.
Ова е првото нешто што го видов вчера на twitter и не разбрав баш многу, помислив дека е некоја од форите која твитерашите си ја прават за да пополнат време. Сум видел и други слични hashtag-ови и не се ни вклучив со мое мислење што би било кога не би бил интернетот.
По неколку часа го прочитав и првиот пост од @darko156 на тема #danemaseinternet на КОМУНИКАЦИИ и сфатив дека се работи за 20 години од постоењето на интернетот. Оваа информација проструи од македонскиот сервис на BBC кој се вклучи/иницира со статии и изјави на роденденската тема.
Јас не се сеќавам кога прв пат седнав на брановите, но сигурно има повеќе од 10 години кога го отворив првиот mail.
Ова го пишувам и ќе го надополнам со моите придобивки од интернетот откако ќе спомнам дека македонските блогери и твитерџии здружно направија воз во кој се повикуваат меѓусебно да споделат што ќе им недостигаше од овој виртуелен свет. Билетот за возот го добив од Ribaro..откако најпрво со #pomoshnainternetot дознав дека идеата е иницирана од Развигор, па пренесена преку повикот на Дарко со помош на текстот на Мите..(кој не бил претставен во целост) и се така како понатаму како телефон кој не сакам да го расипан.=)
Читнав по малку, ама само малку и од Марјан, Василка,..(имаше и уште некој), но најмногу успеав да фатам од тоа на #twitter.
Јас би почнал вака:
-Ако немаше интернет, ќе имаше сепак интернет =) (не, не..)
- ќе немав видено толку убава уметност споделена од сите уметници по светов кои го користат за да ја презентираат својата уметност
- немаше да ги знам вестите, затоа што многу ретко купувам весник (ич)
- немаше да имам најбрзи информации (а, можеби и никакви) за филмските фестивали по светот ни’
- немаше да можам да направам мрежа на контакти со сите со кои сум работел до сега
- немаше да можам да слушам музика на youtube (free)
- немаше да мрчам по најразлични форуми за најразлични теми ~ѓоамити цел свет ме слуша =)
- немаше да воспоставам контакти со многу луѓе кои сеуште ми се само вируелни пријатели, а со нив споделувам исти интереси.
- за некои автори (поети, писатели, филозофи, социолози, аналитичари, психолози, кванти пара психо/физико/астро истражувачи ) ќе знаев само дека некаде некогаш напишале нешто..
- немаше да бидам дел и featured аrt артист на некои мрежи за уметност
- немаше да пишувам on line хаику (right here, right now) и да биде тоа видено од очите на некој geek кој направил посебна страница за сите како мене кои пишуваат на тој начин;
..и така до недоглед можам да ги редам огромните недостатоци кои целото човештво би ги имало доколку не беше интернетот, но оставам и на Вас да подразмислите како го користите и за кои цели, затоа што е одлична алатка за ширење на демократија, подигање на Свеста за глобалните проблеми/ болести, помош за некои кои се сеуште далеку од она што се случува исток/запад и сл.
Сега би требало да го продолжам Возот кој дојде од Прилеп, а не би го пратил во Миравци пошо таму ретко застанува, па сите патници наеднаш би влегле во Грчка, а таму кафето е 5 евра и не е за наши стандарди =)
Возот би го продолжил до @MartinMarkovski @kapsarovb и @kuzman0v
p.s. да го немаше нетот ќе си бев наспиен, ќе станував на време за медитација на изгрејсонце..не директно од компата на сонцето, ќе прочитав нешто повеќе миризливи книги, ќе напишав троа повеќе песни, раскази и лампиони, можеби ќе имав мускули, очите можеби немаше да го имаат проблемот со црвенилото (red eye boy), ќе насликав нешто повеќе од она што го чувам во фолдерот идеи, и ќе послушав малку повеќе од традиционалните/алтернативни приказни на постарите и ќе научев по некој алтернативен лек за да не трчам до аптека секогаш кога накашлувам..
и ова уште што го пишувам е затоа што ми се седи на интернет, ако го завршам ќе треба да се вратам на друштвото кое очајно ја чека вечерата овде во Arry, Франција...и кој знае дали ќе бев овде ако ПАК го немаше internet - от.
2 comments:
Интернетот е развиена материјална (мрежна) свест во која сите се поврзуваат и ја споделуваат својата свест. А да немаше интернет сигурно ќе постоеше некоја замена...
Одлично споделено и благодарност :)
убаво кажано, помислив што би било другото ако не беше интернетот можеби минтернет..интернет, минтернет, тинтернет :)
Post a Comment