. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

:Божиќна патолошка треска

on Sunday, December 2, 2012
Божиќна патолошка треска, да одлично дефинирање направил Драги Неделчевски, човекот кој ја сподели фотографијата. 

За жал не знам дали е дел од некоја кампања, т.е. за каква кампања станува збор, но како и да е самата фотографија милион зборови, приказна сама по себе. Од она што можеме да го видиме во левиот корнер доле станува збор за кампања за заштита на децата кои живеат на улица, па дури се осудени и ноќта на Божиќ и нова година да ги поминат надвор, а таму, сите знаеме, студено, мрачно, осамено, ризично, осамено. Никакво!

Сиромаштијата зазема силен бран во Америка, војната во која инвестира само ги демотивира нејзините жители да кренат глас, се повеќе се зголемува бројот на луѓето кои го продолжуваат животот на улица. Даноци, кредити, каматни стапки и полна новогодишна торба проблеми, не само за луѓето там, туку за луѓето од цел свет. Да, оваа фотографија зборува многу за денешното општество, за ситуацијата денес.



Ја препознавате ли истата слика и во Македонија, сте биле ли некогаш во оние темни, напуштени краеви кои речиси секој град во нашата држава ги гаи и одржува. Полека и овде расте бројот на оние кои живеат на улица, а уште повеќе на невработените.

Би можеле да зборуваме многу за оваа тема, апсолутна, релативна или субјективна, сиромаштијата не е добра, ако постои во системот тоа значи дека нешто со системот не е во ред!


Каде за нова година, ги подготвивте ли подароците за вашите најблиски, се спрема ли Божиќно патување? Санкање, скијање, зимување.. ?


Сте помислиле ли колку луѓе ја живеат вистината од сликата, колку само замислуваат да имаат бар чорапчиња за подароци, за тоа што подароците во нивните животи одамна ги нема. Ех, колку е тажно кога ќе се разбудиш во една сурова реалност во која луѓето продолжуваат збунето да живеат во своите заробени и изгубени соништа. Мотивацијата се повеќе исчезнува, креативните пориви најчесто зборуваат за последните крикови за спас на душата. Рециклираме денови, преживуваме ноќи, и стомаците се празни како чорапчињата кои очекуваат подарок.


Секојдневно место стомакот, ја полниме касата на државата, на оној голем дебел, мрсен банкар кој си ги трие рацете и лукаво се смее. А ние разбираме и упорно продолжуваме да ја сликаме ужасната слика на ова (не)време.

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails