. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

:блогирање од 'душа'

on Sunday, October 16, 2011
.
.
.


веќе неколку години си играм по различните блогерски платформи и пробувам да создадам виртуелно постоење во кое ќе презентирам дел од моите интереси, идеи, работи кои ме инспирираат и се' она што во моментов ме опкружува.

не ретко помислувам на своите читатели, дали се тие задоволни од тоа што го нудам како текст или материја која им ја презентирам или е тоа премногу лично, па се доведувам во ситуација да не им се допадне и залудно да трошеле време.

често пати го следам Darren Rowse и неговата работа со problogger и се обидувам дел од работите кои тој ги споделува, а се наменски за тоа како до подобро блогирање, со конкретни алатки и решенија кои тој ги нуди за блогерите ширум светот. неговата анализа е премногу стручна и многу често се однесува на категоријата блогери кои се занимаваат професионално и заработуваат од тоа, но, некогаш меѓу неговите редови може да се најдат кратки осврти и размислувања за блогерите кои имаат блогови на кои со своите читатели споделуваат работи за кои пишуваат од срце или ако милувате од душа.

една таква размисла видов на google [g+] профилот на Darren и решив да ја споделам на овој блог кој се повеќе и повеќе наликува на блог на кој се зборува конкретно за работите кои мене лично ме опкружуваат, а, се од областа на информатиката, социјалните медиуми, односите со јавност (PR), блогирањето и сл. ..


* * *

кога зборуваме за блогирањето со "душа" или од "срце". .. исто така треба да не заборавиме да ја користиме нашата "глава" (стратегија).
таквите блог постови најмногу би можеле да ги поврземе со oние слики, податоци кои останале во нашите сеќавања. обично се сеќаваме на постовите кои биле напишани од душа и допреле до нас, без разлика која тема била обрабoтувана.

Она по што луѓето не го паметат вашиот блог:

ако повеќето од вашите постови се 'информативни' или често пишувате за тоа 'како да' се направи нешто полесно, или генерално пишувате стручни текстови тогаш веројатноста е мала некој на конференција да ве сретне и ви каже:

"Се сеќавам на Ваш пост од 2009 година, кога нè учевте на тоа како да се користи помала брзина на блендата да се создаде motion blur решение"

или

"Јас секогаш ќе се сеќавам на постот во кој се наведени 10 начини како да користите фотографии во вашите постови."

тоа не се "како да" или "информативни" постови на кои луѓето се сеќаваат. тоа не се оние постови кои ја градат "врската" помеѓу Вас и Вашите читатели.

Она по што луѓето го паметат вашиот блог:
постовите кои се препознатливи од луѓето по конференциите и Ве потсетуваат на нив најчесто се:

• приказни
• разиграни/ игриви постови (хумор, или пишување во различни гласови)
• тирадите (емотивни мислења)
• инспиративни мислења и постови
• постови за неуспеси, проблеми, потреби кои ние луѓето ги имаме


додека, "информативните" постови се важни затоа што им помагаат на луѓето на дневна основа бидат информирани - а, тоа е "срцето", суштината на текстовите која создава спомени во луѓето и прави да чувствуваат врска со Вас, како блогер.



Мисли?

која е вашиот најзапаметен пост од страна на читателите? на кои постови се сеќавате, напишани од други, но долго време откако тие се напишани?

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails