. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

:како да бидеш 'Jас' како блогер?

on Monday, August 15, 2011
.

.
.
.изминативе неколку недели ми стана навика да го следам Darren Rowse и се пронаоѓам во неговата работа како блогер. некои од овие работи кои наводно ги преведувам да бидат дел од мојот блог, се работи кои уште на почетокот сакав да ги споделам со блогерската заедница во нашава држава. причината поради која тогаш не ги споделив беше една од овие точки која е овде опишана, а тоа е можеби основната, изградувањето на виртуелен глас кој го дефинира мојот идентитет и начинот на кој сакам во иднина да се реализирам на овие социјални медиуми.

имаме многу да учиме, секој од Нас, барем доколку сакаме да го реализираме она што чувствуваме дека е дел од нашата индивидуа. пишувањето и блогирањето од секогаш ми биле предизвик. некогаш се презаситувам самиот себе со содржини кои ги презентирам, а се дел од мојот интимен карактер, па затоа и го имам овој блог во кој споделувам 'знаење' (ако може тоа така да се нарече). .. за техниките и начините до подобро презентирање на она што впрочем умееме и сме желни да го споделиме или научиме..




:во продолжение следуваат редови напишани од Darren [problogger], но секако адаптрани при преводот да бидат поразбирливи како за мене така и за другите кои ги интересира оваа тема, да се биде тоа што си како во реалниот свет така и овде во виртуелниот.

- едно од искушенијата при создавањето на блог е трошењето енормно време имитирајќи други блогери за разлика од тоа да го етаблираме/ воспоставиме/ презентираме сопствениот стил/ начин на пишување и сопствениот глас/ начин на изразување.

сеуште се сеќавам на моите почетоци и првите обиди во блогирањето кога се обидував да пишувам во стилот на кој други веќе етаблирани блогери пишуваат затоа што верував дека ако за нив функционира, зошто не би функционирал и за мене.

иако постојат премногу часови/ предавања кои можат да се научат од блоговите кои веќе постојат има и многу да се каже за развивањето на сопствениот силен блогерски идентитет. пронаѓањето на сопствен глас и стил на презентирање на темите кои те интересираат е најважното, т.е. клучното. ова е клучот за личен успех како блогер.

постојат многу причини зошто ова ми паѓа на ум:

  1. транспарентноста - читателите се огромен куп од луѓе кои ќе препознаат многу брзо дека не се однесуваш Вистински.

  2. одржливоста - тешко е да се одржува пишувањето со гласот и идентитетот кои не се твои. да се биде тоа што си ќе трае многу подолго отколку што очекуваш.

  3. доследноста - редовните читателите се соживуваат со твоите блог постови и ги прифаќаат како сопствени што е и причина да се претплатат или регистрират на вашиот блог, им се допаѓа содржината што редовно ја добиваат. кога ќе се исецка и промени содржината на она што вие го пишувате единствено затоа што имитирате и се обидувате да ги задоволите другите ќе завршите со илузија / пореметување и ќе ги збуните луѓето кои го прават вашиот блог она што е (вашите читатели).

(како што веќе нагласив на почетокот ова е текст кој ме надополнува како личност, но оригиналниот текст е споделен на англиски на профилот на g+ од проблогерот Darren Rowse! )


 *  *  *
бидете внимателни кого имитирате можете да се претворите во нив!


..ова се работи кои изгледаат како да сте ги слушнале од сопствените родители додека сте биле во основно училиште. бидете тоа што сте! be yourself! ..можеби звучи едноставно, но тоа е тоа! 

 *  *  *


еве нешто за крај на овој пост, а за почеток на нешто што се вика оригинално постоење:
“Be yourself, everyone else is taken.” - Oscar Wilde
“Be who you are, and say what you feel because those who mind don’t matter, and those who matter don’t mind.” - Dr. Seuss
“Become known for something – rather than trying to become known for everything. Because frankly, that’s impossible.”- Ashely Ambirge

:не сум ни помислил дека некогаш ќе споделувам quotes на мојот блог, но ете бидна и ова. мене не ми пречи иако не сум фанатик на поговорките, овие мислам дека ќе завршат работа :D
.

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails