанија без никаков почетен капитал успеала во првата година од своето постоење да вработи 200 вработени и направи промет од милион евра.

Преземено од: http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=69970

Дополнителна литература:
http://jovanatozija.blogspot.com/2012/05/blog-post.html
http://commonsensehate.blogspot.com/2012/05/blog-post_10.html


Ми се допаѓа дека преку интернет досега се организираа неколку креативни настани кои немаат ништо општо со протести или кревање бунт против сегашниот политички естаблишмент, но се нови начини на кои младите со исти интереси се соединуваат и реализираат некои сопствени идеи. Така започна и се реализира акцијата: новогодишна елка како и хуманитарната акција. Наместо празни зборови на интернет, акција,  посакувам успех за вакви настани кои имаат за цел да доближат еден друг начин на размислување до пошироката маса. Културно, аполитички, креативно, со доза на хумор за која е одговорна макроеволуцијата на нашата држава и системот сам по себе. Убаво е дека во себе има доза политичност, доза вистина, доза уметност, перформативен начин на изразување на дел од нашето секојдневие (читај проблемите) и тн.

Постојат секакви варијации и различни контекти како ке се прочита овој настан, дискурсот сепак ке го дефинира јавноста, откако ке слушнеме како медиумите фамозно ќе почнат да бомбардираат со интертексуални брановидни пораки од магнетитете на синхронизираното општество.



:еве го настанот на facebook, па, ако сте таму, прошетајте, може ќе долета и некоја 100ка, дневница! :D

- не знам дали секој настан би требало да се организира, дали овој е добар, зошто не е добар, зошто е добар.. треба ли прогресивноста, активизмот, желбата за промена да се изразува баш на овоj начин? има премногу прашања кои ми се вртат во глава, зошто медиумите избраа ова да е хит на денот, дали е тоа вистинскиот капацитет на младите кои невработени седат дома пред компјутер? зошто за се` едно секогаш директно одиме на острицата без да обрнеме внимание на средината, срцевината, суштината? .и да, дали ќе има дебата, внатрешна, меѓу сите нас, за она што навистина се случув?. треба ли некој да праша: огледалце, огледалце. .. или како за последно: кој го скрши огледалцето?

☮ p e a c e ☮

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails