. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

:коментар - Саше #политико [весникарот]

on Monday, October 20, 2014


.се случи и тоа, долгоочекуваниот дневен весник Политико чиј издавач е издавачката куќа „Популарни книги“ Дооел Скопје, а главен уредник на весникот е Саше Ивановски – Политико да виде бел ден. Уште на почетокот почнаа да се слушаат секакви коментари поврзани со целиот овој проект.




„Ова што го гледате пред вас е тотално луда идеја, да се стартува со дневен весник со многу ентузијазам но без е.ан денар, без подршка од никого,со мали исклучоци кои се толку скромни што ке се смеете три дена ако ви кажам дека една политичка партија на нашиот апел за помош ни донираше стара компјутерска тастатура која што ни требаше зошто имаме еден лап топ на кој му откажа тастатурата па ни требаше друга.“



за стартување на весникот не е добиен грант, ниту од Сорос, ниту од ниедна странска амбасада, ниту пак од некоја политичка партија или пак бизнисмен од која и да било политичка ориентација. луѓето кои (ќе) го прават весникот (ќе) го прават тоа од чист ентузијазам и надеж дека ќе успеат да го погодат нервот на читателите, па ќе успеат да опстојат од претплатата. замислете си, ние сме на отворен пазар, владее критичката мисла, владеат сите можни Божни и хумани закони на природата, парите ни течат низ врата и еве сега ние од нашата семејна касичка ќе одделиме по 300 денари месечно, за да ја поддржиме слободата на говор и размислување и секако ставовите на овој уредувачки тим, небаре не знаеме дека секој “будала“ во денешно време може да биде "opinion-maker".

супер е тоа, еве, ме натера после неколку месеци да го отворам блогот и повторно да зачувам одредени тековни мисли и ставови кои ги имам за можниот reality changer кој ни се појави на медиумскиот и не така богат пазар. сепак, ќе морам да се држам критично, оти недовербата која ја имам(е) претходно изградено за носителот на овој проект, сопственикот и уредник Саше Ивановски е голема, некако тивко окотвена и дискутабилно би било да (не) се вложи доза на несигурност во целиот овој потфат. Од една проста и едноставна причина, економската ситуација во државата, најпрво би помислил : како успеа за толку краток период, са, слободен и независен, после само неколку месеци од кога се жалеше дека нема доволно пари за млеко, сега наеднаш да се појави пред публиката со негов сопствен производ, продукт кој е спремен да се продава на заинтересираните читатели? оваа тајна за успех и излегување на прав пат во ова време кое упорно не носи во ќорсокак е нешто за кое човек задолжително треба да се замисли. малкумина успеале толку бргу во оваа држава од своите желби, да направат реалност, а еве и покрај сите маки и тешкотии низ кои (сите ние знаеме дека) Саше поминува, сепак тој не почасти со сопствен бизнис, себевработување, проект на владата на РМ, без кредити, без грандови, без било каква помош, со расипана тастатура, доколку би ги следеле неговите зборови.



имам претчуство дека ќе биде многу неуспешен проект, а ќе му направи и одредени финансиски проблеми. премногу е нападен, некултурен, делува неорганизирано, а и уредувачката политика на дневен весник не би можело да значи во ниеден случај: 70% од содржината ќе покривам со мои трачеви, спинови и сопствени “ставови“. тој штотуку ја започнува сопствената јавна борба со самиот себе. на штета најмногу на неговите најблиски. Македонија е можеби земја со жители со низок и среден коефициент на интелигенција, тоа е факт, ама дека ова нема така лесно да стане “нашата дневна доза новини“ и тоа е факт. освен ако не не изненади “иза леџа“, има среќа во копитото или кармата ја бањал последниве неколку месеци во чај од нане и мајчина душица.

вулгарниот речник, нетрпеливоста, “лудоста или решителноста“, “немањето влакна на јазикот“, комуникацијата ad hominem, сумирањето на општото мислење на граѓаните и неговата најмизерна интерпретација со лош тон и хистеричен израз не го прават гласноговорник, туку патетичен продавач на тикети во казино, оти и нашите рурални продавачи по пазарите се покултурни и подостоинствени од него. Компарацијата со моменталните “медиумски вируси“ е само одраз на желбата на човекот да споредува, но не да бара решение за подобро, што не е никаква новост. затоа меѓу коментарите ќе видиме многуми кои ќе кажат дека наспроти миленко, јанко и сите ним слични потребен е токму тој да им се спротистави. „на забот со заб“ не е правилната алегорија потребна за развој на критичката мисла, во време кога Y генерацијата наметнува сосем поразличен концепт за перцепција и дејствување во новото “дигитално, општествено-политички ангажирано општество“, бизнис одлуката за впуштање во старите, традиционални медиуми е невидена грешка, посебно ако се наметне и тезата за медиумските конгломерати, монополот на владеење со медиумите, како и медиумскиот мрак кој станува се пофронтален и поочигледен.



- далеку е “тој“ од академските кругови и ниво на комуникација, далеку е од тоа да биде (стане) симпатичен на постарата генерација, адаптацијата би била невозможна, т.е. веќе сме сведоци на тоа дека многу пати сам со глава се обиде да руши ѕидови, а за жал сето тоа беше проследено со очаен блам.

неговата политичка неодлучност, од друга страна, пак само кажува дека не е доверлив и уште полошо, нема целина и визија за тоа што всушност би застапувал, како би го претставувал и за што во (политички контекст) во иднина би лобирал (?!) но ако, Нека се испроба, иако за некои проби си требаат пари, па убаво би било да се искористат за нешто вистинско. од очајни проби во сите нивоа во општеството си патиме, некако и животот овие децении луѓето го живеат како “главна/ генерална проба“.

тој носи одредени заклучоци врз база на претпоставка и тоа го прави многу често. секако дека ќе има и луѓе кои ќе се појават како афирмативци во целата дебата (поддржувачи на проектот на Саше). но, моментот на препознавање и креирањето на паралелата со другите медиумски чинители во моментот може да се анализира, но никако како солиден аргумент. следува процес на кампањско промовирање на овој продукт, придобивање на публика и стабилизација на пазарот, овде е и неговиот професионален однос како медиумски лик кој се обидува да се наметне на публиката во неколку различни категории на новинарство: шоумен, трачер, опш. аналитичар, педагог-психијатар, економист, до герила истражувач на криминални договори, економски пренабрегнувања и дијагнози како подобро и полесно да се ослободиме од сиромаштијата, тероризмот, расизмот, а сето тоа со одредена нишка на недефинирана, фобична личност која се обидува да се с(о)крие позади неговите гласни и најчесто неморални испади (#демистификацијата). Но, дали сето тоа е правилно, дали ќе искористи стратегија која ни е нам позната или ќе се обиде со сосема нов принцип, останува да видиме. маркетиншкиот трик со цената на весникот може на некој и да закачи, да го заинтересира, но сепак, овде се поигруваме со простоумноста на народот која е игра на стереотипизација на населението наметнат од западната конзумирачка економија, а сме биле сведоци на незаинтересираноста на граѓаните за учество во истата оваа “наградна игра“.



храброст е потребна за носење на решенија, но пред носењето на било какво решение потребно е целосно истражување на теренот, и подготовка за неочекуваните, негативни последици. ризикот некогаш направил за некој да успее, но најчесто тоа биле иновативни идеи, што всушност со овој весник ќе се обиде да ни продаде Саше, нешто што не знаеме? мое мислење е дека џаболебарите од мојата улица поубаво раскажуваат за тоа што виделе и што слушнале (личен суд).

:народот/ масс медијата одлучува дали нешто ќе биде успешно/ прифатено или не. пред очи ни пропаѓаат сериозни проекти како фокус, а уште повеќе останаа да вегитираат само на интернет, а сега сме сведоци на нешто кое таргет групата за која е наменето уште од старт го каменува. знаеме да (з)грешиме, останува на уредувачкиот тим (доколку го има и не се разботи за one man show) да го покаже спротивното и не разубеди доколку не сме во право.

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails