.
.
.
.веќе извесно време го немав посетено блогот на Seth Godin познат автор, блогер, entrepreneur .. кој е доста важен во глобалната social media заедница, со тоа што остава трага секојдневно со најразлични анализи, мислења, постови за одредени теми од областите блиски на модерното општество и современиот начин на живеење. во овој пост направил селекција на дел од неговите постови објавувани периодично на неговиот блог. преводое слободен, а темите кои ги избрав се блиски првично на мојот интерес и сакав да ги имам како содржина на мојот блог. се надевам некој од овие совети директно ќе ви послужи во иднина и ќе имате конкретен ефект од сознанието кое Seth го дава со неговите образложенија.
инаку тој обработува најразлични термини во поновата информатичка историја, дава професионална насока кон усовршувањето на работата со новите медиуми како и подобрување на личната виртуелна презентација како индивидуална така и професионална.
еден од врвните social media guru-а на денешнината отворен на повеќето социјални мрежи за дискусија и учење на нови работи.. прогласен во Америка како 'најдобриот американски маркетинг агент'.
досега има напишано 13 книги и е преведен на триесетина јазици. повеќето од неговите наслови се bestseller-и, а пишува за пост-индустриската револуција, начинот на создавање и ширење на идеи, маркетинг, лидерство или како цело промена во сите нивоа и области :)
разликата помеѓу менаџментот и лидерството
Менаџерите работат на тоа да направат своите вработени да го работат истото што го работеа и вчера, но малку побрзо и малку поевтино.
Лидерите, од друга страна, знаат каде би сакале да одат, но, разбираат дека тие не можат да стигнат таму без нивните поддржувачи или без да им се дадат потребните алатки на тие што водат за да се направи нешто да се случи.
Менаџери сакаат власт. Лидерите ја превземаат одговорноста.
Ни требаат и двете. Но, мораме да бидеме внимателни да не ги помешаме. И тоа ни помага да запаметиме дека лидерите се ретки и на тој начин повеќе вредни.
трошењето време не е загуба
Всушност, губењето време е клучен момент во нашите животи.
Да го трошиш времето на лош начин е грев, бидејќи не само што ја намалуваш продуктивноста, великодушноста и уметноста кои доаѓаат со работата, ти исто така се откажуваш од прекините, експериментирањето и радоста што доаѓаат со губењето на времето.
Ако решите да го трошете времето (а, се надевам дека ќе го направите тоа) најмалку што можете да направите е, 'направете го тоа добро'.
за атомскиoт метод на создавање PowerPoint презентација
обичен човек зборува од 10 до 12 реченици во една минута.
Атомска метод бара од Вас да креирате слајд за секоја реченица. За пет минути разговор, тоа е 50 слајдови.
Секој слајд мора да имаат или еден збор, една слика или една идеја.
Направете ги сите 50 слајдови. Форсирај се себеси да го разглобиш секој концепт во најмали можна атоми/ единки. Ако тоа не е достојно за слајд, не го кажувајте.
Откако имате 50 слајдови, испробајте го говорот во пракса. Отстрани ги слајдовите и реченици кои не додаваат никаква вредност или не Ве движат напред во презнтацијата на темата.
Сега (и само сега), почнете консолидирање на слајдови. Ако две или три или четири слајдови функционираат заедно како еден, продолжи понатаму и направи еден од нив. Сега имаш молекули не, атоми.
Во овој момент можете да се ослободите од сите слајдови, да ги чуваат како што се или да ги разгледате уште еднаш и да ги развиете в уште поголеми идеи. Но, немојте (!) листи, ве молам. губење на време, досадни се.
повеќе ќе најдете тука: Really Bad Powerpoint
што да правам следно?
Ова е најважната одлука во Вашата кариера (или во вашиот ден).
Порано не беше така. Што е следно вообичаено беше прашање одговорено од вашиот шеф или вашите клиенти.
Со толку многу можности и толку многу ограничувања, успешниот озбор за тоа што да работите следно е вашиот момент на најголема поддршка. Заслужува повеќе време и внимание отколку што повеќето луѓе си дозволуваат.
Ако не сте подготвени да се соочите со бездноста при избор, сигурно нема да поминете доволно време играјќи/ танцувајќи со вашите можности.
ископај си дупка
Направи големи ветувања.
Изгорете ги вашите очекувања.
Поставете се во место каде што има неколку опции и влоговите се високи.
Фокусираната енергија и сериозните намери ќе Ви помогнат да дадете се од себе и да го направите најдоброто што умеете. Немаш кај да трчаш/ бегаш, ниту кај да се криеш.
(Подобро од алтернативната опција).
зошто да чекате?
Кој се грижи поради кого е ова?
Ако сте во критична фаза, ако некој од Вас чека да придонесетес со нешто, испраќајте го веднаш, партиципирајте, вклучете се..
Имаме рокови [deadlines] со причина, но клучен збор е "краен". Всушност, вие не мора да чекате до крајниот рок или близу до него, особено ако сакате да ги забрзате работите.
Премногу често се пронаоѓаме себеси си како го користиме крајниот рок како изговор или како лост со кој сакаме да го надминеме нашиот страв. Ако се потпирате и надевате да се буткате самиот себе на испуштени крајни датуми, проектот ќе плати одредена цена.. (ќе изгуби на квалитет и сл)
Пристрасност е да се бави завршувањето на обврските, бидејќи во спротивно шефот само ќе ви даде уште повеќе работа да завршите. Дали сте уште се заглавени во нашата / нивната дихотомија на фабричка работа?
Сите други работи се еднакви, побрзото победува.
p.s. предизвикот во тоа да се биде иницијатор на проекти е дека никогаш, никогаш не е се направено.
помалку или повеќе
Или можете да барате да добиете повеќе од вашата можност (работа, технологија, интеракција, лице, момент), . ..или помалку.
Повеќе изложеност, повеќе ризик, повеќе горе-долу, повеќе работа, повеќе учење, повеќе ангажман, повеќе страст, повеќе шанси да се обвинувате за направени грешки, повеќе можност да се направи разлика, повеќе напори . ..
или помалку.
1oq Seth!
0 comments:
Post a Comment