. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

..околу [ре]дизајн.от

on Monday, August 8, 2011
.

.
.
Сите оние кои работат на web дизајн често доаѓаат до момент кога најважно од се' е да се разгледат сите можни варијации при поставувањето на елементите на страната на која работат. Многу од младите дизајнери експериментираат и прават одлични визуелни резултати, но, во суштина избегнуваат да се сетат дека ја изгубиле функционалноста на сајтот и тоа дали се исполнети потребите на сајтот.



Едни од поважните дизајнерски прашања кои би требало секој еден developer да си ги постави доаѓаат од една врвна компанија како што е abduzeedo. Тие во моментот работат на промена на нивниот дизајн и се консултираат со нивните корисници. Прашањата кои поминуваат меѓу редови се:

  • кои се најважните работи/ информации за Нас читателите на блогот?
  • дали претпочитаме темна или светла тема/ изглед за блогот?
  • дали ги читаме информациите кои доаѓаат од нивните корисници?
  • дали ги користиме хаштаговите кога пребаруваме низ нивните содржини?

Од овие основни прашања произлегуваат уште многу други, но овие се доволни за да се дефинира стандардната верига на страницата, по која по тоа ќе се градат сите други елементи. Од овде може да тргнеме во различни насоки, дали ни се потребни search engine-ите, која е намената на страницата/ блогот, па до тоа кои од содржините би биле во прв план. ..и секако од содржините најмногу зависи тоа која боја ќе ја избереме.

:Ова е мислам доволно за инспирација!

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails