. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

:СТОП - за предлог-законот за навреда и клевета

on Monday, October 8, 2012

Член 16 од Уставот на Р. Македонија експлицитно ја забранува цензурата и ја гарантира слободата на говорот, слободниот пристап до информации и нивен пренос. Да се избориме за овие вредности. Да го сопреме предлог-законот пред да биде предоцна. 




1. Повеќе нема да можеш да коментираш на страни, форуми, facebook, twitter без страв дека ќе бидеш осуден на огромна парична казна.

2. Ако имаш твоја страна, ќе треба да ги исклучиш коментарите или да набљудуваш и цензурираш 24 часа во денот.

 3. Твојот веб сајт лесно ќе може да биде исклучен секогаш кога некој ќе се пожали кон интернет провајдерот, без судски налог. 

 4. Твојот (интернет провајдер) или било кој центар на моќ, ќе одлучува кои страници ќе ти бидат достапни исто како во Иран, Кина, Саудиска Арабија, Северна Кореја. 

5. Како интернет провајдер секогаш можеш да бидеш тужен за содржината што ја објавуваат твоите корисници. Казната е 27.000 евра. 

Ова право и простор овде го користам да изразам незадоволство кон овој предлог-закон и да покренам апел, интимен и личен кон сите оние важни, влијателни фактори кои може да се изборат да го задржиме целосното право и слобода што ги имаме како корисници овде на интернет. Непотребно е да се носат решенија кои немаат никаква важност, наспроти големите проблеми кои како темна сенка, облак ја следат еволуцијата на земјата. Со ова само уште толку ќе покажаме дека сме држава во која владее невиден режим и правата секојдневно се ускратени.

Второто читање на законот е во утре, вторник 09.10.2012 година, поставете го кодот на Вашата страна во 00.00 часот истиот ден. Приклучете ја Вашата страна во акцијата за затемнување на македонскиот Интернет со додавање на едноставната скрипта.  



Да застанеме против: Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета - затоа што тоа не е изборот кој го сакаме и сметаме дека никој нема право да ја одземеме слободата на говор, а со тоа и контролата на секој од нас лично како креатори на општеството кое го сакаме со целосната граѓанска одговорност која ја поседуваме.

Македонија: Опасност од цензура преку новиот закон за навреда и клевета 

* * *

1 comments:

Anonymous said...

Пак лупетате.Ако ако.Потпис Гоше ака "информирај се прво за законот па после вади се на уставот

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails