. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

:mass-media манипулација во 10 точки

on Thursday, November 17, 2011
.
.
.
.
Оддамна сакав да сретнам текст, есеј или посоки срочени во краток формат од господинот Чомски кои би можел да ги преведам и за мое лично задоволство постирам на мојот блог. Noam Chomsky, лингвист по професија е еден од најмаркантните модерни филозофи, теоретичари и аналитичари на денешново живеење и еволуцијата на општеството. Интелектуалец кој има изградено цврст пристап кон тековите во речиси сите сфери на егзистенција, како здравјето, образованието, науката, политиката, медиумите и тн.

Најпрепознатлив во светот е по критичките осврти на mass-media-та или медиумите за широките граѓански маси, на кои посветува повеќе од половина од неговите експертизи. Гласно стои против модерните кооперации, кои промовираат капитализам, конзумеризам и политичка моќ врз другите касти/ слоеви од општеството.

Би можел да пишувам многу за неговиот анархо-соц-синдикатски дух, но, за почеток на неговата приказна во мојот блог ова беше доволно за вовед. Доколку сакате да знаете повеќе за него, повеле ле неговата страница, и да, доколку веќе читате немојте да читате за него, читајте ги работите кои тој ги кажува!

:U are d change that u want to see in d world! .. немам појма зошто ми дојде ова :D

  1. пренасочување на ГРИЖАта


  2. Пренасочување на вниманието на јавноста од важните кон неважни проблеми/ прашања. Поплавување на јавноста со ирелевантни информации за луѓето да не размислуваат и да не се здобијат со основни познавања и разбирање на светот.

  3. создавање на проблеми


  4. Овој метод уште се нарекува "проблем-реакција-решение". Треба да се креира проблем, како јавноста би реагирала на него. пример: да се произведе и пренесе насилство со намера јавноста полесно да го прифати ограничувањето на слободата, економската криза или за да се оправда уништување на државата.

  5. постепена промена


  6. Како би се ​​согласила јавноста со некои неприфатливи промени, воведуваат метод на постепено качување на "лажичката" кое трае со месеци и години. Промените, кои можат да предизвикаат отпор кога би биле спроведени брзо и во кус временски период би креирале слаба политика/ политика на мали нозе. Светот вака се менува, па со текот на времето луѓето не можат да бидат свесни за промените.

  7. одложување


  8. Друг начин да се подготви јавноста за непопуларни промени е да бидат објавени многу порано, однапред. Луѓето не ја чувствуваат така одеднаш тежината на промените, затоа што претходно се навикнуваат на самата идеја за промени. Освен тоа, "заедничката надеж за подобра иднина", прави ова уште полесно да се прифати.

  9. користење детски јазик


  10. Кога на возрасни им се обраќате како на деца се постигнуваат два корисни ефекта: јавноста ја потиснува својата критичка свест и пораката има помоќен ефект врз луѓето. Овој сугестивен механизам често се користи и во рекламирањето.

  11. будење на емоциите


  12. Злоупотребата на емоциите е класична техника која се користи за предизвикување краток спој во моменти кога разумно се расудува. Критичката свест ги заменува емоционалните импулси (лутина, страв, итн.) Употребата на емоциите се користи за да се пристапи кон несвесното како би можело подоцна на тоа ниво да се инсталираат идеи, желби, грижи, страв или принуда, или пак да се предизвика одредено однесување.

  13. незнаење


  14. На посиромашните класи треба да им биде оневозможен пристапот до разбирањето на механизмите за манипулација со нивна согласност. Квалитетот на образованието на нискиот слој во општеството би требало да биде слаб или под просек, за да јазот меѓу образованието на повисоки и пониски слоеви остана невозможен за премостување.

  15. величење и славење на глупости


  16. Јавноста треба да се охрабрува да ја прифати просечноста. Неопходно е да се убедат луѓето дека е (IN, во мода), подобро да се биде глуп, вулгарен и неписмен. Во исто време треба да создадете отпор/ незаинтересираност кон културата и науката.

  17. создавање чувство на вина


  18. Треба да се убеди секој поединец дека исклучиво тој е одговорен за сопствената несреќа, поради недоволното знаења кое го поседуваат, ограничените способности или недостаток на труд/ напор. Такви несигурни и потценети поединци, оптоварени со вина, се откажуваат од потрагата на причините за неговата позиција во општеството и револтот против економскиот систем.

  19. злоупотреба на знаењето


  20. Брзиот развој на науката во последните 50 години создава зголемен јаз помеѓу знаење кое го поседува масата и оние кои го поседуваат и користат, владеачката елита. "Системот", благодарејќи и на биологијата, неуробиологијата и практичната психологија имаат пристап до напредни информации/ знаење за човекот и на физичко и на психичко ниво.

:овие стратешки точки најпрво ги сподели некој на twitter, не би можел да кажам кој го сподели линкот. Денес го видов на facebook, исто не знам кој го сподели. ..но, сепак го знам изворот од каде тие дошле до него ~


!this is d reality of our media!

:драги мои, време е' да се разбудиме од овој долг сон и да разбереме дека вредиме повеќе од тоа како општеството не третира и почитта кон самите себе треба да биде многу поголема од таа што ја пружиме на нашите работодавачи, владетели, диктатори, императори. ..да, да, тој е редоследот. Демократијата е само искривена слика на една пирамида во која некои се осудени секогаш да бидат најдолу. Биле осудени да бидат најдолу, но, можеме да го промениме тоа, ако почнеме да се променуваме самите себе. Помалку телевизија, помалку реклами, помалку весници и вести. Сепак мислам дека имам доволно свесни читатели кои знаат дека таа е таа искривена слика за која г-динот Чомски во последните 50-тина години збори. Ништо не е променето на подобро, можеби времето за промени е сега! [баталете таа вмро-вската реклама] ова е нешто друго!


“Кога медиумите ќе почнат да зборуваат за сексуалните животи на политичарит, ставете ја раката во својот џеб и запрашајте се: кој ви ги вади парите од новчаникот?”

Noam Chomsky

.

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails